јанко илковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2023 08:08:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јанко илковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителот на „Јади бурек“ јавно го сподели ужасот од повредата по која за малку ќе му беше ампутирана ногата: Јанко Илковски со потресен статус и страотни фотографии (ФОТО 18+) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelot-na-jadi-burek-javno-go-spodeli-uzhasot-od-povredata-po-koja-za-malku-ke-mu-beshe-amputirana-nogata-janko-ilkovski-so-potresen-status-i-straotni-fotografii-foto-18/ Wed, 29 Nov 2023 07:57:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328978

Македонскиот ТВ водител Јанко Илковски, најпознат по своето долгогодишно ТВ ток шоу – „Јади бурек“ како што е познато неодамна доживеа тешка повреда на ногата. Стапалото на десниот екстремитет му беше речиси сосема уништено, па постоеше голема опасност заради инфекција и други компликации, водителот да остане со траен инвалидитет, односно за малку да му биде ампутирана ногата или делови од неа. За среќа, тоа не се случи...  Неговата Фејсбук објава сите ги шокираше кога на 13 септември 2023 година,  Јанко ја сподели непријатната  информација. Тогаш водителот се огласи од болничкиот кревет на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, откривајќи дека доживеал тешка повреда на ногата, каде прстите за среќа, едвај му ги спасиле. Сподели фотографија од преврзаната во завои повредена нога, покрај која со кус пост појасни за што се работи, без да прецизира кога, од што и како дошло до тешката повреда?! Тогаш заради преживеаната траума се' до денес не сакаше јавно да говори за деталите на повредата. Сепак, два и пол месеци по немилиот настан, Јанко Илковски сега се огласи со нов статус на социјалните мрежи. Водителот на „Јади бурек“ јавно го сподели ужасот од повредата по која за малку ќе му беше ампутирана ногата со потресен статус и страотни фотографии кои ги споделил на своите Инстаграм и Фејсбук профили. Она што може да се види на фотографиите е навистина ужасно, а за  тоа како течел целиот процес од моментот на тешката повреда, ризикот да го ги изгуби прстите или целото стапало, преку хируршите зафати на познатиот хирург, па се до ден денес кога водителот е веќе во поизмината фаза на успешно опоравување  тој ги раскажа деталите. „Ветив дека ќе ви покажам прогресот на моето заздравување, просто чудесија, за месец дена. Еве моја благодарност до професорката др. Смиља Туџарова Ѓоргова. Моето десно стапало... Пред пар месеци доживеав тешка повреда од која се опоравувам, но чувствувам потреба, после се, да напишам пар зборови за мојата школска другарка, која ме оперираше, ми ги спаси прстите и стапалото и направи се да мојата нога заздрави спектакуларно брзо, просто неверојатно. >Од сликите гледате како беше стапалото среде зафатот откако беше исчистено оти беше преполно со разно ѓубре и имав тешка инфекција. Имав толку несносна, силна болка и пред да почувствувам благодетот на локалната анестезија и силните аналгетици и реков, на мојата докторка, да не се мачи и се што е ампутирано да не крпи, да пресече, до толку бев очаен. Имам 61 година, дијабетичар сум + инфаркт и знам какво мачење на луѓе во моја состојба е заздравување на долен екстремитет. Доктор Туџарова рече – Не, не мрдам од операционава и од тебе додека не те средам и спасам секое делче и потполно заздравам. И успеа! Ние сме генерација , школски, учевме во Јосип Броз, потоа јас новинарство, она вредно се образуваше и стана позната и призната не само кај нас туку и во светот. Професор др Смиља Туџарова Ѓоргова е хирург и пластичен хирург и тоа од светска класа. Додека бев на една преврска, ме посети др од Јужна Кореа, свестски признат и познат, кој беше дојден да држи предавања за специфични хируршки зафати. Влезе со загрижено лице, ме погледна, а потоа виде дека др Туџарова ме преврзува, искрено ми се насмевна и ми рече ВО ДОБРИ РАЦЕ СИ ... јас му реков, благодарам...за Самсунг .. се изнасмеавме. Нејсе, јас навистина бев во предобри раце. Мене преврските ми беа прилично болни, целиот процес беше многу многу тежок за мене. Секој ден доаѓаше кај мене во болничка соба, смирена, позитивна, мислам дека во миговите кога имав тешки напади на болка (одбивав да пијам аналгетици оти не сакав после да имам последици и од нив – навлекување) толку зрачеше со спокој и кога јас не гледав светлина таа ни ја осветлуваше собата и мене и на детето што лежеше до мене. Мислам дека родена мајка така не ме тешела и смирувала. Каков човечки, благ однос имаше, не само кон мене, туку кон сите пациенти, но во исто време таков голем професионалец и беше уживање да ја гледаш како оркестрира додека раководи со тимот околу неа. Неверојатна жена, со неверојатна енергија и еден од најголемите професионалци кои сум ги запознал. На фотографиите ја гледате ногата каква беше, а ова, заздравеното, е сликано пред 3 недели. Нејзините колеги специјализанти беа со уста полна пофалби како ме санирала и постојано ја фотографираа ногата со искрено одушевување колку добро и брзо зараснува. Секако, нејзината стручност не беше само во хируршките зафати, туку и како ме водеше како пациент низ процесот на заздравување. Еден од најголемите адути е што др Туџарова е одговорна за активирање на хипербарната комора, медицински третман кој ако го опишам ќе мислите дека раскажувам приказни од фантазијата или некој футуристички филм. Најлошото помина, се движам нормално, трпам болки кои се норамлен дел од процесот на заздравувањње и наскоро се враќам во полна форма на работа. А за хипербарната кислородна терапија, ќе направам посебна емисија. Благодарам докторке за се што направивте за мене, а оваа земја, Македонија, треба да се гордее со вас. Со искрена и длабока почит твојот школски“ - напиша Јанко во своето јавно обраќање на социјалните мрежи. Фото: Facebook/Janko Ilkovski]]>

Познатиот ТВ водител заврши во болница: Јанко Илковски – „Јади бурек“ опериран по тешката повреда (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-tv-voditel-zavrshi-vo-bolnitsa-janko-ilkovski-jadi-burek-operiran-po-teshkata-povreda-foto/ Thu, 14 Sep 2023 09:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317904

Познатиот ТВ водител, некогашен ДЈ и музичар, Јанко Илковски е сепак најпознат по своето долгогодишно ТВ ток шоу – „Јади бурек“. И нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него во  „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од љубопитност да види и слушне кој ќе биде  ставен на тапет, кој од страв да не биде спомнат... Јанко покрај ТВ етерот е мошне активен и на социјалните мрежи каде што секојдневно споделува разни нешта: Од сите можни аномалии во општеството, политката, секојдневниот живот, светски чуда и достигнувања, но и работи од својот приватен живот. Токму затоа многумина не изненади, ама затоа сите ги шокираше со последната Фејсбук објава од вчеравечер, среда, 13 септември 2023 година, кога Јанко споделил една непријатна  информација. Имено, овојпат водителот се огласи од болничкиот кревет на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, , откривајќи дека доживеал тешка повреда на ногата, каде прстите за среќа, едвај му ги спасиле. Јанко споделил фотографија од повредената нога, покрај која со кус пост појаснил за што се работи, без да преецизира кога, од што и како дошло до тешката повреда?! „На клиника сум за пластича хирургија. Имав лоша, многу лоша, повреда, а др. Туџарова ме оперираше и успеа да ми ги спаси прстите. Некое време ќе отсуствувам од програмата. Фала за поддршката“ - споделил Јанко кој доби стотици пораки на поддршка со желби за брзо и успешно закрепнување, кон кои се придружува и редакцијата на Вистина.ком.мк откако се обидовме да стапиме во контакт со водителот,  кој не можејќи многу да зборува, само кусо ни го потврди она што е веќе познато:

„Повреда, нога, опериран... Заздравувам... Со Господ...“ -  ни возврати Јанко, појаснувајќи дека во моментов му е тешко да говори за деталите за случката. Нека е со помин! Фото: Фејсбук/Janko Ilkovski  ]]>

Јанко – „Јади бурек“ во ситуација на „баци рака“, ама имаше и зошто: Ќерката на ТВ водителот славеше матура (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/janko-jadi-burek-vo-situatsija-na-batsi-raka-ama-imashe-i-zoshto-kerkata-na-tv-voditelot-slaveshe-matura-foto/ Fri, 19 May 2023 07:28:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302848

Месец мај, месец на матури и матуранти... Така е секоја година, така е и оваа. Матурата не ги одбегна ќерките и синовите, внуците и внучките на сите оние чии најмили се   средношколците од четврта година, па ни на некои од познатите и јавни личности. Еден од од оние кои беа среќни и горди родители на своите матуранти беше и познатиот ТВ водителм, некогашен ДЈ и музичар, Јанко Илковски попознат по своето долгогодишно ТВ ток шоу - „Јади бурек“. Јанко добро го познавате, ама кога ќе ја погледнете неговата ќерка Сара, од прва ќе сфатите дека се работи за вистинска убавица. Со неа „ТВ бурекџијата“ за прв пат јавно се гордееше на социјалните мрежи кога таа ја славеше својата полуматура пред 4 години, во 2019-тата. Времето бргу лета, па 4 години подоцна, Јанко и неговата сопруга како и целото семејство одново имаат иста причина за гордост, радост и среќа. Неговата, пардон, нивната Сара сега веќе вистинска девојка е матурантка. „Почитувани дами и господа, пријатели, роднини, другари, познаници и сите добри, луѓе имаме матурантка, Сара. Многу љубов, љубов и љубов во се, Господ со тебе“ - споделил гордиот и пресреќен татко на социјалните мрежи покрај фотографиите од својата ќерка при испраќањето на прослава на матурската забава. При тоа Јанко наместо да „јаде бурек“ , само се поклони и се стави во ситуација на „баци рака“ на својата ќерка. А, младата русокоса убавица во деколтирана свилена тоалета во бисерна нијанса, со дискретен шлиц, плик чанта во слична нијанса и црни сандали со светкаво-сребрени детали и едноставна пуштена коса и дискретна шминка, која сосема и прилега на една матурантка. Нека е со среќа! Фото: Фејсбук принтскрин/Janko Ilkovski]]>

Тамара Тодевска реши да ја истетовира македонската химна на себе: „Ме боли што ме мразат без причина“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-reshi-da-ja-istetovira-makedonskata-himna-na-sebe-me-boli-shto-me-mrazat-bez-prichina-video/ Thu, 29 Oct 2020 07:46:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173539

Тамара Тодевска оние што добро ја познаваат знаат дека и покрај се', во суштина е емотивна личност. Распната токму помеѓу музиката и своите емоции, негативните коментари и стравот,  пејачката одново ја отвори душата оставајќи ги чувствата пред камерата на „магазинот од зад сцената“. Периодот низ кој минува и е прилично стресен за неа. Како прво, заради сето она што сите го преживувавме, коронапандемијата и вирусот кој за жал и се всади и во семејството, зашто сопругот „Мачка“ беше позитивен на Ковид 19. „Иако бевме и јас и децата заедно со него дома во самоизолација 15 дена, можеби е чудно, но за среќа не фативме корона“ - вели Тамара во разговорот за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и продолжува: „Здравствено, но најмногу психички тоа влијаеше на сите. Психички те убива таа неизвесност, тоа чувство што ќе се случи, што ќе биде... Освен тоа многу ми недостасува близината со останатото семејство. Татко ми да речеме, не сум го видела оддамна. Ми фали да го гушнам, ми фали таа близина, но ете... таква е ситуацијата“ - вели Тамара. Корона кризата најмногу ја погоди естрадата па нема настапи или можата да се избројат на прстите од едната рака, па затоа и нее баш „кул“, како што вели самата, да се викаат пејачи од надвор да гостуваат по локалите, а нашите да седат дома без работа. Токму за еден таков случај со скопски угостител кој и побарал мобилен број од српска ѕвезда деновиве, раскажува и самата Тамара. Каков бил нејзиниот одговор, дали му го дала телефонскиот број и каков брутален одговор добил од неа, раскажува самата како дел од последните настани што и се случуваат.  Како и тоа низ што се' поминувала и се' уште поминува откако ги „промаши“ стиховите при изведбата на Македонската химна за време на прославата во амбасадатана САД, ќе слушнете и самите од неа во видеото подолу. Конечно, во него самата Тамара повторно ја признава грешката, откривајќи на каков начин решила да ја исправи... Еднаш - засекогаш! За како што вели, повеќе да не ја боли што ја „мразат“ без причина! Но, и како своевидна фигуративна „казна“ за стореното „злосторство без предумисла“ кое и го припишуваат. Со тетовирање на себе, токму на оние стихови од македонската химна, кои ги изостави и пропушти да ги испее во дадената прилика. До душа, Тамара не кажа на кој дел на телото и со колку крупни букви ќе ја тетовира химната, ама сепак... За сето ова Тамара Тодевска зборува во разговорот за „Бекстејџ“ кој можете да го погледнете во видеото во продолжение, но претходно, коментарот или поточно констатцијата содржана во прашање кое на пејачката и го упати „загрижениот“ ТВ водител на ток шоуто „Јади бурек“, Јанко Илковски преку својот Фејсбук профил: Јас не те мразам Тамара, ама што ако ти го утнат текстот дур те тетовираат?“  https://www.youtube.com/watch?v=Xlz-6cYa8tU&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0DgAlhMUZAqAzREzH0at7W4-blhgZOfYXxxrTWPXAfQvaAVG5MhPi9SHE  ]]>

Јанко – „Јади бурек“ со „арсенал решенија“ за непристојните „додворувачи“ на неговата ќерка Сара: „Хебла, копач, лопата, браник од кола…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/janko-jadi-burek-so-arsenal-reshenija-za-nepristojnite-dodvoruvachi-na-negovata-kjerka-sara-hebla-kopach-lopata-branik-od-kola-foto/ Wed, 02 Sep 2020 08:52:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165424

Познатиот ТВ водител Јанко Илковски и неговото веќе со години постоечко ток шоу „јади бурек“ нема кој не го знае или не го гледал барем еднаш.  Гости на најразлични теми му биле од претседатели и премиери, до обични скопски „клошари“, ама сите тие придонеле емисијата да биде гледана и интересна. Секако, печат на се' - харизмата и луцидноста на буцкастиот водител и неговото „разбирање“ во „се' и сешто“ на светов: од политика и музика до научна фантастика! И горе-долу за „Јади бурек“ речиси се' е познато, ама затоа приватно за „бурекџијата“ многу малку јавно е познато. Освен што е познат како семеен човек, сопруг, тако, родител, Јанко и неговата сопруга Лидија лани ја дочекаа и полуматурата на нивната ќерка Сара. Кога ќе ја погледнете Сара, од прва ќе сфатите дека се работи за вистинска убавица. Многумина дури и коментираат на социјалните мрежи дека воопшто не личи на него, туку целата е на мајка и, ама за де на ја погодиме машкоста или поточно, машката суета на водителот, ние ќе се воздржиме од коментари. Особено по јавното предупредување кое итриот Јанко го упати преку социјалните мрежи, до сите познати и непознати другарчиња од опкружувањето нанеговата ќерка. Или поточно,  до сите знаени и незнаени „јунаци“,  чисто онака да си знаат кога ќе и пријдат да ја запознаат или ако веќе ја познаваат, да имаат на ум како се однесуваат. Да не случајно излезе некаков проблем, зашто итриот Јанко, веднаш знае како да го реши. Арсеналот на „пријателски решенија“ во односите со „потенцијалните напасници“ кога е неговата мезимица Сара во прашање, му е прилично богат... и разновиден. Колку да си знаат однапред, за да не биде потоа дека не им кажал... и предупредил. Башка, тоа не е се'... Лепезата на „решенија“ за справување со потенцијалниот создавач на проблеми е многу поширока. Понуденото е само колку „за загревање“... доколку случајно има „задевање“ на Сара, па некој самиот „со боринче си го бара“. Сепак, за сега скопските фраери се фини и културни. И самиот Јанко ги пофали... ама и предупреди! Па драги млади скопски фраери, сега вие видете и сами одлучете пред да решите, чиј потенцијален  „зет“ ќе станете!?    ]]>

Еве што направи Јанко – „Јади бурек“ за да не му „јадат бурек“ по дома: Ем убавицата среќна, ем тој мирен и спокоен (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-shto-napravi-janko-jadi-burek-za-da-ne-mu-jadat-burek-po-doma-em-ubavicata-srekjna-em-toj-miren-i-spokoen-foto/ Fri, 30 Aug 2019 07:12:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104345

Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од страв да не го спомне и стави на тапет.
Ама, ако мислите дека „бурекџијата“ е неприкосновен и дома како на ТВ екранот каде „жари и пали“, сте се излажале. Во голема заблуда сте ако помисливте дека Јанко нема грижи и проблеми и дека него по дома не го ставаат „на тапет“!? Напротив! Познат како семеен човек, Јанко и неговата сопруга Лидија годинава ја дочекаа и полуматурата на нивната ќерка Сара.
Јанко добро го познавате, ама кога ќе ја погледнете Сара, од прва ќе сфатите дека се работи за вистинска убавица. Многумина дури и коментираат на социјалните мрежи дека воопшто не личи на него, туку целата е на мајка и, ама ние сепак ќе се воздржиме од коментари. За де на ја погодиме машкоста или поточно, машката суета на водителот, па да почне да се преиспитува и да му направиме дополнителни проблеми по дома.  Зашто проблеми и онака доволно има. Или имаше, ама итриот  Јанко, веднаш знае како да ги реши.
Имено, Сара е веќе во оние години па доаѓаат и оние моменти кога девојките во процесот на созревање сакаат да изгледаат уште поубаво, попривлечно и подопадливо од она што природата како убавина им го дала, а кај Сара и тоа како не штедела. Арно ама, женско си женско, па ти оди докажи му дека и вака е убава...
Затоа Јанко мораше напомош да  повика пријател или поточно да му појде на работа. А таму, работата за час завршена. Ем ќерката задоволна, ем мајка и среќна ем Јанко раат... Впрочем, прочитајте што напиша самиот во постот што го сподели заедно со фотографијата на својата убавица!
 ]]>