јапонци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Mar 2021 12:07:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јапонци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 90% од Јапонците немаат кревет во спалната соба – еве зошто! https://arhiva.vistina.com.mk/90-od-japoncite-nemaat-krevet-vo-spalnata-soba-eve-zoshto/ Thu, 11 Mar 2021 13:04:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193755

Дали сте знаеле дека во Јапонија е сосема нормално да спиете на под, како и дека во спалната соба Јапонците често воопшто и немаат кревети? Има многу причини зошто Јапонците бираат попрво да спијат на под, а некои од нив имаат неверојатни здравствени ефекти. Јапонците тврдат дека спиењето на под помага кај следните четири работи:

1. Ги олеснува и ги елиминира болките во грбот

Спиењето на тврда, рамна површина е одлично за грбот и наводно може да ви помогне да се ослободите дури и од долготрајна болка. Спиењето на мек душек, од друга страна, може да предизвика болки во грбот со текот на времето, бидејќи додека тоне душекот, 'рбетот се витка. Спиењето на тврда површина помага да се спречи ова искривување на 'рбетот во сон и да се одржи во природна, рамна положба.

2. Може да го подобри држењето

Ако спиете во правилна полжба и вашиот грб има добра цврста потпора, ќе ви биде полесно и во текот на денот да го држите грбот исправен. Кога не ве боли грбот, нема ниту нагон за виткање нанапред.

3. Може да се поправи циркулацијата

Кога спиете на под циркулацијата се подобрува бидејќи тежината рамномерно е распоредена секаде и помал е притисокот на одредени делови од телото. Освен тоа, спиењето во природна положба спречува вкочанетост и чувство на пецкање предизвикано од слаба циркулација.

4. Полесно се будите

На многумина им е тешко да станат од топлиот и мек кревет кога ѕвони алармот, па го одложуваат и по неколкупати. Но, кога спиете на под, имате вистински сон, со кој и будењето ви е полесно, а денот ви е исполнет со енергија.

Кој треба да избегнува спиење на под?

Подот е најтврдата површина за спиење. Иако има многу бенефити, постојат групи на луѓе за кои не се препорачува: - Луѓето кои страдаат од алергии На подот има прашина и нечистотија, па луѓето кои страдаат од алергии можат да почувствуваат кашлање и течење на носот. - Лицата со болки во коските Во овој случај, спиењето на тврда површина има повеќе штета отколку корист, бидејќи создава поголем притисок на зглобовите. - Постарите луѓе Мобилноста со текот на годините се намалува, па на постарите лица може да им биде тешко дури и да се спуштат или да станат од подот. - Зиморливи луѓе Ако постојано ви е ладно, дури и за време на спиењето, на подот ќе ви биде уште поладно. извор: точка.мк]]>

„Голиот фестивал“ привлекува илјадници: Јапонците на необичен начин ја најавуваат пролетта https://arhiva.vistina.com.mk/goliot-festival-privlekuva-iljadnici-japoncite-na-neobichen-nachin-ja-najavuvaat-proletta/ Wed, 19 Feb 2020 12:41:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135038

Илјадници мажи учествуваа во годишниот „Гол фестивал“ на островот Хоншу во Јапонија. Овој фестивал кој Јапонците го нарекуваат „Хадака Мацури“ се одржува во храмот Саидаји Канонин во близина на Окајама. Фестивалот ја слави „свеченоста на обилната жетва, просперитет и плодност“. Околу 10 илјади мажи учествуваат на фестивалот носејќи „минимална“ облека, трчаат околу храмот и се прочистуваат во студената вода. Потоа сите влегуваат во храмот и се обидуваат да фатат две „среќни стапчиња“ од многуте гранки кои ги фрла свештеникот. Учесниците на фестивалот се обидуваат да ги фатат среќните стапчиња затоа што се верува дека тој што ќе ги фати ќе го следи среќа во текот на целата година. Сето ова трае околу 30-тина минути, а учесниците неретко завршуваат со помали посекотини и модринки. Секоја година овој фестивал привлекува голем број на посетители од Јапонија, но и од други земји. извор:точка.ком.мк]]>