јамајка копнеж – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Jan 2023 13:59:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јамајка копнеж – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Ноне Неделковска 2023-та и тргна со „Јамајка копнеж“ и „влашки бакшиш“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/none-nedelkovska-so-jamajka-kopnezh-i-vlashki-bakshish-foto/ Wed, 11 Jan 2023 08:17:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283558

Македонската „морепловка“, најшетаната велешанка и некогашна поп пејачка  Ноне Неделковска одново се оттисна од дома, па од родниот Велес  повторно тргна по белиот свет. Веројатно  добила нов повик да се јави на старата добра работа на прекуокеанските крузери, укотвени во некое од познатите европски пристаништа, до кои Ноне пристигна по копно или воздушна линија, сеедно. Во меѓувреме по пат, таа си поска неколку работи во Новата Година или поточно вио 2023-та си постави неколку цели: Срце ♥️ натопено во љубов, Ум без предрасуди, Дух што предизвикува радост И сила да се направат вистинските избори на патот. Овој пат Шпанија по се' изгледа е појдовната станица на македонската морепловка, од која таа ќе тргне да плови преку седум мориња и океани, работејќи ја својата работа на еден од големите крузери како шефица на продажба на парфеми и разни други сувенири во еден од многубројните бутици на огромните бродови, чија внатрешност потсетува  на онаа на огромните трговски центри и молови со безброј продавници, бутици, кафетерии, ресторани... Но, пртходно, за утрото да тргне, за да се расонат сите клетки и ќелии и крене адреналинот, најдобро помага кофеинот. Затоа Ноне не чекаше многу па веднаш си набави едно силно утринско „кафе ту гоу“. А на чашата од стиропор види изненадување...  Кафе Јамајка, име кое на Ноне и е така добро познато. Не само по „кафе искуството“ како што пишува на чашата, туку и по она другото - љубовното. Врската со црномурестиот по потекло од Јамајка колега Рајан, која на почетокот ја шокираше јавноста, за потоа полека но сигурно, нивната љубов се’ повеќе да ги собира симпатиите на истата таа јавност, се' додека некаде пред 4 години истата ненадејно „не потона“ како Титаник некаде среде некој океан! Врската можеби, но не и спомените, па Јамајка кафето на Ноне и разбуди „Јамајка копнеж“ и ја потсети на „оние денови“... Но и на тоа дека наскоро патот повторно ја води - таму! „Патем, Јамајка... Навистина имаат убаво кафе, врв...  Наскоро, ете ме таму“ - напиша Ноне покрај споделента Фејсбук фотографија, пред да го шмркне кафенцето, што веќе го има искусено. Кафето испиено, платено, а и келнерот можеби може да добие од Ноне нешто... како бакшиш. Ако не по некој цент, тогаш сигурно бакнеж на салфетка... Или што би рекле по нашки, „влашки бакшиш“! Финта која ја научила од лично искуство при работата со гости или можеби „ја купила“ од некој а своја колешка?! Како и да е, во новата 2023-та ете ја Ноне повторно во белиот свет... Со  „Јамајка копнеж“ и „влашки бакшиш“ во старт! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska
 ]]>