јованка житарова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Dec 2020 08:08:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јованка житарова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По враќањето на сцената во корона годината, македонската пејачка Јова со секси фотосесија ги сумираше впечатоците за 2020-та: „Биди сама своја среќа!“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-vrakjanjeto-na-scenata-vo-korona-godinata-makedonskata-pejachka-jova-so-seksi-fotosesija-gi-sumirashe-vpechatocite-za-2020-ta-bidi-sama-svoja-srekja-foto-video/ Thu, 24 Dec 2020 08:08:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182358

Некогаш Јованка Житарова, сега во естрадниот свет позната само како Јова. По паузата од повеќе од една деценија и разводот, во годината на коронапандемијата пејачката се врати... И во  Македонија и на естрадната сцена. Овој пат кариерата реши да ја продолжи во малку поинаков стил. И самата тотално видоизменета кога се работи за физичкиот изглед, но и кога е нејзината музика во прашање. Јованка сега стана Јова,  чии песни  повеќе не се  „чист фолк“, туку повеќе поп со етно елементи.  По сите трансформации, пејачката денес оправдано го носи епитетот една од најубавите жени на домашната јавна сцена, која плени со убавина искомбинирана со елеганција и софистицирност. Јова годината на своето враќање и покрај сите недаќи низ кои светот минува, ја сумираше со секси фотосесијата која таа предновогодишно ја подготви за своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи. Пејачката истакнувајќи ја сета своја софистицираност и еротска елеганција позираше пред фотообјективот на Бојан Стоилковски, додека а задолжен за целокупниот стајлинг на сесијата беше Зоран Шурбевски. На крајот од  позирање пејачката застана и пред камера на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, каде откри по што ќе ја памети годината која што полека изминува. „Никогаш не е предоцна да почнете од почеток. Да стиснете пауза. Да вдишете и издишете. Потоа, да почнете одново. Не морате да се губите себеси во хаосот, да ги прифаќате работите такви какви што се, мислејќи дека тоа е тоа што го заслужувате. Не морате да ги чувате своите тага и бес во себе, мислејќи дека никогаш нема да побегнете од нив. Вие сте повеќе од тоа. Вие имате сила во себе за поголеми и поубави нешта, само треба да бидете храбри. Нова 2021 за нови почетоци“! - напиша Јова на својот Инстаграм во пресрет на новата 2021 година. А,  2020-та, годината која го запре светот и на сите животот им го преврте наопаку,  неа и го почна на некој начин од почеток. И оној приватниот, како жена и мајка на две прекрасни дечиња, ќеркичката Зои и синчето Картер, но и оној професионалниот, како естраден уметник, музичка ѕвезда која продолжува да блеска онаму каде што „привремено исчезна“ од естрадното небо пред  десеттина години. Затоа, 2020 Јова ќе ја заокружи со пораката која таа ја пренесе и преку повратничката песна, насловена: „Биди сама своја среќа!“ Дали и самата тоа е, дознајте од разговорот со Јова во „магазинот од зад сцената“: https://www.youtube.com/watch?v=p4BTqVnDblc&fbclid=IwAR0Yc1sVcU9BLbwavj5g-H5ZwYXEx-AznwJlpLXjLyMHzCfU9Lp2UitHLMA]]>

Jованка Житарова – Јова со солзи во очите зборува за мајчинството и борбата за децата: „Зои и Картер ми се најважни во животот!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovanka-zitarova-jova-so-solzi-vo-ochite-zboruva-za-majchinstvoto-i-borbata-za-decata-zoi-i-karter-mi-se-najvazni-vo-zivotot-video/ Fri, 30 Oct 2020 07:54:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173787

Пејачката Јова, односно Јованка Житарова пред повеќе од еден месец го промовираше видеото за темата „Биди сама своја среќа“ кое што има над 300.000 прегледи на Јутјуб што е голем успех за еден македонски изведувач. „По 10 години пауза решив да и се варатам на мојата најголема љубов, музиката, но со сосема поинакво нешто, од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина, и се роди „Биди сама своја среќа“ - изјави тогаш Јова. https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/jovanka-zitarova-se-vrati-kako-jova-so-poraka-bidi-sama-svoja-srekja-video/ Јова на музичката сцена токму со овој рефрен се врати после пауза од 10 години, а за време на истата се реализираше во улога на мајка, односно ги роди близнаците Зои и Картер за кои во повеќе наврати досега има истаканто дека и се нејзино „СЕ '“ во животот. Деновиве беше и гостинка во студиото на естрадниот ТВ магазин„Бекстејџ“, а во рамки на гостувањето откри детали поврзани со нејзината кариера, но и приватен живот. Пејачката за прв пат јавно проговори за враќањето од „туѓина-јабана“ дома во Македонија по разводот со сопругот Роберт, па со солзи во очите прозборе за мајчинството и борбата за нејзините деца. Целото интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=MNRPKAA8vJQ]]>

Јованка Житарова се врати како Јова со порака – „Биди сама своја среќа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovanka-zitarova-se-vrati-kako-jova-so-poraka-bidi-sama-svoja-srekja-video/ Thu, 17 Sep 2020 10:15:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167421

Некогаш позната како Јованка Житарова, а денес само Јова, по една деценија пауза се враќа на сцена со новата песна „Биди сама своја среќа“. Зад оваа песна како автори се запишани Роберт Билбилов, кој ја направи музиката и аранжанот, во чие студио е и снимена, а текстот е на македонската писателка, Ксенија Николова. „По 10 години пауза решив да и се варатам на мојата најголема љубов, музиката, но со сосема поинакво нешто, од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина, и се роди „Биди сама своја среќа“.  Ова е само почеток од нашата соработка.  Ова не значи дека јас сум ја заборавила старата убава македонска песна, зашто, секако, корените не смеат да се заборават, но решив да одам чекор напред, да пробам нешто сосема поинакво. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, особено на припадничките на понежниот пол, бидејки ова е порака за нив“ - вели Јова. Спот е снимен од продукцијата на  познатиот уметнички фотограф и режисер Зоран стојановски -  „Зонде“ на браната Козјак. Во видеото Јова  е претставена како слободна, сама и среќна жена. „Презадоволна сум од спотот, го долови точно она што го чувствувам.  Дека на човек  најважно од се'  му е личната среќа“ - додава таа. Погледнете го видеоспотот за оваа песна: https://www.youtube.com/watch?v=UMAsGw_bags&feature=emb_logo]]>