изведувачи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Oct 2023 14:02:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png изведувачи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ѕвезден сјај збогатен со свежа музичка надеж на втората ревијална вечер од 38-то издание на Макфест (Галерија) https://arhiva.vistina.com.mk/zvezden-sjaj-zbogaten-so-svezha-muzichka-nadezh-na-vtorata-revijalna-vecher-od-38-to-izdanie-na-makfest-galerija/ Sun, 22 Oct 2023 08:24:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323328

Во сабота (21 октомври) се одржа втората ревијална вечер од 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Во домот на културата „Ацо Шопов“ настапија 13 афирмирани македонски музички имиња, на кои им се придружија и петте кои со гласовите на публиката и жирито беа избрани за најдобри од првата фестивалска вечер. Со настапот на познатите македонски музички имиња на макфестовската сцена, фестивалот дополнително го доби ѕвездениот сјај кој го имаше некогаш, па ова издание беше пример дека престижот да се настапува на „Макфест“ се врати назад, што за следните изданија  поставии поголеми очекувања кога се настапите на најголемите македонски ѕвезди на фестивалот во прашање. Вечерта започна со настапот на петмината изведувачи, односно младите надежни имиња чии песни и настапи се издвоија претходно, во првата макфестовска вечер. Александра Трајческа, Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ беа имињата кои ја имаа привилегијата по вторпат да ги отпеат своите песни. По нив следеа најавените и веќе очекувани музички имиња, секој со песни во својот препознатлив фазон, делумно со шмек на новото модерно музичко време. Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Таско и Магдалена, Панче Касапски, Ламбе Алабаковски и Полина, Симона Поповска, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, групата „Љубојна“, Зоран Илиев и Боно и Давид Миладинов... Сите буквално блескаа на макфестовската сцена, вдахновувајќи му нова душа на фестивалот. И сето тоа збогатено со специјалната визуелизација на сцената преку видеоскриновите на кои течеше видео приказна, специјално подготвена за секоја песна, која соодветствува со нејзиниот жанр, ритам и приказната во стиховите. Нешто што досега никогаш не се случило и не беше видено, давајќу ми на „Макфест“ уште една дополнителна содржина која ги следи тековите на новото време. Повеќето од пејачите како искусни или победници од изминатите изданија, макфестовската сцена ја чувствуваа како своја, а таа енергија пулсираше во секој од настапите, што публиката и тоа како знаеше да го почувствува, возвраќајќи го својот фидбек кон изведувачите со аплаузи и овации. Вечерта како изненадување во вид на најава на пејачите, покрај водителската двојка Марјана Станојковска - Димитар Атансовски имаше и неколку специјални презентери, а највпечатливо од сите беше појавувањето на Вера Јанковиќ, која години наназад беше заштитно водителско лице на фестивалот. На сцената застанаа и Миро Кацаров кој ги поздрави своите сограѓани штипјани, а до него беше и Светлана Црнокрак. Пејачите секогаш знаат да кажат дека дружењето е најважното од фестивалите, а овој пат тоа беше во комплетна смисла, бидејќи наградите беа изоставени, зашто заложбите на организаторот и уметничкиот  совет на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди. Единствена парична награда од 120 илјади денари беше доделена на Лара и Пајак за „Бела“ како најслушана песна меѓу две изданија на фестивалот со импресивни 27 милиони прегледи на Јутјуб. Се' на се“, годинешниот „Макфест 2023“ донесе нов ветер и нова енергија, вбризга свежа крв, направи квалитативен апдејт на лани започнатото, како надградба на она што некогаш било  и останало музичка  историја и ова што денешното време и модерните текови го бараат. Вистинска музичка фешта, ревија на хитови и парада на големи ѕвезди, како и оние кои допрва се раѓаат, чии настапи и песни ветуваат нова иднина за македонската музичка сцена. Нивното вртење во радио и ТВ етерот и присуството во медиумите во текот на годината, меѓу две фестивалски изданија, тоа допрва треба и да го потврди. Конечно и од виденото и прикажаното во двете фестивалски вечери, доволно може да се заклучи дека тимот што работеше и го правеше музичкиот избор, уметничкиот директор Роберт Саздов и членот на Уметничкиот совет  Јован Јованов, направиле вистински погодок во желбата да ја спојат традицијата и денешнината, шлагерот и (т)рапот, поп музиката и фестивалската балада... Да направат совршен баланс на различни музички правци и жанрови, заено сите модерно спакувани во едно одлично фестивалско издание. Беспрекорната фестивалска организација на општина Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов и главниот координатор на фестивалот Александар Арсовски, како и целокупната екипа која работела на подготовките, се само уште една потврда дека кога се има желба и знаење и со сопствени сили и финансии може да се организира повеќе од добар фестивалски спектакл. Тоа го потврди и огромниот интерес на македонските медиуми кои беа бројни и масовно присутни при комплетното следење  на фестивалот уште од самите негови подготовки до последната отпеана нота како никогаш досега во последните години, што е само некаква „јаготка на шлагот“ и потврда дека добриот ПР и маркетинг се влог кој повеќекратно носи добивка за сите... Најмногу за македонската публика и јавноста воопшто, која е желна за добра македонска музика, хитови, забава, дружење... А на годинешниов Макфест 2023 сето ова го имаше во изобилство! Во продолжение погледнете ја фото галеријата од втората вечер на Макфест 2023: фото: Vo Stip.мк принтскрин/ Приватна архива  ]]>

Од 19 до 22 октомври 42. Скопски џез фестивал https://arhiva.vistina.com.mk/od-19-do-22-oktomvri-42-skopski-dhez-festival/ Tue, 17 Oct 2023 06:10:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322645

Единаесет светски етаблирани состави од САД, Европа, Бразил и Македонија ќе ја претстават својата музика во Националната опера и балет и во МКЦ во рамки на 42. издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржи од 19 до 22 октомври. Годинава публиката ќе може да ги следи концертни настани во согластност со мотото на Гард Нилсен Суперсоник Оркестра: „Ако слушаш внимателно, музиката ќе биде твоја!“. – Програмата, распоредена во четири вечери, е исклучително силна, разновидна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес, соопштија од Фестивалот. Фестивалот годинава ќе го отвори ексклузивната премиерна изведба на делото „After the Wildfire“, специјално за оваа прилика компонирано од норвешките џез ѕвезди Арве Хенриксен и Јан Банг како солисти, заедно со перкусионистот Ингар Зак. Музиката е аранжирана и под диригентство на Џијан Емин за Fame’s Institute Orchestra, а во изведбата ќе бидат вклучени и неколку познати македонски пејачки и кавалџии. Истата вечер во МКЦ ќе настапи култниот композитор, корнетист, пејач, поет и еклектичен ерудит Бен Ламар Геј со неговиот ансамбл. Станува збор за еден од најоригиналните џез-уметници денес, претставник на инспиративната чикашка музичка сцена и потписник на водечката издавачка етикета во светот кога е во прашање современата креативна музика – International Anthem. Звукот на Геј поседува уникатен, препознатлив стил што тој го нарекува „Pan-American“, со широк спектар на влијанија: од џез до фанк, од R&B до тропикалија и од хип хоп до електро и современа класика. Во рамки на втората фестивалска вечер ќе има два различни концертни настапи. Ќе настапи италијанскиот саксофонист Роберто Отавијано со својот актуелен проект „Eternal Love“, посветен на Африка, нејзината култура, музика и луѓе. – Заедно со својот блескав квинтет, Отавијано нè води на возбудливо патување, во потрагата по звук и јазик што ќе ги обедини слободната импровизација, славната традиција на џезот и културните корени, наведуват од Фестивалот.   На фестивалска вечер ќе настапат и Силви Курвоазие и Мери Халворсон, современи импровизаторки кои на апстракцијата ѝ пристапуваат од две различни перспективи. Курвоазие како пијанистка што ги премостува фри џезот и европската класична музика, и Халворсон како деконструктивна гитарска импровизаторка, силно поврзана со бруклинската авангардна џез сцена. Полноќниот концерт на домашниот џез состав „Cobalt Code Unit“ ќе ја заокружи првата половина од годинашната фестивалска понуда. Се работи за четири млади музичари кои, низ призмата на авангардниот израз, ги контемплираат хоризонтите на современиот џез, слободната импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Дел од овој состав се Драган Теодосиев – тапани, Симеон Ангеловски – бас гитара, синтисајзер, хармоника, Стефан Миладинов – гитара и Благојче Томевски – кларинет. Саботната вечер на претстојното издание на фестивалот ќе помине во знакот на две значајни имиња на американскиот џез. Големиот џез пијанист Џејсон Моран ќе одржи соло рецитал. Последното гостување на овој брилијантен уметник на Скопскиот џез фестивал беше во 2008 година, кога се претстави со своето оригинално трио „Bandwagon“. Во сабота во Националната опера и балет ќе настапи Џоел Рос, кој е најавен како еден од клучните протагонисти на новата генерација американски џез музичари, градејќи сè побројна и попосветена публика. Иако млад, го сметаат за најдобар џез-вибрафонист во светот во моментов, наследник на легендарните Милт Џексон и Гери Бартон. Познат е по своите извонредни технички вештини и виртуозност, но и по искрениот и автентичен пристап кон музиката. Ова е неговиот прв настап во Скопје, со својот квартет „Good Vibes“. Во полноќната саботна програма публиката ќе има можност да го проследи уникатниот перформанс на тандемот „Rite“, составен од Зое Пиа и Матс Густафсон. Зое Пиа е италијанска кларинетистка, композиторка, музички ентузијаст и истражувач од Сардинија, а Матс Густафсон е познат шведски саксофонист, импровизатор, композитор и херој на скандинавската фри-џез сцена. Последната вечер на 42. Скопски џез фестивал ќе ја отвори триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез. Каучич е неприкосновена словенечка џез и импро легенда, плоден композитор, тапанар и уметник во слободен стил. Бери Гај е иновативен басист и композитор чијашто креативна разновидност во областа на џез импровизацијата, камерната и оркестарската изведба, како и соло рециталите, е резултат на страста за експериментирање и идеалот за музичка комуникација. Агусти Фернандез е еден од ретките шпански музичари со висок интернационален рејтинг и светска референца во областа на импровизираната музика. Во Националната опера и балет во 22 часот ќе настапи скандинавска екипа која во последниве три години го освои светот и е „привилегија“ на најквалитетните и најелитните европски џез фестивaли – Gard Nilssen Supersonic Orchestra. Тоа се 18 големи имиња на скандинавскиот џез, сите поединечно лидери на бендови и импровизатори од светска класа. Музиката е енергична, сугестивна, динамична, креативна и експлозивна, инспирирана од Орнет Колман, Фела Кути, Сан Ра, Алис Колтрејн, Дјук Елингтон, Луис Мохоло и Кертис Мејфилд. Годинешното фестивалско издание ќе го затвори еден од најпознатите, највозбудливите и највлијателните експоненти на современиот афро-бразилски звук денес – „Bixiga 70“. Тие умешно ги вткајуваат бразилските влијанија во својот звук, создавајќи уникатно и моќно музичко искуство. На завршниот концерт на 42. Скопски џез фестивал, експлозивните Бразилци ќе го претстават својот најнов, штотуку објавен, петти албум „Vapor“ (Glitterbeat Records). Во рамките на фестивалот ќе биде доделена традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2023 година, а ќе биде организирана и Џез работилница за деца „Jazz for Kids“. Скопскиот џез фестивал и годинава, во соработка со УНХЦР, продолжува да го негува проектот Џез за солидарност со бегалците, упатувајќи уште еден гласен апел за емпатија, сочувство со неправедно и насилно раселените, обездомените, обезнадежените… извор:курир.мк]]>

На само неколку дена до Нова Година на скопскиот плоштад (не) се знае кој ќе настапува: Неофицијално – Елена Ристеска, Дупер, Саут парк, фолкерите од Мерак меана… https://arhiva.vistina.com.mk/na-samo-nekolku-dena-do-nova-godina-na-skopskiot-ploshtad-ne-se-znae-koj-kje-nastapuva-neoficijalno-elena-risteska-duper-saut-park-folkerite-od-merak-meana/ Tue, 27 Dec 2022 11:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281750

На само неколку дена пред Нова година, скопската градоначалничка Данела Арсовска не се појавува пред медиумите, бега од камерите и не открива детали за новогодишната вечер. Плоштадот е сиромашно украсен, а далеку посвечено изгледаат дури и најмалите гратчиња во провинцијата.
Програмата за која се зборува само во кулоарите кој ќе настапува на скопскиот плоштад за Нова година исто така засега не е официјално потврдена. Извесно е дека главна ѕвезда е одбрана да биде поп пејачката Елена Ристеска, иако никој тоа од Град Скопје не го потврдил, ниту пак објаснил по кој критериум токму неа ја одбрале. Да не се пофалеше и не обзнанеше самата Ристеска на својот Инстаграм профил пошироката јавност не ќе знаеше дали воопшто нешто ќе се случува на плоштадот во македонската престолнина, вечерта за Нова Година.
„На 31ви декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме НОВАТА 2023ТА ГОДИНА. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад. Заедно со мојот бенд и со моите колеги од музичката естрада ќе го направиме дочекот на новата година незаборавен и полн со позитивна енергија и надеж. Ве чекам и ВЕ САКАМ НЕИЗМЕРНО! Ваша Елена“ - напиша Ристетска на Инстаграм, меѓу редови најавувајќи дека покрај неа ќе настапуваат и други естрадни изведувачи и групи. Неофицијално се зборува дека покрај Елена Ристеска вечерта на 31-ви ќе настапат и скопските бендови „Дупер“ и „Саут парк“. За фолк забавата се зборува дека ќе се погрижи екипата од популарната ТВ емисија на Сител, „Мерак меана“ со настапи на познатите македонски фолк ѕвезди: групата Скопски боеми, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ и други. Прославата се планира да започне околу 21 часот со настапот на „Саут парк“ кои ќе изведуваат познати светки хитови, а во Новата Година да се влезе со настапот на Елена Ристеска. Ова засега се' уште се само неофицијални информации, кои ни градоначалничката Данела Арсовска, ниту било кој друг од  Градот Скопје, ниту ги негира, ниту ги потврдува. Со тоа мистеријата околу годинешниот дочек на новата 2023 година на плоштадот во македонската престолнина, се сведува на „предновогодишна дочек криенка“.
]]>

Поскапе се’, дали ќе поскапат и цените на музичарите? (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/poskape-se-dali-kje-poskapat-i-cenite-na-muzicharite-video/ Thu, 30 Jun 2022 08:44:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256506

Сè е поскапо. Оваа реченица се почесто можеме да ја слушнеме во последно време,како овде кај нас но и во целиот свет. Буквално сите веќе имаат нови ценовници или ги прават - од производители на основни прехранбени производи, преку трговци со градежни материјали, разни репроматеријали, училишен прибор, облека, обувки, гориво... Но што е со музиката, музичките артисти? Дали ќе поскапат цените на нивните услуги, екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ истражуваше токму на оваа тема, ги прашаа дел од домашните изведувачи - дали ќе поскапат цените на нивните услуги, ова се нивните одговори: фото:Принтскрин Јутјуб/Каролина гочева/ видео: @guguchevski]]>

Вечерва е првото полуфинале на „Евросонг 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-e-prvoto-polufinale-na-evrosong-2021/ Tue, 18 May 2021 05:01:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203025

Домаќините ветуваат само добра забава, одлични сценски ефекти и фантастични изведувачи. Водители  на годинашната програма ќе бидат ТВ лицето Шантал Јансен, ТВ водителот и пејач Јан Смит, двократниот холандски евровизиски претставник (1998 и 2007 година) Едсилија Ромбли и  Јутјуб ѕвездата, Ники де Јагер. Првото полуфинале ќе го отвори последниот сениорски победник на Евровизија, Данкан Лоренс, со изведбата на неговиот сингл Feel something, што го сними во соработка со диџејот Армин ван Бурен. По завршувањето на натпреварот, за време на паузата за гласање ќе настапат пејачката Давина Мишел и актерката Текла Ретен, кои ќе го изведат перформансот „Моќта на водата“ придружена со истоимената песна и снимки од холандски делти, вклучително и насипи кои ја штитат земјата од Северното Море. Исто така, ќе се карактеризира со употреба на проширена реалност, што ќе придонесе сцената на Арената „Ахој“ да стане водена.   Годинашниот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во „Ахој“ Арената, а покрај Македонија која ја преставува Васил Гарванлиев кој ќе настапи како шести поред со „Here I stand“, вечерва следниве земји учеснички ќе ги претстават своите песни:
  1. Литванија:  „The Roop“ | Discoteque ; 2. Словенија: Ана Соклич | Amen; 3. Русија: Манижа | Русинка;  4. Шведска: Tuse | Voices; 5. Австралија: Moнтејн | Technicolour;                                                        6. Македонија: Васил | Here I stand;  7. Ирска: Лесли Рој | Maps; 8. Кипар: Елена Кагрину | El diablo; 9. Норвешка: Tiks | Fallen angel; 10. Хрватска: Албина | Тик-ток;                                                         11. Белгија: „Hooverphonic“ | The wrong place; 12. Израел: Eden Alen | Set me free; 13. Романија: Roksen | Amnesia; 14. Азербејџан: Efendi | Mata Hari;  15. Украина:  „Go_A“ | Buka                                      и 16. Малта: Destini | Je me casse.

„PIN Music Conference“ објави повик за изведувачи https://arhiva.vistina.com.mk/pin-music-conference-objavi-povik-za-izveduvachi/ Fri, 02 Oct 2020 11:06:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169749

„PIN Music Conference“ објави повик за изведувачи за престојното издание на конференцијата од 26-ти до 28-ми ноември.
Бидејќи една од целите на „ПИН“ е преку својата програма, да им даде можност на домашните таленти да настапат пред бројни професионалци од светот на музичката индустрија. Се повикуваат и охрабруваат сите талентирани изведувачи кои имаат желба да ја промовираат својата музика, да се пријават со пополнување на апликација на следниот линк:

Објавени изведувачите на „Макфест 2019“ https://arhiva.vistina.com.mk/objaveni-izveduvachite-na-makfest-2019/ Tue, 09 Jul 2019 13:17:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96895

Во тек се подготовките за претстојното 34. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој годинава ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. На денешната прес-конференција беа откриени и имињата на изведувачите што ќе се натпреваруваат годинава, меѓу кои има и голем број победници и дебитанти од претходните изданија на фестивалот. „Годинава фестивалот се совпаѓа со празникот 11 октомври, што ќе биде дополнителен придонес во одбележувањето на денот на македонската револуција. Иако е лето, време на одмори, подготовките си течат, со цел во октомври да имаме уште еден успешен фестивал“,кажа Драган Ристов од прес-центарот на „Макфест“, а уметничкиот директор Владимир Дојчиновски-Дојчин откри дека познати се сите изведувачи и дека во тек е финализирањето на композициите.
Годинава ни се враќаат дел од ланските дебитанти, но и дел од победничките имиња, како што се Мина Блажев и Наташа Малинкова, но среќен сум затоа што на фестивалот се враќаат и поранешни победници и реномирани имиња од македонската естрада. Годинава на фестивалот ќе ја имаме и Биба Додева, Росана Сариќ-Тодоровска, Елена Петреска, се враќа и Александар Ристовски-Принц, имаме интересно дуо составено од Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац. На фестивалот ќе настапи и Лена и Бојан Маротови, пинковите ѕвезди Мартија Станојковиќ, Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски и Трајче Георгиев, потоа Игор Узунов, Барбара, Виктор Апостоловски, како и тројца штипски изведувачи. Од авторските тимови, можам да кажам дека се застапени речиси сите, што ќе му даде посебен квалитет на фестивалот“, кажа Дојчиновски.
Во тек се и техничките подготовки за фестивалот. Постојат неколку идејни решенија за изгледот на сцената, а во тек се и останатите активности околу распишување тендерски постапки за организирање на фестивалот. „Наградите се 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ, и 1000 евра за трето место, додека техничките награди се по 500 евра поединечно, за најдобар аранжман ‘Драган Ѓаконовски – Шпато’, најдобар дебитант, вокална интерпретација и сценски настап“, напомена Кирил Панајотов, технички директор на „Макфест 2019“. Фестивалот финансиски го реализира Општина Штип, а истиот е поддржан од Министертсвото за култура со еден милион денари. За преносот и годинава е задолжена МРТВ, а фестивалот ќе се одржи во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип. Извор и фотографии: Макфест ]]>

Овие 30 македонски изведувачи се во трка за првите регионални музички награди на МАС 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-30-makedonski-izveduvachi-se-vo-trka-za-prvite-regionalni-muzichki-nagradi-na-mas-2019/ Wed, 16 Jan 2019 12:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67769

Започна вториот круг на гласање онлајн и преку СМС И официјално започна вториот круг на гласање за првите регионални музички награди што ќе бидат доделени на 29 јануари во арената „Штарк“ во Белград, на манифестацијата наречена „Мјузик авордс серемони“ или МАС. Во прелиминарниот список со номинации се најдоа 30 македонски изведувачи, но тој број сега е доста помал бидејќи во секоја категорија останаа само по шест номинирани, односно по шест уметници/дела кои добиле најмногу гласови во текот на првиот круг. Имено, македонската публика сега ќе може да го даде својот глас само за шест домашни песни и изведувачи, меѓу кои Ај кју“, Сара Мејс, „Фанк шуи“, Каролина Гочева, „Некст тајм“ и Лина Пејовска. Минатогодишните евровизиски претставници успеаја да влезат во потесниот круг во категоријата најдобра поп-песна од бенд со темата„Мојот крал“, а Сара Мејс со своето „Небо“ се натпреварува за титулата најдобра алтернативна електро-поп нумера. Фуриозната тројка „Фанк шуи“, пак, со својата „Виулица“ е во трка за наградата за најдобра рок-песна, а потенцијални добитници на признанието за најдобра етно-песна се Каролина Гочева за „Ти не дојде“ и „Некст тајм“ за ремек-делото „Слушам кај шумат шумите“. Од вкупно шесте македонски изведувачи што беа номинирани за најдобар нов изведувач, најмногу гласови успеа да добие некогашната Пинкова ѕвездичка Лина Пејовска.
Иако првично беше номинирано во 3, односно во 4 категории, ар-ен-би дуото ДНК не успеа да обезбеди ниту една официјална номинација, а во финалниот список го нема ни Лозано, кој беше номиниран за хитовите „Камо тебе да те имам“ и „Километри“. Правила за гласање преку СМС Како што споменавме, освен бесплатното гласање на официјалната веб-страна на МАС, каде што секој регистриран посетител има право на 20 гласа по категорија, отворени се и линиите за гласање преку СМС, а како што најавија организаторите, сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Имено, секој може да испрати неограничен број СМС пораки на бројот кој важи за сите мрежи во државата во која се наоѓа. За Македонија тој број е 149 330, а цената на една порака е 35,4 денари. Во пораката задолжително се пишува МАС, потоа се остава празно место, а потоа се впишува редниот број на номинацијата за која се гласа. И бесплатното гласање онлајн и преку СМС ќе трае до 28 јануари на полноќ.
ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕ ОВДЕ *На корисникот ќе му биде наплатено и доколку испрати погрешна содржина на пораката, и ако испрати порака по пред почетокот или по крајот на утврдениот период за гласање. Извор:РадиоМК]]>

„Макфест 2018“ го одржа првиот прес: Познати песните и изведувачите и одреден редоследот https://arhiva.vistina.com.mk/makfest-2018-go-odrza-prviot-pres-poznati-pesnite-i-izveduvachite-i-odreden-redosledot/ Wed, 26 Sep 2018 10:35:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50035

Во пресрет на претстојното, 33. по ред издание на фестивалот „Макфест“, кое ќе се одржи на 4, 5 и 6 октомври во Штип, вчера, вторник 25 септември беше одржана прес-конференција, во чии рамки со влечење жрепка беше утврден и редоследот на настапи за двете полуфинални вечери.
„Фестивалот ’Макфест’ е гордост за Штип. Верувам дека годинава ќе постигнеме најдобро издание и фестивалот ќе блесне во сиот свој сјај“, рече на прес-конференција градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, а Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“, објасни дека годинава нема да има телефонско гласање, туку дека победничките песни ќе се избират со медиумско гласање, гласање од стручно жири и со гласање на публиката во салата. Фотографија на Makfest. Вкупно 32 композиции, односно по 16 во двете полуфинални вечери, годинава ќе се натпреваруваат за награди во вредност од 5, 4 и 3 илјади евра за првите три места, како и оние од по 500 евра за најдобар аранжман, најдобра вокална интерпретација, најдобар дебитант и за најдобар сценски настап. Меѓу изведувачите има веќе докажани, но и нови имиња што допрва ќе се етаблираат на нашата музичка сцена, како што е најмладата учесничка Сара Гигова, чија „Љубовна бура“ ја има честа да го отвори фестивалот.
Во првата полуфинална вечер на 4 октомври ќе ги слушнеме и: Симона Попоска, Мина Блажев, Мартинијан Кириловски, Игор Узунов, Лена, Филип Пешевски, Пепа, Наталија Данаилова, Наташа Малинкова, Лина Пејовска, Горан Наумовски со Горан Папаз, Џокси, Димитар Андоновски со „Тајфата“, Кристијан Проданов и Ѓоко Танески. 
Следната вечер за влез во финалето ќе се натпреваруваат: Барбара, Огнен Здравковски, Маријан Стојаноски, Дани Димитровска, трио „Џентлмен“, Ивона Јовановиќ, Весна Спасова, Наталија Славева, Давид Миладинов, Роберт Билбилов, Анастасија, Александар Тарабунов, Симеон Коруноски, Антонија Гиговска, Мартина Митревска и Анета Ристова Василева.
Преносот на „Макфест 2018“ ќе се емитува на Македонската радио телевизија, со почеток во 20.30 часот за двете полуфинални и за финалната вечер. Водителка на фетсивалот е Марјана Станојковска.]]>