извинила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Dec 2021 08:43:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png извинила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара се поднови со нов автомобил, но не стигна ни да му се израдува: По два дена и го удрија, па девојката што ја удри избега (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-se-podnovi-so-nov-avtomobil-no-ne-stigna-ni-da-mu-se-izraduva-po-dva-dena-i-go-udrija-pa-devojkata-shto-ja-udri-izbega-foto/ Tue, 07 Dec 2021 08:40:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230211

Тамара Тодевска само што се пофали дека се подновила со нов автомобил, не минаа ни цели два дена, а веќе  истиот и го удрија. Имено, на познатата скопска улица Рузвелтова, една девојка онака прописно и ја „собрала“  целата возачка страна од крај до крај... Од задната до предната врата, видливо оштетувајќи и ја тукушто купената тиркизно сина „Микра“ на пејачката. По удирањето следело и извинувањето, ама и бегањето на девојката. „Извинела и кидавела“ - што би рекле некои. Ниту договор  за обесштетување на направената штета, ниту полиција, ниту да се направи таканаречен Европски записник кој се практикува кога штетата не е голема, а нема ниту повредени или не дај Боже жртви во сообраќајката, а виновникот е очигледен. Тогаш двете страни се договараат, а  осигурувањето ги  покрива трошоците за поправката. Откако уредно се извинила и му ја скубнала, девојката повеќе ниту се појавила, ниту се јавила кај пејачката која загубила трпение, па на социјалните мрежи  Тамара споделила соопштение покрај фотографијата од оштетениот автомобил: Дали совеста проработи, па причинителката на штетата сепак се јави кај Тамара за да се договорат за подмирување на направената сообраќајна белја, или остана полицијата да го бара сторителот, засега останува мистерија!? Ако е првото, прашање е зошто на сторителката  со прозивање по социјални мрежи мора да и се буди совеста, кога е свесна што сторила? Ако пак и по такавата реакција и понатаму „мува не ја лази“ па си тера по свое „мртва ладна“, тогаш дали можеби во следната јавна објава Тамара ќе се потруди девојката да ја направи „славна“? Фото: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska  ]]>