израел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 09:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png израел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Скршена: Ќерката на Кеба се огласи од Америка – „Молете се!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/skrshena-kerkata-na-keba-se-oglasi-od-amerika-molete-se-foto/ Tue, 10 Oct 2023 09:20:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321842

Наташа Којиќ, ќерката на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба, со години живее и работи во САД. Студирала на престижниот „Беркли“, се појавувала во некои реални шоуа, компонира музика за филмови и серии... Сепак, повеќе од една деценија не може да го посети семејството во Србија, бидејќи сè уште не ги средила нејзините документи. Ќерката на Кеба, која гради кариера од другата страна на Атлантикот под уметничкото име Наташа Кеј, проговори и за последните случувања на Блискиот Исток, давајќи му целосна поддршка на Израел. Заедно со статусот, таа објави слика од знамето на таа земја, со порака: „Молете се за Израел“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Natasha Kojic (@natashakeymusic)

„Моето срце е со сите мои пријатели и нивните најблиски, како и со народот на Израел. Се прашувам дали овој глупав свет некогаш ќе го собере своето...“ Наташа не е единствената. Бројни личности од светот на шоу-бизнисот испраќаат пораки за поддршка, особено оние кои се поврзани со Светата земја по потекло и раѓање, како „Wonder Woman“ Гал Гадот, која исто така мораше да отслужи две години редовен воен рок. фото: Instagram printskrin]]>

Претставничката на Израел е вистинска се*с бомба, но животната приказна на Ноа Кирел е страшна (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/pretstavnichkata-na-izrael-e-vistinska-se-s-bomba-no-zhivotnata-prikazna-na-noa-kirel-e-strashna-foto/ Mon, 15 May 2023 06:35:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301875

Ноа Кирел го претставуваше Израел на овогодинешното издание на Евровизија која се одржа во Ливерпул. Оваа девојка дури во полуфиналето ја освои публиката, а со својот танц засени многумина. Нејзината учесничка песна се вика "Unicorn" односно Еднорог и со неа го освои третото место  со вкупно 362 бода. Животната приказна на најатрактивната учесничка на „Евровизија“, израелската претставничка Ноа Кирел,  предизвикa огромно внимание кај евровизиските фанови. Израелската пејачка Ноа Кирел брзо ја освои ласкавата титула за најубава претставничка на „Евровизија“ и привлече огромно внимание. Ноа и покрај младата возраст веќе постигна многу, па не е позната само како пејачка, туку и како водителка, актерка и текстописец.   Својата дебитантска песна ја објави на 14 години, а на 18 потпиша договор со „Атлантик рекордс“, додека во 2020 година ја доби наградата за најдобар израелски изведувач на „MTV Europe Music Awards“. Сепак, на убавата и талентирана Ноа не и беше се лесно, ниту пак нејзиниот живот течеше мазно. Уште кога била мало бебе имала големи здравствени проблеми, а кога имала само два месеци и било дијагностицирано тешко заболување на бубрезите. Инаку, родителите и го дале името Ноја, но откако и се слошило, рабинот предложил да го променат во Ноа (што значи движење на хебрејски) и на шега „пророкувале“ дека ќе биде танчерка. Иако нејзиното здравје е подобрено, Ноа има само еден функционален бубрег, бидејќи другиот никогаш не се развил поради бактериска инфекција. Друг интересен податок за оваа убавица е тоа што ѝ се придружи на израелската војска во 2020 година и служеше во воениот оркестар. Таа го отслужи задолжителниот двегодишен стаж и почесно беше отпуштена на 14 февруари минатата година. Од октомври 2021 година, таа е во врска со израелскиот модел и актер Томер Хакоен. Фото: Принтскрин/Инстгарам/ЕПА]]>

Тамара Тодевска издвојува фаворит од Евровизија – според неа ова е највозбудливиот настап (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-izdvojuva-favorit-od-evrovizija-spored-nea-ova-e-najvozbudliviot-nastap-video/ Thu, 11 May 2023 07:38:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301457

Во сабота 13-ти мај ќе се одржи финалето на годинешното 67-мо издание на Евровизија, овој пат од Ливерпул – Велика Британија. Македонија не учествува на европскиот музички натпревар, но актуелноста за случувањето е присутна и кај нас, без оглед на тоа што намеме претставник. Откако од првата полуфинална вечер се избраа 10-те најдобри кои се пласираа во финале, нашата пејачка Тамара Тодевска ги изнесе своите впечатоци. Имено, таа преку своите „стори“ приказни го издвои највпечатливиот настап на големата евровизиска сцена, а тоа според неа е Израел со песната „Unicorn“ и Ноа Киреал. Модерната и електронска композиција ја пласираше убавата Ноа во финале, а по нејзиниот настап многу се зборува за енергичната кореографија која ја понуди од својот егзотичен танц. Меѓудругото, Тамара ја навјасаа спомени, па го сподели и нејзиниот највозбудлив момент од Евровизија 2019 година во Тел Авив кога „Proud“ ги добиваше 12-те поени од гласењето, а на крај заврши на втото место според гласовите на жирито. Инаку, според прогнозите на обложувалниците Шведска и Лорин имаат големи шанси за победа, па останува да видиме... фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб Eurovision Song Contest]]>

Социјалните мрежи „полудеа“: Велат дека таа е најубавата пејачка на Евровизија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sotsijalnite-mrezhi-poludea-velat-deka-taa-e-najubavata-pejachka-na-evrovizija-foto/ Thu, 11 May 2023 06:15:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301439

Младата израелска претставничка на Евровизија ја остави публиката без здив. Ноа Кирел ја маѓепса публиката со занесен танц во првата полуфинална вечер на „Евровизија 2023“. Таа со своето појавување стана миленичка на машкиот дел од публиката и успеа да се пласира во финалето кое ќе се одржи во сабота на 13 мај. Настапот на Израелка беше секако еден од највпечатливите во Ливерпул, а тоа го покажуваат и социјалните мрежи. Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм]]>

Синот на Марина Туцаковиќ бил пријавен за исчезнат во Израел, а безживотното тело веќе два дена лежело на улица од кварт со лоша репутација https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-marina-tucakovikj-bil-prijaven-za-ischeznat-vo-izrael-a-bezzivotnoto-telo-vekje-dva-dena-lezelo-na-ulica-od-kvart-so-losha-reputacija/ Thu, 22 Dec 2022 12:32:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281272

Телото на покојниот Милан Лаќа Радуловиќ два дена лежело на улица во зафрлениот дел на Тел Авив познат по својата лоша репутација, пред да биде пронајдено и однесено во мртовечница. Како што дознаваат српските медиуми од извор близок до семејството, им било кажано дека во оваа населба најмногу се собирале луѓе склони кон пороци, а многумина го избегнувале овој кварт, па тоа била една од главните причини зошто е толку тешко да се влезе во трага на текстописецот, чија смрт беше официјално потврдена во вторникот. – На Лаќа му беше многу убаво во Израел. Тој бил во посета на својот близок пријател, кај кого отишол на 2 декември и планирал да остане таму до Св. Никола. Целите денови им беа исполнети, ги посети ле сите историски знаменитости на градот, разни библиски места, ресторани. Тие двајца таму се сретнале и со заеднички пријатели. Тој беше одлично расположен, ништо не укажуваше дека може да се случи ваква трагедија. Таму го славеше и големиот еврејски празник. Тој навистина се радуваше на тоа. Меѓутоа, по неколку дена, откако се вратиле од излегување, Лаќа наеднаш го променил расположението. Изгледаше како да паднал во некаква депресија, насмевката веднаш исчезна од неговото лице. Се присети на својата покојна мајка Марина и братот Милош и на некои тешки приказни. Потоа се расплака со солзи, па му рекол на пријателот дека сака да биде сам и го напуштил сместувањето каде што престојувале. Тоа го направил навечер и рекол дека ќе се јави подоцна, вели изворот, продолжувајќи ја приказната за тоа што се случило после таа вечер, по што никој не го видел повеќе. – Лаќа потоа го исклучи својот телефон кој имаше израелски број и оттогаш е недостапен. Пријателот мислел дека сака само да биде сам и да размислува за се. Меѓутоа, бидејќи ден и пол или два не се јавил, се уплашил дека нешто му се случило. Овој пријател веднаш ги известил другите познаници од градот дека Лаќа исчезнал, па и тие почнале да прашуваат за него по болниците и низ градот. Кога виделе дека го нема никаде, пријателот решил да го пријави како исчезнат – додал тој. Милан, според него, го завршил животот во дел од градот кој има лоша репутација. – Кога беше пронајден, Лаќа беше мртов два дена. Тој лежел на земја во оддалечен дел од улицата. Таа населба има лоша репутација. Туристите не одат таму, којзнае како стигнал таму. Кога бил информиран, неговиот пријател избезумено отишол на идентификација, по што се потврдиле црните сомнежи дека се работи за исчезнатиот Лаќа – заклучува изворот. фото:АТА Images/YOUTUBE PRINTSCREEN/ PINK.RS/KURIR.RS]]>

Ненадејно почина Милан Лаќа Радуловиќ: Синот на покојната Марина Туцаковиќ пронајден мртов на улица во Израел https://arhiva.vistina.com.mk/nenadejno-pochina-milan-lakja-radulovikj-sinot-na-pokojnata-marina-tucakovikj-pronajden-mrtov-na-ulica-vo-izrael/ Tue, 20 Dec 2022 13:43:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280993

Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, син на покојната Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ, ненадејно почина денеска, пренесува Pink.rs.  Освен што успешно се справуваше со римите и зборовите при пишувањето текстови, Лаќа, како и неговиот татко, беше талентиран за продукција и аранжман на песни, а уште од мали нозе и помагаше на мајка си со големите хитови како „Автограм“ на Цеца и „Ајде иди“ на Чола и „Сто времиња“. Безживотното тело на Лаќа било пронајдено на улица во Тел Авив во Израел, а како причина за смртта се сомнева дека е внесување во телото на прекумерна доза недозволива супстанца од засега непознато потекло. Во меѓувреме во јавноста се огласил и неговиот татко Фута, кој според српските медиуми претходно, поточно на 12.12.2022 година го пријавил својот син за исчезнат. Во текот на вчерашниот ден тој добил информација дека Лаќа е пронајден на улица во Тел Авив, но најпрвин не знаел дали е воопшто жив и во каква состојба се наоѓа. Фото: Курир.рс/Зорана Јевтиќ  ]]>

Северина направила голем скандал во Хрватска: „ Не е исклучено да добие забрана на националната телевизија“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/severina-napravila-golem-skandal-vo-hrvatska-ne-e-isklucheno-da-dobie-zabrana-na-nacionalnata-televizija-foto/ Thu, 01 Dec 2022 08:13:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278087

Пејачката Северина Вучковиќ направила проблеми на хрватската телевизија бидејќи на снимањето на новогодишната програма постојано го менувала датумот на пристигнувањето, а кога ги преместија сите други пејачки за да ја сместат, таа на крајот не се појавила. Како што пишуваат тамошните медиуми, Вучковиќ најпрвин ги молела организаторите да го поместат времето за нејзиното закажување, а иако дошле да ја пречекаат, таа не одговарала на повиците и пораките непосредно пред нејзиното пристигнување, а тие набрзо на нејзиниот Инстаграм виделе дека заминала на одмор. - Северина пред еден месец имаше договор со организаторите да дојде во одредено време, па три дена пред снимањето објави дека не може да пристигне во договореното време. Таа побарала се да се пресели за средината на декември, а потоа и објасниле дека е доцна бидејќи материјалот од снимањето на новогодишната програма е монтиран многу порано. На крајот успеале да и го поместат датумот на снимање. Било договорено да помине покрај другите пејачи, а кога и се јавиле да го потврдат времето на пристигнување, таа не се јавила на телефонот - откри на почетокот упатениот извор.  Северина не ни навести дека оди на патување, па сите останаа шокирани кога видоа дека таа воопшто не е во Хрватска. -Таа не го спомна одморот и патувањето во Израел. Северина редовно објавуваше фотографии на Инстаграм, се снимаше цел ден, но не одговараше на никого од телевизискиот тим. И праќале пораки, и се јавиле преку Вацап да проверат дали терминот останал, но таа не одговорила. На крајот само се огласи кога се враќаше во Хрватска, но не потврди дали ќе дојде во договореното време на снимање, па челниците дефинитивно побараа замена, со наредба се да се монтира без неа - вели. изворот и додава: - Не е исклучено Северина да добие забрана за наведената телевизија. Таму се лути затоа што ги влечеше, а како што велат, не и е прв пат да се однесува неодговорно. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Северина]]>

Квентин Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга ја споделија среќната вест: Семејството е побогато за уште еден член (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kventin-tarantino-i-negovata-20-godini-pomlada-sopruga-ja-spodelija-srekjnata-vest-semejstvoto-e-pobogato-za-ushte-eden-chlen-foto/ Wed, 06 Jul 2022 07:05:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257246

Режисерот Квентин Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга Даниела  Пик со задоволство објавуваат дека станаа родители по втор пат. Даниела го роди нивното девојче, а за бременоста на неговата сопруга се дозна дури во февруари. Парот веќе има син, кој се роди во 2020 година. По синот Лео, кој се роди во февруари 2020 година, во семејството пристигна и девојче, пишува „People.“ Данијела Тарантино е ќерка на израелската пејачка и текстописец Звика Пика, а парот првпат се запозна во 2009 година кога режисерот го промовираше својот филм „Безмилосните копилиња“ во Израел. Тие се верија во 2017 година, а се венчаа во ноември 2018 година во Лос Анџелес. Квентин живее во Тел Авив со своето семејство и се обидува да го научи својот син да зборува хебрејски и англиски. Многумина мислеа дека малиот Лео го добил името по Леонардо ди Каприо (47), но режисерот негираше. - Речиси и да не го викавме Лео за луѓето да не помислат дека сме го именувале по Ди Каприо. Секако, нема спор дека неговото име беше наша инспирација, но нашиот син го доби името по дедото на Даниела, но и затоа што е во нашите срца - наше мало лавче - изјави Тарантино минатата година во ток-шоуто на Џими Кимел.   Фото:Принтскрин/Тајнуг/ЕПА
]]>

Уште еден скандал на Евровизија 2022: Претставникот на Израел ја ископира песната „До јаја“ на „Тrik FX“ https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-eden-skandal-na-evrovizija-2022-prestavnikot-na-izrael-ja-iskopira-pesnata-do-jaja-na-trik-fx/ Fri, 11 Feb 2022 09:46:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238684

Наталија и Сани Ибраимов од групата „Trik FX“ се најдоа среде сканал на светско ниво. Имено, преставниците на Израел на Евровизија 2022 ја ископираа нивната песна „До јаја“ од 2009 година. Пејачот Мајкл Бен Давид победникот на „Х фактор“ ја изведува песната „I.M“ . Меѓутоа некои корисници на Твитер и на други социјални мрежи тврдат дека песната е плагијат и дека јасно се слуша сличноста меѓу песната на „Тrik FX“ и изреалскиот преставник на Евровизија. -Изралеската песна треба да биде дисквалификувана поради непочитување на евровизиските правила. Таа е иста како песната на „Trik FX“, е еден од коментарите на Твитер. Наталија и Сани се огласија по овој повод и истакнаа дека им е драго што дел од нивната песна ќе се појави на Евровизија. -До јајаа! Тооо одиме! Песната е одлична. Ликот е супер. Му посакуваме успех и пласман. Немаме ништо против што дел од нашата песна е искористен за неговата песна. Да ја ископираше целата песна можеби ќе размислувавме за тужба, а вака, бидејќи се работи за дел, нема врска...изјавија тие за курир.рс За потсетување, ова е втор плагијат на овагодинешното издание на Евровизија. Шпанските претставници ја ископираа песната „Екстравагантно“ на Дара Бубамара. фото: принтскрин/јутуб]]>

Oва е најскапиот град за живеење во светот https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-najskapiot-grad-za-ziveenje-vo-svetot/ Fri, 10 Dec 2021 13:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230712

Париз оваа година го дели второто место со Сингапур, а во првите пет се и Цирих и Хонгконг. Тел Авив стана најскапиот град на светот за живот поради забрзаниот раст на инфлација кој ги зголемил цените на стоката и услугите ширум светот во време на пандемијата на коронавирусот. Главниот град на Израел се наоѓа на врвот на листата. Париз оваа година го дели второто место со Сингапур, а во првите пет се наоѓаат и градовите Цирих и Хонгконг, пренесува „Гардијан“. На шестото место се наоѓа Њујорк, а потоа следуваат Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака. Најевтиниот град на светот е Дамаск. Напредувањето на Тел Авив на листата најскапи градови делумно е последица на моќноста на националната валута во однос на доларот, како и зголемувањето на цената на транспортот и намирниците. Тој град ја зазеде и горната третина од табелата во сите 10 главни категории за потрошувачка на EIU. Податоците за цените на 50.000 стоки и услуги во 173 градови добиени во месец август и септември покажуваат дека во просек цените се зголемиле за 3,5 отсто по локалната валута, што е најбрза стапка на инфлација во последните пет години. извор: точка.мк]]>