јоха – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Oct 2021 09:00:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јоха – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мелани е на добар пат да ја надмине мајка и: Запознајте ја талентираната ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/melani-e-na-dobar-pat-da-ja-nadmine-majka-i-zapoznajte-ja-kjerkata-na-sonja-i-johan-tarchulovski-foto-video/ Tue, 26 Oct 2021 08:56:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224538

Македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска нема кој не ја познава. И по нејината естрадна кариера и по тоа што е сопруга на македонскиот бранител и патриот, хашкиот маченик Јохан Тарчуловски. Но, малкумина занаат дека нивната постара ќерка Мелани тргна по стапките на мајка и. 16 годишната тинејџерка не само по својата убавина, туку и по вокалните предиспозиции е на најдобар пат да ја стигне и надмине мајка и. Инаку, Мелани е најстарото дете на Соња и Јохан Тарчуловски, кои покрај неас уште ги имаат синот Младен кој има 14 години и најмалата ќерка Јоана, која има 6 години и е прваче. Мелани е ученичка во средното музичко училиште “Илија Николовски-Луј”, за кое вели дека  и' помогнало во процесот на создавање на новитети на мизички план. Во слободното време таа пишува текстови и поезија во чие создавање, како што самата вели, вистински ужива. Мелани летово стапна на големата фестивалска сцена и беше најмладиот учесник на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури 2021“, со песната „А ти“. Елегантно дотерана,, таа одлично се претстави на Интернационалната вечер, па многумина забележаа дека на прв поглед таа многу личи на мама, и изгледа како Соња во помлади години, на што фолк-пејачката е бескрајно горда. Соња Тарчуловска иако досега имал бројни настапи, никогаш не се чувствувала повозбудена и немала повеќе трема отколку во моментите кога ја гледала својата ќерка Мелани како пее на големата фестивалска сцена. „Песната “А ти” е снимена во студиото на Иле Спасев, кој  е и аранжер на песната. Сè се одвиваше доста брзо и спонтано, посебно бидејќи до мене имаше искусна личност за соработка како него. Тука сакам да ја спомнам и Весна Малинова која беше меѓу првите кои ја слушнаа мојата прва авторска песна и ми беше голема поддршка“ - изјави тогаш младата пејачка за „Женски магазин“ и додаде: „Сè беше онака како што очекував. Моето семејство е мојата најголема поддршка отсекогаш. Мајка ми беше со мене до последната минута пред настапот“ - раскажа Мелани. Покрај училишните обврски, младата Мелани најавува дека  работи на неколку проекти и се надева дека тие набргу ќе се реализираат. Во секој случај Мелани покажува дека е не само убава, туку и мошне талентирана млада девојка, со вокални, но и авторски способности. Како тргнала, може многу  лесно да се случи, бргу да ја надмине и мајка и. ]]>