јавна поддршка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 03 Jan 2024 09:16:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јавна поддршка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јелена Карлеуша јавно и се обрати на Сара Јо, а она што го напиша сите ги воодушеви (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-karleusha-javno-i-se-obrati-na-sara-jo-a-ona-shto-go-napisha-site-gi-voodushevi-foto/ Wed, 03 Jan 2024 09:16:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333439

Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, за Нова година настапи во „Белград на вода“, а нејзиниот настап го одбележа и пех, кој стана вирален на социјалните мрежи. Додека ја изведуваше песната „Сандра Мелниченко“, Сара незгодно се сопна и заврши на подот, но брзо стана и го продолжи настапот како ништо да не се случило. Овој момент не остана незабележан, а Сара се пошегува на своја сметка. Под овој клип,  коментар и остави нејзината колешка, музичката ѕвезда Јелена Карлеуша.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

- Браво за реакцијата и професионализамот! Се надевам дека не си се повредила, иако би продолжила и да си го направил тоа. Среќна Нова Година и продолжи да газиш! – ѝ порача Карлеуша под оваа објава. Фото: Printskrin/Instgaram/karleusastar]]>

Некогашниот тапанар на „Леб и сол“ во канџите на короната бие битка за живот: „Држи се Драгољубе, мораш да победиш“ – му порача неговиот колега и пријател, Кокан Димушевски (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashniot-tapanar-na-leb-i-sol-bie-bitka-za-zivot-vo-kandzite-na-koronata-drzi-se-dragoljube-morash-da-pobedish-mu-poracha-negoviot-kolega-i-prijatel-kokan-dimushevski-foto/ Wed, 03 Mar 2021 08:21:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192164

Деновиве во сите медиуми во регионот одекна веста дека познатиот екс - ЈУ рок-музичар  Драгољуб Ѓуричиќ е пренесен на интензивна нега во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград. Тој бил префрлен  во болница по дијагностицирањето на Ковид-19, јавуваат медиумите. Некогашниот тапанар на „Леб и сол“ со денови имал висока температура од 39 степени, а дури пет дена подоцна решил да побара лекарска помош. Познатиот музичар свиреше во “ЈУ група“, „Леб и сол“, „Кербер“, со Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, а соработувал и со речиси сите најпознати изведувачи и музичари во некогашна Југославија. Со „Леб и сол“, тој  свирел во најпознатите светски сали и клубови во Лондон, Париз, Мадрид, Рим, Милано, Стокхолм, Торонто, Ванкувер, Чикаго, Њујорк и Лос Анџелес.На крајот на 1998 година Драгољуб го основа  својот бенд „Drums Company“, кој се состои од бројни тапанари чии заеднички настапи се сметаат за спектакли. Со групата која ќе го смени името во „Балкански лавина“ досега одржувал концерти во сите поголеми градови на поранешна Југославија, Унгарија, Холандија, Холандија, Норвешка, Германија, Италија, Шведска, Австрија, Монако, Грција... Драгољуб Ѓуричиќ исто така компонирал и музика за над 20 театарски и балетски престави. Сепак, периодот од 6 години поминати со „Леб и сол“, па потоа уште некое време по неговото второ враќање во бендот остави не само неизбришиви музички траги, туку и создаде цврсти пријателски врски со членовите на бендот кои трајно остануваат. Дружењето со Драгољуб кој не е само врвен музичар, туку и голем човек со фантастичен карактер тешко дека може да се заборави. Токму веста за неговата борба на „живот и смрт“ со опакиот вирус очигледно најмногу ги погоди и некои од членовите на „Леб и сол“. Така, клавијатуристот и негов пријател Кокан Димушевски прв му ја даде својата јавна поддршка преку социјалните мрежи. Немајќи како поинаку да му помогне на својот некогашен колега и добар пријател, Коко му испрати порака преку својот Фејсбук профил,  така што сподели заедничка фотографија која очигледно датира однеодамна, што покажува дека двајцата врвни музичари останале верни пријатели до ден денес. „Држи се Драгољубе МОРАШ ДА ПОБЕДИШ !!!“ - му порача Кокан на својот пријател праќајќи му силна позитивна енергија да собере сили за да ја добие битката со опакиот вирус кој покоси многумина, меѓу кои и врвни уметници од Македонија, регионот, Европа и светот... Од Драган Вучиќ и Зоран Џорлев, до Миша Алексиќ (Рибља Чорба) и Ѓорѓе Балашевиќ... и уште милиони други, познати или обични луѓе ширум светот. Останува надежта дека „балканската лавина“ ќе го однесе со себе опакиот вирус во неповрат, а Драгољуб Ѓуричиќ ќе ја добие битката со Ковид 19! „Музиката се  темели на ритам, животот исто така. Ако срцето не отчука три пати во ритам, четврти пат можеби нема ни да чука“ - ќе рече во една прилка Драгољуб. Му посакуваме да извојува победа во оваа животна битка, а неговото срце уште долго, долго да чука... во ритамот на животот! ]]>