изложба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 20 Jan 2024 09:11:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png изложба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Кризата игра“: Отворање на изложба на Игор Станоески во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/otvorane-na-izlozhba-na-igor-stanoeski-vo-mkts/ Sat, 20 Jan 2024 06:58:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335461

Во понеделник, 22 јануари во 20 часот во Галеријата МКЦ ќе биде отворена изложбата “Кризата Игра” на Игор Станоески. Игор Станоески a.k.a ИГИ МАН е мултимедијален автор, музичар, композитор-аранжер, текстописец, академски скулптор и продуцент. Роден е на 02.07.1986 во Скопје, завршува средно училиште за применета уметност отсек применето вајарство Лазар Личеноски – Скопје во 2004, дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности – Скопје , на отсекот вајарство во класата на Жарко Башески во 2013 година. По дипломирањето работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук (музика) , форма (скулптура) , цртеж и боја. Првите интернационални референци ги добива во сферата на музиката и аудио-визуелните проекти , меѓутоа подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми како сликарството и вајарството низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор. Во 2017 година го официјализира своето творештво отворајќи ја фирмата “ Креативна работилница ИГИМЕН “ со дејности, создавање и издавање на аудио записи и креирање на уметничко творештво. Изложбата претставува внатрешно патување низ дефектите на сегашноста. Кризата како персонификација на механиката на хаосот, наспроти хармонична светлина. Струја за програмирање на колективот и истовремено алатка за кршење на индувидуализмот. Патот низ кризата е синтетизирано трансформиран во игра за оние кои успеваат да ја преживеат. Досега има изложувано во повеќето галериски простори низ Македонија, како и надвор од државата.
Фото: Фејсбук/Igor Stanoeski  (Igi Man)
]]>

„Kога жената пишува олимписка историја“: Пулексенија Јованоска е дел од изложбата – „Жените и спортот“  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/koga-zhenata-pishuva-olimpiska-istorija-puleksenija-jovanoska-del-od-izlozhbata-zhenite-i-sportot-foto/ Wed, 20 Sep 2023 06:36:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318773

На изложбата која се реализира во пресрет на Олимписките игри во Париз 2024, од Маја Аргакијева се најде и фотографија од македонската каратистката Пулексенија Јованоска. Таа е македонската врвна спортистка, единствената која ја претставувала Македонија на Олимпијадата во Токио и претставува голем пример за младите и голема инспирација и за мажите и за жените кај нас, а како женска фигура се залага и придонесува кон родовата еднаквост во спортот. За Пулексенија Јованоска, поентата на оваа изложба е да се долови моментот дека жената може да биде еднакво застапена во спорот како и во уметноста. – Драго ми е што изложбата ја направи Маја Аргакијева, жена која што беше инспирирана од нашите успеси како спортистки, од секој спорт индивидуално, да може да ја искаже силата и убавината во спортот преку една фотографија, истакна таа. Јованова преку спојот на убавината и каратето успева да ја покаже моќта на жената, а на нејзиниот Инстаграм профил таа сподели дел од атмосферата и како се чувствувала за време на изложбата. „Kога жената пишува олимписка историја станува фотографија за вечноста“ - напиша таа. Дел од изложбата организирана од Француската амбасада во Македонија беа вклучени и спортистките Ана Цветановска – нордиско скијање, Анамарија Георгиевска – Таеквондо, Арбреша Реџепи – Џудо, Дрита Исљами Бафтири – Атлетика 400м со пречки, Ива Пројковска – Фудбалски судија од рангот ФИФА/УЕФА/ФФМ, Катерина Николоска – џудо, Милијана Рељиќ – Таеквондо, Наташа Мешковска – пливање 200 метри пеперутка и Пулексенија Јованоска – карате. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Пулексенија Јованоска]]>

Изложба „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен https://arhiva.vistina.com.mk/izlozhba-zabraneti-luge-od-dhon-ilija-apelgrin/ Fri, 30 Jun 2023 09:10:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308348

Во моментот кога замреа микрофоните, силно ми зазвучи тишината во животот на „забранетите“,а фотографијата ми се виде како најсоодветна за „заробување“ Утре во Кинотека на Македонија, со почеток во 20 часот, се отвора изложбата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен. Црно – белите фотографии на музичарите кои публиката ќе може да ги видисе всушност дел од неговата книга издадена за време на ковид пандемијата со ист наслов„Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, е своевиден книжевен документарецза незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19. Апелгрин покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите. Оваа изложба се поставува во склоп на фестивалската понуда на Скопско лето. „Со фотографија се занимавам од поодамна. Љубовта ми се роди во Англија, кога го добив првиотфотоапарат „Пентакс асахи“, во 1989 година… Во моментот кога замреамикрофоните, силно мизазвучи тишината во животот на „забранетите“, а фотографијата ми се виде како најсоодветна за„заробување“ на таа тишина во фотографиите и решив да ја раскажам нашата приказна на овојначин “, објаснува тој. Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција сеноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Фотографиите се портрети на музичарите застапени во книгата. Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски-Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска-Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал), Кирил Кузманов(саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал) и Џон Илија Апелгрен (вокал). Апелгрен воопшто не помислил дека во паниката што настана од вирусот, независните уметници - изведувачи ќе бидат сосема заборавени и тргнати настрана од системот… Дека ќе бидат забранети ноќните свирки и настапите во живо во локали. Тој е еден од многуте музичари на кои со мерките за справување со пандемијата им беше забрането да настапуваат. Тие станаа „забранети луѓе“. Објавувањето на книгата имаше солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата.]]>

Изложба на македонски музички плакати во Галерија МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozhba-na-makedonski-muzichki-plakati-vo-galerija-mkts/ Fri, 26 May 2023 10:40:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303823

Во рамки на четвртото издание на „Скопски Градски Фестивал„ Баги Комуникации организира изложба на македонски музички плакати. Изложбата ќе биде отворена на 26 мај, во Галерија МКЦ, со почеток во 20 часот и граѓаните ќе можат да ја погледнат до 5 јуни. „На изложбата ќе бидат претставени 40 плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении и истата е своевиден пресек и документ на македонскиот музичкиот дизајн, велат организаторите. Инаку „Скопски Градски Фестивал„ за своите 4 години постоење сериозно го зазема своето место на мапата на културни настани кои вреди да бидат посетени. Фокусирајќи се на концерти од различни жанрови како џез, рок, етно, фјужн, фестивалот нуди богата и квалитетна програма за вистинските музички познавачи и љубители. Веќе за следната година, кога се најавува јубилејното 5 издание на Фестивалот од Баги Комуникации најавуваат збогатување на програмата и со други културни форми и содржини.

Влезот на изложбата на македонски музички плакати во МКЦ е бесплатен за сите посетители.„Скопски Градски Фестивал„ е поддржан од Министерство за култура и Комерцијална Банка.

Изложба на дела од Мирослав Масин во КИЦ Битола https://arhiva.vistina.com.mk/izlozhba-na-dela-od-miroslav-masin-vo-kits-bitola/ Thu, 30 Mar 2023 12:22:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295880

ЈОУ Културен и информативен центар – Битола и Меѓународната ликовна колонија „ДеНиро“ со особено задоволство Ве покануваат на Изложба на дела од ликовниот уметник Мирослав Масин, дел од приватната колекција „Филеви“.

Четврток 30.03.23, Офицерски дом – КИЦ Битола, Кристална сала 19.00 ч.

FIGHT: Студио PRINT NEST со изложба во МКЦ – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/fight-studio-print-nest-so-izlozba-vo-mkc-skopje/ Fri, 04 Nov 2022 14:12:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274478

Студио Print Nest, со изложба “Fight “ во изложбен салон Галерија „МКЦ“ Скопjе.Процесот на создавање е борба. Од раѓањето на идејата и обидите да ја контролирате до моментот кога ќе сфатите дека немате голема контрола врз она што се случува. Борбата со технологијата, времето, планираните и неочекувани настани, емоции кои го придружуваат авторот во процесот на создавање. Внатрешната борба да не фрлите се што сте направиле досега. Прашањата кои се наметнуваат - „Зошто треба да се бориме?“, Зошто не одиме со тек? Борбата да се спротивставиме на искушението да започнеме нешто ново. Pint Nest е студио во кое се собрани уметници заљубени во графиката .Студиото собира различни ликови, луѓе со различни способности и ставови кон животот, но со заедничка појдовна точка.Со традиционалните графички техники кои ги користат создаваат форми и простори, состојби, мисли и чувства.Современиот звук на графичките листови се засилени со актуелноста на проблемите, засегнати во нив.Секој од авторите користи различен пристап и формат како изразно средство, што ја нагласува тематската различност во нивните дела. Print Nest студио за современа графика, е составено од пет членови: Зоран Мише, Горан Тричковски, Васил Ангелов, Павел Целкоски, Иван Матеев.]]>

Изложба во најава: Уметнички слики за модерен дом https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-vo-najava-umetnichki-sliki-za-moderen-dom/ Wed, 02 Nov 2022 09:36:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273903

Изложбата „Rejuvenation“ на Моника Ризовска е уште една можност да се запознаеме со новите дела на оваа уметница која секоја година на своите изложби успева да долови разнолик колорит совршен за секој модерен и современ дом. Нејзините дела се со богата префинета ликовна имагинација и како таква пренесуваат позитивна енергија, емоции, соништа, замисли и копнежи. „Rejuvenation“ изложбата е од отворен карактер, а ќе биде отворена на 11ти ноември од 20ч. во Концепт 37. Оваа изложба ќе биде прикажана и на апликацијата InRoomPreview, преку која посетителите визуелно ќе можат да видат како ќе изгледа сликата во нивниот дом или просторот каде ќе сакаат да ја постават. Ќе бидат изложени над 40 слики со комбинирана техника од масло на платно и акрил. Овие дела се сублимат од инспирацијата од секојдневието, притоа осврнуваат акцент на вибрантна, енергична свежина и спокој преку тиркизните, розевите и жолтите бои, а некои од сликите имаат и дополнителна функционалност со додаток на внатрешна амбиентална светлина. Повеќе за делата на Моника Ризовска може да погледнете на инстаграм профилот и нејзината FB страна. ]]>

Време за честитки и убави моменти: Елена Ристеска гордо се пофали со делата на сестра си (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-za-chestitki-i-ubavi-momenti-elena-risteska-gordo-se-pofali-so-delata-na-sestra-si-foto/ Fri, 07 Oct 2022 07:30:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270454

Поддршката од семејството во одност на работата секогаш е стимул и мотовација да дадеме повеќе, да бидеме истрајни и задоволни од самите себе, а да го видиме и почувствуваме тоа и кај најблиските. Пејачката и сопрсвеничка на козметичката линија ЕРА, Елена Ристеска деновиве имаше еден таков момент за поддршка на уметноста и делата на својата сестра Драгица која заедно со уметницат Маја Ралева имаа изложба во Прилеп. Па така, прва и главна поддршка на Драгица и беа членовите на семејството на чело со малата ќеркичка Делфина. -Прекрасна изложба во Прилеп на двете уметнички, мојата сестра Драгица Ристеска и Маја Ралева Миладиновски. Кој сака се’ уште може да ја посети поставката и секако да си одбере и купи некое од делата. Како што е редот, Елена, Драгица, нивната мајка, Делфина, пријателите и посетителите, направија фотографии и видеа од случувањето, а ги поканија сите заинтересирани да ги погледанат делата и во наредните денови.
Инаку, сестрата на Елена е ликовен уметник, а пред неколку години ја одржа својата самостојна изложба, а Ристеска во една прилика истакна дека и таа како нејзината сестра имала амбиции да продолжи на Ликовна академија. -Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик, и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра, и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби“, изјави своевремено Елена за еден од македонските портали. Инаку, Елена Ристеска по долга пауза од музичката кариера им се врати на настапите и пееше заедно со бенд на една приватна забава каде била амнгажирана.]]>

Изложба на концептуален филигрански накит во Музеј на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-konceptualen-filigranski-nakit-vo-muzej-na-makedonija/ Mon, 03 Oct 2022 12:51:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269831

На 6 октомври во 19 часот во НУ Музеј на Република Македонија во Скопје ќе се одржи изложба на концептуален филигрански накит со наслов “МАМКА” на уметницата и етнолог Марија Милошевска. Марија Милошевска веќе дваесетина години го промовира филигранскиот занает преку современиот концепт низ различни медиуми како накит, инсталации, објекти, перформанси и видео арт. Инспирирана од најстарото пишано сведоштво за потеклото на вештачката рибарска мушичка, во светот позната под името Macedonian fly, во 2017 го создава брендот “МАкедонска МушичкА – МАМКА” кој го прикажува филигранскиот концепт како пристап, практика за накит и критички дискурс во креирањето на културата. Оваа колекција го истражува изработувањето на накитот како начин на размислување и толкување преку иновативен и применлив пристап во различни дисциплини. „МАМКА“ е директно поврзана со моментот на опстанок, кој преку филигранското дело и техниката за изработка на вештачки мушички за рибарење се оживува во сегашното време како момент на постоење, преку практичен и уметничко – научен пристап. Културата, како начин на живот, претставува обид кој го вклучува значењето на егзистенцијата, светот на објектите и секојдневните пракси кои го произведуваат материјалниот живот, на тој начин што ни нуди модели за комплексна евалуација. Куратор на изложбата е Лени Дончева, историчар на уметност која работи како куратор во Градскиот музеј во Бад Херсфелд, Германија. Емилија Лазаревска магистер во областа на реставрација и конзервација на темперна техника, преку нејзиниот уметнички сенс несебично придонесе за креирање на визуелниот идентитет на оваа приказна. Видео инсталацијата е на Сергеј Сарчевски, дипломиран директор на фотографија при универзитетот Westminster во Лондон, В.Британија. Фотографиите се на Александар Ивановски, асистент Оливер Настески. Проектот е од национален интерес во културата за 2022 година, и е поддржан од Министерството за култура на РСМ. Изложбата ќе трае до 24 октомври 2022 година.]]>

Изложба: „Маски и екрани“ на Наташа Неделкова https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-maski-i-ekrani-na-natasha-nedelkova/ Fri, 16 Sep 2022 09:48:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267404

На 17-ти септември 2022 (сабота), во Културниот и социјален центар Јадро, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Маски и екрани“ (Masks and screens) на уметницата Наташа Неделкова. Изложбата „Маски и екрани“ е мултимедијална инсталација составена од слики во движење, звук, текст и скулптура која ja истражува врската помеѓу циркулацијата на дигиталната слика, семиокапитализмот и нивното влијание врз процесите на субјективизација. Изложбата ги истражува поврзаностите на еколошкото и медиумското загадување преку шпекулативни и иконолошки релации помеѓу индустријата за лажни вести во градот Велес, словенското божество Велес (Волос) и нападот на Капитолот во Вашингтон во јануари минатата година. Стотици портали за лажни вести создадени во Велес влијаеја во голема мера на изборите во САД во 2016-та година, и придонесоа кон создавањето на радикализирани групи како Qanon. Нејзиниот претставник, самопрогласениот шаман Џејсон, изгледа исто како и богот Велес, барем според пребарувачките алгоритми за слики на Гугл. Богот Велес пак, е бог на подземјето и на материјалните добра. Светската здравствена организација го прогласи Велес за најзагаден град на светот, а во 2016 година, Велес беше прогласен за светска престолнина на лажните вести. Токсичната средина, предизвкана можеби од еколошката (индустриска) катастрофа што го претставува градот Велес, е проширена преку нејзиното излевање во центарот на една од најсилните демократии, – САД. Оваа виртуелна реалност овозможува нови поврзаности; загадувањето во Велес предизвикува процеси на токсични параноидни субјективации од другата страна на Атлантскиот океан. Масовна циркулација на информации, на ставови, стравови и портрети во дигиталната ера, создава голема и нестабилна архива каде се менуваат сите хоризонти ; новата средина е меѓу другото, и огромна машина за создавање на колективни халуцинации, лажни вести и пропаганда. Инсталцијата е составена од: документарни видеа од топилницата, архива на фрагменти од три македонски филмови кои го доловуваат темниот и загушувачки амбиент на градот и топилницата, како и скулптурална инсталација од 13 душеци и две метални скали поставени на две спротивни страни кои би биле стабилни само ако две тела се искачуваат по скалите истовремено. Истражувајќи ја сликата за себе како проекциска површина на другоста, инсталацијата се стреми кон градење на транформативно искуство и создавање простор на взаменост, соживот и солидарност. Наташа Неделкова (1993, МК) е визуелен уметник и истражувач. Нејзиното истражување и уметничка пракса се интересираат за тоа како современата визуелна култура ја обликува сликата за себе. Уметничката пракса на Наташа Неделкова често е колаборативна и аудио-визуелна, достапна на интернет и е често репетитивна и мелодична, користејќи звук и глас за да го доведе во прашање репозиционирањето на фигурите и дискурсот во аудио-визуелни контексти. Нејзината прва самостојна изложба „Изведувајќи го безличното/Манифестирање на спекулумот“ беше отворена во мај 2022 година во Музејот на современа уметност во Скопје, и има учествувано на повеќе групни изложби меѓу кои : “BANG BANG – Translocal hi:stories of performance art”во Музејот Тингели во Базел, Европското номадско биенале Манифеста 14 во Приштина, на 13то Биенале на млади уметници во Скопје “Страст за лутање“, на фестивалот за Квир уметност во Солун “What is Idendity?“, “Resistance“ во Зета Центарот за Современа уметност во Тирана,“COMPERSION“ во Париз, “ The Hub of the ephemeral — hidden in sight“ во галеријата GMK во Загреб и многу други.]]>