јубилеи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Sep 2020 08:14:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јубилеи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Родендени, јубилеи, годишнини… Вака се потсетија на нивните значајни датуми Ноне Неделковска, Кокан Димушевски и Сузана Гавазова (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/rodendeni-jubilei-godishnini-vaka-se-potsetija-na-nivnite-znachajni-datumi-none-nedelkovska-kokan-dimushevski-i-suzana-gavazova-foto/ Tue, 29 Sep 2020 08:07:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168984

Секој од нас има свои денови кои му се најважни во животот. Секако, денот на раѓање, слава, именден, разни јубилеи, годишнини од брак... И уште низа важни датуми кои за сите други се можеби само обични денови, но за некого од нас,  ден за потсетување, евоцирање спомени, ден што нешто значи во неговиот живот.  Затоа такавите денови и се одбележуваат, се слават, се ставаат на пиедесталот меѓу најважните датуми во нашиот живот. Можеби времето и околностите заради познатите настани сега и не дозволуваат онакви прослави какви што паметиме, ама тоа не значи дека од значајните датуми во животот треба да се откжеме, да ги заборавиме, преспиеме... И секако, не значи дека не треба да бидат одбележани на соодветен начин. Тоа го правиме сите ние, па и познатите личности, меѓу кои и естрадните. И тоа секоја на свој начин. Повод и причина за славење имаа три наши познати музички лица. Една некогашна поп ѕвезда, еден од најдобрите и најпознати македонски музичари и врвни инструменталисти, и една од најголемите актуелни фолкерки: Ноне Неделковска, Кокан Димушевски и Сузана Гавазова.  Најмладата од нив, Ноне славеше роденден, а Кокан и Сузана годишнина од бракот. И секој на свој начин го одбележа значајниот датум од животот, а на таков начин и го споделија на социјалните мрежи. Ноне го прослави својот роденден. Овој пат дома, во родниот Велес. На дамите навистина не им се бројат годините, но македонската „џепна венера“ не се срами да ги каже, па и самата ги откри. Можеби затоа што и воопшто не изгледа за годините. Туку како да има половина од тоа! Од сите роденденски честитки што се „слејаа“ на адресата на Ноне, највпечатлива онаа од мама Мимоза, која на својата ќерка - морепловка и посака: Океан од здравје, море од среќа и љубов, езеро од  успех, река од пари, животот да биде убав, сите да те следат, до години стари. Вечност Бог да ти подари, Среќен роденден“. Македонскиот клавијатурист, музичар, член на култните „Леб и сол“ и  долгодишен член на Танцовиот оркестар на МРТ, Кокан Димушевски исто така имаше причина за одбележување добра бројка... Годишнина од бракот со неговата сопруга Билјана. Оние што ги познаваат, знаат дека се заедно откако ги паметат, ама Коко сепак бројката не ја откри... Или ја откри, ма  на поинаков начин, споделувајќи чудна „цифра“ - 3842, покрај заедничката фотографија со неговата животна сопатничка. Што и колку им значи, само тие двајца знаат да дешифрираат! Но, штом ја споделиле, сигурно многу им значи! Годишнина од денот кога го кажа судбоносното „ДА“ одбележа и македонската фолкерка Сузана Гавазова. 27-ми септември 2014 година или 6 години од денот кога Гавазова „облече бело“ , а насмевката ја „криеше“ под велот, додека одекнуваа свадбените ѕвона за неа и нејзиниот сопруг Јасмин. Гавазовова на денот на нивната венчавка се потсети и себе си и јавноста со споделени неколку, што видени, што досега невидени фотографии од свадбата, на која и самата во еден момент се фати за микрофонот за да ги развесели гостите, крене атмосферата и увеличи сопствената прослава! Впрочем, важните датуми затоа и постојат - за да се паметат и да не потсетуваат на најзначајните моменти од нашите животи... Моменти на радост, среќа, задоволство, убавина, исполнетост, моменти на живот, каков што постојано сакаме, секој ден да го живееме. Епа, нека е само за арно и убаво и... Нека ни се множат и годините и прославите. Наздравје! Фото: Фејсбук принтскрин    ]]>