јас и ти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Jun 2022 12:54:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јас и ти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Тајфата“ со нивната нова пејачка ве водат до крајности во – „Јас и ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajfata-so-nivnata-nova-pejachka-ve-vodi-do-krajnosti-vo-jas-i-ti-video/ Mon, 20 Jun 2022 12:51:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255261

Музичката група “Тајфата” деновиве преку својот Јутуб канал во етерот ја промовираше својата нова песна “Ти и јас”. Групата започна заедно со Коки Јанков, некогашниот виолинист на дуото Дуле и Коки, потоа продолжи да соработува со битолскиот пејач Димитар Андоновски, за сега како нејзин вокал да се појави младата пејачка Сара Сурлаџиоска, која ја однесе победата во македонското музичко талент шоу „Заблескај“ во кое наградата требаше да биде дует со Елена Ристеска до кој никогаш не дојде!? Музиката е на Владимир Борески кој е вокал и клавијатури во групата, текстот е на споменатата Сара Сурлаџиоска која ја се појавува и како женски вокал, а аранжманот е на гитаристот Рубин Димкоски и Владимир Богески. Во песната делниците на хармоника ги отсвирил Александар Тренчовски, а Живко Чиртоски бил задолжен за кларинетот. Придружните вокали во песната ги отпеале Викторија Георгиоска и Маја Црвенкоска. „Фан продукција“ на Зоран Пилоски го потпишува иако нискобуџетен, сепак солидно изработен видеоспот, а за шминката се погрижиле од Студио Палада. Во продолжение проследете ја новата тема на „Тајфата“ насловена како „Ти и јас“: ]]>

Зорица, новото музичко име со љубовна балада за сите вљубени срца – „Јас и ти” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jas-i-ti-ljubovna-balada-za-site-vljubeni-srca-na-novoto-muzichko-ime-zorica/ Sat, 07 May 2022 08:23:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249170

Овие денови во центарот на вниманието е едно ново име на нашата музичка сцена, едноставно потпишана како Зорица. Со оглед на тоа кој стои зад нејзината прва песна, имаме мотив да веруваме дека истата ќе стане хит кој можеби ќе изроди и други нови хитови во иднина. Станува збор за познатиот и надалеку популарниот автор и изведувач Јордан Митев кој не ги штедеше зборовите за новото име и песна насловена како „Јас и Ти“: „Зорица е ново име на македонската фолк сцена. Дали ќе продолжи посериозно да се занимава со фолк музиката тоа најверојатно ќе зависи од повеќе работи во иднина. Желбата да се направи нешто квалитетно беше голема и јас во рамките на нашите македонски технички и продукциски сили дадов се од себе. Таа е интересна личност и има специфична боја и интерпретација така што и посакувам многу среќа и успех понатаму. Рецепт и гаранција за успех нема бидејќи тоа зависи од многу фактори. Инаку, јас сум комплетен автор на песната ( музика, текст и аранжман)  што ја насловив 'Јас и Ти'. Музички аудио продуцент  е Љупчо Павловски, а аудио продукцијата и снимањето на песната беа направени во студиото 'Анастасија' во Скопје. Исто така и видеото се работеше под моја режија заедно со мојот тим, со кој што ги работам речиси сите мои видео записи. Главен оператор и технички реализатор на видеото е „By Zati”. За сите вљубени срца, за сите оние кои копнеат по топол збор од саканиот, за сите оние кои воздивнуваат во ритамот на љубовта… Проследете го и уживајте во вашиот, можеби омилен, музички хит на Зорица. ]]>