изложба на фотографии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 03 Nov 2021 13:30:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png изложба на фотографии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Изложба на фотографии во „Мала станица“: „Лицата на Европа“ од Александар Кондев https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-fotografii-vo-mala-stanica-licata-na-evropa-od-aleksandar-kondev/ Wed, 03 Nov 2021 09:29:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225870

Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ ја поместивме и оваа изложба со наслов „ЛИЦАТА НА ЕВРОПА“ на нашиот познат фотограф Александар Кондев, соопштуваат од Дирекцијата за култура и уметност.
Фотографии настанати во последните децении за време на неговите лични патувања, како и патувањата со Ансамблот „Орце Николов„ на најпознатите фолклорни фестивали во Европа. Која беше целта на авторот со оваа изложба. Едноставно да се сретнеме со лицата на европските граѓани од Кипар и Турција до Германија, снимени на еден друг начин, вон стандардните места и стереотипи на кои сме навикнати. Покрај портретите во нивната средина на живеење, овде можеме да ја видиме сета убавина на традицијата и фолклорот кој сеуште се негува во целиот овој простор. Можеме да видиме како традицијата и современоста се преклопуваат во она што ние го нарекуваме живот и постоење. Гледајки ги фотографиите доаѓаме до заклучок колку луѓето на Европа се културолошки блиски, поблиски од што мислиме во секојдневието, велат оттаму.
]]>

„Африкански лица“ – изложба на фотографии на Билјана Јуруковски https://arhiva.vistina.com.mk/afrikanski-lica-izlozba-na-fotografii-na-biljana-jurukovski/ Thu, 17 Jun 2021 11:59:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207522

Во Музејот на Македонија вчеравечер, 16 јуни 2021 год. беше отворена изложбата „Африкански лица“ со фотографии на реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски. На изложбата, која финансиски е подржана од Министерството за култура, се претставени повеќе дела создадени за време на нејзините патувања низ Африка. „Посебен интерес предизвикуваат прекрасните портрети на народот Сури, една од најизолираните заедници населени во Југозападна Етиопија. Преку оваа изложба ќе имате прекрасна можност да се запознаете со архаичната култура на Сурите, но истовремено и да го посведочите уникатниот талент на фотографката Билјана Јуруковски. За ова волшебно патување низ Африка ќе можете да поразговарате со фотографката Билјана Јуруковски на средбата која ќе се одржи утре во 12:00 часот во Музеј на Македонија“информираат од Музеј на РСМ. Од Музејот посочуваат дека оваа изложба ќе биде пропратена и со негово предавање за народот Сури кое ќе се одржи на 23 јуни во 12:00 часот во Музејот на Македонија.]]>