јанг дади – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Jan 2023 12:32:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јанг дади – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Само посакај и… Јанг Дади тука е за тебе дури изброиш до – „Дваесет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/samo-posakaj-i-jang-dadi-tuka-e-za-tebe-duri-izbroish-do-dvaeset-video/ Fri, 27 Jan 2023 12:32:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286209

„Дваесет“ е насловот на новата песна на Young Dadi, која веќе е пуштена во етерот. Музиката и текстот се негови, битот е со потписот на JustRTprodcution, додека финалниот шмек, микс-мастерот го направи Лазар Цветкоски во LCV студио, каде и е снимена самата песна. „И само брои до дваесет - посакај и тука сум за тебе“, вели Дади во текстот и признава дека би направил сѐ во име на љубовта, што навистина е реткост во ова време. „Направив нешто поразлично, песна за која инспирцијата ми беше музиката на 90-те, која инаку многу ми се допаѓа и кај мене буди некоја убава енерија, топлина. „Дваесет“ има примеси и на новата генерација и искрено верувам дека ќе ѝ се допадне на публиката“, вели Дади. „Дваесет“ е тема која доловува една приказна за двајца лудо заљубени млади кои талкаат низ сивилото на Скопје, а тоа ќе го почувствувате и со гледање на самиот видеозапис. Во главната улога се Дади и Елена и нивната страст која ја имаат еден за друг. Дел од спотот се и скопските скејтери кои својата храброст ја прикажуваат преку изведување на кул трикови и со самото тоа додаваат одличен зачин на целиот филм. Кадрите се снимани на повеќе локации низ главниот град, како ГТЦ, стан во Градски ѕид, скејтпаркот во Карпош 3 и паркингот кај арената „Борис Трајковски”, а сите всушност се урбан печат на нашето Скопје. Спотот е снимен и едитиран од Давид Манев, а за сценариото и стајлингот се погрижи Александра Трпеска - Majestic. Фотографиите, пак, се создадени преку призмата на Александар Чокревски, заедно со Давид и Александра. Шминката и фризурите се дело на Бобан Тодоровски и студиото Bobcut Experience. Како звучи песната „20“ која е достапна на сите музички платформи и како изгледа нејзината визуелизација, проследете од виеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>