Јагода Сланева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Oct 2017 11:53:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Јагода Сланева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 IN MEMORIAM: Почина примабалерината во пензија Јагода Сланева https://arhiva.vistina.com.mk/in-memoriam-pochina-primabalerinata-vo-penzija-jagoda-slaneva/ Wed, 18 Oct 2017 11:32:31 +0000 http://vistina.mk//?p=282

Вчера во Скопје на 68 годишна возраст почина примабалерината во пензија и кореографка Јагода Сланева, соопшти Македонската опера и балет.

Сланева е дел од првата генерација ученици на Балетот при Македонскиот народен театар. Го завршува Средното балетско училиште во Скопје во класата на Јуриј Мјачин, професор-гостин од Санкт Петербург. Кариерата ја започна во 1968 со изведба на „Па де де“ од балетот „Оревокршачка“ на музика на П. И. Чајковски, а ја завршува во 1992 со улогата на Марија во балетот „Бахчисарајска фонтана“. Во својата извонредно богата кариера, Јагода Сланева играше главни улоги во најзначајните балети од железниот репертоар на класичната балетска уметност, како Жизел во балетот „Жизел”, Китри во „Дон Кихот” , Јулија во „Ромео и Јулија”, Кармен во „Кармен”, насловните улоги во балетите: „Легенда за љубовта“, „Ѓаволеста девојка”, „Мирандолина”, „Лабин и Дојрана”, „Песна над Песните”, како и други модерни балети.

Како примабалерина на македонскиот балет таа гостува на различни сцени во Франција, Германија, Полска, Романија, Канада, Словенија, Србија, Хрватска и други земји. Работеше и како педагог-репетитор во МНТ во 2006, а како кореографка соработува на повеќе театарски претстави во повеќе театарски куќи во Македонија, како и на повеќе проекти во независна продукција. Освен тоа, Сланева има богата ТВ продукција во Македонската телевизија.

Во април годинава, примабалерината Сланева ја доби наградата „Менада“ за врвни достигнувања во балетската уметност од скопскиот фестивал Танц Фест 2017.

Комеморацијата по повод смртта на Јагода Сланева ќе се одржи на 19 октомври, четврток,  во МОБ, во 11 часот. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел, од 13:30- 14:30 часот, а погребот ќе се изврши во 14:30 часот.

]]>