јосиф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Jul 2023 12:28:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јосиф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јосиф нуди нов музички крик со неговата – „Fashion Week“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/josif-nudi-nov-muzichki-krik-so-negovata-fashion-week-video/ Wed, 26 Jul 2023 12:28:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311649

Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го освежат домашниот музички етер. Младиот Јосиф е име за кое можеби досега не сте слушнале, но со сигурност ќе успее да го задржи вашето внимание. Малкумина знаат дека Јосиф е артистот со кој Војаж ја започна својата голема музичка кариера - заедно ја отпеаја песната „VYBE“. По речиси 3-годишна пауза, Јосиф се враќа со своја, авторска музика, најавувајќи ја првата песна од албумот „TOKYO“. „Fashion Week“ е неговото најново музичко парче, чија музика е направена од самиот Јосиф. Текстот го напишал заедно со Андреј Илиевски, а за аранжманот, миксот и мастерот се заслужни Лазар Цветковски и Claro Beats. Песната е комплетирана со видео-спот, кој е направен под режиската палка на Томислав Живковиќ и во кој буквално е пресликан насловот „Fashion Week“. „Ова е само почеток, не планирам тука да запрам“, открива Јосиф. Слушнете ја „Fashion Week“ и доколку ви се допаѓа, споделете ја со вашите најблиски. ]]>

Александар Николоски стана татко: Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговата сопруга Александра добија син https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-nikoloski-stana-tatko-potpretsedatelot-na-vmro-dpmne-i-negovata-sopruga-aleksandra-dobija-sin/ Fri, 26 May 2023 12:33:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303901

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски стана татко. Тој и неговата сопруга Александра добија син. Радосната вест преку социјалните мрежи ја објави токму Николоски. Тој на својот Фејсбук профил  обзнанувајќи го доаѓањето на нивното машко чедо на свет, кусо напиша: „Денес ја добивме најголемата радост! Се роди нашиот син Јосиф Николоски! Сопругата Александра и јас, како и цело семејство пресреќни!“ - споделил Николоски. Николоски се ожени со својата животна избраничка Александра во јуни 2018 година. Елегантната и романтична  венчавка се одржа во кругот на најблиските, роднините, пријателите, колегите… на која младите ја прославија својата љубов. Инаку,  Александра Николоска, моминско Димитриеска по потекло е исто така од Охрид, додека нејзина професионална определба е економијата. Дипломирала и магистрирала економски науки во Љубљана. Александар Николоски  беше претседател на УМС во период од 2004 до 2008 година и повеќе од 12 години член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и еден од најблиските соработници на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.    ]]>

Јосиф знае дека она пука ко… – „Берета“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/josif-znae-deka-ona-puka-ko-bereta-video/ Tue, 13 Oct 2020 12:00:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171167

Дваесет и две/три годишниот Јосиф Ристовски или само Јосиф, зад кој стојат хиперпродуктивните „Урбан рекордс“ има нова песна и видео. По  песните и видеата за “Само уште ноќва” и „Енцо“, кои набрзина една по друга излегоа во првата половина на 2020, по неколку месеци, младиот трапер неодамна го промовираше и новиот аудио-видео пакет со темата „Берета“. Стилски - ништо ново, музички во рамките на веќе слушнатото, тематски - исто така. Под импресии на „животот на работ“  најдобро отсликано во ТВ серијата „Јужни ветар“ со Милан Биковиќ во главната ролја, плејада млади музички трап артисти како лајт мотив го имаат токму таквиот начин на живот како инспирација... Се надеваме само музичка, не и животна: подземје, криминал, оружје, дрога, алкохол, црни пари, скапи коли, евтини девојки... „Живеј брзо, убаво и кратко... Умри млад и имај симптичен леш“ - некогашната Џим Морисон  филозофија, подоцна преземена од жестоките момчиња на белградскиот асфалт и инкорпорирана во легендите за познатите криминалци од  „Читуља“... Ако е само приказна за тоа како е, а како не треба да биде и лајт-мотив за уметност - ОК... Се' друго повеќе од тоа би било погубно. Иако и постојаното „ложење“ на „подземјето“ кое наголемо „новите дечки“ го туркаат во своите песни и видеа, не е баш за пофалба! Конечно, експлицитните сцени, задолжителни во секој нивен спот, исполнети ефтино „проституирање“, „ваљање бело“, пијанчење или мафтање со „ладно и топло“ оружје е загрижувачко, што тоа на младите автори, уметници, режисери, продуценти, изведувачи... им се врти во умот, што им е главен замаец во менталниот склоп? Сепак, ако сето остане само на фикција... па и некако! Авторски, музиката и стиховите во „Берета“ ги потпишува самиот Јосиф Ристовски, додека миксот и мастерот како по правило кога се артистите на „Урбан рекордс“ во прашање, ги изработил Иван Јованов - Ивајо. „Генг“ видеото или поточно, комплетната реализација на визуелизацијата на песната е на Томислав Живковиќ, додека битот е од  RJacksProdz & Masta. Проследете го новото од Јосиф или поточно, слушнете и видете, како „пука“  неговата „Берета“. https://www.youtube.com/watch?v=YEhAqTtg_2Y    ]]>

На Јосиф му е важна само… -„Уште ноќва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/133834/ Wed, 12 Feb 2020 11:31:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133834

По пауза од скоро половина година, пејачот Јосиф од „Урбан Рекордс“ се враќа со нова песна и спот. Последен негов проект беше соработката со „Два бона“ за летниот хит “Колку ти треба”, а познат е и по соработката со популарниот српски артист Михајло Веуровиќ- VOYAGE  во песната „Трапстарз“. Дваесет и две годишниот Јосиф Ристовски кој свири на пијано, а приватно студира архитектура на „Американ Колеџ“, го промовираше спотот за песната “Само уште ноќва”. Трап нумера на која како автор на музиката и текстот се потпишува самиот Јосиф, во продукција на „Saintlucabeats“, миксот и мастерот се стандардно на Ивајо, додека пак спотот го изработи Томислав Живковиќ. Јосиф во него се појавува со две згодни девојки, моделите Ангела Грамосли и Бојана Секуловска. Видеото се снимаше на повеќе локации, од скопските улици до станови со девојки. Спотот претставува своевиден биланс од скопскиот ноќен живот на едно младо момче, полн со адреналин  и со девојка која е бесчувствителна и незнае ни каде тера, ниту што сака... “Само уште ноќва, дека утре нема да те знам, покажи што знаеш”- пее Јосиф во видеото кое можете да го проследите во продолжение: ]]>

Таско, новата македонска хип-хоп ведета ви ја претставува – „Вендета“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-novata-makedonska-hip-hop-vedeta-vi-ja-pretstavuva-vendeta-audio/ Thu, 09 May 2019 12:32:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87001

„Урбаната банда“ од аудио и видео продукцијата „Урбан рекордс“ која егзистира од 2009 година и е во непосредна спрега со маркетинг и ПР агенцијата „Иноватива“ на Слаткаристика и Сања Николиќ, однеодамна може да се пофали со уште едно свое аудио-видео парче.
Непосредно пред соработката со Слаткаристика во темата „Марадона“, каде заеднички ги напишаа стиховите,  Христијан Тасковски – Таско, има и заедничка песна со Јосиф насловена „Вендета“.
Се разбира по принципот:  „јас (кај) тебе - ти (кај) мене“, одново потпомогнат од уште еден член од „урбаниот музички клан“, Марио Јелиќ - Кун ( од дуото „2 Бона“), кој ги потпишува миксот и мастерингот на темата, додека музиката е на Дај Рич.
Секако за се' да остане во „Урбан рекордс“ куќата се погрижил и Борис Тасковски, кој го направил графичкиот ковер дизајн, а успешно работи веќе три години како фотограф и графички дизајнер за потребите на Урбан Рекордс и воедно како менаџер на Таско. Како звучи „Вендета“ на  новата македонска хип-хоп ведета, Таско, проследете во продолжение. ]]>