изповед – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Apr 2018 09:12:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png изповед – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тажна исповед: Емина Јаховиќ најпосле откри зошто се разведе од Мустафа Сандал! https://arhiva.vistina.com.mk/tazna-ispoved-emina-jahovikj-najposle-otkri-zoshto-se-razvede-od-mustafa-sandal/ Fri, 27 Apr 2018 09:11:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=23731

Емина Јаховиќ проговори за разводот од турската ѕвезда Мустафа Сандал и призна дека минува низ доста тежок период како приватно, така и професионално. Иако се шпекулираше за многу причини зошто се раздели познатата двојка, пејачката најпосле реши да ги прекине сите приказни и да ја открие вистинската причина зошто мораа да го прекинат бракот. -Ништо нема да се промени поради тоа што немам сопруг, вели Емина. Како што додава, никогаш не се карала со сопругот, едноставно љубовта исчезнала. Претходниот период за неа беше доста турбулентен, а дури пред година ипол донела одлука дека треба да се разведе. -Не сметам дека семејството се сруши, јас и Мустафа остануваме пријатели, тој е добар човек, заклучува таа. фото:инстаграм]]>

Исповед на Јелена Карлеуша: Ме шутираа, кубеа за коса, плукаа и навредуваа! https://arhiva.vistina.com.mk/ispoved-na-jelena-karleusha-me-shutiraa-kubea-za-kosa-plukaa-i-navreduvaa/ Fri, 10 Nov 2017 13:03:05 +0000 http://vistina.mk/?p=3279

Потресена од врсничкото насилство, Јелена Карлеушва откри дека со тој  проблем се борела во текот на школувањето. По тој повод напиша отворено писмо и откри се. Имено, пејачката на оваа тема првпат проговори и откри низ каков пекол минувала во детството.
Своето отворено писмо им го посвети на децата и го наслови  „Деца прочитајте“:  
Бев исклучително високо девојче во основното училиште, делував постаро, така што постојано бев на мета на децата од повисоките одделенија. Главно агресивни момчиња. Моето чудно презиме исто така беше проблем. Бидејќи бев исклучително храбро девојче, насилниците ми приоѓаа групно на одмор. Никако поединечно. Тоа е нивниот начин. Ја опкружуваат жртвата и почнува малтретирањето. Мене ме шутираа и ме кубеа за коса, плукаа и навредуваа. Никој од другите деца не ми помагаше,а  јас по некое непишано детско правило, не им кажував на наставниците и родителите. Одлучив да се борам и изборам сама. Во одделнието во кое одем имаше и две аутистични деца, Јелена и Ненад. Бев еден вид на заштитник на тие деца кои исто така ги малтретираа па и поради нив добивав ќотек на одморот. Најмногу страдаше Ненад кому од ударите со тупаница во глава му течеше крв од ушите додека врескаше. Бидејќи само јас сакав да му ја бришам крвта, децата се смееја и ни збореа дека сме маж и жена. Во една прилика по жестоко малтретирање на Ненад пред часовите, кога учителката Соња влезе во училницата јас кренав два прста и и раскажав кој се го тепаше и како. Учителката не направи ништо, а мене, тие мали скотови за казна ме нападнаа, шутираа и плукаа на првиот нареден одмор. На основното училиште се сеќавам како на пекол, рече Јелена а потоа објасни што и се случувало во средно. Кога тргнав во прва година гимназија веќе имав 180 см и изгледав како русокос вонземјанин. Секое приоѓање во школскиот двор полн со деца ми беше стресно. Толку стресно што по извесно време мајка ми ме отпиша и го сменив училиштето. Набрзо потоа го снимив првиот албум и мојот живот тргна понатаму. Некого сето тоа би го скршило, а мене за среќа ме засили. Поради лошото искуство што го имав, моите деца ги запишав во приватно училиште, зошто сметам дека се многу чувствителни и дека се силни како нивната мајка на истата возраст. Еве и порака за Ненад К., се надевам дека е жив и здрав, жал ми е што преживеа грозно повеќегодишно мачење и жал ми е што не успеав да го заштитам. Никогаш не го заборавив. Неговото мачење е лајмотив на моето детство. Поради сите загрозени деца, кои не се борбени и силни и јаки како што бев јас, го кревам гласот за нив! Ова е голем социјален проблем кој доаѓа од дома, зошто децата напаѓачи се слика и прилика на родителите кои такви ги направиле. Многу сум за тоа да се казнуваат малолетните делеквенти и вработените во училиште кои не реагираат и родителите кои се одговорни за однесувањето на тие деца! Мора итно да се донесат закони!!!
]]>