јаглехидрати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Mar 2023 12:00:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јаглехидрати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Експертите предупредија: Намирница која речиси сите ја јадеме, а прави хаос во нашиот организам https://arhiva.vistina.com.mk/ekspertite-predupredija-namirnitsa-koja-rechisi-site-ja-jademe-a-pravi-haos-vo-nashiot-organizam/ Fri, 10 Mar 2023 12:30:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292824

Без оглед на фактот што кроасаните и печивата за многумина се омилен избор, особено за појадок, нутриционистите предупредуваат дека едноставните јаглехидрати и тешката протеинска храна доведуваат до умор. „Како резултат на тоа, човекот доаѓа на работа веќе изморен, а пред него се осум часа работа. Прженото месо е богато со протеини, но таквата храна не е погодна за појадок. Факт е дека потребно е многу време за варење поради што организмот се изморува“, објаснила нутриционистката Анџелика Дувал. Многумина мислат дека разните каши се најздрав избор кога станува збор за појадокот. Сепак нутриционистка открива дека токму тие се преполни со едноставни јаглехидрати. „Не е мал бројот на оние кои денот го започнуваат со каша, што е добро доколку не зборуваме за инстант варијантите. Тие се преполни со едноставни јаглехидрати кои го тераат панкреасот активно да работи и да произведува инсулин. Поради тоа што нивото на шеќер во крвта нагло се зголемува, а потоа брзо се намалува, чувствуваме умор“, објаснила докторката и истакнала дека треба да се јадат житарици кои се варат, а не оние кои само се преливаат со топла вода. „Во такви житарици јаглехидратите се сложени, не предизвикуваат нагло зголемување на шеќерот. Самата житарица долго се вари, а чувството на ситост до ручек сигурно ќе биде тука“, вели Анџелика и истакнува дека печивата не се најдобри за појадок. извор:точка.ком.мк]]>

Кето салата со пилешко и сирење за сите кои избегнуваат јаглехидрати https://arhiva.vistina.com.mk/keto-salata-so-pileshko-i-sirene-za-site-koi-izbegnuvaat-jaglehidrati/ Mon, 23 Jan 2023 13:40:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285351

Ако сте меѓу оние кои ги следат правилата на кетогената диета, тогаш можеби ќе ве интересира рецептот за оваа салата. Кетогената или кето диетата е посебен начин на исхрана кој подразбира драстично намален внес на јаглени хидрати и зголемен внес на масти и адекватен внес на протеини. Кога се храниме на таков начин, телото влегува во состојба на кетоза, што значи дека наместо јаглехидрати, ги користи мастите како примарен извор на енергија. Салатата со пилешко, јајца и сирење е полна со протеини и содржи минимална количина на јаглехидрати, па затоа е идеален оброк за сите оние кои сакаат да се хранат во согласност со кетогената диета. Состојки: 1 мал пилешки стек половина авокадо 1 јајце 1 домат грст зелена салата 5 даг свежо козјо сирење малку кромид (по избор) масло, оцет, сол и бибер Подготовка: Сварете јајце. Пилешкиот стек испечете го на грил тава или на обична тава. Измијте ги зелената салата, доматот и авокадото и исечете ги на помали парчиња. Печеното пилешко исечете го на ленти. Излупете го јајцето и исечете го на коцки. Исецкајте малку кромид, а ако не ви се допаѓа, не мора да го користите. Ставете ги сите состојки во садот. Зачинете со масло, оцет, сол и бибер. На крајот додадете козјо сирење во салатата. извор:попара.мк]]>

Кои 5 јаглехидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми? https://arhiva.vistina.com.mk/koi-5-jaglehidrati-mozat-da-vi-pomognat-da-se-spravite-so-vishokot-kilogrami/ Mon, 29 Aug 2022 13:03:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264519

Иако според многумина јаглехидратите се бескорисни бидејќи само придонесуваат за зголемување на телесната тежина, сепак тоа не е така. Тие се хранливи материи кои му се неопходни на телото за неговото правилно функционирање. Одредена група јаглехидрати не само што се здрави туку се и корисни за слабеење. Проверете во продолжение за кои намирници станува збор. Тиква Тиквата е намирница која можете да ја консумирате како прилог, дел од салата, ужина, предјадење, главно јадење и десерт! Се карактеризира со ниска калорична вредност, но има и многу растителни влакна кои го забрзуваат процесот на варење и даваат чувство на ситост. Бобинки Има ли некој што не сака грозје, боровинки, рибизли и друг вид бобинки? Тие се богати со антиоксиданси и се нискокалорични. Освен тоа, поради високата содржина на витамини, бобинките го зајакнуваат имунолошкиот систем и имаат антиинфламаторно дејство. Леќа Леќата е вистинска суперхрана! Има малку повеќе протеини од оризот и тестенините, а исто така не содржи глутен. Освен тоа, таа е богата со витамини и минерали. Овес Дали понекогаш немате идеја што да зготвите за појадок? Зошто да не се почестите со овесна каша! Таа е богата со растителни влакна, а освен тоа ќе ве држи сити подолго време. Сепак, бидете внимателни при изборот – ви препорачуваме да изберете овесни снегулки без дополнителен шеќер, а при подготовката можете да додадете овошје или јаткасти плодови. Сладок компир Дали знаевте дека слаткиот компир може да ви помогне да ја намалите тежината? Тоа се должи на фактот дека оваа намирница го забрзува метаболизмот, а нејзината калориска вредност не е висока. Откако прочитавте кои јаглехидрати можат да помогнат при намалување на телесната тежина, можеби ќе сакате да прочитате и за 3-те едноставни чекори за слабеење без изгладнување. Извор: citymagazine.danas.rs/кафепзуа.мк]]>

Кристијан Голубовиќ се пофали со нешто, што е тешко за верување: „Симнав 20 килограми и сега имам секс 10 до 20 пати на ден“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristijan-golubovikj-se-pofali-so-neshto-shto-e-teshko-za-veruvanje-simnav-20-kilogrami-i-sega-imam-seks-10-do-20-pati-na-den-foto/ Thu, 07 Oct 2021 11:20:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222182

Поранешниот гангстер од жешкиот белградски асфалт и ријалити учесник Кристијан Голубовиќ се пофалил дека изгубил речиси 18 килограми со намалување на шеќерот и јаглехидратите, но и значително зголемување на сексуалната активност! „Кога го намалив внесот на јаглехидрати ја зголемив сексуалната активност до максимум и ослабев речиси 20 килограми - вели Кристијан, кој пред овие промени тежеше 138 килограми. „Кристина и јас бевме растргнати поради бројните обврски, одевме од град во град, па јадевме каде што ќе стигнеме,  во ресторани, по кафеани ... Не одев рано во кревет, не јадев на време, јадев брза храна, затоа само се дебелеев... Кога се погледнав во огледало, сфатив дека морам да ги променам навиките од корен“ - вели Голубовиќ и додава дека потоа одлучил да сврти нов лист. „Ја поправив исхраната, престанав да јадам слатки и да пијам газирани пијалоци и што е најважно, сега имам секс 10-20 пати на ден. Активна сум пет до шест часа дневно во кревет и резултатите се тука. Така, сега, ако еден ден го прескокнувам сексот, буквално сум во криза“ - се пофали Кристијан и додаде: „Јадам месо исклучиво со салата. Во никој случај со компири или рижото. На тој начин не се дебелеам, и ги добивам протеините што ми се потребни. Мерката е исто така важна, не треба да се прејадувате. Кога ми е најслатко, јадам само уште еден залак и застанувам. Ако сум уште гладен, ќе изедам дузина апетисани, бадеми, лешници или индиски ореви за половина час и потоа ми е супер“ - раскажува гордо Голубовиќ. Иако она со што се пофали кога е дневната дозана на сексуална активност во прашање, не е баш за верување, можеби токму во апетисаните е тајната на „моќта и супериорноста“ во постела, на доскорешниот „задругар“?! Фото: Инстаграм принтскрин/kristina_spalevic]]>