јавни личности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Dec 2023 11:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јавни личности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Злосторство и казна: Народот ја бара правдата во свои раце, социјалните мрежи експлодираа, македонските јавни личности сочувствуват со болката и се простуваат од малата Вања https://arhiva.vistina.com.mk/zlostorstvo-i-kazna-narodot-ja-bara-pravdata-vo-svoi-ratse-sotsijalnite-mrezhi-eksplodiraa-makedonskite-javni-lichnosti-sochuvstvuvat-so-bolkata-i-se-prostuvaat-od-malata-vana/ Mon, 04 Dec 2023 09:04:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329654

Монструми, убијци, крвници, психопати... Има ли зборови што не беа кажани и напишани на социјалните мрежи по страшната и тажна вест која пристигна дека малата Вања е убиена. Јавноста  згрозена и шокирана од монструозниот чин  на свирепо убиство на невино дете заради некакво си користољубие?! Зарем има такви пари, заради кои може да се одземе нечиј живот, особено на младо дете кое никому ништо ниту згрешило ниту има било каква вина или поврзаност со нечии гнасни и монструозни планови и умисли? Народот е на работ на трпението кое полека го губи, зашто кога неправдата станува закон, правдата станува обврска која народот ја презема во свои раце... Токму затоа и илјадниците повици и барања за враќање на смртната казна, па дури и за јавна егзекуција на крвниците кои по вакво злосторство заслужуваат и многу повеќе од тоа, заслужуваат - линч! А оние кои сознанието за злосторот го криеле цела седмица заради сопстевните интереси ако е тоа навистина така, заради своите фотелји и кариери, не заслужуваат повеќе ниту една минута да владеат! Заслужуваат и морална и политичка одговорност огледана во нивна моментална оставка! Психопатите со окрвавени раце секако ќе бидат изнесени пред лицето на правдата, само прашање е дали овој пат соодветна правда ќе има? И која е таа казна која може да замени еден вака насилно одземен невин детски живот? „Заб за заб, око за око“ - вели старата поговорка која не случајно е измислена и кажана. Ако треба да посегнеш по нечиј  детски живот заради користољубие, сигурно не заслужуваш да живееш, зашто љубов во таквите никогаш и немало, а корист од нив повеќе нема ниту ни да има. Најпеколна сепак ќе им биде казната од Бога, со која до крајот на животот треба да живеат носејќи ја малата Вања на душа... Ако воопшто душа имаат ваквите безбожни ѕверови? Зашто да имаа и трошка од истата таа душа не би ни помислиле, а камоли осмислиле и реализирале ваква свирепа егзекуција , вакво крваво ѕверство на малолетно дете без никаков повод и причина! Затоа ако веќе злосторот е монстриуозен и казната треба да биде еквивалентна... А постапката, брза и безмилосна! Онаа судската, секако, кога веќе законот не дозволува поинаку! И додека јавноста се уште не може да се соземе од гнасното злосторство, македонските јавни личности, естрадни уметници, ТВ водители, модели, спортисти, актери... сочувствуват со болката на мајката и блиското семејство и се простуваат од малата Вања преку своите профили на социјалните мрежи. И кај нив, како и кај сите нас, емоциите се измешани. Тага, болка, жал, неверување, гнев, бес, желба за правда, за одмазда кон бездушните крвници... Емоции кои се огледаат во споделените постови на нивните Фејсбук и Инстаграм профили... Ова е само едно мало парче од нивниот „ѕид на плачот“, но и од нашиот „ѕид на срамот“... На сите нас како народ што дозволивме да завршиме како „забегано општество“ во кое психопати и убијци, монструми и крвници слободно се шетаат со окрвавени раце, а некои од нив да бидат во одреден период и инволвирани длабоко во власта. Почивај во мир Вања, нека ти е светол патот мал ангелу и прости ни, ако можеш... Ако прошка воопшто и заслуживме!   Фото: Социјални мрежи/Facebook/ Instagram/]]>

Овие српски јавни личности го победија ракот и добија нова животна шанса (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-srpski-javni-lichnosti-go-pobedija-rakot-i-dobija-nova-zhivotna-shansa-foto/ Wed, 18 Oct 2023 11:46:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322858

Многу јавни личности се најдоа во пеколот на опасна болест, која за среќа ја надминаа. По долги и тешки битки со ракот, денес за среќа водат нормален живот. Кија Коцкар, водителка на ТВ Информер, еднаш призна дека имала три тумори кои случајно ги почувствувала. После тоа и била извршена операција и било констатирано дека туморите се бенигни. - Она што се случи е дека случајно почувствував некои грутки на градите. Ми беше грижа, бидејќи знам дека може многу да значи. Веднаш закажав преглед со мојот лекар и ултразвукот покажа дека имам три тумори. Следеа низа други прегледи, но за среќа на крајот се добро се заврши, сега одам на редовни контроли - напишала тогаш Кија. Пејачката Мира Шкориќ беше оперирана четирипати поради тешката болест. Пред неколку години доживеала голем стрес, а после тоа открила дека има рак. Таа тајно се борела со злобната болест и, за среќа, успеала да се излечи. - Се чувствував уморна и имав подмолна температура. Требаше порано да реагирам на тоа, но за жал, предоцна обрнав внимание. Работев под покачена температура од 37,2, пеев со часови и денови и се повеќе се изморував и слабеев. Имунитетот ми падна и дури кога ми излезе лимфната жлезда на вратот над клучната коска, реагирав - рекла тогаш Шкориќка. На водителот Дејан Пантелиќ во 2012 година му беше дијагностициран рак, а во битката со оваа болест нашол мотив да им помогне на другите кои се соочуваат со истиот проблем. Тоа стана неговата животна мисија. -Имав проблем под крајниците, и нема да го именувам намерно. Почна да се шири и да турка една од моите жлезди. Се шетав по докторите. Ништо не ме повреди. Ракот не боли на почетокот, но веројатно боли подоцна. Запознавам луѓе кои го имале истиот проблем како мене. Отпрвин ми пречеше затоа што ме врати на некои мои проблеми, но подоцна сфатив дека тоа е моја мисија и дека морам да им помогнам на тие луѓе, да ги насочам лево или десно, да ја одиграат вистинската комбинација, за да би се случил катастрофален исход - рече тогаш тој. Пејачката Анабела Атиас имаше операција на рак на дојка на само 19 години. Таа сама ја почувствувала грутката, по што веднаш отишла на преглед, по што следела операција и хормонска терапија во траење од неколку месеци. - Во Шведска со закон е пропишано дека жените над 30 години мора да одат на преглед, мамограф, а јас се дружев со девојки на таа возраст, кои ми кажаа за тоа. Така, една вечер по враќањето од град, додека се туширав, почувствував грутка, веднаш ме фати паника, ја разбудив мама и утре отидовме на преглед и за два дена ми направија биопсија и операција. Бев на хормонска терапија неколку месеци и успешно закрепнав, бидејќи туморот беше откриен навреме, се помина без последици - изјави Анабела. Тина Ивановиќ неколку пати оперираше рак. За среќа, сите операции беа успешни, но не и беше лесно додека водеше тешка битка. - Имав три операции. Плачев како дожд кога дознав за болеста. Сè ми се урна. Чувствував страв, гнев и тага. Не беше лесно, но, фала богу, сега се е во ред. Контролата е најважна - вели Тина. Пејачката Нада Обриќ победи дури три различни ракови на различни органи. По гинеколошкиот карцином следеше меланом, а потоа и рак на мочниот меур. Откако и бил дијагностициран рак на мочниот меур, за две години направила четири операции и и го отстраниле мочниот меур, по што имала дури 26 зрачења. Надежта ја победи болеста, а сега ги мотивира луѓето кои се борат со опаката болест. - Пријателски, човечки - Знам дека ти е многу тешко, особено навечер кога си сам со себе, но никогаш, ниту една секунда, не смееш да се откажеш или да мислиш дека тоа е крајот. Еве ме - еве ти. Борбата навистина се исплати. Најлесно е да се откажеш, но кога имаш најмалку надеж, надежта секогаш се појавува на крајот... Надежта е секогаш тука, со тебе и никогаш без надеж – рече таа. Водителката Ивона Пантелиќ имаше рак на дојка, кој успешно го победи. Како што еднаш кажала, никогаш немаше да дознае за болеста доколку нејзиниот пријател не ја натераше да оди на мамограф. Ивона истакна дека тогаш многу и значела поддршката од семејството, но дека тогаш наишла на коментари кои не ја радувале. - Бев загрижен како веста ќе ја прифатат оние кои искрено се грижат за мене. Од друга страна, ме изнервираа коментарите „страшно“ или „добро, како е можно тоа“, кажано само за да кажам нешто. Бегав од сожалување. Чувствата се префинети, во дел од секунда можев да препознаам што некој размислува – истакна водителката. Актерката Ивана Жигон имала рак на дојка. Докторите и дадоа на Ивана лоши вести, а по операцијата при која и беа отстранети градите, актерката прими терапии кои ја доведоа до закрепнување. - Тогаш имав 38 години и помина долг период од терапијата, а лекарите не мислеа дека е можно по толку терапии. Тоа беше голем ризик и се случи пред 15 години, тогаш немав никаква дилема. На дванаесеттиот ден по операцијата ја играв Настасја Филиповна во „Идиот“, на сцената на Народниот театар. Играв, глумев, се смеев три часа, а во публиката седеше и професорот кој ме оперираше. И денес сум му благодарен за се. Јас сум заљубен во животот. Така ме научи татко ми – рекла еднаш актерката. фото:Инстаграм принтскрин/ATA Images]]>

Македонските јавни личности и естрадни ѕвезди на свадбата на Миро Кацаров во хуманитарната кутија собраа едвај минималец: На социјалните мрежи „полна уста раскош“, а во реалноста „стипси“ или „тешка сиромаштија“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-i-estradni-zvezdi-na-svadbata-na-miro-katsarov-vo-humanitarnata-kutija-sobraa-edvaj-minimalets-na-sotsijalnite-mrezhi-polna-usta-raskosh-a-vo-realnosta-stipsi-ili-teshka-s/ Tue, 03 Oct 2023 09:49:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320751

За штипската свадба на водителот Миро Кацаров и неговата животна избраничка Ивана уште се зборува... Зборува и чаршијата, се шират муабети по естрадните кругови и кулоари, пишуваат порталите...  Била современа, модерна, необична, налик на голема диско забава на која беа мноштво познати и јавни лица од различни сфери… Од естрадни и ТВ фаци до познати спортисти, пејачи, музичари… па се’ до политичари. Свадбата била замислена како журка со над 400 гости, но младите сакале нивниот најубав ден да има и хумана нота, па ги повикаа сите нивни гости наместо цвеќе, бонбониера, пијалак... да остават парична донација во кутијата ставена на влезот, наменета  за дечињата од ранливи категории. „Знаеме дека ќе добиеме многу букети и сето тоа подоцна ќе овене и ќе се фрли, а со донација од 500 денари колку за букет, верувам дека ќе собереме убава сума и ќе дадеме барем мал придонес за дечињата од ранливите категории во згрижувачките домови“ - ќе  ја најави водителот хуманата нота на својата свадба во медиумите пред истата да е случи. И се случи... Она што беше замислено, беше до крај оставерно и повеќе од тоа. Меѓу поканетите званици на свадбената журка биле некои од најпознатите и најпопуларни македонски лица од eстрадата, модата, медиумите… Пејачи, музичари, актери, политичари, водители, инфлуенсери и многу нивни блиски пријатели. Сите задоволни и презадоволни од идејата, амбиентот, атмосферата, забавата... И гостите и младите. И  црвениот тепих и хумнанитарната кутијата за донации биле поставени на влезот, а на крајот кутијата полна... Само со што или поточно со колку? Колку пари „хуманите“ гости донирале? Имено, Миро Кацаров и самиот раскажа дека на свадбата ќе има повеќе од 400 гости, над 15 музички артисти... И имало! Како и што се надеваше дека секој од нив ќе донира барем по 500 денари во хуманитарни цели! Арно ама... Како што домашниот есап и оној на пазар никогаш не излегува ист, така и надежите на младоженецот и невестата за богата донација на крајот излезе дека се распрснаа како меур од сапуница. Зашто донацијата испадна дека е толку „посна“ што е срамота и да се објави. Сепак, Кацаров по свадбата јавно сподели фотографии од кутијата за донации на својот Инстаграм, а на една од нив и се зблагодари и обзнани колку пари се собрани: „Дечки, благодарение на Вас собравме 22.000 (дваесет и две илјади денари), пари што ќе ги донираме на детенце на кое му е потребна помош. Ве молам ако знаете некое пишете ни или споделето го постот! Од љубов со љубов“ - споделил Миро. Испадна дека македонските јавни личности и естрадни ѕвезди на свадбата на Миро Кацаров во хуманитарната кутија собраа едвај минималец! Едвај 22.000 денари - колку што изнесува една  минимална, загарантирана плата во Македонија!  Јавните личности и естрадни ѕвезди на социјалните мрежи со „полна уста раскош“, а во реалноста или „стипси“ или „тешка сиромаштија“?!   Доказот е во простата математика! Кога  собраните 22.000  ќе ги поделите со бројот на присутните, еве нека биле и точно 400 гости, излегува дека секој од нив во просек „донирал“ во хуманитарната кутија едвај по бедни 55 денари!? Фото: Инстаграм/miroslavkacarov  ]]>

Антониа Гиговска доби грст честитки за бременоста: Идниот свекор прв и честиташе, познатите личности исто така, а најголема поддршка доби од македонската ријалити учесничка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-dobi-grst-chestitki-za-bremenosta-idniot-svekor-prv-i-chestitashe-poznatite-lichnosti-isto-taka-a-najgolema-poddrshka-dobi-od-makedonskata-rijaliti-uchesnichka-foto/ Tue, 24 Jan 2023 11:43:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285475

По викенд шокот што на македонската јавност и го приреди младата поп пејачка Антониа Гиговска со својата објава дека е бремена, прашината полека како да слегнува иако допрва се очекуваат изненадувања. Од тоа кој е полот на приновата која Антониа и нејзината посилна половина ја очекуваат иако пејачката твди дека тие го знаат, до тоа во кој месец од бременоста пејачката јавно ја обзнани бременоста, па се до тоа како ќе се вика бебето, во зависност дали штркот ќе им донесе  наследник или наследничка? А можеби и нешто повеќе од тоа. Зошто и како - во некое од следните продолженија за љубовната сага на Антониа и  сега веќе нејзината мајчинско - семејна хармонија. Она што прво како рекација на нејзината објава за бременоста одекна, покрај медиумските написи и коментарите на социјалните мрежи, секако беа реакциите во вид на честитки упатени до идната млада мајка. Имено, Антониа Гиговска доби грст честитки за бременоста, а идниот свекор, пејачот Боби Спасенцовски прв и честиташе на потенцијалната снашка и тоа со специфична објава на својот Фејсбук: „Сите викаат снаа, јас добив ќерка. Да сте ми среќни и вечни“ - напиша таткото на идниот сопруг на Гиговска, кој е исто така познат естраден уметник и тоа многу пред неа. Кога сме веќе кај честитките и познатите личности, голем дел од нив  исто така ја изразија својата поддршка и и' ја честитаа приновата на младата мајка. Меѓу нив голем дел колеги од домашната, но некои и од српската естрада каде Антониа не е непозната, потоа наши ТВ водителки и водители, инфлуенсерки, модели, презентери, ријалити учеснички... На цунамито коментари на социјалните мрежи, меѓу кои истите беа поделени, од оние што се воодушевени и ЗА, до оние што се против, запрепастено  прашувајќи: „Па, како можеше?“, самата Антониа не се осврна. Затоа пак некогашната македонската ријалити учесничка во најгледаното реионално ријалити шоу „Задруга“, инфлуенсерка и модел Елеонора Миљковиќ, која и самата неодамна вплови во брачните води, со свој статус на Инстаграм приказните и даде поддршка и јавно застана зад Антониа... И тоа со цитат од стиховите на познатата песна „Цреша“ на легендарниот Тоше. Реакција и честитки на профилот кај идниот сопруг на Гиговска, нема... Освен онаа фотографија со „тестот за бременост в уста“, која исто така наиде на коментари, зашто „тестот“ претходно оди на друго место, ама... ајде! Во еуфоричниот наплив на среќа, емоциите доминираат над рациото. На социјалните профили кај доскорешното момче на пејачката, нејзиниот колега, пејачот Иван Јованов исто така штама... Освен една тазе фотографија која говори повеќе од илјада зборови... Кој знае и умее да чита со поглед!   Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa/__elle.m__/jokerdam93/jovanov_ivan]]>

Еве кај кого падна паричката на Бадниковта вечера кај македонските јавни личности (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kaj-kogo-padna-parichkata-na-badnikovta-vechera-kaj-makedonskite-javni-lichnosti-foto-2/ Sat, 07 Jan 2023 08:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283043

Според верувањата кај оној кај кого се паднала паричката ќе има среќна и бериќетна година. Многумина од македонските јавни личности на социјалните мрежи се пофалија кај кого се паднала паричката оваа година на Бадник. Кај Теа Трајковска се падна кај Теа, а таа се пофали на „Инстаграм“ и напиша: „Ми се падна паричката сеа уште да ми тргне во животот“. Македонскиот голман Борко Ристовски оваа година славеше Бадник со сопругата и синот, а паричката се падна кај синот Душан. Тамара Тодевска се пофали дека паричката оваа година се паднала кај неа. Водителката Лила Филиповска покажа како изгледала трпезата за Бадниковата вечер. Калиопи се пофали со Бадниковата трпеза. Во домот на  Сани Урдаревиќ , паричката се падна кај нејзиниот сопруг Никола Урдаревиќ. Викторија Лоба покажа како изгледала трпезата за овој голем празник. Водителката Елена Стефановска ја покажа Бадниковата трпеза од Маврово каде што престојувала. Во домот на пејачот Филип Пецовски паричката се падна кај Филип. Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ се пофали дека паричката се паднала кај синот Павел. Оваа година во домот на Сузана Гавазова паричката се падна кај нејзината ќеркичка Емелие. Вера Мештеровиќ на нејзиниот „Инстаграм“ се пофали дека оваа година паричката се паднала кај нејзиниот син Андреј. Среќни празници. фото: Инстаграм]]>

Македонските јавни личности го имаат одговорот: „Дали треба да се врати задолжителното служење на воениот рок во Македонија“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-go-imaat-odgovorot-dali-treba-da-se-vrati-zadolzitelnoto-sluzenje-na-voeniot-rok-vo-makedonija-video/ Wed, 21 Sep 2022 06:16:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267950

Служењето на воениот рок во Македонија не е задолжително веќе десетина години, односно последната генерација што задолжително мораше да оди во војска тоа го стори  во сега веќе далечната 2006-та година. Но од 2011 година граѓаните што ги исполнуваат условите поставени од АРМ можат да се пријават за доброволно служење на воениот рок. Притоа, кандидатите мора да имаат наполнето 18 години, но и да не бидат постари од 26 години. Со сите општествено-политички случувања, но и оние предизвици кои ги носи созревањето и секојдневниот живот, особено во овие таканаречени „модерни“ и турболентни времиња на денешницата, во који се повеќе царуваат криминалот, насилството, наркоманијата, проституцијата, извртените вредности... особено кај младите и после толку време од уклинувањето, почна повторно да се наметнува и поставува прашањето: „Дали треба да се врати задолжителното служење на воениот рок“? Кај населението мислењата по ова прашање се поделени. Едни велат дека не треба да има задолжително служење војска, други велат дека „служењето наа татковината“ мора да повторно да се врати, а дел велат дека треба да има некаква, каква и да било обука со цел младите да се оспособат за ракување со оружје. Но војската не е само пукање со огнен арсенал. Редот, работата, дисциплината, хиерархијата, моралните вредности, патриотскиот дух, техничко-тактичката обука, социјализацијата, начинот на самостоен живот... и уште илјада и една придобивки се резултат на некогашното служење на воениот рок, во кој се челичеа и духот и телото, се градеше карактерот, се издигнуваше линоста. Се разбира како и враќањето на „долгот кон татковината“ за која стоеше и заклетвата во вид на свечена обврска дека за светите придобивки како што се слободата, независноста, сувереноста, самостојноста,  тогашното братство и единство... и ред други нешта, за кои ако треба и животот ќе се жртвува, како што тоа беше на пример при некогашното задолжително служење војска во тогашната ЈНА, во тоа време 4-та армија по моќ во Европа. Естрадниот ТВ магазин  од зад сцената, “Бекстејџ” истражуваше: „Дали треба да се врати служењето на воениот рок?“, а одговорот  го побараа  кај нашите јавни личности. Нивните размислувања, ставови и  мислења околу ова прашање проследете ги во видеото во продолжение (ТУКА): ;]]>

„Бекстејџ“ истражува: Што повеќе боли, туѓиот успех или нашиот неуспех? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdz-istrazuva-shto-povekje-boli-tugjiot-uspeh-ili-nashiot-neuspeh-video/ Tue, 20 Sep 2022 06:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267790

Притисокот за успех е се' посилен и посилен. Кај сите, особено кај јавните личности. Најчесто, нашиот успех го мериме по тоа колку сме подобри или полоши од другите, а понекогаш нашиот ум создава конкурентни ситуации дури и таму каде што ги нема. Зависта е емотивен отров кој тивко ни го труе и уништува животот, а ние сме завидливи кога мислиме дека некој друг има нешто што ние го заслужуваме повеќе од него, кога некој друг ужива во нешто што мислиме дека мораме да го имаме за себе, а го немаме. Токму екипата на естрадниот магазин “Бекстејџ” реши да ја разработи оваа тема па ги праша јавните личности што повеќе боли: „Туѓиот успех или нашиот неуспех“? Дознајте ги мислењата содржани во одговорите на дел од македонските естрадни и спортски ѕвезди во видеото (кликни ТУКА): ]]>

Домашните јавни личности и нивното гледиште за брадата: Стил или одраз на машкоста? (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/domashnite-javni-lichnosti-i-nivnoto-gledishte-za-bradata-stil-ili-odraz-na-mashkosta-video/ Thu, 23 Jun 2022 09:10:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255736

Факт е дека брадата и мускулите во голема мера може да го подобрат или нагрдат изгледот на мажот.Контурите на лицето и густината на брадата значително може да влијаат врз тоа дали брадата на некиј маж ке стои добро или не. Меѓутоа, во изборот помеѓу мазно момчешко лице и она на дрвосечач во најголема мера одлучува личниот избор,дтил и впечаток кој некој сака да го остави на другите. Токму за ова естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да ги праша дел од нашите јавни личности. Дали брадата е одраз за машкост, а ова се нивните одговори : фото:Принтскрин јутјуб Бекстејџ]]>

На која од македонските јавни личности најмногу и прилега познатата фраза: „Многу љубам да веслам…?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-koja-od-makedonskite-javni-lichnosti-najmnogu-i-prilega-poznatata-fraza-mnogu-ljubam-da-veslam-foto/ Sat, 18 Jun 2022 07:06:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163567

Се сеќавате, нели на познатата фраза „Многу љубам да веслам... зошто не веслаш и ти?“, од некогаш популарниот хумористичен серијал „К 15“. Нејсе, веслањето кој како го сфаќа, доживува и преживува... Некој љуби да (ги) весла (другите), некој не весла, ама останува „извеслан“ слепо верувајќи им на оние што  (го) „веслаат“. Во суштина вистинското  веслање е екстремно тежок спорт, но и предизвик кој носи задоволство. Токму ова ново задоволство, тоа блаженство на вода реши да го почувствува и дел од македонската естрада и јавните личности воопшто, па кој го остави микрофонот, кој домаќинлукот и се фатија за... весла! Рековме веслањето може да биде и опасно, особено ако веслаш во непознати или „диви води“... Струјата лесно може да те понесе, вртлогот да те преврти и лесно да потонеш... Засега пејачот од братското дуо „Некст тајм“ за среќа не потонал... Не барем додека Стефан Филиповски ги скротуваше дивите води на „Матка“ во со своето кану. Од диви, Стефан се префрли на мирни води... Барем Охридските езерски за такви важат. Ама сега предизвикот е поинаков, зашто брзо увидел дека со кану по езерото е здодевно, па сфати дека му “фали даска“... за нов предизвик.  А на неа се весла - стоеечки. Можеби е езерото рамно како тепсија, ама тлото под нозе  е како кога влегуваш во во „нова љубовна авантура“: неизвесно, се лула на секое бранче и ветерче, па треба и тоа како да умееш да балансираш. Инаку, „ојде со се пљачки в еѕеро“! За разлика од него брат му Мартин „не љуби да весла“... Гитаристот повеќе е за мирно море, акога нема море, може и мирни езерски води... И тоа со љубовта на неговиот живот! Водителката Ирена Спировска е исто така љубител на предизвиците. Трагач по возбуди од различен вид: од воздушни параглајдер прошетки, преку велосипедско-планинарски предизвици до езерски мераци. Каков што си направи додека „љубеше да весла“ во своето гумено кану по Охридското езеро. Езерска веслачка тура за летна кајак авантура. И не и е прв пат, зашто Ирена оддамна „љуби да весла“! Отприлика истото го направи уште една македонска ТВ водителка и новинарка. Александра Јовановска од МТВ, овој пат не стисна ништо за „плеј“...  Или ајде, стисна заби, па и таа влезе во „веслачка авантура“. Само што нејзе и беше прв пат. Сефте веслачко кану искуство, по Охридското езеро. Белким нема и последно, зашто Сандра сфати набрзинка дека веслањето е многу подобро од возење педалинка! Па до сега и да не љубела, отсега „ќе љуби да весла“! И конечно, уште една дама, која однеодамна стана русокоса, разголена и боса, покажа дека и таа умее со веслањето. Можеби е многу посигурна кога чекори по модната писта, ама Катарина Ивановска кога се љубовта, спортските типови, а Бога ми и водените спортови во прашање, оддамна покажа дека „не цицала весло“. Напротив, за скијање на вода уште на прво застанување на скии на езерската шир покажа дека има талент, па сега сфати деке е момент да проба како е да весла на даска. Сепак, гумата за пливање за секој случај на дофат, зашто кој знае што може да ти се случи попат... Зашто веслањето стоечки по вода и чекорењето по писта не е исто, колку Кики и да има веслачки навики. И по сето видено и прикажано, сепак едно е останува до крај недокажано: На која од македонските естрадни и јавни личности најмногу и прилега познатата фраза: „Многу љубам да веслам...?“ Или можеби одговорот лежи токму во прашањето: „..Зошто не веслаш и ти?“    ]]>

Македонските јавни личности и естрадни ѕвезди со поддршка за Ламбе: „Ти си херој, Ламбе царе, андерграунд мангуп…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-i-estradni-dzvezdi-so-poddrshka-za-lambe-ti-si-heroj-lambe-care-andergraund-mangup-foto/ Wed, 08 Jun 2022 10:53:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253430

Ламбе Алабакоски по приведувањето заради сомнени дека  ја запали влезната врата на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, вчеравечер заврши во притвор. Така одлучил судијата на претходна постапка, а по барање на битолското обвинителство. На пејачот му е одреден 8 дневен притвор, откако вчера, 7. јуни 2022 год. беше осомничен за палење на влезот на бугарскиот клуб во Битола. Напливот на социјалните мрежи огромен. Воглавном со поддршка за Ламбе, кој разбирливо беше тема на денот во сите медиуми. Колку да се очекуваше мислењата во ваков случај да бидат поделени, зашто не би било логично некој да оправдува решевање на проблемите по пат на починува кривични дела, сепак јавноста спротивно на тоа, застана на страна на правдината и правдата. Поддршката за Ламбе Алабакоски не како починител туку како еден вид „социјален отпор“, а самиот Ламбе негов, своевиден симбол за  бројните неправди што сиве овие години на овој народ му се нанесени. Токму затоа толкава подрршка за пејачот и од голем дел од неговите колеги од естрадата и јавниот живот, познати македонски личности. Владимир Блажев, алијас ДЈ Шорти или подобро Панчо од ДНК го нарече Ламбе најголем андерграунд мангуп... Мисицата, манекенка и модел Емилија Розман се придружи кон групата поддржувачи наречена „И јас сум Ламбе“, па го сподели следниов статус на Инстаграм: И поп пејачкат Теа Трајковска имаше своја Инстаграм порака со поддршка за колегата: „Ламбе, царе“! Неговата колешка, пејачката и водителка Бојана Скендеровски го поддржа со зборовите: „Со тебе сме... Ти си херој“... Познатиот водител и јутјубер Стефан Лазаров исто така го поддржа Ламбе, па посочувајќи ја како виновник за многу нешта што ни се случија, власта ја отера... Знаете веќе каде: Исто така познатиот радио и ТВ водител и маркетинг експерт Димитар Атанасовски има свое мислење, кое го искажа и илустрираше со свој статус и фотографија на Ламбе на Инстаграм: „Не е херој што го заслужуваме, но е херојот што ни е потребен“. ТВ водитеката Ивана Крстевска сподели на Фејсбук заедничка фотографија од нејзино интервју со пејачот, покрај која напиша: „Има само една вистина, има само една Македонија... Ламбе Алабакоски“! Нејзината колешка од ТВ Алфа, водителката Ирена Спировска исто така сподели заедничка фотографија со Алабакоски и под неа како поддршка ставила срце што пулсира. На сличен начин, со заедничка фотографија и емотикони од срце и знамето на Македонија,  на Ламбе му изрази поддршка и ТВ водителката Анита Даева. Неговиот сограѓанин, битолскиот актер Петар Горко, сподели неколку фотографии од Ламбе како профилни на својот ФБ и напиша статус: „Да видам, не верувам“! Познатот водител на ток шоуто „Јади бурек“, Јанко Илковски на својот истоимен портал ја обзнани веста за притворањето на Ламбе Алабакоски, па истата споделувајќи ја на својот ФБ профил јавно паша: „За јавното палење на канцеларијата на претседателот Иванов, имаше ли притвор? За пријател прашувам?“ - асоцирајќи на Ламбе. Фото: Социјални мрежи    ]]>