јана бурческа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Apr 2023 12:47:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јана бурческа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јана Бурческа и се врати на музиката со – „Home alone” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jana-burcheska-i-se-vrati-na-muzikata-so-home-alone-video/ Wed, 12 Apr 2023 11:58:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297990

Шест години по учеството на Евровизија, македонската поп пејачка и ТВ водителка Јана Бурческа ја изненади јавноста со нова песна – темата „Home alone”, отпеана на англиски јазик. Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и самата Јана, која исто така го напиша текстот за песната. Звукот на „Home alone” е финиширан со мастеринг  од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз. Песната доби и свој видеоспот, режиран и реализиран од Ѓорги Вацев и како што вели Бурческа: „збир на млади  ентузијасти и креативци” како дизајнерот Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска – Social Hair Salon, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски, а свој автентичен придонес во креативата имаа и Елена Василева, Ангела Димитрова и Димитар Бабков. Видео спотот за “Home Alone” беше промовиран во највпечатливиот простор наменет за аудиофилите во Скопје и земјата - „Аудиокултура“. Движечка сила зад проектот е реномираната компанија Gulf Macedonia, како Smart Living и KARE Macedonia кои дадоа исклучително значајна поддршка во контекст на сценографијата за видеото. Бурческа вели дека конечно се чувствува подготвено да и се врати на музиката, а до следниот проект останува посветена на поддршка и промоција на своите колеги од сцената преку програмата на Македонската Телевизија. Како звучи и изгледа која Јана Бурче(ска) е „Home alone” , проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Јана Бурческа за Евросонг и приватниот живот: „Со денови плачев поради навредите, сè уште сум жртва на сајбер-булинг“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jana-burcheska-za-evrosong-i-privatniot-zivot-so-denovi-plachev-poradi-navredite-se-ushte-sum-zrtva-na-sajber-buling-video/ Fri, 13 May 2022 06:43:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250372

Пејачката Јана Бурческа во 2017 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Киев. Оттогаш речиси и да не пее. Денес, публиката ја препознава како водител на емисијата „Плеј топ-10“ на Македонската телевизија. Неодамна Јана се соочи со негативни коментари по домашниот Избор за песна на Евровизија кога во јавноста се пишуваше сешто за облеката што ја носеа таа и нејзината колешка Александра. Вели, и по дванаесет години на сцената, сè уште не е имуна на навредите што ги чита за себе. „Ќе излажам ако кажам дека ми беше сеедно. Со денови плачев по домашниот избор. Оттогаш поминаа три месеци, ама јас сум и понатаму жртва на сајбер-булинг и читам лоши и навредливи коментари“, вели Бурческа за „Репортер“. Не е првпат таа да се соочи со негативни реакции од публиката. Кога пред пет години на Евросонг преку видеоразгледницата откри дека е бремена, а потоа и нејзиниот дечко Александар ја побара за жена во живо, пред неколку милиони публика тргна лавината лоши коментари. Некои одеа и дотаму што ја навредуваа нејзината неродена ќерка. „Тоа можам да го објаснам само со еден збор - патологија. Не знам кој би можел да навредува и проколнува неродено дете. Што е детето криво, навредувај ме мене“, вели Јана, па додава: „Не знаев дека Аце ќе ме бара за жена. Малку ми беше чудно што вечерта сакаше да носи костум, ама јас го натерав да се облече спортски. Облеката што ја носеше е на Дадар и фала му што ми го дотера момчето без јас да знам. По полуфиналето, реакциите во европските медиуми беа дека Македонија го украде шоуто, а кај нас имаше само критики“, искрена е Јана. За искуството во Киев и колку беше разочарана што не пееше во финалето, Бурческа зборува со многу емоции. Но, и за тоа како од пејачка стана водителка, дали би ставила своја песна на топ-листата што ја води, за децата и за љубовта со Александар, гледајте го видеото... ]]>

На прошетка во природа: Пејачката и ТВ водителка Јана Бурче за првпат се реши да го покаже синчето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-proshetka-vo-priroda-pejachkata-i-tv-voditelka-jana-burche-za-prvpat-se-reshi-da-go-pokaze-sincheto-foto/ Wed, 28 Apr 2021 06:51:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200722

Времето почна да се разубавува, а со тоа и идеалниот период за прошетки. На пејачката и ТВ водителка Јана Бурческа и веќе подолг период и цвета во срцето и душата заедно со нејзините наследници Дона и Дарин. Во време на пандемија за родителите е потешко да ги задржат децата дома, а мама Бурче секоја можност ја користи да ги анимира и прошета во природа синот и ќеричката. Јана кон крајот на месец јули минатата година во време на пандемијата стана мајка по вторпат и на свет го донесе синот Дарин, а можевме да посведочиме на на нејзините снимања пред камера во последните месеци од бременоста. Јана не е од оние премногу активните корисници на социјалните мрежи, па ретко знае да се сподели приватни моменти. Меѓутоа, одвреме – навреме се случува да направи исклучок и пред своите следбеници да објави некоја фотографија од нејзините наследници. Така беше и овој пат кога Бурче во кусите приказни на Инстаграм, сподели момент со потпораснатиот Дарин додека го вози во бебешката количка. Инаку, Јана и нејзиниот сопруг Александар ја имаат ќерката Дона која наскоро ќе наполни 4 години.]]>

Јана Бурче е во 9-от месец од бременоста, а еве како ќе се вика братчето на Дона https://arhiva.vistina.com.mk/jana-burche-e-vo-9-ot-mesec-od-bremenosta-a-eve-kako-kje-se-vika-bratcheto-na-dona/ Wed, 08 Jul 2020 07:26:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157584

Младата пејачка и ТВ водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, Јана Бурческа, наскоро ќе стана мејка по вторпат. Пред речиси три години во месец октомври Јана за првпат се реализираше во најубавата улога за една жена и ја доби ќеркичката Дона, а сега повторно ја чека неописливото чувство да го држи и своето второ чедо во рацете. Таа неодамна откри дека полот на бебето е машко, а сега во интервју за „Женски магазин“, Јана сподели дека е во деветиот месец и јули е последниот од третото тримесечје на бременоста. Бебето само што не пристигнало, а пејачката открива дека повторно ќе избере модерно име за наследникот. Првата буква сигурно ќе биде Д, а засега дома дискутираат тоа да биде Дарин. За потсетување, пред три години на Евровизија во Киев, сега сопругот на Јана, Александар ја побара пред евровизиската публика за жена.]]>

Јана Бурческа повторно е бремена – го откри и полот на бебето https://arhiva.vistina.com.mk/jana-burcheska-povtorno-e-bremena-go-otkri-i-polot-na-bebeto/ Mon, 08 Jun 2020 06:58:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152756

Македонската поп пејачка Јана Бурче по три години повторно е бремена и ќе се реализира во улогата на мајка пишува репортер.мк Како што пренесува порталот, Јана е во осмиот месец од бременоста и наскоро со сопругот ќе добијат син. „Новиот мангуп во семејството треба да пристигне наскоро, а ние се уште водиме дебата за името на бебето. Таткото е среќен што ќе добие син, а и јас исто така“ вели Јана за репортер. Потсетуваме, пред години ја претставуваше Македнија на Евровизија во Киев каде што откри дека е бремена и ќе стане мајка. Тогаш нејзиниот момче, а сега сопруг Александар ја побара Јана за сопруга пред милинскиот аудиториум. Во 2017 година, Јана и Александар ја добија својата ќерка Дона која наскоро ќе добие братче. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/foto-po-rechisi-chetiri-meseci-jana-burche-gi-objavi-prvite-fotografii-od-kjerkichkata-dona/ Целиот текст прочитајте го на репортер.мк]]>

Родена за манекенка: Еве која македонска пејачка е заштитното лице на најновото издание на „Моден викенд Скопје“(видео) https://arhiva.vistina.com.mk/rodena-za-manekenka-eve-koja-makedonska-pejachka-e-zashtitnoto-lice-na-najnovoto-izdanie-na-moden-vikend-skopje-video/ Tue, 03 Mar 2020 07:46:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137111

На 20-22 март во хотел Мериот во Скопје се најавува најновото издание на Моден викенд Скопје. Секој пат, за најавата на настанот, односно за фотографиите за социјални мрежи, билборди, видео, работат манекенки кои се искусни во тоа. Годинава за промена, наместо манекенка, организаторите избраа тоа да биде една наша позната пејачка на која модната писта и позирањето не и се непознати, бидеќи неколкупати учествувала и чекорела на писта за хуманирарни цели. Станува збор за пејачката и поранешна претставничка на Евровизија, Јана Бурческа, која изгледа одлично во најавното видео на Модниот викенд во Скопје. Јана носи впечалив фустан врз кој има црн корсет, додека на носете е во рамни чизми. Урбаноста е во прв план, а тоа се гледа не само од изгледот на Јана, туку и од избраната локација за реализација. Погледнете дека ако не беше пејачка, Јана ќе беше совршена манекенка или модел.
]]>

Како манекенка од модна писта: Јана Бурче е ултра згодна мама во костим за капење (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-manekenka-od-modna-pista-jana-burche-e-ultra-zgodna-mama-vo-kostim-za-kapenje-foto/ Wed, 31 Jul 2019 07:31:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99921

Слободно може да се каже дека таа е една од најзгодните млади мајки на домашната естрада. Пејачката Јана Бурческа, или како што милуваат да ја наречат, Бурче, гледачите на Македонската телевијата имаат можност да ја гледаат во едно сосема поинакво светло, односно како водителка – улога во која одлично се снаоѓа. Почна како тинејџерка на шоуто „Македонски идол“ каде одлично се промовираше пред публиката, потоа продолжи со градење на своето име и музичка кариера, настапуваше редовно по фестивали, а ја дочека и Евровизија за да ја претставува Македонија.
Потоа стана мајка и се препушти на семејството и мајчинските обврски. Сега, најмногу ја гледаме на ТВ екраните како водител на музичката емисија „Стисни плеј“ каде постојано е во комуникација со колегите од естрадата. Освен тоа, таа и нејзиниот сопруг се почесто можеме да ги видиме на живи настапи под името „The music room“.
Јана не е често активна со објави на социјалните мрежи кога е приватноста во прашање, но овој пат направи исклучок, па во екот на летната сезона покажа како изгледа во костим за капење.
Од приложеното се гледа дека Бурче е „мама ипол“!]]>

Во македонскиот евровизиски тим неочекувано се најде и пејачката која не претстави во Украина, но сега во сосема поинаква улога (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-makedonskiot-evroviziski-tim-neochekuvano-se-najde-i-pejachkata-koja-ne-pretstavi-vo-ukraina-no-sega-vo-sosema-poinakva-uloga-foto/ Tue, 07 May 2019 07:12:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86007

Македонската евровизиска делегација вчера пристигна во Тел Авив Израел. Нашиот тим е голем, а освен Тамара и придружните вокали, кои ќе настапат на големата сцена, во тимот од Македонската телевизија, заедно со Мери Попова и водителката и уредничка Александра Јовановска се најде и уште една веќе искусна евтовизиска претставничка.
Станува збор за Јана Бурческа која во 2017 година во Украина ја претставуваше Македонија со песната „Dance alone“.
Но, годинава Јана Бурче е заедно со својата колешка  Александра од емисијата „Стисни плеј“, која ја води веќе извесен период. Ова ќе биде второ евровизиско искуство за Јана но овој пат во една сосема поинаква улога од другата страна на сцената.
За потсетување, за првпат во историјата на Евровизија, токму во 2017 кога настапи Јана, нејзиниот сопруг и понуди прак пред милионската публика.]]>

Згодна мама меѓу манекенки: Јана Бурческа по долна облека (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zgodna-mama-megju-manekenki-jana-burcheska-po-dolna-obleka-foto/ Thu, 27 Sep 2018 07:21:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50173

Ако не беше пејачка, тогаш Јана Бурческа сигурно ќе беше манекенка, барем ако судиме по нејзиниот изглед особено откако стана мајка. Повеќето жени имаат проблем со линијата по породувањето, но Јана дефинитивно е од оние ретките што може да си дозволат дури и да јадат повеќе од што треба. Дека има манекенска линија покажа неодамна на ревијата на една домашна модна етикета каде на пистата настапи како пејачка, но слободно можеше да им парира на манекенките со својата витка става.
Облечена во црн градник и панталони мама Јана покажа дека е риба ипол.
Инаку, од неодамна можеме да ја гледаме во улога на водителка во музичката емисија „Стисни плеј“ на Македонската телевизија заедно со Александра Јовановска.
фото:инстаграм/фејсбук]]>

Таа сега е мажена, а тој во друг филм: Поранешната македонска љубовна двојка по неколку години на иста сцена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/taa-sega-e-mazena-a-toj-vo-drug-film-poraneshnata-makedonska-ljubovna-dvojka-po-nekolku-godini-na-ista-scena-foto/ Fri, 14 Sep 2018 06:39:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47906

Од почетокот на нивната врска поминаа доста години, а пак од нивното раскинување околу пет. За време на музичкото шоу „Идол“ нивните љубовни искри се родија, а подоцна прераснаа и во врска која траеше. Пејчот Виктор Апостоловски и пејачката Јана Бурческа не се заедно веќе подолг период, но се едни од ретките и тоа од јавната сцена што и по врската функционираат како пријатели. Таа сега е во среќен брак од кој ја има малата Дона, а па тој во свој филм, посветен на музиката и ергенскиот живот.
Во една прилика Виктор изјави дека со Јана се' уште се пријатели и тој неизмерно ја поддржуваше кога таа настапуваше на Евровизија.
Пред се, ние сме пријатели, така што јас од срце и посакувам успешен настап, висок пласман и најважно од се, добра забава", изјави тогаш Виктор.
Имено, вечеравечер се одржа забавата за новиот почеток на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, а на ревијата од брендот „Сара Фешн“ во стилот на ревиите од „Викторија Сикрет“ на сцената заедно со манекенките пееја токму Виктор и Јана.
Па така, поранешните љубовници повторно се најдоа еден покрај друг на истата сцена, но овој пат само како пријатели и колеги.
Според некое непишано правило, пријателството по љубовната врска речиси и да не успева, но во нивниот случај очигледно не е така. Дека навистина функционираат како пријтели покажаа и со една заедничка фотографија на која позираа заедно, а истата се најде на социјалните мрежи.
Ова беше еден редок момент, кога една од бившите од љубовни врски на домашната естрада продолжува да  функционира на ваков начин, како пријателството на Виктор и Јана. Инаку, Јана деновиве се впушти во телевизиските води, односно стана водителка на музичката емисија „Стисни Плеј“ на МТВ, а пак Виктор  ја промовираше својата нова песна насловена „ In the name of love“.]]>