Јордан Ѓорески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Jan 2024 13:41:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Јордан Ѓорески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Дупер“ имаат нешто важно да ви кажат со – „Кажи ми во лице“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duper-imaat-neshto-vazhno-da-vi-kazhat-so-kazhi-mi-vo-litse-video/ Wed, 10 Jan 2024 13:41:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334469

Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот рецепт за музички допадлава песна, затоа што и овојпат нивната најнова насловена „Кажи ми во лице“ е полн погодок. Музичкото дуо „Дупер“  кое го сочинуваат овие двајца откако го објави најновиот музички проект  за само неколку часа го привлече вниманието на јавноста. Преку најновата песна „Кажи ми во лице“ успеаа со поинаков пристап, да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст, зад кој се крие искрена љубовна емоција. Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, зад аранжманот на песната се потпишува Борис Какринов, а за миксот и мастерот е задолжен Ангел Ќосев од студио „Подрумот“. Видео записот, кое е дело на Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која совршено ја отсликува приказната и емоцијата во песната. Музиката што ја создава Дупер е единствена и прилично уникатна и затоа секој нивен нов проект освен што носи свежина во македонскиот музички етер, исто така секогаш е пријатно изненадување за публиката. Со песните „Не сум твој тип“, „Ние сме 2“, „Тело за на ТВ“, „Пробај да ми бидеш“ ја освоија македонската публика, а со „Кажи ми во лице“ докажаа дека се квалитетно музичко дуо кое создава оригинална музика со препознатлив и карактеристичен звук. За да ви биде појасно што тоа „Дупер“ сакаат да ви кажат, проследете го видеото во кое тие нешто важно ќе ви кажат со - „Кажи ми во лице“. ]]>