избори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Oct 2021 09:20:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png избори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пеце – „Суперхикс“ во предизборно-политичка СДСМ кампања, а бендот се огради од него: Не е кандидатот за градоначалник на СДСМ – центар добар, туку музичарот има личен интерес ако тој победи! https://arhiva.vistina.com.mk/pece-superhiks-vo-predizborno-politichka-sdsm-kampanja-a-bendot-se-ogradi-od-nego-ne-e-kandidatot-za-gradonachalnik-na-sdsm-centar-dobar-tuku-muzicharot-ima-lichen-interes-ako-toj-pobedi/ Fri, 15 Oct 2021 09:19:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223077

Локалните избори се на прагот, кампањата привршува, на чекор сме од гласањето за нови градоначалници по градовите и оштините. Скопје, секако најпрималиво, а со тоа и најнеизвесно... Или барем така е во поедини општини, кои досега биле за некого сигурни, неосвоиви цврсти тврдини, бастиони на политиката која одредена партија за протежира. Центар е една од оние кои важат за СДСМ-овско гнездо кое тешко се урива, а друго „партиско пиле“ тешко може и да го прелета, а камо ли да се вгнезди. Но овој пат рсе чини работите стојат налку поинакум, па затоа партиската врхушка се потрудила да ја активира целокупната армада на подржувачи, поттикнувачи, агитатори... за да остане на своето центарско прибежиште. Едем од оние кои јасно, гласно и аудиовизуелно и се приклучија на пропагандната предизборна СДСМ машинерија и фронтменот, басист и вокал на групата „Суперхикс“, Петар Пеце Младеновски. Во својот неколкуминутен монолог Пеце  ќе го изнафали предложениот за градоначалникк на Центар СДСМ-овски кандидат, небаре му е роден брат! Но дека една ластовичка не чини пролет, а дека сите не мислат исто или умеат и да мислат, поразлично, секако, покажаа неговите колеги од „Супехикс“. Имено, членовите на бендот со свое соопштение или поточно демант на официјалната Фејсбук страница на бендот, јавно се оградија од поддршката на нивниот пејач кон кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар. ...“Вие знаете дека јас никогаш не сум поддржал ниту сум застанал зад некој политичар кога станува збор за нивните кампањи но еве го правам тоа за Горан затоа што го познавам многу долго и верувам дека ќе го направи тоа што го ветува“ –   се „правдаше“  се Пеце Младеновски фалејќи го кандидатот за градоначалник на општина Центар како „џамбаз својот коњ“.   Но всушност, зад оваа лажна лицемерна мимикрија се крие нешто сосема друго. Нешто што е многу посуштинско и всушност единствената права вистина зошто музичарот толку го го протежира политичарот. Зад целата маскарада се крие лична корист. Не е кандидатот за градоначалник на СДСМ - центар добар, туку музичарот има личен интерес ако тој победи! Тоа веројатно го знаат и членовите на бендот, кои сигурно не се политички истомисленици со нивниот музички лидер, а и сфаќаат што е посреди, па оттаму вака и реагираат! Имено, на листата за предложени кандидати за советници на СДСМ за општина Центар е и сопругата на Пеце - „Супехикс“, некогашната манекенка и модел, денес актерка, раста пејачка и ДЈ-ка, Елизабета Клинчаревска Младеновска, која го завзема местото со реден број 17. Пеце знае дека од таа стартна позиција шансите на неговата сопруга за влез во советничкта фотелја не се баш изгледни, па затоа со сите сили се труди да помогне, да турка колку што се може, за евентуално да се случи чудо невидено, па сопругата да му стане општински советник! Кога сме веќе кај сопругите и музичарите, на  советничка листа кај истиот кандидат за градоначалник на СДСМ за Центар, се најдоа уште неколку актуелни, несудени или бивши сопруги на познати македонски музичари и музички ѕвезди. Така на пример, носителката на оваа листа со број 1. Андријана Будимир, беше една од двете „најголеми љубови“ на Тоше Проески и велат, неговата „несудена сопруга“. А и сега е сопруга на човек кој имал многу допирни точки со музиката, како дел од едно познато македонско и скопско приватно радио и менџер на најпознатите скопски ноќни клубови и дискотеки. Кандидат за советник на СДСМ за општина Центар под реден број 11. Маја Серафимовска Борозан е и бившата сопруга на лидерот на дуото „Куку Леле“, музичарот, гитарист и композитор Роберт Саздов, со кого таа беше во повеќегодишен брак, се' до нивниот развод. На ова „естрадно - советничко женско друштво“ може да и се приклучи и кандидатката под реден број 2. Едина Муса, која освен што е позната како кошаркарка и мис боди фитнес дама, се појавуваше во некои музички видеа на македонските естрадни артисти, а чаршијата ја доведуваше во врска и со поедини познати музички имиња, кои  јавно не беа ниту обзнанети, а информацијата не беше потврдена. Фото: Социјални мрежи/принтскрин  ]]>

Перо vs Петре: Перо – „Камиказа“ размислува да се кандидира за скопски градоначалник, а Шилегов уште сега му ги „краде“ идеите? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pero-vs-petre-pero-kamikaza-razmisluva-da-se-kandidira-za-skopski-gradonachalnik-a-shilegov-ushte-sega-mu-gi-krade-ideite-foto/ Fri, 19 Mar 2021 08:48:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194989

Чудна професија е тоа политиката... Или подобро речено, бизнис. Порано се велеше: „Нема бизнис како шоубизнис“, ама денес откако  со коронапандемијата шоубизнисот го прогласија речиси за „умрено“, политиката царува... Впрочем, царувала отсекогаш, особено кај нас, каде од прв ден е бизнис број еден, што се гледа кај голем број политичири, кој во неа влегоа како „голтари“, а од неа излегоа како милионери! Дали можеби некои од наведените причини или познавајќи го, од чист каприц и инает што горенаведеното е токму така, па сака да покаже дека може и поинаку, една позната скопска фаца или поточно, познат македонски лик кој шоубизнисот го има во малиот џеб, а јавноста многу повеќе го знае токму од полето на културата и уметноста, актерот и музичар, Петар Георгиевски - „Камиказа“ најави дека размислува да влезе во политиката. Не дека и пред него немало такви обиди: Велибор Џаровски - Џаро, Игор Џамбазов, Јове Кекеновски, покојниот фолкер Војо Стојаноски, трагично загинатиот рокер Горан Николовски кој беше градоначалник на град Скопје... Позиција која ја пикира и на која токму познатиот лидер на групата „Меморија“ и сопственик на ивент фирмата  „КЛС“ - Перо - „Камиказа“, размислува да се кандидира на престојните локални избори. Деновиве низ скопските кулоари, чаршијата, а и по социјалните мрежи тргна интересна приказна... Дека „Камиказа“ кој ионака е „долг на јазик“ кажувајќи им ја на некои луѓе својата размисла за градоначалничка кандиидатура и идеите кои ги има да ги вментне како проекти во својата програма, преку ноќ стигнале на маса во кабинетот на Петре Шилегов. На актуелниот скопски градоначалник кој има намера да бара и втор мандат од граѓаните му се виделе интересни, па Шилегов уште сега „си се послужил и присвоил“ со некои од наводните идеи на Перо - „Камиказа“. Така, Петар Георгиевски кој меѓудругото последниве години е и успешен маратонец трчајќи ги некои од најпознатите светски маратони во големите градови ширум Европа и светот, предлагал дека би било добра идеја рекреативната стаза покрај кејот на Вардар да се спои по целата нејзина должина без прекини, па македонската престолнина од крај до крај од влез на Скопје до самиот излез, да биде поврзана. И за рекреативно трчање и пешачење, натпревари, велосипедисти, ролање... И види чудо, не минало долго време , а граданочалникот Шилегов тргнал идејата да ја реализира! Наводно, истото важело и за идејата за најавениот трамвај на гуми, трамвај кој наместо по шини се движи по белите линии на патот, кои контролираат стотина сензори. Трамвајот користи гуми и возењето е како со автобус. Долг е 32 метри и висок 3.4 метри. Може да прими 307 патници и се движи со 70 километри на час. Литијум-титаниумските батерии овозможуваат возење долго 25 километри по само 10 минути полнење. Ем ефикасно и брзо, ем чисто и еколошки... А идејата на Перо - „Камиказа“ била неговата линија да води токму покрај стазата по кејот на Вардар, каде би се движел без пречки и не би го забавувал движењето на другите возила во сообраќајот, а би го поврзувал градот од еден до друг крај! Дури и идејата со таканареченото помагање на музичарите со купување на нивни изданија која Шилегов заедно со Радмила Шеќеринска деновиве ја промовираше, Петар Георгиевски - „Камиказа“ тврди дека е инспирирана од него и и неговата објава на социјалните мрежи за изданијата на македонски музички и естрадни уметници и групи кои Музичко-касетната продукција ги издаде во времето на неговото работење на една од раководните функции таму. А сепак не се работи за мала бројка, зашто во прашање се стотина изданија во вид на носачи на звук и слика.   Очекувајќи и последното концертно видеоиздание на „Меморија“ од концертот во „Метрополис арена“ да го вклучат,  како што „Камиказа“ вели,  во „нивната поддршка“, тој ги прозва Шеќеринска и особено Шилегов во својот Фејсбук статус! Дали Петар Георгиевски - „Камиказа“ навистина ќе се реши за градоначалничка кандидатура на Скопје на престојните локални избори, која партија ќе стои зад него или ќе оди како независен „соло“ играч, или ова е само уште една  „Донкихотовска борба со ветерници“- те на власта на „вечниот опозиционер“ во стилот: “Сам против сите“, ќе видиме наскоро. Зависи од тоа дали актерот и рокер има навистина серизони намери да вплови во политиката или... „маратонецот (само вербално) го трча почесниот (предизборен) круг“? „Камиказа“ ако е во нешто вешт, тоа е умешното менаџирање на „кревање прашина“, а Петре Шилегов засега молчи. И за наводно „присвоените туѓи идеи“ и за сопствените проекти кои одат во пакет со новата градиначалничка кандидатурата. Адвокатот против актерот, политичарот контра рокерот... Се случи ли тоа, ако не друго, ќе биде барем ... „весело“! Фото: Фејсбук принтскрин/Petar Georgievski - Kamikaza/Петре Шилегов  ]]>

Станија замина на гласање само по градник: Граѓанска должност со градите на послужавник (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stanija-zamina-na-glasanje-samo-po-gradnik-gragjanska-dolznost-so-gradite-na-posluzavnik-foto/ Mon, 22 Jun 2020 10:22:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154941

Вчера, недела 21 јуни беше ден за избори во Србија. Народот гласаше, а на гласање замина и таа - победничката на реалното шоу „Фарма“ и некогашна, а најверојатно и идна учесничка во „Задруга“, Станија Добројевиќ. Расната убавица ревносно ја исполни својата граѓанска должност и гласаше на избирачкото место 181 во Нови Сад. Претходно, како и секој горд и достоинствен граѓанин, Станија знае дека денот за гласање е своевиден празник, а самото давање на својата доверба некому, свечен чин. Затоа таа стана порано, па влезе во бањата да се истушира и среди пред да замина на одредената дестинација и предвиденото гласачко место. Станија знае дека на гласачкото место може да биде жешко, па старлетата излезе на гласање во многу провокативна комбинација: без маичка, само по градник и широко раскопчано палто она себе. На своите следбеници им покажа дека својата граѓанска должност си ја извришила најкоректно, па сето тоа, заедно со својот провокативен стајлинг го сподели на Инстаграм. Станија Добројевиќ не сакаше да открие за кога гласала, но ги пофали сите други кои сакале и стигнале да ја исполнат својата граѓанска должност... За жал, фотографија од чинот на самото гласање не можела да сподели, зашто тоа е со закон забрането, иако можете да замислите каде сите гледале  додека онака  поднаведната, старлетата го пуштала своето ливче во гласачката кутија. ]]>

Бугарите имаат свој, ама и ние имаме наш: Гол се сликал во кампања за градоначалник на Софија, зашто „политиката е порно“ https://arhiva.vistina.com.mk/bugarite-imaat-svoj-ama-i-nie-imame-nash-gol-se-slikal-vo-kampanja-za-gradonachalnik-na-sofija-zashto-politikata-e-porno/ Tue, 29 Oct 2019 11:51:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115067

Во неделата во соседна Бугарија се одржаа локалните избори. Кандидатот за градоначалник на Софија од Бугарско Национално Обединување, Ѓорѓи Георгиев – Готи, не стана кмет на Софија, но затоа пак стана хит на социјалните мрежи со својата несекојдневна кампања, откако на изборните плакати се фотографираше гол само со тиква в раце, со која го прекрил полниот орган. „Позирав сосема гол, бидејќи нема што да кријам од бугарските гласачи! Многумина ме прашаа зошто сум гол, и зошто баш со тиква во рацете? Затоа што политиката е едно големо порно – појасни кандидатот за градоначалник на Софија од Бугарско Национално Обединување, Ѓорѓи Георгиев – Готи. Арно ама не е само мајка Б'лгарија за во Рипли. И ние си имаме свои надоб(л)удни патриоти. До душа овој нашиот сакал да остане анонимен, а и се' уште не се кандидирал на избори, ама кој да знае... Еве кај се изборите, ќе дојдат за час, а изборната кампања уште и поскоро. До душа македонскиот „Готи“ наместо „земјоделска“ избрал повеќе „салонска“ стратегија. Позата иста, само реквизитот е друг! Голо тело кај обајцата, а тиквата кај бугарскиот кандидат, нашиот ја заменил со перниче во вид на срце и на него 16 - кракото сонце од Кутлеш! Па сега нека види Ганчо, пардон, Готи, кој е поголем патриот?  ]]>