јова радевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Oct 2021 18:51:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јова радевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Единствената Македонка на британската музичка сцена: Јова Радевска – девојката со „девет животи“ го живее својот музички сон во Лондон (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/edinstvenata-makedonka-na-britanskata-muzichka-scena-jova-radevska-devojkata-so-devet-zivoti-go-zivee-svojot-muzichki-son-vo-london-foto-video/ Thu, 21 Oct 2021 07:53:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223847

Таа една од оние многуте кои оддамна ги спакуваа куферите и заминаа од дома, од родната Македонија.  Но една од ретките која не тргнала во потрага по гола егзистенција, туку многу повеќе во потрага по можност за оставрување на своите соништа. Јова Радевска не е тотален анонимус кај нас, целосно непознато лице, зашто јавноста ќе ја запознае уште како девојченце кога почнала да учествува на детските фестивали како што се „Калинка“  во Гевгелија или подоцна „Тинс фест“ во Прилеп. По завршувањето на средното училиште се сели во Лондон, за кој како што самата вели, отсекогаш ја фасцинирал. Таму се запишува во едно реномирано музичко училиште, каде по стекнувањето на нови пријатели се раѓа музиката за нејзиниот деби албум „„Дневникот на песочниот часовник“ во 2007 година. година. Македонската музичка јавност одново ја открива една година подоцна, сега како возрасна девојка кога во 2008 година Јова има два настапи во Македонија - на „Скопскиот фестивал“ каде настапи со песната „Јас сум овде“ и на „Охридски трубадури - Охрид фест“ со песната „Се радувам и тагувам“. Но, Британја и Лондон се „местото за оставрување на музичките соништа“, лулката на рок ен ролот, па Јова се враќа назад за да продолжи до остварувањето на своите, правејќи го следниот чекор во штотуку започнатата музичка кариера - настапите по реномираните абритански клубови како „Трубадур“ или „Бедфорд“ во кои настапувале некои од најголемите ѕвезди на денешницата (Ед Ширан, Адел...), но и музичките легенди како  Боб Дилан, Пол Сајмон, Џими Хендрикс...  Меѓу сите нив и нашата Јова! Средбата со искусниот музички волк, Марк Вернон и создавањето со него на дуото „Yova“ ќе и го трасира патот и ширум ќе и ги отвори вратите кон музичките пространства во кои Јова покрај Вернон ќе почне да се дружи и соработува со врвни светски музички и продуцентски имиња како:  BJ Cole (соработник на Sting, Bjork, REM, The Verve),  David Родос (соработник на легендарниот Питер Габриел од групата Genesis), Ана Фиби (соработник на Roxy Music), Алекс Томас (соработник на Johnон Кејл од легендарната група Velvet Underground)... Марк со неговата претходна работа со PJ Harvey & John Cale од култната група Velvet Underground го контактира неговиот пријател продуцентот и мулти инструменталист  Rob Ellis (PJ Harvey, Anna Calvi, Marianne Faithfull, Scott Walker, Placebo, Bat for Lashes ) за да го аранжира и оформи новиот звук на „Yova“ . Дуото  „Yova“ набргу издава неколку синглови визуелизирани со видеоклипови („Moondog“, „Rain“, „An Innocent Man“, „You're The mirror“,  „Would I change it? ( If I could)“,  „Togetherness “ ...) како и последниот “Where There Is Smoke“ кои минуваат прилично запазено, најавувајќи го деби албумот  „Nine Lives“ („Девет животи“) кој треба да излезе следниот месец, на 12 -ти ноември 2021 година. Покрај промоцијата во етерот Јова има планови за многу концертни настап, меѓу кои се и оние за настап на некои од рок фестивалите и манифестациите во Македонија. И покрај тоа што е единствената Македонка на британската музичка сцена, Јова Радевска себе си не се смета за ѕвезда. За неа е многу поважна страста кон музиката. Затоа како што самата неодамна ќе изјави за Екран.мк, сите кои имаат страст кон музиката  ги советува да имаат и храброст да се фрлат во музичките води, без разлика дали ќе станат sвезди или не. „Животното искуство да се занимавате со нешто што го сакате е „непроценливо“. Па што ќе биде, нека биде“ - вели Јова Радевска, девојката со „девет животи“ која го живее својот музички сон во лулката на поп-рок музиката -Лондон. ]]>

Македонката од Лондон, Јова Радевска ви го претставува својот „Невин човек“/ Yova – „An Innocent Man“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonkata-od-london-jova-radevska-vi-go-pretstavuva-svojot-nevin-chovek-yova-an-innocent-man-video/ Mon, 16 Nov 2020 13:15:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176348

Јова Радевска, македонската кантавторка која последниве години живее и твори во Лондон,  по последниот сингл, насловната тема од албумот „You’re The Mirror“,  има нов сингл, четврти по ред. Новата тема излегува по пауза од речиси 5 месеци и носи наслов  „An Innocent Man“ („Невин човек“), а истата е визуелизирана со преубаво анимирано видео, чии анимации во потполност кореспондираат со приказната во стиховите на песната на Јова. Таа преку својот сугестивен и треперлив, но мошне впечатлив вокал, на волшебен начин ни ја раскажува потресната универзална приказна за една страшна човечка судбина на невин, скршен човек, немоќен да ја одбрани вистината, судбина која завршува со трагичен крај. Автори на песната се самата Јова Радевска и Марк Вернон (Jova Radevska & Mark Vernon), аранжманот го направил Роб Елис (Rob Ellis), додека виолина во песната свири Ана Пебе (Anna Phoebe), а виолончело  Ник Холанд (Nick Holland). Видеото кое веќе го споменавме или поточно неговата анимирана сторија ја потпишува Џес Коуп (Jess Cope) во продукција на „Owlhouse Studios“. Приказната секако ќе продолжи, нешто што го најавува и самата Јова, Македонка која се обидува да направи што поголем пробив, позначаен успех и позабележителна кариера во Лондон и Велика Британија воопшто, нешто што никому до сега од овие наши простори не му успеало. Проследете го нејзинито најново остварување, нејзиниот „An Innocent Man“: https://www.youtube.com/watch?v=gwdg8EHHSi8&t=194s]]>

YOVA со „одраз во огледалото“ за насловната тема го најави албумот – „You’re The Mirror“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/yova-so-odraz-vo-ogledaloto-za-naslovnata-tema-go-najavi-albumot-you-re-the-mirror-video/ Fri, 26 Jun 2020 12:52:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155921

Јова Радевска, македонската кантавторка која последниве години живее и твори во Лондон, има нова песна и видеоспот за неа насловен – „You're The Mirror“. Во моментов Јова ( Yova) е член на дуото кое го носи нејзиното име, во кое покрај самата самата Јова Радевска, втората половина ја сочинува Марк Вернон (Mark Vernon). Нивната прва песна со наслов „Moondog“ продуцирана со Мартин Мек Дугал и Даниел О’Саливен од групата „Grumbling Furs“, а миксувана е од „Греми“ номинираниот Камерон Граиг (Бјорк, УНКЛ, Ени Ленокс & Џо Страмер), се појави кон крајот на минатата 2019 година. Дуото YOVA (Јова Радевска и Марк Вернон) во почетокот на 2020  година ја објавија и музиката за својот втор сингл насловен – „Rain“, кој  се појави како пакет со четири верзии на песната, а  беше официјално објавен на 6 март 2020. Во пакетот беше вклучен и новиот ремикс на електронската легенда Винс Кларк (Erasure, Yazoo, Depeche Mode), ремиксот Ghost, како и инструментална верзија на песната. Марк Вернон го соединува бас гитаристот Иан Оливер со Роб Елис на тапани и ритмичкиот р’бет на оригиналната ПЈ Харви група снимаат повторно заедно за прв пат од издавањето на првото ЕП на PJ Harvey – “Dress” vo 1991.. Резултатите од овие снимања ќе можат да се чујат на новиот албум на YOVA во 2020 година, кој го најавуваат и со новата, овој пат насловна тема од албумот - „You're The Mirror“, која како и претходниот сингл, исто така има 4 верзии. Што се однесува до видеото, него го потпишува режијата на Enya Belak Gupta, а директор на фотографија и човек зад камерата и стедикемот бил  Aadhar Gupta. Видеото го уредиле Victoria Man, Cut+Run LDN, додека за стајлингот на Јова  се погрижиле Trinidad Segura и The Epoch. Шминката ја изработила Karolina Bartnik, а како официјален фотограф на дуото е потпишан Lefteris Parasyris. Како звучи и изгледа „одразот во огледалото“ за насловната тема „You're The Mirror“ на Јова Радевска и Марк Вернон од македонско - англиското дуо YOVA, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=byrsTrpCH44&feature=share&fbclid=IwAR1XUtDNgACA-GTnxb6XGd8GUm9H9btFAVbTcc34mANL1rrvgl1-bHAkHSA        ]]>

Слушнете како звучи дождот на Јова Радевска – Yova – „Rain“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/slushnete-kako-zvuchi-dozdot-na-jova-radevska-yova-rain-video/ Thu, 30 Jan 2020 13:55:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131937

Јова Радевска е македонска кантавторка која  последниве години живее и твори во Лондон. Во моментов Јова ( Yova)  е член на дуото кое го носи нејзиното име, во кое покрај самата самата Јова Радевска, втората половина ја сочинува Марк Вернон (Mark Vernon). Нивната прва песна со наслов „Moondog“ продуцирана со Мартин Мек Дугал и  Даниел О’Саливен од групата „Grumbling Furs“, а миксувана е од „Греми“ номинираниот Камерон Граиг (Бјорк, УНКЛ, Ени Ленокс & Џо Страмер), се појави кон крајот на минатата 2019 година. Дуото YOVA (Јова Радевска и Марк Вернон) деновиве ја објавија и музиката за својот втор сингл насловен - „Rain“. Тој треба да се појави како пакет со четири верзии на песната,  а ќе биде официјално објавен на 6 март 2020. Во пакетот ќе биде вклучен и новиот ремикс на електронската легенда Винс Кларк (Erasure, Yazoo, Depeche Mode), ремиксот Ghost и Инструментална верзија на песната. Марк Вернон го соединува бас гитаристот Иан Оливер со Роб Елис на тапани и ритмичкиот р’бет на оригиналната ПЈ Харви група снимаат повторно заедно за прв пат од издавањето на првото ЕП на PJ Harvey  - “Dress” vo 1991.. Резултатите од овие снимања ќе можат да се чујат на новиот албум на  YOVA во 2020 година, кој го најавува и оваа тема со наслов  - „Rain“. Како звучи дождот на Јова, тема на која автори се Јова Радевска, Марк Вернон и Роб Елис, проследете во продолжение. ;]]>