јасмина трајческа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Jun 2022 12:13:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јасмина трајческа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Концерт на пијанистката Јасмина Трајческа https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-pijanistkata-jasmina-trajcheska/ Thu, 23 Jun 2022 12:13:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255845

Со концерт насловен „Словенски воз“ чии организатори беа Домот на културата и музичкото училиште, синоќа пред гевгелиската публика се претстави пијанистката Јасмина Трајческа од Прилеп.
Според програмата, концертот содржеше премиерна изведба на дела од композиторите Стефан Гајдов, Билјана Бојовиќ и Леош Јаначек, а беше изведено и делото „Македонски триптих“ од композиторот Тодор Скаловски.
– Концертот всушност претставуваше синтеза на словенската и балканската музика, богата со фолклорни елементи кои преплетуваат во сите фрази компонирани во модерен класичен стил и разни ритмови што оваа музика ја прават препознатлива за овие простори, велат организаторите. Пијанистката Јасмина Трајческа додипломски и постдипломски студии завршила на факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор Валери Стефановски. Зад себе има богата концертна дејност со голем број меѓународни награди.
Извор:МР Мак Пресс]]>