joy fest – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Aug 2023 06:08:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png joy fest – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Joy fest“ повеќе од достојно го прослави јубилејот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/joy-fest-poveke-od-dostojno-go-proslavi-jubilejot-foto/ Tue, 29 Aug 2023 12:35:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315707

Крива Паланка вчера вечерта експлодираше од музика, „Joy фест“ на најубав можен начин го прослави 10 роденден! Два дена се пееше и играше, но вчера вечерта се случи спектакл, а го направи балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, кој во градот се врати по 50 години и направи концерт за паметење! Крива Паланка беше место каде се слеваа луѓе, не само паланчани, туку и од многу други градови од државава, од Бугарија и Србија. Колони автомобили во попладневните часови почнаа да се слеваат од сите страни, а водеа до едно место, градскиот стадион, каде вчера и завчера се одржуваше „Joy фест“. Градските улици беа преполни со луѓе, беа направени пешачка зона, обиколницата беше преплавена од автомобили, а градскиот стадион како никогаш досега наполнет до последното место. Крива Паланка собра публика три пати повеќе отколку што има жители. Над 30.000 илјади распеани, кои ги пофали и самиот Чола на социјалните мрежи. Но, и покрај толку многу народ организацијата беше беспрекорна, немаше никаков застој, се беше под конец, а за тоа добија пофалби и од самите изведувачи, кои исто така беа пријатно изненадени како функционира се како треба, а на крајот можеби и најважното- се се заврши без ниеден инцидент. Навистина Крива Паланка одржа лекции за беспрекорно организирање манифестации. И не само тоа, веќе следниот ден после толку многу луѓе се беше беспрекорно чисто, и стадионот и градот. Во неделата журката ја појача „Фјужн“, а по нив настапија ДНК, кои дојдоа да ги поддржат сите генерации, а по нив своите безвременски хитови ги отпеа Владо Георгиев. Вчера, пак, фестивалот го отворија „Нокаут“, кои се заблагодарија на публиката за поддршката и како што рече Пере, што ја сакаат македонската авторска музика. И по „Нокаут“ почна три часовното лудило со безвременските хитови на Чола. Професионалец до крај, ја натера публиката да не престане да пее и игра. Неколку пати потенцираше дека е среќен што вчера е токму во Крива Паланка и заедно со сите да го прослави големиот христијански празник „Богородица“. Насмеан, праќаше бакнежи во публиката, ја оставаше во хор да му ги пее песните. Чола уште еднаш покажа дека годините не му можат ништо... Дека половина век со ист интензитет ја држи публиката од сите генерации. А публиката му возврати со тоа што и по три часа не сакаше да го пушти да си оди и го враќаше на бис. Но, како и да е концертот мораше да заврши, за да настапи диџеј Галоски, на задоволство на помладата генерација. Луѓето си заминуваа насмеани, среќни и полни со позитивна енергија. Си заминуваа со коментарите дека ваква убавина на Крива Паланка одамна не и се случила... Дека се радуваат што последниве години нивниот град се споменува само по убави вести..... Фото: Принтскрин/Фејзбук/Joj Fest]]>

Концерт на Владо Георгиев на јубилејниот „Joy fest“ https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-na-vlado-georgiev-na-jubilejniot-joy-fest/ Thu, 17 Aug 2023 10:20:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314097

Владо Георгиев ќе одржи концерт во Крива Паланка, а тој е втората балканска ѕвезда која годинава ќе биде дел од јубилејното 10 издание на музичкиот фестивал „Joy fest“. Настапот на Владо е планиран за првата фестивалска вечера, што значи дека публиката ќе може да ужива во неговите песни на 27 август. Концертот ќе започне во 21 часот, а ќе се одржи на градскиот стадион во Крива Паланка. Јубилејното издание на „Joy fest“ годинава ги собира најдобрите македонски и балкански музички имиња. Досега се најавени ДНК, „Нокаут„ , „Фикшн“ и Галоски, додека од балканските простори пристигнува Здравко Чолиќ, кој ќе настапи на 28, а сега веќе дефинитивно е потврдено и името на Владо Георгиев. За неговите песни нема потреба што посебно да се зборува, неговите големи хитови им се познати на сите. „Joy fest“ изминатава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство.]]>

„Joy fest“ слави јубилеен роденден со ДНК, „Нокаут“… https://arhiva.vistina.com.mk/joy-fest-slavi-jubileen-rodenden-so-dnk-nokaut/ Fri, 11 Aug 2023 10:41:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313465

Убави вести пристигнуваат од Крива Паланка! Реномираниот „Joy fest“ слави јубилеен роденден со вистинско уживање за музичките сладокусци! Поминаа 10 години од раѓањето на единствениот фестивал во овој регион „Joy fest“, кој и годинава ќе се одржи на вообичаениот датум, 27 и 28 август, но оваа година местото на лудата журка ќе биде градскиот стадион. А како што бива јубилеите се слават на посебен начин. Организаторите не откриваат детали до крај, за да изненадувањето биде поголемо, но засега се знае кои ќе бидат дел од изведувачите. За некои од нив не треба посебна најава, доволно зборува името на ДНК, „Нокаут“, „Фикшн“ и Галоски. „Joy fest“ изминава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство. Така ќе биде и оваа година. фото:Фејсбук/ Нокаут/ДНК]]>