јагоди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 May 2023 11:47:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јагоди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домашен сладолед од јагоди! Одлично задоволство! https://arhiva.vistina.com.mk/domashen-sladoled-od-jagodi-odlichno-zadovolstvo/ Mon, 15 May 2023 11:47:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302029

Кој не сака јагоди? А сладолед од јагоди? Ова се само реторички прашања, а ние веруваме дека такви луѓе не постојат … Состојки: За сладолед: 2 кесички шлаг 400 мл кисела павлака 300 мл ладно млеко 5 лажици мед 500 гр мелени јагоди За прелив: 200 гр јагоди 100 гр шеќер 3 лажици вода Подготовка: Прво изматете 2 кесички шлаг со 300 мл млеко. Во друг сад за матење ставете ги мелените јагоди, медот и павлаката. Сè соединете со миксер, а потоа лесно измешајте го шлагот со жица за матење. Ставете сè во пластична кутија и во замрзнувач, повремено мешајте додека не замрзне. За овошниот сос ставете да зовријат 100 гр шеќер и 3 лажици вода. Штом ќе почне да врие додадете 200 гр јагоди и оставете да се вари 8 минути. Се трга од оган и се лади. Послужете како прелив за сладолед. Уживајте! Извор: Курир.мк]]>

Ова е единствениот правилен начин за миење јагоди https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-edinstveniot-pravilen-nachin-za-miene-jagodi/ Thu, 11 May 2023 12:30:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301609

Најефективен начин да ги измиете пестицидите од јагодите е да ги натопите во оцет и сода бикарбона. Иако нивната сезона официјално е дури во јуни, веќе можете да ги најдете во продавниците. Без разлика дали сакате да уживате во цели јагоди, да ги исечете и да ги додадете во сладолед или колачи или во салата, дури и ако самите сте ги набрале, треба добро да се измијат пред јадење. Неизмиените јагоди може да содржат почва и други нечистотии и остатоци од пестициди. Така, една корисничка на социјалните мрежи го покажа, според неа, единствениот правилен начин да се измие ова омилено црвено овошје. Таа тврди дека најефективниот начин за миење на пестицидите од јагодите е да ги натопите во оцет и сода бикарбона. „Во ред, го пробав трикот со сода бикарбона и оцет“, вели таа на почетокот на видеото, во кое покажува чинија со јагоди во смесата, а потоа зумира за одблизу да погледне се што е внатре. Јагодите треба да стојат во оваа течност 15 минути. Најпрво во садот ставила јагоди и ги полила со оцет, малку вода и на крај со сода бикарбона. Преку пената која се создава поради реакцијата на овие две состојки гледаме како јагодите се чистат од нечистотија и отровите. Како и да е, тиктокерката ги изми јагодите со вода откако ги држеше во овој раствор 15 минути. Содржината продолжува после огласот Докторите ја кријат вистината! Поправи ги варикозните вени дома! Sponsored by MonadPlug Но, голем дел од нејзините следбеници не беа толку сигурни за нејзините методи, па коментираа: „Брате, не чекам 15 минути да јадам модифицирана јагода“. „Оцетот и содата пенат поради реакцијата на неутрализација што се јавува помеѓу овие две соединенија, а не затоа што тие чистат нешто“. Истото го мислат и другите заинтересирани корисници на мрежата: „Сода бикарбоната и оцетот се поништуваат“. „И погледнете го ова! Како сите да не правевме вулкани во 4-то одделение со оцет и сода бикарбона“, „Може ли продавницата да го направи ова за мене, јагодите се 9 долари“, предлогот на овој човек ги воодушеви другите. Сепак, новото истражување на Универзитетот во Масачусетс потврди дека сода бикарбоната е добра алатка за отстранување на штетни токсини од овошјето поради нејзиниот состав. Исто така, алкохолниот оцет е одличен за убивање на сите штетни микроби од овошјето. Овошјето прво се остава во оцет дваесет минути. После тоа, може малку да се исплакне и да се остави во раствор од сода бикарбона и вода најмалку половина час, а потоа да се исплакне со чиста вода. извор:курир.мк]]>

Како правилно да ги измиете јагодите за од нив да излезат сите ПЕСТИЦИДИ и БАКТЕРИИ? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-pravilno-da-gi-izmiete-jagodite-za-od-niv-da-izlezat-site-pesticidi-i-bakterii/ Wed, 27 Apr 2022 11:07:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247845

Порано беше доволно да се измие овошјето под млаз вода. Сепак, работите драстично се променија и сега јагодите, но и другите купени овошја мораме да ги миеме подолго, подобро, а често е потребно да се направи и еден вид детоксикација. Сода бикарбона може да ни помогне во тоа. Како да ги измиете јагодите со сода бикарбона? Потопете ги јагодите во сад со вода, а потоа посипете една до две лажички сода бикарбона одозгора. Потоа измешајте со раце за содата да биде рамномерно распоредена низ јагодите. Оставете го да отстои половина час, а потоа повторно измијте ги јагодите и потопете ги малку во вода. После тоа, можете уште еднаш да ги измиете јагодите под млаз вода и овошјето е подготвено за употреба. Зошто е важно добро да се мијат сите плодови? Токсините можат да бидат многу опасни доколку не се измијат добро од храната. Тие се акумулираат во телото и многу тешко се чистат од него, а кога ќе се наталожат во организмот можат да предизвикаат автоимуни болести, но и хронични болести, како што предупредува Светската здравствена организација. Освен сода бикарбона, и алкохолниот оцет се покажал како одличен за чистење на овошјето од токсини, бидејќи со голема брзина ги убива сите штетни микроби на овошјето. Поради својот состав, сода бикарбоната е добро средство за вадење на штетни токсини од овошјето. Овошјето прво се остава во оцет дваесетина минути, по што може малку да се исплакне и да се остави во мешавина од сода бикарбона и вода. Ова е најдобриот начин да бидете сигурни дека она што го внесувате во вашето тело е безбедно.]]>

Не ги фрлајте дршките од јагодите, не сте ни свесни колку се добри за здравјето: Еве како да ги искористите https://arhiva.vistina.com.mk/ne-gi-frlajte-drshkite-od-jagodite-ne-ste-ni-svesni-kolku-se-dobri-za-zdravjeto-eve-kako-da-gi-iskoristite/ Fri, 11 Jun 2021 12:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206679

Сите ги фрламе дршките и листовите од јагодите, а тука правиме голема грешка. Ако ги исушите и од нив направите чај, ќе добиете многу моќен и здрав напиток кој позитивно влијае на целиот организам. Дршките и листовите од јагода содржат повеќе витамин Ц отколку плодовите, а ги содржат истите микроелементи како овошјето.

За што сè е добар овој чај?

Чајот од дршките и листовите од јагоди, како и самите јагоди, го зајакнуваат нервниот систем и делуваат против стресот, го намалуваат заморот, помагаат при депресивни состојби, крвни заболувања и се користат за подобрување на состојбата на бубрезите. Овие зелени делови од растението се драгоцени за дијабетичарите бидејќи можат да влијаат на нормализирање на шеќерот во крвта. Тие се благотворни при закрепнување од некоја болест, го зајакнуваат имунитетот, спречуваат болести на желудникот, помагаат при лекување на артритис, ревматизам и анемија, ги олеснуваат тегобите и благотворно делуваат врз зголемениот холестерол и високиот крвен притисок. Освен тоа, јагодите го забрзуваат метаболизмот и го забавуваат стареењето.

Како да го подготвите чајот?

Една кафена лажичка иситнети дршки од шумски или градинарски јагоди прелијте ги со чаша зовриена вода. Чајот оставете го да отстои покриен 20 минути, а потоа консумирајте го топол, 3 пати на ден. Овој чај со пријатен вкус е одлично помошно средство во терапијата на лицата заболени од рак. извор: точка.мк ]]>

Рецепт за крцкава пита со јагоди https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-krckava-pita-so-jagodi/ Wed, 26 May 2021 12:00:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204199

Сезоната на јагодите е многу кратка и токму сега е вистинското време да ги искористите максимално. Потребни состојки: 300 грама брашно 150 грама путер 1 лажица павлака 1 помало јајце 50 грама шеќер За филот: 300 грама јагоди 50 грама шеќер 1 лажица сок од лимон Начин на подготовка: 1. Измешајте го брашното со шеќерот. Исечете го ладниот путер на помали коцки и додајте го во брашното, а потоа измешајте со прстите. Потоа додајте ги јајцето и павлаката и месете го тестото додека да добиете мазна топка. Поделете го на два дела и завиткајте го во пластична фолија. Едната половина ставете ја да стои еден час во фрижидер, а другата во замрзнувач. 2. Подгответе го филот. Отстранете ги стебленцата од јагодите, измијте ги и исечете ги на мали парчиња. Потоа посипете ги со шеќер, додајте сок од лимон, измешајте добро и малку изматете. 3. По еден час извадете го тестото што сте го ставиле во фрижидер. Вклучете ја рерната на 180 Целзиусови степени. Ставете го во плех што претходно ќе го наросите со малку брашно. Притиснете го тестото, а потоа боцкајте го со виљушка. Ставете го во рерна и печете околу 15 минути, додека не добие убава жолта боја. Долниот дел од тестото прво мора да се испече кратко за да стане поцврст и за да не се навлажни од филот од јагоди. Кога тестото ќе стане жолто, извадете го од рерната и оставете го да се излади. 4. Кога ќе се излади тестото, премачкајте го со филот од јагоди. Потоа земете го другото тесто од замрзнувачот и нанесете го врз филот од јагоди. Вратете го плехот во рерната загреана на 180 Целзиусови степени и печете уште 20-30 минути, односно додека тестото на површината не добие потемна златно-жолта боја. извор:кафепауза.мк]]>

Рецепт за домашен ликер од јагоди – пијалак што освојува со неодоливата арома https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-domashen-liker-od-jagodi-pijalak-shto-osvojuva-so-neodolivata-aroma/ Fri, 14 May 2021 13:20:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202488

Сезоната на јагоди може да се искористи за правење домашен ликер што можете да го пиете во добро друштво или додека се релаксирате. Потребни состојки: 1 килограм јагоди 400 грама шеќер 1 литар вотка 100 милилитри рум Начин на подготовка: Измијте ги јагодите и отстранете ги дршките. Потоа изгмечете ги, посипете ги со шеќер и оставете ги да стојат покриени 12 часа. Потоа, ставете ги јагодите во поголема тегла или во шише за вино и турете ги вотката и румот. Затворете ја теглата цврсто и оставете ја да стои на ладно место 3 недели. Мешајте ги јагодите внимателно на секои 3-4 дена. Кога ќе биде готов, треба да го исцедите ликерот низ густа газа, а потоа да го турите во стаклени шишиња. извор:кафепауза.мк]]>

Омиленото овошје е преполно со корисни нутриенти за целиот организам https://arhiva.vistina.com.mk/omilenoto-ovoshje-e-prepolno-so-korisni-nutrienti-za-celiot-organizam/ Fri, 09 Apr 2021 11:48:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198431

Слатките и ароматични јагоди за многумина се омилено овошје, а полни се со есенцијални нутриенти, влакна, витамин Ц, фолна киселина и калиум. Содржат и мала количина железо, бакар, магнезиум, фосфор, селен и витамин Б, К и Е. Иако јагодите во себе содржат и шеќери, се сметаат за намирница со низок гликемиски индекс бидејќи не влијае на порастот на шеќер во крвта во моментот, благодарение на антиоксидансите кои ги содржат. Редовната консумација на јагоди е поврзана со здравото ниво на шеќер во крвта, вели студијата објавена во магазинот „Antioxidants and nutrients“. Дневна доза јагоди може да го подобри здравјето на срцето Една студија објавена во магазинот „Journal of Molecular Sciences“ предлага редовна консумација на намирници богати со витамин Ц, а тука спаѓаат и јагодите, кои го подобруваат здравјето на кардиоваскуларниот систем. Позитивно влијаат на здравјето на мозокот Научниците велат дека јагодите можат превентивно да делуваат против намалување на мозочните функции, благодарение на флавоноидите кои се наоѓаат во нив, а тие имаат антивоспалителни својства и штитат од појава на рак. Одлични се за дигестивниот систем Една шолја јагоди содржат околу 3 грама растворливи и нерастворливи влакна, а оние растворливите се многу важни за добрата дигестија бидејќи ја собираат водата во дигестивниот тракт и со тоа помагаат во полесно разградување на нутриентите. Нерастворливите влакна ѝ додаваат цврстина на столицата, со што таа побрзо и полесно поминува низ цревата. Некои студии покажуваат и дека јагодите помагаат во превенција на макуларна дегенерација која е најчеста причина за појава на слепило кај постарите лица. Истражувањата покажуваат дека со секојдневна консумација на 3 или повеќе јагоди може да се намали ризикот од развој на макуларна дегенерација за повеќе од 36 отсто. Научниците ја препишуваат ваквата добробит на елагинската киселина, антиоксиданс кој го содржат токму јагодите. извор:точка.ком.мк]]>

Направете домашен свеж сок од јагоди https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-domashen-svez-sok-od-jagodi/ Fri, 29 May 2020 11:37:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151838

Потребни состојки: 5 кг јагоди 500 гр шеќер лимон 1,5 – 2 литри вода (по желба) Начин на подготовка: Измијте ги јагодите, исчистете ги, исечкајте ги и ставете ги во блендер. Префрлете ги во поголемо тенџере, додајте шеќер, сок од лимон, вода и варете го сокот додека да зоврие. Загрејте ги шишињата во кои ќе го сипете топлиот сок. Затворете добро, вратете во рерна и оставете го сокот во рерна 1 час на температура од 90 степени. извор:кајгана.ком]]>

Домашен рецепт за омилениот сладолед од јагоди – потребни ви се само 3 состојки https://arhiva.vistina.com.mk/domashen-recept-za-omileniot-sladoled-od-jagodi-potrebni-vi-se-samo-3-sostojki/ Mon, 18 May 2020 13:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150201

Освежувачкиот сладолед од јагоди е уште повкусен кога знаете дека сами сте го направиле. Состојки: - 470мл. слатка павлака ; - 1 конзерва (400гр.) засладено кондензирано млеко; - 150гр исецкани јагоди. Подготовка: Во сад изматете ја слатката павлака додека не добиете кремаста смеса. Додадете го кондензираното млеко и повторно кратко матете за да ја соедините смесата. Додадете ги исецканите јагоди, па истурете во сад за сладолед. А потоа, се разбира, замрзнете ја смесата. Пријатен десерт! извор:точка.ком.мк]]>

Зошто треба да јадете јагоди? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-treba-da-jadete-jagodi/ Mon, 11 May 2020 12:45:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149008

Освен тоа што се вкусни и се совршено овошје доколку сте на диета, јагодите се добри и за вашето здравје. Нега на кожа Јагодите за богати со антиоксиданти кои влијаат на сјајот на кожата. Доколку сакате да ја освежите кожата на лицето, исечете една поголема јагода на половина и намачкајте го лицето со неа, па измијте го лицето по неколку минути. Заби Доколку сакате да ги избелите забите на природен начин, измешајте јагоди со сода бикарбона и направете паста. Вашите заби ќе бидат избелени по некое време, а оваа техника може да ја повторувате често. Коса Јагодите се одлична намирница за нега на косата. Измешајте 7-8 свежи јагоди со една лажица мајонез. Нанесете ја оваа смеса на косата и оставете ја околу 15-20 минути, а потоа измијте ја косата со шампон. Пилинг Доколку сакате нежни и меки стапала, тогаш дефинитивно треба да направите пилинг од јагоди. Потребни ви се 10 јагоди, кафена лажичка сол и 2 лажици маслиново масло. Промешајте ги сите состојки и масирајте ги стапалата со пастата од јагоди, па оставете да се исуши. Измијте ги нозете и нанесете хидратантна крема. извор: кајгана]]>