изложба на илустрации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Jun 2021 12:41:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png изложба на илустрации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2021“: Отворање со голема изложба на илустрации на доајенот Младен Туниќ https://arhiva.vistina.com.mk/festival-za-literatura-i-ilustracija-za-deca-litera-2021-otvoranje-so-golema-izlozba-na-ilustracii-na-doajenot-mladen-tunikj/ Wed, 02 Jun 2021 13:10:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205343

Третото издание на фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера 2021“ годинава ќе биде во ново руво и со побогата содржина. Фестивалот ќе биде отворен на 3 јуни, со голема изложба на доајенот на македонската илустрација за деца Младен Туниќ. Изложбата ќе се реализира во „Чифте-амам“ во Старата скопска чаршија, благодарение на одличната соработка меѓу Националната галерија и фестивалот. Изложбата ќе се состои од илустрации на Туниќ што ги создавал специјално за детски списанија и книги, но и за романи за возрасни. Младен Туниќ е роден во Призрен, во 1930 година. На пет години неговото семејство се преселило во Скопје, каде што тој го завршил основното образование во ОУ „Браќа Миладиновци“. Талентот за цртање од мал го одвел во средното училиште за применета уметност, каде што се запишал во 1945 година, на отсекот сликарство. Тој им припаѓал на првите генерации ученици на ова училиште. Неколку години по завршувањето на средното образование, почнал да работи во весникот „Нова Македонија“ како ликовен уредник – илустратор. Тој е еден од основачите на „Детска радост“, а бил одговорен ликовен уредник на сите детски списанија во издание на оваа издавачка куќа – „Росица“, „Другарче“, „Развигор“. Кога бил основан весникот „Вечер“, во 1963 година, Туниќ бил ликовен уредник. Тој е автор на логото на „Вечер“. Освен што создал илустрации за деца, Туниќ има илустрирано и многу книги за возрасни. Учествувал на многу изложби во земјава и во странство. Освен изложбата на Туниќ, на третото издание на фестивалот ќе бидат организирани и тркалезни маси на теми поврзани со проблемите на издаваштвото за деца и илустрацијата. Фестивалот ќе трае до 31 октомври. Наесен се планираат работилници во повеќе села во Македонија, посети на писатели и запознавање со творештвото на автори и надвор од земјата.]]>