јасмин алиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2023 11:15:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јасмин алиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јасмин Алиевски по одличниот настап на „Макфест 2023“ има песна и за “Гранд“ – „Па како буде“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jasmin-alievski-po-odlichniot-nastap-na-makfest-2023-ima-pesna-i-za-grand-pa-kako-bude-video/ Thu, 16 Nov 2023 11:13:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327264

Минатогодишниот учесник во „Ѕвездите на Гранд, Јасмин Алиевски по одличниот настап на годинешниот „Макфест 2023“ впечатливата балада „Се смеам и кога врне“ одново  ја воодушеви публиката. Овој пат со новата песна отпеана на српски јазик, наречена „Па како буде“. Иако не се пласираше во финалето на натпреварот, младиот пејач ја продолжи соработката со Гранд продукција преку која сега се закити со првата песна. „И ми се допаѓа допирот на нејзините вжештени усни, па нека бидам оставен, брука нека пукне. Боже, само дај ми здравје, да се завијам во прегратка, па како ќе биде, нека биде - се пее во рефренот на новата песна. Песната ја придружува визуелизацијата во вид на спот кој е снимен на повеќе локации, а на снимката се појавува девојка која ги освои срцата на публиката. Режисер на видеото е нашиот познат видеомејкер, Даниел Јовески, додека комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) е Амил Лојо. Да потсетиме, Јасмин минатата сезона настапуваше за тимот на Ѓорѓе Давид, а еден од неговите настапи остана запаметен кога пееше со температура и трескаВо една прилика за  Гранд порталот зборуваше за работата со ментор, а во таа прилика призна дека многу научил од Ѓорѓе. „Пробите со Ѓорѓе се одлични.Тој е феноменален ментор,  вежбаме, избираме песни. Навистина го мислам најдоброто од него, не затоа што сум во неговиот тим. Некако е многу посветен на работата како ментор – изјави еднаш за Гранд. Погледнете го видеото и слушнете ја новата песна на Јасмин Алиевски, „Па како буде“ во продолжение: ]]>

„Мириса“ на финале: Јасмин Алиевски се пласираше во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mirisa-na-finale-jasmin-alievski-se-plasirashe-vo-polufinaleto-na-zvezdite-na-grand-video/ Tue, 13 Jun 2023 07:30:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306037

Талентираниот Јасмин Алиевски полека, но сигурно се доближува до големото финале на познатото музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Во саботата се емитуваше уште едно издание, а нашиот Јасмин преку баражот успеа да обезбеди пласман во големото полуфинале, односно да пее со најдобрите 16 кандидати. Јасмин во саботата се претстави со две песни, едната беше „Дуга“ на Џенан Лончаревиќ, а пак втората беше голмиот хит на Горан Каран – „Вагабундо“. Алиевски двете песни ги отпеа одлично, но не освои доволно гласови за директен пласман, па мораше да испее уште еднаш на крајот од емисијата, односно во баражот и така да си „чекира“ карта за полуфиналето. Сите членови на жирикомисијата, особено директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ се согласи дека Јасмин е одличен пејач и дека неговото место е во финалето. Погледнете ги неговите два настапи во четвртфиналето... Фото: Принтскрин/Јутјуб]]>

Јасмин Алиевски повторно брилјираше во „Ѕвездите на Гранд“, а жирито му го прости „ситниот фалш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jasmin-alievski-povtorno-briljirashe-vo-zvezdite-na-grand-a-zhirito-mu-go-prosti-sitniot-falsh-video/ Wed, 07 Jun 2023 06:51:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305192

Додека деновиве во Скопје, во студиото на Сител ТВ течеше аудицијата за нови кандидати кои ќе бидат учесници во следната сезона на  „Ѕвездите на Гранд“, во последното викенд издание нашиот Јасмин Алиевски уште еднаш докажа зошто е „зрел“ кандидат за во финалето на ова музичкото регионално шоу. Јасмин настапи во саботата и уште еднаш ја воодушеви жирикомисијата составена од веќе докажаните музички имиња како што се: Снежана Ѓуришиќ, Ана Бекута, Драган Стојковиќ, Мили, Марија Шерифовиќ, Ѓорѓе Давид, Цеца и Саша Поповиќ. Нашиот Јасмин се претстави со две добро познати песни, едната беше „Сањао сам ноќас да те немам“ и „Генерал без чинова“. Тој доби пет од вкупно шест гласови и со тоа заврши во баражот на крајот на емисијата, каде уште еднаш пееше пред жирикомисијата. Се разбира, во баражот Јасмин доби „апрув“ за следниот круг, односно патува во четвртфинале. „Првата песна ја отпеа фантастично. До таа мерка точно и прецизно ги погодуваше се оние ситуации во првта строфа и тоа ми веше навистина преубаво, преубаво“ – кажа Марија Шерифовиќ, иако таа не даде глас ниту на Јасмин, ниту на другата натпреврувачка. „Првата песна за поминување, втората за испаѓање. Првата песна ја донесе како што треба, многу оргинално“ – искоментира Мили. „Толку добра беше првата песна, поради неа ти ги простив фалшевите во втората“ – кусо искоментира Снежана Ѓуришиќ“. „Првта песна феноменална“ – искоментира Ана Бекута. Одлични беа коментарите и на останатите членови на жирикомисијата. Погледнете го неговиот настап уште на самиот почеток на шоуто: ]]>

Јасмин Алиевски повторно „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“ иако пееше само македонски песни! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jasmin-alievski-povtorno-rasturi-vo-zvezdite-na-grand-iako-peeshe-samo-makedonski-pesni-video/ Wed, 17 May 2023 06:16:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302471

Пејачот Јасмин Алиевски уше еднаш докажа и покажа зошто е „зрел“ кандидат за во големото финале на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој се натрпеваруваше во саботата и го освои максималните шест гласови на членовите на жирикомисијата. Јасмин изведуваше две песни, првата беше легендарната „Зајди, зајди“, а втората песна која ја пееше беше големиот хит на Тоше Проески, „По тебе“. Жирито не ги штедеше пофалните зборови за нашиот кандидат: „Толку ми беше емотивна „Зајди, зајди“. Сме ја слушнале многу пати, но сега почуствав нешто. Без грешка“ - искоментира Мили. „Секоја чест што ја оправда довербата, ти симнувам капа“ - искоментира неговиот ментор Ѓорѓе Давид. Исто така го пофали и директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој кажа дека нашиот Јасмин бил одличен. Погледнете го неговиот настап (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Македонците беа главни во последното издание на „Ѕвездите на Гранд“: Јасмин Алиевски со глас како Тоше, Милица Трајков со еротски имиџ ала Карлеуша од наше маало (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedontsite-bea-glavni-vo-poslednoto-izdanie-na-zvezdite-na-grand-jasmin-alievski-so-glas-kako-toshe-militsa-trajkov-so-erotski-imidh-ala-karleusha-od-mashe-maalo-video/ Mon, 06 Mar 2023 07:15:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291731

Во актуелната сезона на најпопуларното регионално музичко талент натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ македонските преставници без главни ѕвезди. Македонија покажа дека има потенцијални кандидати за големото финалето, а многумина веруваат дека токму еден од нив  ќе биде нашиот Јасмин Алиевски, за кого уште отсега велат  еден од најсериозните претенденти за победа. Скопјанецот јавноста го знае како учесник во ова шоу уште од пред неколку години, но овојпат за разлика од порано, со своите досегашни преставувања во оваа сезона никого не остави рамнодушен. Така беше и сега, на неговиот последен настап на кој тој ги освои сите гласови од жири-комисијата. Тоа го потврди и големиот шеф кој рече: „Јасмин е убедливо најдобар кандидат од Македонија“ - кажа во еден момент Саша Поповиќ. Причина повеќе да му се верува на Поповиќ е и фактот што Јасмин  се појави на сцената болен, со температура 38,5, но машки го издржа настапот на кој речиси совршено ги донесе и двете песни: „Остала си увјек иста“ од Мишо Ковач, но отпеана во верзијата на Тоше Проески и „Срце није камен“ , одново од македонската музичка икона, кој очигледно е идол на Алиевски. Настапот на Јасмин можете да го погледнете на 2:43:00 на видеото подолу. Вториот македонски претставник, поточно 18-годишната претставничка Милица Ризо Трајков од Кавадарци во истиот миг кога се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“  слободно може да се каже дека го шокираше и  жирито и публиката, а веројатно и ТВ гледачите во целиот регион. Имено, младата кавадарчанка се појави на грандиозната сцена во ултра екстравагантно и  провокативно издание, па со својата еротска појава и перформанс никого не остави рамнодушен. Милица налик на белградската „мала од скандала“ Јелена Карлеуша на себе носеше еден вид провиден комбинезон  во вид на проѕирна мрежа под која јасно се гледаше интегрираната долна облека од црни гаќички и градник со светкави апликации, кои само ги потенцираа парчињата кои горе и долу ја покриваа интимата на пејачката. Младата кавадарчанка појасни дека за нејзиното издание вечерва се погрижила дизајнерката Боркица Квин од Кавадарци, чија смела креација беше пофалена од Цеца, додека пеењето... Трајков за својот настап доби и пофалби и критики проследени со четири гласа што и обезбедија место во баражот, по кој на крајот таа сепак мина во следниот круг. Но толку не се коментираше нејзиното пеење колку  што тема на муабет беше екстравагантно - провокативниот  изглед  на смелата тинејџерка која во слободното време се занимава со модерен балет.
Во продолжение погледнете ја целата емисија и изданијата во кое се претставија Јаснмин Алиевски и Милица Трајков во „Ѕвездите на Гранд“:
]]>

Јасмин Алиоски мина во следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ – Мили го спореди со Елвис, но неговиот ментор Ѓорѓе Давид не беше задоволен: „Јасмине, ќе те гаѓам со чевелов“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jasmin-alioski-mina-vo-sledniot-krug-na-zvezdite-na-grand-mili-go-sporedi-so-elvis-no-negoviot-mentor-gorge-david-ne-beshe-zadovolen-jasmine-ke-te-gagam-so-chevelov-foto/ Tue, 24 Jan 2023 08:57:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285413

На големата сцена на „Гранд“ викендов се појави и нашиот Јасмин Алиевски, кој настапи во пар со Маја Јевтиќ од Рогатица. На оваа дуел-двојка ментори им беа Марија Шерифовиќ и Ѓорѓе Давид, кои дадоа се од себе за што подобро да ги претстават своите натпреварувачи пред милионската публика. Шармантниот Јасмин се претстави со песните „Ако ме оставиш“ и „Кад се душе сретну“, додека убавата Маја за оваа вечер ги избра песните на членови на жирито „Ничија“ оригинално во изведба на Ана Бекута и „Исусе“ отпеана од Цеца Ражнатовиќ. Како што течеа минутите, тие беа сè поопуштени, но, на крајот победи  нашиот Јасмин со максимални шест гласа, додека Маја имаше четири гласа што и беа доволни за пласман во баражот. Иако Јасмин ги доби максималните шест гласа,  сепак хармоникашот Босанац не беше задоволен од вкупниот впечаток, па му упати неколку критики. „Став, прва песна, многу убаво, втората песна - многу убаво, но помалку убаво. Интонацијата може и подобро, но... Сакаше стилски да му се приближиш на Мишо Ковач, па на крајот беше малку премногу.Добро се бореше со високите тонови, но треба да обрнеш внимание на тоа „Ш“, можеш да го слушнеш, секој го слуша. Што се однесува до вторат песна, почетокот беше катастрофа, а потоа до крајот  не можем да ти забележам. Мили не падна на оваа провокација, туку искажа став кој е тотално спротивен од она што го кажа Босанац. „Кандидат број еден, имаш сопствен бренд, имаш едно движење што го правиш и тоа е навистина твојот бренд. Тоа сум го видел само кај Елвис Присли, навистина си одличен и мене си ми омилен“. Цеца само додаде: „Се согласувам со се што кажа Босанац“. Снежана, пак, имаше поинакво мислење, па отворено кажа дека двајцата кандидати се изедначени: „Мислам дека вечерва бевте воедначени, особено во првата песна“ - додаде Снежана. Сепак менторот на Јасмин, рокерот Ѓорѓе Давид не беше задоволен: „Јасмине, сега ќе те гаѓам со чевел, немој да го држиш тој зајак кај срцето, пушти го нека скока. Неприфатливое ова штоти кажа Босанац,  таа да  ја започнеш втората песна. Имаше уште  некои недостатоци во втората песна, а благодарност до жирито што објективно го оценија твојот напредокот. Беше полош отколку на пробите, ова е самоветер во грбот за мене и тебе и знак дека сме се награбусиле во третиот круг“ - му порача Ѓорѓе на својот кандидат. Настапот на Јасмин Алиески во последното издание на „Ѕведите на Гранд“и коментарите на жирито погледнете ги на 1 час и 37 минутиво видеото во продолжеие (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Се сврши пејачот Јасмин Алиевски: Македонската „Гранд ѕвезда“ ја побара раката на саканата, а таа кажа – „Да“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-svrshi-pejachot-jasmin-alievski-makedonskata-grand-dzvezda-ja-pobara-rakata-na-sakanata-a-taa-kaza-da-foto/ Thu, 23 Dec 2021 09:24:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232362

Јасмин Алиевски пошироката јавност го запозна по неговото повеќекратно учесто во најпопуларното музичко талент шоу “Ѕвездите на Гранд“ , каде беше еден од многуте македонски кандидати, кои се обидоа да си пробаат среќата во регионалните естрадни води. Иако баш и не се прослави со првиот настап кога испадна уште во првиот круг, следните неколку години успеваше да стигне до третото коло и да остави многу посолиден впечаток. Учествуваше и на неколку фестивали во Македонија, сними повеќе песни како: „Далеку од тебе“, „Сакам да заборавам се“, „Давам се“... а, кариерата ја градеше и со своите настапи по кафулињата, ноќните клубови и дискотеките ширум Македонија. Приватно младиот пејач не ја криеше љубовта со својата девојка, па нивните заеднички фотографииможат да се најдат и на неговите профили на социјалните мрежи. Токму на нив Јасмин Алиевски преку најновата објава ја соопшти радосната вест.  Македонската „Гранд ѕвезда“ ја побара раката на саканата, а таа кажа - „Да“! „Вчерашниот ден во мене пробуди емоции за кои што не знаев ни дека постојат. Благодарам злато за овој прекрасен момент, секој ден да ни биде се посреќен. Официјално: Таа кажа - ДА“ - напиша младиот пејач на социјалните мрежи покрај фотографијата како доказ за свршувачката со својата сакана, на чија рака блесна вереничкиот прстен! За датумот на свадбата и дали воопшто таа е во 2022 год. планирана,  јавноста се' уште не е информирана. Единствено што е познато и повеќе од сигурно е дека ќе биде весело, особено кога младоженецот ќе запее! Дотогаш, и нему и на свршеницата, нека им е среќна веридбата! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/jasmin_oficial]]>