избор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Feb 2024 13:16:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png избор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бресквица растури на српскиот избор за песна на Евровизија, арно ама… коментарите се обидоа и неа да ја растурат: Геноцидна песна, Хитлеров летниковец и сатанизам! https://arhiva.vistina.com.mk/breskvitsa-rasturi-na-srpskiot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-arno-ama-komentarite-se-obidoa-i-nea-da-ja-rasturat-genotsidna-pesna-hitlerov-letnikovets-i-satanizam/ Wed, 28 Feb 2024 13:16:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340503

Анѓела Игњатовиќ попозната како Бресквица  настапи на првата полуфинална вечер со песната „Гнезо орлово“ која рабуди и разбранува многу духови,  како во Србија така и во соседството, односно регионот. Имаше различни обвинувања кои само ја зголемија популарноста на песната, а како што вели старата поговорка - „Не постои лоша реклама“, така што Бресквица доби дополнителен маркетинг поради целото медиумско лудило. Така на пример, хрватски „Јутрањи лист“ имаше краток осврт на нејзиниот настап: „Ја обвинија дека е обожавателка на ѓаволот, дека има геноцидна песна и пее за викендицата на Хитлер: Погледнете како се појави“, е насловот на споменатиот напис во кој наведуваат дека е фаворит на натпреварот.  но која беше обвинета од дежурните демонолозите пред натпреварот дека е следбеничка на ѓаволот бидејќи под папокот (така велат) ги истетовирала роговите на ѓаволот. Таа на сцената на РТС се појави во бел фустан со етнички мотиви, со ангелски крилја на рамениците и ореол. „Да, јас сум бел ангел“ – вели Бресквица, која  води на обложувалниците за српскиот избор за Евровизија и покрај оние кои ја обвинуваат дека пее „геноцидна“ песна со која се легитимира масакрот и етничкото чистење на Албанците на Косово. Ги има и оние на кои не им се допаѓа насловот на песната „Орлово гнездо“. Тие ја обвинуваат пејачката дека  наводно ја опеала викендицата на Хитлер“, пишува Јутарњи. Но, ако се ​​вратиме на онаа стара изрека од почетокот на текстот“ - „не постои лош маркетинг“, а Јутјуб не бележи  прегледи на омраза, туку само брои прегледи...! Фото:  Printscreen RTS]]>

Македонско-српски моден дуел: Ирена Спировска се спореди со Цеца (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonsko-srpski-moden-duel-irena-spirovska-se-sporedi-so-tsetsa-foto/ Thu, 01 Feb 2024 09:18:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337042

За настапот на Цеца во Скопје на неодамна одржаниот Светски ромски бал се уште се зборува. Неочекувано и коментирано беше и нејзиното модно издание кое го избра за на сцена, а со слична варијанта од скапиот комплет на Цеца се спореди и македонската ТВ водителка Ирена Спировска. Овој македонско- српски моден дуел на социјалните мрежи е само сличен и далеку од ист, но евидентно е дека потсетува еден на друг. Во случајот не станува збор за тоа кој кого копира, туку во поглед на следењето на трендовите и актуелностите кои што ги пласира модната индустија, а познатите добро знаат да ги износат. За ваквиот свечен и предимензиониран металик комплет во машки крој од сако и „оверсајз“ панталони, Цеца избра од познатиот бренд „Retrofete“ кој чини околу 1600 евра, додека Ирена исто така носи дизајнерски потпис и тоа домашен.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Irena Spirovska (@irenaspirovska)

Ваквите светкави костум комплети се ултимативен моден хит периодов, а Ирена го забележа сличниот избор со Цеца, па самата ја направи споредбата со балканската дива. За вкусови не се дскутира, па Ваше е да изберете која повеќе ви се допаѓа... фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic / irenaspirovska / Tik Tok/ retrofete.com/ privatna arhiva]]>

Со брачниот статус го смени и модниот идентитет: Замина од сопругот и бендот, ама го погоди трендот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/so-brachniot-status-go-smeni-i-modniot-idntitet-zamina-od-soprugot-i-bendot-ama-go-pogodi-trendot-foto/ Wed, 06 Dec 2023 09:30:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330105

Откако во медиумите прострои информацијата дека завршил две ипол деценискиот брак на музичката двојка Анета и Џими Мицевски, за нив особено за Анета, редовно осамнуваат наслови во домашните медиуми. Познатата пејачка не гледаше причина да се повлече од јавните гласила, туку напротив го кажа своето и си продолжи понатаму. Повод и причина за нешто ново околу нејзиното сценско појавување се почесто има, а поттик за истото знае да даде и самата. Една од тие причини е нејзината модна преобразба. Велат дека жените сакаат да сменат нешто во изгледот кога им се случила промена, а за познатата фолкерка тоа беше повод за нешто повеќе од промена - преобразба. Анета секогаш преферирала модна умереност, а сега е на пат кон редовно следење на актуелните трендови. Неодамна се презентираше во едно бунтовничко рокерско издание што претходно не било случај, а очигледно овој „ин“ фазон кој моментално царува од тенденциите во светот на модата и се актуелизира од инфлуенсерките и блогерките, веќе е во понудата на бутиците, а со тоа и во изборот на Анета. Никогаш претходно не била поактивна на Инстаграм, а сега секое ново стилско издание преферира да го покаже пред своите следбеници. Нова фризура, постојано нов стајлинг, самоуверен став и насмека се сосема доволни за совршениот печат кој таа го замислила. А кога веќе се следат актуелностите, мора да им парира и на колешките за кои на сцена и пред камери е незамисливо да се појават барем со умерена доза на провокација. За Ането изборот за снимање падна на минич фустан, затворен до грло, но со акцент на разголените нозе. Комплиментите неизбежно ги доби преклу коментари, а вака или така, очигледно отсекогаш им се допаѓала на другите независно од својот брачен статус и моден израз за кој сега само добива на дополнително допаѓање. фото: Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701]]>

Бред Пит ја откри својата омилена актерка: „Таа е најубавата жена на екранот“ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/bred-pit-ja-otkri-svojata-omilena-akterka-taa-e-najubavata-zhena-na-ekranot-foto/ Mon, 06 Nov 2023 07:11:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325450

Актерот Бред Пит имаше можност да соработува со некои од најголемите ѕвезди во Холивуд. Кога зборуваше за својата кариера и актерските идоли во 1996 година, тој истакна дека познава многу малку актери на кои може да се погледне. „Затоа ги ценам постарите филмови, бидејќи прикажуваат човек кој се залага за своите принципи. Да го земеме за пример Роберт Редфорд. Мажите сакаа да бидат како него, а жените сонуваа мажите да бидат како него“, рекол тогаш тој, пренесува „Индекс.хр“. Кажал и дека изгледот не го смета за пресуден за ништо. „Изгледот е првиот впечаток, но не се концентрираме само на него. Некој не ви фаќа око веднаш, но кога зборувате стануваат најубави на светот“, рекол актерот. Потоа изјави и дека омилена актерка му е Дајана Вист. „Најголемите актери не се она што би ги нарекол убави. Ќе ви кажам која е мојата омилена актерка - Дајана Вист. Не би ја нарекле секс симбол, но за мене таа е најубавата жена на екранот“, искрено изјави Бред Пит. Дајана Вист е добитничка на два Оскари, за улогите во филмовите „Куршуми над Бродвеј“ и „Хана и нејзините сестри“. Покрај тоа, имавме можност да ја гледаме и во продукциите „Футлуз“, „Родителство“, „Едвард Раки со ножици“, „Извидник“, „Практична магија“, „Јас сум Сем“, „Патници“, „Голема година“ , „Сестри“, „Мула“, „Навистина ми е грижа“, „Закон и ред“ и други.   Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм]]>

Две титули за македонските претставнички на MISS TOP MODEL EARTH 2023 (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dve-tituli-za-makedonskite-pretstavnichki-na-miss-top-model-earth-2023-foto/ Sat, 21 Oct 2023 07:10:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323376

На изборот за MISS TOP MODEL EARTH 2023, кој минатиот викенд се оджа во Тбилиси, Грузија, две девојки од Македонија освоија титули. Сара Дојчиноска ја освои титулата Втора придружничка, а Белисима Лукарова титулата Четврта придружничка. Победничка на изборот е претставничката на Украина, а Прва придружничка девојката од Казахстан. Изборот се одржа во елитниот хотел BILTMORE во Тбилиси, во кој девојките беа и сместени и се подготвуваа за финалната вечер. Ова е нов избор, значи за прв пат се одржа, во организација на АYA PRODUCTION од Бејрут, Либан, со тенденција да стане традиционален. Двете наши учеснички се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина и модели. Девојките на изборот се претставија во креации на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика. фото:Приватна архива]]>

Пет едноставни, но многу важни правила за исхрана https://arhiva.vistina.com.mk/pet-ednostavni-no-mnogu-vazhni-pravila-za-ishrana/ Wed, 18 Oct 2023 12:17:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322907

Најдолговечните луѓе во светот се смета дека живеат во подрачјата на Јапонија, Костарика, Италија, Грција и Калифорнија – тн. „сини зони“. Луѓето на овие места се предмет на бројни испитувања оти често живеат до 100 години. Занимливо, научниците забележале многу сличности меѓу животниот стил на луѓето во овие земји, при што исхраната е главен дел од сѐ тоа. Тим истражувачи предводени од Ден Буетнер спроведоа сеопфатно проучување на овие долговечни култури и составија водилка со совети за храна што може лесно да се следи. Во прилог се прикажани пет едноставни правила за исхрана. Рибата е дозволена, но во умерени количини И најдолговечните луѓе се одлучуваат за риба, но поретко, велат стручњаците за долговечноста. На стогодишник му се доволни до три мали порции неделно. Повеќето од луѓето што се доближиле до бројот 100 јадат мала риба, како што се сардини, аншоа и бакалар. Овие сорти не се изложени на високи нивоа на жива или други хемикалии. Помалку месо Истражувањето ги опфатило, меѓу другите, и вегетаријанците адвентисти кои живеат во Лома Линда, Калифорнија на западниот брег на АД. Според него, тие со голема веројатност ќе ги надживеат оние кои јадат месо – за осум години. „Иако одвреме-навреме можеби сакате да прославувате со пилешко, свинско или говедско месо, тоа не се препорачува во сината зона“, велат истражувачите. Наместо тоа, се предлага тврд тофу како замена за протеини, како што прават жителите на Окинава (Јапонија). Помал внес на млечни производи Повеќето луѓе во тие „сини зони“, според исттражувањето, се држат настрана и од млекото – со исклучок на некои адвентисти. Кардиологот д-р Гери Фрејзер, кој живее во Лома Линда, ги споредил адвентистите кои пијат млеко и оние кои не пијат, па вели дека кравјото млеко е поврзано со поголема опасност од рак на дојка и простата. Сепак, јогуртот и сирењето не ги носат истите опасности. Икарите и Сардинците, на пр., избираат производи козјо и овчо млеко. Помалку јајца Според овој труд, „јајцата не се неопходни за долг живот и не ги препорачуваме“, но доколку мора да се јадат, не се препорачуваат повеќе од три јајца неделно, според авторите. Сепак, се забележува и дека некои луѓе со проблеми со срцето и циркулацијата или дијабетес е подобро да се откажат од оваа намирница. Природен леб Луѓето во „сините зони“ јадат леб, но тој нема да биде исечен и обработен како во супермаркетите. „Повеќето комерцијално достапни лебови се на основа на избелено бело брашно, кое брзо се претвора во шеќер и го зголемува нивото на инсулин“. Наместо тоа, треба да се јаде леб од цело зрно, ‘рж или тн. кисело тесто. извор:курир.мк]]>

Водителски моден дуел во малиот црн фустан: Лила Филиповска или Марјана Станојковска? (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelski-moden-duel-vo-maliot-tsrn-fustan-lila-filipovska-ili-marjana-stanojkovska-video/ Wed, 27 Sep 2023 07:00:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319845

За Лила Филиповска и Марјана Станојковска нема „празен“ ден на социјалните мрежи, особено не на Инстаграм. Двете ултра популарни водителки секогаш имаат да покажат нешто плус, па макар тоа бил и малиот црн фустан. Овој пат на двете им се погоди во ист ден да го прават истото, да парадираат во црно фустанче и да снимаат видео за на Инстаграм. Прва беше Марјана облечена во кусо мини со асиметрични транспарентни пресеци, а по неа и Лила во сосема едноставен минималистички црн фустан.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Двете во ист чекор, додуша Марјана парадираше побрзо од Лила, но двете беа со иста намера.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Лила собра повеќе лајкови на својот профил од својата колешка, но коментарите очекувано се редеа кај двете. Која е вашиот моден фаворит? фото:Instagram printskrin]]>

Совети од стоматолози за како да ја изберете вистинската четка за заби: На неколку работи треба да обрнете внимание https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-od-stomatolozi-za-kako-da-ja-izberete-vistinskata-chetka-za-zabi-na-nekolku-raboti-treba-da-obrnete-vnimanie/ Tue, 05 Sep 2023 12:15:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316737

Редовното и правилно четкање на забите е единствениот начин да се спречи и кариес и болести на непцата. Како што истакнуваат стоматолозите, редовното четкање на забите ги отстранува наслагите од храна и бактериите од површината на забот кои предизвикуваат кариес. Иако многу луѓе мислат дека миењето заби е едноставна процедура, правилното четкање и изборот на четка за заби се од клучно значење. Ви носиме три совети од стоматолози на кои треба да внимавате при изборот на четка за заби. 1. Меки влакна Секоја четка за заби што ќе ја изберете треба да има меки влакна. Четките за заби со меки влакна се понежни за вашите заби и непца. Четките со тврди влакна можат да отстранат повеќе наслаги, но можат да предизвикаат и повлекување на непцата. Ова може да го оштети коренот на забот и да ја зголеми чувствителноста на студ, топлина и одредени видови храна и пијалоци. 2. Мала глава Што се однесува до обликот на главата, постојат обични или мали. Се препорачуваат четки за заби со помала глава (како дијамант), бидејќи можат да стигнат до тешко достапни места, како што се задните заби. Обликот на главата треба да биде удобен во устата. 3. Електрична четка за заби Иако рачната четка за заби е добра, електричната четка за заби може подобро да ги отстрани наслагите од вашите заби. Може да допре до тешко достапните места на вашата вилица. Покрај тоа, многу електрични четки за заби имаат тајмер од две минути, кој може да послужи како потсетник за тоа колку долго треба да ги четкате забите. Дополнителни совети Заменете ја четката за заби на секои 3 месеци или кога влакната покажуваат знаци на абење. Истрошената четка за заби нема добро да ги исчисти вашите заби. Освен вистинската четка за заби, најважно е правилно и доволно долго да ги миете забите (најмалку две минути, два пати на ден наутро и навечер). Извор: Курир.мк]]>

Осум знаци дека сте со некој кој не е добар избор за вас: Можеби е време да се стави крај на таа приказна https://arhiva.vistina.com.mk/osum-znatsi-deka-ste-so-nekoj-koj-ne-e-dobar-izbor-za-vas-mozhebi-e-vreme-da-se-stavi-kraj-na-taa-prikazna/ Wed, 09 Aug 2023 12:50:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313220

Најтешко е да се соочите со себе и да ставите крај на приказна која повеќе не функционира. Може да се случи да сакате некого, но таа личност да не е за вас. Овие ситуации можат да бидат збунувачки бидејќи срцето ви кажува едно, а умот друго. Сепак, научете како да толкувате конкретни ситуации и да извлекувате заклучоци за состојбата на вашата моментална врска. Дали личноста со која сте е вистинскиот партнер за вас? 8 знаци дека не сте со вистинската личност:
  1. Имате спротиставени визии за животот
На пример, можеби вие сакате деца, а вашиот партнер не. Или, вашиот партнер сака да остане во градот во кој моментално живеете, а вие умирате да се преселите на друго место. Ако сакате различни работи од вашите животи, ова е сигурен знак дека не е судено да траете вечно. Долгорочните партнерски односи, од друга страна, подразбираат слични животни визии.
  1. Постојано барате изговори за нив
Тоа можат да бидат изговори за лошо или несоодветно однесување, мали нервози или дури и необични особини. Ако постојано чувствувате потреба да ги рационализирате работите што ве фрустрираат кај партнерот, можеби ја форсирате врската. Иако никој не е совршен, но ако треба да се убедите дека вашиот партнер ви одговара, дека нешто во врска со него или неговото однесување не ви пречи, верувајте дека со текот на времето овие непријатности ќе се зголемат и ќе почнете да му замерувате на партнерот за конечниот распад на вашата врска.
  1. Секогаш се чувствувате несфатено
Не чувствувате дека вашиот партнер навистина ве слуша. Понекогаш посакувате да имате некој вид на преведувач за да ги премостите недоразбирањата. Што и да кажете или како да го врамите тоа, изгледа дека вашиот партнер никогаш не ве сфаќа.
  1. Двајцата стагнирате
Со други зборови, меѓусебно се спречувате да растете и напредувате. Вистинската врска е ориентирана кон раст, и индивидуално и како двојка. Ако се чувствувате заглавено, како вашиот партнер да ви овозможува помалку посакувани навики и однесувања и обратно, тоа е знак дека вашата врска не е изградена за траење.
  1. Вашите кавги можат да станат токсични
Во суштина, вашите расправии завршуваат во изливи на вина, лутина и незадоволство. Иако дефинитивно можете да работите на вашите стилови на комуникација и да научите подобро да се расправате, ако имате тенденција да го извлекувате најлошото еден од друг, ова е знак на неусогласеност и токсичност.
  1. Вознемирени сте, но постојано
Вознемирени сте кога сте разделени, вознемирени сте кога седите до нив на каучот, вознемирени сте кога треба да им кажете нешто, вознемирени сте за време и по кавгата. Вашиот нервен систем во основа е на готовс цело време. Вашето тело ви сигнализира дека нешто не е во ред.
  1. Вашите пријатели и семејството изразиле загриженост
Загриженоста може да го вклучува начинот на кој партнерот разговара со вас или се однесува со вас или само вашата општа долгорочна компатибилност. Вашите пријатели и семејството најдобро ве познаваат и го сакаат најдоброто за вас. Тие исто така можат да видат нешто што вие не го гледате. Сфатете го сериозно она што го кажуваат вашите најблиски.
  1. Повеќе ја сакате идејата за тоа што би можеле да бидете вие ​​двајца, отколку она што всушност сте
Бидејќи го сакате партнерот, го гледате потенцијалот и каква би можела да биде вашата врска. Да, гледате проблеми и сакате да ги поправите. И додека сте повеќе од спремни да го направите тоа, без разлика колку пати изгледа дека ја правите вистинската работа, врската сепак делува несигурно. Односите апсолутно бараат работа и одржување. Но, тоа не треба да биде макотрпна работа 24/7. Не може да го бара секој атом од вашата сила за одржување на врската. Извор: Попара.мк]]>

Матеа Христовска стана Miss Best Body на изборот „World Next Top Model 2023“ во Бејрут https://arhiva.vistina.com.mk/matea-hristovska-stana-miss-best-body-na-izborot-world-next-top-model-2023-vo-bejrut/ Wed, 31 May 2023 12:42:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304551

Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за World Next Top Model за 2023г. Македонија ја претставуваше 18-годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело - MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.   Победничка, односно World Next Top Model за 2023 година е претставничката на Казахстан, прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија. Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут. Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут. Фото: Модно студио Црнокрак]]>