јане велковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Nov 2017 10:16:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јане велковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashiot-jane-koga-igram-fudbal-se-chuvstvuvam-kako-site-drugi-video/ Thu, 23 Nov 2017 09:24:51 +0000 http://vistina.mk/?p=4503

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика. Девет годишниот Јане Велковски од Скопје, главниот град на Македонија, живее за и со фудбалот. Тој игра фудбал во секоја можна прилика, а очите му светнуваат секогаш кога зборува за својот омилен спорт.“Фудбалот е сѐ во мојот живот,” објаснува Јане. “Го играм на видео игри, го играм во двор и го играм на училиште. Фудбал играм секаде.”Одлучноста на Јане да игра фудбал е дотолку по импресивна имајќи в предвид дека тој е врзан за количка, со дијагноза за Спинална Мускулна Атрофија ( Spinal Muscular Atrophy - SMA). „Јас имам болест на мускулите, што значи дека не можам да одам,” вели Јане. „Но не дозволувам никој да се шегува на сметка на мојот проблем со одењето. Сакам на светот да му пренесам порака дека сите сме еднакви и дека лицата со инвалидитет можат да ги прават истите работи како и останатите. Дури и да не можат, тоа не значи дека не можат да уживаат во животот.” Неговиот инвалидитет не го спречува да игра фудбал. Тој е прв на игралиштето кога неговите другари одат да играат и тој е последната линија на одбрана во неговиот тим, бидејќи игра на голот. Јане е многу отворен и гласен. Тој ужива да им дава насоки на одбранбените играчи и да им кажува кого да маркираат, и сето време е јасно колку неговите соиграчи го почитуваат неговиот авторитет. “Кога играм фудбал се чувствувам еднаков, убаво ми е бидејќи можам да учествувам во играта,” вели тој. “Убаво ми е дека можам да ја водам екипата, дека можам да победувам и дека сум капитен. Среќен сум кога победуваме и тажен сум кога губиме.” Гледајќи на ентузијазмот кој Јане го има за фудбалот и за животот, тешко е да се замисли постојаната борба со која се соочува за да издржи надвор од теренот. Нему му е потребна посебна грижа во текот на денот, дури и за наједноставни работи како што е менувањето на позиција во количката. Во 2015. година Јане беше во Париз на операција за корекција на ‘рбетниот столб. Секои шест месеци оди на третмани со надеж дека така ќе му се зголемат шансите да почне да оди еден ден. „Фудбалот имаше многу позитивно влијание во неговиот живот и му помогна да се справи со проблемите со кои се соочува,” вели татко му на Јане, Ѓорѓи. „Преку фудбалот тој беше во можност да сфати дека може да има активна улога во општеството.” Јане е вистинска мала сензација во Македонија. Неговата популарност почна да расте кога за прв пат се појави како придружба на репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни. Но, една слика од УЕФА Супер Куп натпреварот во Скопје неколку месеци подоцна, која беше вистински хит на социјалните мрежи и во локалните медиуми, навистина го привлече вниманието во земјата. Кога УЕФА Супер купот се одржа на арената Филип Втори, влеговме во една соба во која имаше постери на ѕидовите,” објасни Јане. “Се сликав со двете екипи, но кога го видов постерот од Роналдо каде тој се радува по постигнат гол, си реков дека можам да го имитирам. Го замолив дедо ми да ме слика и ја ископирав позата на Роналдо. Тоа е одлична фотографија.” Животната филозофија на Јане е “да не се предава” и дека сите треба “да ги следат своите соништа”. И покрај тоа што има само девет години, Јане покажува неверојатна зрелост за некој толку млад. Она што е централно за неговата личност е несомнената желба да се постигне невозможното и да се направи сѐ за да се постигне незамисливото. „Понекогаш, кога играм фудбал, заборавам дека сум во мојата електрична количка,” вели тој. „Се замислувам себеси како постигнувам голови како Роналдо и некогаш речиси заборавам дека не можам да одам. Извор:ФФМ.мк
]]>