јас те губам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Jul 2021 12:32:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јас те губам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Сирилик“ направија одлична преработка на познатиот хит на Роберт Билбилов – „Јас те губам“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sirilik-napravija-odlichna-prerabotka-na-poznatiot-hit-na-robert-bilbilov-jas-te-gubam-foto/ Tue, 27 Jul 2021 12:32:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212820

Познатото дуо „Сирилик“ (Cyrilic), браќата Андреј и Бојан, го преработи хитот на Роберт Билбилов од 2008 година, „Јас те губам“. Во новата верзија, вокалот е на Лина Пејовска. Музиката и текстот се на Роберт Билбилов, а видеото е изработено од 351Studio, во комплетна продукција на „Скај ај ентертејнмент“. „’Јас те губам’ е песна создадена од чиста љубов кон македонските фанови и македонската музика. Оригиналната песна пред 13 години беше голем хит на овие простори и буди спомени од едно поинакво време на македонската сцена. Спакувана во модерен летен звук дефинитивно носи носталгија, но и свежина во македонскиот етер“, велат Сирилик. Пред почетокот на пандемијата тие имаа одличен период со повеќе интернационални изданија, вклучувајќи ја соработката со Јова Радевска, но и последниот сингл со наслов Keep Fighting, кој има околу 350.000 стримувања на „Спотифај“, но и успеси на радијата ширум светот. Во тој период постојано настапуваа низ Македонија и во регионот, а имаа и впечатлив настап во Рим, Италија во клубот „Шаривари“. Момците беа резервирани и за настапи во Лондон и други европски градови, но тие не се реализираа поради пандемијата. Од друга страна, тоа им дозволи повеќе слободно време за продуцирање на нови матерјали во студио. „Во текот на изминатата година навистина имавме доволно време да се посветиме на создавање  нова музика која што допрва ќе излегува. ‘Јас те губам’ е проект кој што го направивме буквално од љубов за фановите тука“, вели Андреј. "Тој и Бојан најавуваат нови интернационални проекти веќе од септември, со класичен модерен звук, но и мали примеси на автентичен ориентален звук. За нивната кариера се грижи „Скај ај ентертејмент“. „Со голем интензитет се полни календарот со датуми за настапување. Ме радува што повторно сме со публиката и се забавуваме подобро од било кога“, додава Бојан и вели дека веќе работат на EP и на албум. ]]>