јо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Sep 2019 12:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новинарски протест: „На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со притисок, апсења и прогон!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/novinarski-protest-na-novinarskiot-zbor-odgovorete-so-zbor-a-ne-so-pritisok-apsenja-i-progon-video/ Thu, 26 Sep 2019 12:04:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109226

Македонската асоцијација на новинари – МАН и редакцијата на порталот Инфомакс, заедно со колеги од други редакции денес протестира пред Јавното обвинителство (ЈО) и кривичниот суд по одлуката на ЈО да отвори кривична постапка против Александар Митевски, главниот уредник на порталот Инфомакс, бидејќи објавиле извадоци од содржината на исказот на бизнисменот Орце Камчев кој во ЈО во мај годинава пријаил кривично дело рекет во која пријава се спомнуваат осомничените за тоа дело Бојан Јовановски, Катица Јанева, Зоран Милевски Кичеец како и имиња на политичари од актуелната власт. Според ЈО новинарот со објавувањето на делови од исказот на бизнисменот Орце Камчев сторил кривично дело оддавање службена тајна. Објавувањето на содржината од исказот пред ЈО уследи откако ЈО во неколку наврати даваше лажни информации дека во исказите на пријавителот и сведоците не се спомнуваат политичари и дека новинарите шпекулираат и лажно ја известуваат јавноста со информации дека повеќе лица од политичкиот врв на власта се вмешани директно и индиректно во рекетирањето бизнисмени од скандалот Рекет, односно откако републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски децидно тврдеше дека се шират лажни вести за тој случај. Како одговор на оваа прозивка и клеветење од страна на обвинителот Јовевски кон новинарите порталот Инфомакс изнесе детали и документи со кои јасно се виде дека државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски лажел, дека свесно ги штити политичарите од врвот на власта со прикривање информации кои ги теретат и подразбираат и кривична и политичка одговорност од учесниците. Дури по објавувањето на докумнетите од сведочења на пријавителот и сведоците, соочени со јавно пласирање на фактите, ЈО повика на распит неколку лица од актуелната власт поврзани со скандалот Рекет. Наместо да побара одговорност во своите редови поради прикривање факти пред јавноста и обид да се заштити од одговорност актуелната власт, како и да спроведе детална истрага за лицата од власта кои се спомнуваат од сведоците, Јавното обвинителство реши да ги гони новинарите кои ги објавиле фактите, и со тоа да изврши притисок и заплашување врз новинарите и медиумите во иднина да се воздржуваат од објавување факти кои се на штета на лица од актуелната власт. Наместо да ја гони корупцијата и учесниците во неа Јавното обвинителство ги гони новинарите кои објавуваат факти и документи за корупција. Актуелната власт на Заев и сама преку закани, тужби и притисоци преку државни институции како Управа за јавни приходи и полиција постојано врши ваков притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта. Дека е тоа така потврдата стаса и на денот кога се протестираше за овој настан пред ЈО. Имено, полицијата упадна во редакцијата на порталот Нетпрес и вршеше распит на новинарите и уредникот Дејан Николовски за тоа од каде му се податоците и аудио снимката од кабинетот на секретарот на владата Рашковски од која снимка јасно се гледа како се договара местење тендер вреден 7 милиони евра за потреби на јавното, државно претпријатие за контрола на летање М-Нав. Овој коруптивен скандал на владата, персонифицирана во нејзиниот генерален секретар Рашковски, Јавното обвинителство не го обработува ниту благовремено ниту темелно и практично го амнестира Рашковски со притисок врз сведоци и новинари кои објавиле факти и документи како и со заташкување на случајот и пристап кон корупцијата кој однапред е осуден на замижување во однос на обвинение за висока корупција на Рашковски. Соработката ја Јавното обвинителство со актуелната извршна власт и интересите на премиерот Зоран Заев е повеќе од очигледна и извесно е дека еден ден, кога ќе се создадат услови за слободно делување на законот, ќе мора да се бара кривична одговорност од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и шефот на одделот за организиран криминал при ЈО Вилма Рускоска. Денес новинарите протестираа пред Јавното обвинителство и кривичниот суд, на бело перниче свечено пред Јавното обвинителство оставија лисици за притвореници кои Јавното обвинителство ги употребува за новинари кои објавуваат факти и документи на штета на актуелната власт која корупциите ги врши веќе на дневна основа. Пред кривичниот суд, на свечено бело перниче, оставен е микрофон кој судот го одзема заедно со одземање на правото на новинарите тие микрофни да ги употребуваат за својата работа и за слобода на новинарскиот говор. Од доаѓањето на власт на СДСМ и воспоставување целосна владина контрола врз судот, Јавното обвинителство и СЈО, под притисок на владата на Зоран Заев и неговите експоненти во судовите и обвинителставата оставки дадоа неколку уредници на медиуми: Драган Павловиќ Латас во ТВ Сител, Саше Стојановски во порталот Курир, Бранко Геровски во Слободен печат, Ивона Талевска во весникот Вечер… Против постапките на Јавното обвинителство и ваквите притисоци од извршната власт на Зоран Заев а, преку него, од Јавното обвинителство и кривичниот суд освен Македонската асоцијација на новинари МАН се спротиставија и Здружението на новинари ЗНМ, како и Агенцијата за медиуми. Објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот Инфомакс. https://www.youtube.com/watch?time_continue=11&v=RJGG1H7s0f4]]>

Кој и купи на „специјалната“ мебел за да би не… во здрав мозок? https://arhiva.vistina.com.mk/koj-i-kupi-na-specijalnata-mebel-za-da-bi-ne-vo-zdrav-mozok/ Wed, 21 Aug 2019 16:13:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103301

Истрагата за „Рекет“ е проширена. Приведена е „специјалната“ и со тоа аферата почнува да ја добива својата разрешница. Само што по се’ изгледа некој ќе се обиде завршницата да биде салонска! Со мебел и „рекет на ситно“! Јавното обвинителство откако му вадеше 40 дена на „Рекет“ конечно се свести. Или така купуваше време пред јавноста, додека некој ги редеше коцките во позадина, за што побезболно да се „прележи“ фаќањето на ортаците со спуштени гаќи? Како и да е, ЈО се огласи на прес конференција. Имале индиции, вербални и материјални докази, дека специјалната“ ја злоупотребила службената положба, ама види мајката, за само неполни 5.000 евра!? Речиси една нејзина плата! И тоа како подарок во купен мебел! Да не е трагично би било комично, ама прашање е кој е овде главниот циркузант? Јавниот обвинител Јовевски со приказна за мали деца! Патем и самиот како малите деца кога ќе ги остават родителите сами дома и ќе им кажат никому да не отвораат. И кога некој непознат ќе им ѕвони, детето самото ќе се истрча пред вратата одвантре за да каже: „Нема никој дома“, откривајќи ја така состојбата! Така и јавниот обвинител сам се истрча на пресот да каже како прииказната завршува тука и нема индиции за вмешаност на домашни или странски политичари! Но, дали вака поедноставената приказна е вистинската слика за „Рекет“? Дали набрзина фиктивно размрсените конци, всушност уште повеќе не ја замрсуваат сликата на гобленот, кој неговите везачи се трудат да го завршат тука, оставјќи го недовезен! Зашто со секој негов нов одмрсен јазол, се стега јазолот на јамката околу нивниот врат! Од друга страна остануваат уште низа прашања нејасни и неодговорени, како на пример каде завршиле Луј Витон парите, кави пари биле оние што легнувале на сметката на Сојузот на Боки 13 и авторските договори, како биле истите трошени, што е со даночните обврски и на Сојузот, на 1ТВ и БМЈ медиа груп...? Или 40-те дена беа искористени да се купи време за да се прередат коцките, да се одберат жртвените јагниња и останатиот дивеч за отстрел, да се смисли „ефтина приказна“ за што полесно и побезболно да се помине. Кој што полесно низ аферата, кој што помалку време во Шутка и Идризово! Па затоа се’ треба да се сведе на 5.000 евра во стока или роба, сеедно, од 8 милиони во кеш? Ако не се и дупло или тродупло повеќе! Ќе дознаеме ли воопшто некогаш кој е главата на октоподот или ќе не подлажат со само две-три сервирани лигњи во порција? Ќе се открие ли кому му текна да и купи на „специјалната“ мебел, за да би не... во здрав мозок!? Но, ако мисли дека со тоа што и ги опремил дневната и спалната на „специјалната“, па и ја испорачал „фискалната“ на јавноста ја завршил приказната, дебело се лаже, зашто со тоа само го замачкал злосторството. Допрва следува казната!]]>

ЈО побара 30-дневен притвор за Катица Јанева https://arhiva.vistina.com.mk/jo-pobara-30-dneven-pritvor-za-katica-janeva/ Wed, 21 Aug 2019 12:20:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103285

Јавното обвинителство побара 30- дневен притвор за специјалната јавна обвинителска Катица Јанева. Ова го истакна јавниот обвинител, Љубомир Јовески, прес-конференцијата за случајот „Рекет“ на која присуствуваат и првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска и основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.
]]>