изгубил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Apr 2021 10:53:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png изгубил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Добил 24 милиони евра на лото, го промашил рокот за подигнување и останал со празни раце! https://arhiva.vistina.com.mk/dobil-24-milioni-evra-na-loto-go-promashil-rokot-za-podignuvanje-i-ostanal-so-prazni-race/ Fri, 02 Apr 2021 13:52:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197352

Купувачот на добитното лото-ливче од новогодишната томбола во Бразил, не пошол во државната банка „Каикса“ навреме, за да ги подигне своите 160 милиони бразилски реали (скоро 24 милиони евра). Времето во коешто победникот можел да си ја земе наградата истекло вчера, на 1 април, појаснува ТВ-каналот „Глобо“. Според телевизијата, ова е најголемата награда досега, која не ја побарал оној кој успеал да ги погоди сите шест броја на добитна комбинација на државната лотарија. Според правилата на извлекувањето, на победникот му се даваат 90 дена за да се пријави за наградата. Во спротивен случај, парите се пренасочени кон Фондот за финансирање на високото образование. Џекпотот на новогодишната лотарија за 2020 година е најголем во историјата на тоа извлекување – 325,2 милиони реали. Во исто време, ова не е првпат победник „да ја заборави“ својата добивка. Само 2020 година, скоро 312 милиони реала (околу 465 милиони евра) останаа во наградниот фонд. Последниве пет години, добитниците на државната лотарија ѝ обезбедија заработка од 1,62 милијарди реали (околу 240 милиони евра) на државата. извор: нетпрес.ком.мк]]>

Очаен губитник: Холивудскиот секси актер сликан „пиштол гол“ под туш! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ochaen-gubitnik-holivudskiot-seksi-akter-slikan-pishtol-gol-pod-tush-foto/ Thu, 02 May 2019 12:08:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85665

Ченинг Тејтум (39) е еден од најсекси и најпосакуваните актери, кого го следат и по кого воздивнуваат  жените од целиот свет, но по филмот "Магичниот Мајк" и неговото продолжение "Магичниот Мајк XXL", во кои тој игра секси стриптизер, не го гледаме толку често во голо издание. Сепак, работите се менуваат, а по оваа фотографија ќе се променат и мислењата за него. Холивудскиот убавец, кој деновиве наполни 39 години, целосно се соблече и застана пиштол гол под туш, бидејќи изгуби облог.
„Јас ја изгубив играта. А, губитникот мораше да објави фотографија избрана од победникот... Никогаш повеќе нема да играм со неа...“- пишуваше Ченинг покрај објавена секси слика.
Во продолжение тој открил дека авторот на фотографијата е неговата девојка Џеси Џеј, од која во последниве месеци не се одвојува. Двајцата влегле во врска само неколку месеци откако Ченинг се развел од Џена Деван, со која има ќерка.]]>