јана маринова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Mar 2023 11:55:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јана маринова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Неееее… Мајкл Џексон не воскреснал – напротив, овој лик играше во нашиот хумористичен ТВ серијал „Преспав“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/neeeee-majkl-dhekson-ne-voskresnal-naprotiv-ovoj-lik-igrashe-vo-nashiot-humoristichen-tv-serijal-prespav-foto/ Fri, 24 Mar 2023 11:50:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294968

Славниот пејач, мегасветската ѕвезда Мајкл Џексон и по својта прерана смрт остана музичка легенда за сите времиња. Изведувач чиј успех и иновативна уметност тешко дека некој може да го повтори и надмине. Неговиот лик е честа инспирација за многумина уметници, актери, изведувачи...   Затоа и на фотографијата која ја гледате не е ориганлниот Мајкл Џексон, туку некој сосема друг. Неееее... Мајкл Џексон не воскреснал - напротив... Зад овој лик се крие личноста која играше во еден од нашите најгледани хумористични ТВ серијали. Впрочем, нема кој не слушнал и не гледал барем една епизода од хумористичната серија „Преспав“, која е едно од најдобрите ТВ остварувања последниве години, ако не и децении во Македонија. Оние пак што редовно ја следат, а такви се многумина, сигурно се сеќаваат на онаа сезона кога пансионот „Преспав“ доби нова газдарица... Преслава. Или Славче, како  што новата шефица на пансионот ја нарекуваше, Јелена од  Драчево. Убава, згодна, неопходна, сексапилна, заводлива, неодолива, вамп… Јана Маринова - актерското засилување од Бугарија во ликот на новата газдарица која тогаш на прва ги освои гледачите… Особено, оние од посилниот пол, а  Бога ми и некој од нашите актери во серијата како Игор Џамбазов, на пример. Нејсе, истата таа Преслава, верувале или не, е  оној лик од почетокот на сторијата, престорен во Мајкл Џексон. Јана Маринова во неверојатна трансформацијаго оживеала ликот на покојниот „крал на поп музиката“, легендарниот Џеко! И сето тоа за потребите на лиценцното музичкото шоу „Како две капки вода“, бугарска верзија она што во нашиот регион се емитуваша и беше познато како „Твоето лице звучи познато“, каде познатите се трансформираа и ги имитираа естрадните ѕвезди. „Потсетување на одлична ноќ за мене на успех на „Како две капки вода“ но една недела претходно, ментално живеев за себе во кожата на Мајкл. ПС: Само да се знае - како 20-годишник уште на мојот прв мобилен телефон ѕвони „Човек во огледало“ (Man in the mirror) и никогаш не ја сменив мелодијата во следните 24 години“ - споделила бугарската актерка покрај фотографијата во трансфомираниот лик на нејзиниот идол. Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Yana Marinova]]>

Бугарската актерка Јана Маринова прво го празнуваше „Преспанскиот договор“, а сега кога и треба… Преслава се враќа во Македонија, ама не во „Северна“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-akterka-jana-marinova-prvo-go-praznuvashe-prespanskiot-dogovor-a-sega-koga-i-treba-preslava-se-vrakja-vo-makedonija-ama-ne-vo-severna-foto/ Thu, 13 Feb 2020 08:33:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133929

Во Бугарија таа оддамна е позната... И по глумата и своите улоги и по останатите нешта кои и се сфера на интерес во приватниот живот. Македонската јавност пак, Јана Маринова ја запозна по улогата на заводливата бугарска газдарица на пансионот „Преспав“, од претспоследната сезона на овој популарен хумористичен ТВ ситком серијал. Елегантна, згодна, привлечна, заводлива, секси... Преслава или Славче како сакате, мамеше воздишки со секое свое појавувување во секоја епизода од „Преспав“. Но уште тогаш, намерно или случајно или можеби во духот на договорот за „добрососедски односи“, позната и славна комшика направи еден - два гафа кои на повеќето Македонци баш и не им се допаднаа. Уште невратена дома, Јана мома Маринова најпрвин со потсмев „го славеше“ Преспанскиот договор“ среде скопскиот плоштад Македонија, па сето тоа го овековечи со селфи пред фонтаната „Воинот на коњ“ и стаус под фотографијата! Малку подоцна денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по стариот бугарски обичај Јана си го присвои, па од улиците на бугарската метропола ја искористи можноста да го честита, како што рече: „Празникот на бугарската писменост и култура“!? Уште една празнична честитка по бугарски терк! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/preslava-od-prespav-iako-cela-sezona-lebot-go-jadeshe-vo-makedonija-bugarkata-doma-si-tera-po-svoe-chestit-sveti-kiril-i-metodij-praznik-na-bugarskata-pismenost-i-kultura-video/ Арно ама, дојде време „дивата и среќна“ актерка да се врати во Македонија... Повод - светската турнеја и промоцијата на нејзиниот последен филм „Диви и среќни“ (Диви и щастливи), во кој Јана Маринова  глуми и е продуцент, чија премиера е закажана денес, 13 февруари 2020 година во киното „Синеплекс“ во Скопје, а филмот ќе се прикажува и во „3Д Кино“ во Битола. Така Јана уште од Прага каде го промовираше филмот, порача дека преку Белград ( каде снимаше реклама за еден познат производител на козметички препарати и бои за коса), лета за Софија од таму седнува во автомобилот и со полн гас ита кон... МАКЕДОНИЈА... за премиерата на „Диви и среќни“ во Скопје!  Дали и самата поучена од резултатите од Референдумот за промена на името, или некој друг ја поучил какво е расположението кај Македонскиот народ по тоа прашање, сеедно... Сега, кога и треба, во вокабуларот на бугарската актерка, при изговорот на името Македонија, за среќа, никаде ја нема со сила наметнатата географска одредница - „Северна“! Впрочем, за Бугарија, Македонија отсекогаш и била (на) Запад!    ]]>

Игор Џамбазов им покажа на Бугарите дека македонскиот јазик постои, Весна-Бејби им докажа колку тој може да биде „разигран“, а газдарица Преслава од „Преспав“ ја отпоздравија, иако јазикот в уста други и го ставија! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-im-pokaza-na-bugarite-deka-makedonskiot-jazik-postoi-vesna-bejbi-im-dokaza-kolku-toj-moze-da-bide-razigran-a-gazdarica-preslava-od-prespav-ja-otpozdravija-a-jazikot-v-usta-drugi-i-go-st/ Sat, 14 Dec 2019 07:46:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123905

Бугарите овој пат ја претераа. По Гоце Делчев, се фатија за јазикот, па ни го негираат македонскиот! Ај тоа политичарите, тие се минлива и менлива категорија, туку науката, па сега Бугарската Академија на Науките тврди дека македонскиот јазик - не постоел! И додека нашиве „владини северџани“ си ја свиткаа опашката и уста не отворија да реагираат, а ниту нашиве академици од (се'уште) МАНУ исто така останаа„неми“ кон бугарскиот став по тоа прашање , интелектуално-естрадната елита не молчи! Први се огласија двајцата најпознати  македонски актери, водители, писатели, шоумени... како сакате кажете ги, Игор Џамбазов и Весна „Бејби“ Петрушевска. Игорче прв им докажа со тоа што им (го) покажа на Бугарите дека македонскиот јазик постои. На себесвојствен и оригинален начин,  на некој начин наметна спонтана кампања, кон која веднаш се приддружи и неговат колешка.
 
View this post on Instagram
 
За македонскиот јазик...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Весна “Бејби“ Петрушевска пак ја надгради теоријата со нови докази, покажувајќи им на Бугарите од БАН не само дека постои, туку и колку македонскиот јазик може да биде „разигран“. Ја затркала  „лавинта на реакции“ понатаму, која веројатно допрва ќе тргне уште посилно и пожестоко, па белким ќе ги „разбуди“ и нашиве „заспани“ полтичари и академици и тие да отворат уста!
Некои од бугарските колеги и колешки на Џамбазов и Бејби исто така се солидаризираа... ама со власта. И со нашава и со нивната! Така, прочуената газдарица Преслава од последната сезона на хумористичниот ТВ ситком серијал „Преспав“ која ја играше бугарската актерка Јана Маринова, уште додека беше во Македонија, за време на снимањето не можеше да одолее, а да не го поздрави „Преспанскиот договор“ и тоа онака, , среде Скопје од плоштад Македонија. До душа, не пропушти да ги спомне ниту „карсивите маже“... Oткако  си замина за Бугарија, Јана - мома на Игорче малку му недостасуваше, ама Џамбазов очигледно не знаел дека Преsлавче во негово отсуство, а Бога ми и присуство, му „работи зад грб“! Ама затоа сега Џамбазов ја отпоздрави двојно: И за Преспанскиот и за јазикот... А, кога сме веќе кај јазикот, Славче може да се потсети на кој јазик зборуваа нејзините колеги во „Преспав“.  Чисто онака, за да не мора покрај „исторически“ и практично да се докажуваме дека македонскиот е поразличен од бугарскиот јазик, кога ќе го ставиш в уста! Среќа што Славче среде Скопје не негираше, туку од прва призна дека Македонците се „красиви маже“... Како ли тогаш Бугар(к)ите ќе требаше да ги разубедуваме во спротивното!    ]]>

Преслава од „Преспав“ му седна во крило, па едната нога му ја стави околу врат, а другата на машкоста! https://arhiva.vistina.com.mk/preslava-od-prespav-mu-sedna-vo-krilo-pa-ednata-noga-mu-ja-stavi-okolu-vrat-a-drugata-na-mashkosta/ Fri, 30 Aug 2019 10:33:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104434

Сите ја паметат, а многумина и воздивнуваат по атрактивната и заводлива газдарица на пансионот „Преспав“ од последната сезона на оваа македонска хумористична ТВ серија.
Преслава или Јана Маринова, како што е вистинското име и презиме на маркантната бугарска актерка која една од ѕвездите на последниот голем бугарски филмски проект „Диви и щастливи“ (Диви и среќни).
Јана мома исто така ае многу активна и на социјалните мрежи па една од последните нејзини фотографии ги запали нејзините следбеници да ја бомбардираат со свои кометари.
Имено сексапилната Јана, седната на двосед во скутот на еден маж кому едната нога му ја ставила околу врат, а со другата го допира по неговата машкост! „Чиста перверзија“ - коментираа неупатените, „Уметничка еротика“ - тврдат оние другите, кои го следат театарот, зашто сепак не се работи за приватна сцена од интимниот живот на Јана, туку театарска сцена од претставата  „Изборот на Марта“ со која есенва Јана и театарот од Варна ќе гостуваат во Лондон. А, колку е Јана секси кога ќе ти седне во скут или барем покрај тебе...? Прашајте го Игор Џамбазов, тој најдобро знае!
   ]]>

Преслава од „Преспав“ иако цела сезона лебот го јадеше во Македонија, Бугарката дома си тера по свое: „Честит Свети Кирил и Методиј“, празник на бугарската писменост и култура!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/preslava-od-prespav-iako-cela-sezona-lebot-go-jadeshe-vo-makedonija-bugarkata-doma-si-tera-po-svoe-chestit-sveti-kiril-i-metodij-praznik-na-bugarskata-pismenost-i-kultura-video/ Sat, 25 May 2019 07:47:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89534

Во последната сезона на хумористичната ТВ серија во домашна продукција „Преспав“, бугарската актерка Јана Маринова беше вистинско откритие.
Таа како гостинка од Бугарија ја толкуваше улогата на заводливата нова газдарица на пансионот „Преспав“ и на сите им остави добар впечаток: и како актерка и како појава и како личност. Ама очигледно сто тоа траеше само додека Бугарката лебот го јадеше во Македонија. Па дури ни тогаш...
Уште не вратена дома, Јана мома најпрвин со потсмев „го славеше“ Преспанскиот договор среде плоштад Македонија во Скопје, па сето тоа го овековечи со селфи пред фонтаната „Воинот на коњ“ и стаус под фотографијата! При тоа не заборави да нагласи по кој повод престојува во Скопје, а и да ги пофали македо0нските „прекрасни мажи (красиви маже)!“
Бугарската актерка очигледно си е верна на каузата, па она што ја учеле на училиште, доследно си го спроведува и слави и дома.
Така, вчерашниот празник, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј по стариот бугарски обичај Јана си го присвои, па од улиците на бугарската метропола ја искористи можноста да го честита, како што вели, „Празникот на бугарската писменост и култура“!? Празнична честитка по бугарски терк!
Патем, не пропушти и да си ги изрекламира своите нови телевизиски и филмски улоги. Кога „тезгареше“ кај нас беше питома, тивка и заводлива, а по дома... „дива и среќна“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Яна Маринова (@yanamarinova17) on

„Ми недостигаш“: Игор Џамбазов носталгичен по „Преспав“, ама најмногу по сексапилната газдарица (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mi-nedostigash-igor-dzambazov-nostalgichen-po-prespav-ama-najmnogu-po-seksapilnata-gazdarica-foto/ Wed, 24 Apr 2019 07:17:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84654

Помина извесен период откако заврши третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, а гледачите останаа со прашалници дали ќе има продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“. Ама, освен на гледачите, „Преспав“ очигледно му недостига и на Игор Џамбазов, односно Миле најстариот од Бузалевци. Иако географски  е на спротиваната страна и на езеро, односно како што вели на дојранските Малдиви, Игор мечтае за Преспа, пансинот, но најмногу за газдарицата од Бугарија, Преслава или актерката Јана Маринова.
Тој на својот профил на Инсатграм сподели заедничка фотографија со својата колешка од соседството и за истата напиша „I miss you Преславче“, гласи описот, а во коментари се надоврзаа многумина од неговите следбеници.
Едни пишуваат дека и нив им недостигаат и двајцата, а пак други им порачаа дека  се „страхотни“. Преславче пак, веројатно не видела дека Миле преку виртуелен пат искажува емоции и се уште не возвратила.
Инаку, таа моментално е Софија и очигледно подзаборавила на „Преспав“, бидејќи е посветена на снимањето на филмот насловен „Диви и штастливи“. Во описот на една од последните објави таа напиша:
-Вече не е важно дали имаш мнoго пари, важно е колко си талантлив, за да правиш готини филми... казва Славче.]]>

Која е Преслава, новата газдарица на „Преспав“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-preslava-novata-gazdarica-na-prespav-foto/ Thu, 03 Jan 2019 09:04:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65800

Убава, згодна, неопходна, сексапилна, заводлива, неодолива, вамп... Тоа е таа - Преслава, новата газдарица на „Преспав“! Или поточно, актерското засилување од Бугарија во ликот кој на прва ги освои гледачите... Особено, оние од посилниот пол!
Новата сезона на популарната ТВ серија тукушто почна да се емитува, а покрај веќе препознатливите актери и нивните брилијантни актерски ролји, нејзиниот лик е вистинско освежување во „Преспав“. И како актерски лик и за очи... Но , знаете ли која е Преслава, или како што новата шефивца на пансионот - Јелена од Драчево ја вика, Славче?
Зад ликот на Преслава се крие една сестрана уметничка душа. Јана Маринова, 40 годишна актерка, која играла во над 350 епизоди од различни серии, играла во бугарски и американски филмови, во театарот... и повеќе од тоа.
Убавата Јана верувале или не, покрај сето тоа е и каскадер!  Јава, па и скокала од коњи, учествувала во женски рели-трки, од кои дури има и еден освоен пехар.
Учествувала во реалното шоу „Survivor“ каде ги покажала својата сила и издржливост, била и Мис на Бугарија, снима реклами, танцувала на шипка како професионалец, тренира бокс и карате...
Сега само повремено работи како каскадер, кога ќе процени дека станува збор за нешто многу возбудливо и интересно.
„За мене е нормално да направам жртва во име на кариерата. Сè што ми се случило оставило трага на моето лице, но важно е да ми се допаѓаат моите брчки. Нашиот најголем непријател е оној во огледалото. Мора да ги затворите очите и да го следите ритамот на своето срце“ - ќе изјави неодамна Маринова во своето прво интервју за македонските медиуми.
Интересно е што Јана прво завршила економија и започнала да работи во семејниот бизнис како менаџер на ресторан. Но бргу сфатила дека не се пронаоѓа во тоа и се посветила на работењето во различни сфери, за кое сметала дека може да и донесе солидна заработка.
Маринова усовршувајќи го своето актерско знаење, неодамна ја посетила познатата Школа за актерство на Ли Стразберг во Лос Анџелес, каде што три месеци интензивно изучувала актерски техники.
Едноставно Јана е неуморна, мултимедијален уметник кој сака да живее од предизвици, колку и да се тие опасни и неизвесни. Но, нејзиното мото:  „Никој не го исполнил својот сон без да им се спротивстави на сопствените стравови“  - е она што ја турка постојано напред. Затоа и не бега од нив, како ни од провокативните улоги ниту во театарот, ниту на филм и ТВ.
Колку да се знае, во семејната комедија „Живи легенди“, била стриптизета. Четири месеци интензивно се обучувала за танцување на шипка, додека на аудицијата за улогата во серијата „Врски“ продуцентите и покажале видео во кое една жена ги симнува гаќичките под фустанот и ги осстава на масата за билијард.
Мислела дека се шегуваат, но тие и рекле: "Немој да се смееш, ни требаш за оваа улога", открива таа. И тогаш одлучила: "Зошто да не?" Продуцентите, според подоцнежните реакции на публиката, ја избрале вистинската актерка!
Епа, Славче, „обаче е страхотна“...
Подеднакво атрактивна и како русокоса и како црнка, подготвена да ги прифати сите предизвици! https://www.youtube.com/watch?v=DySnYlk6yjM]]>