ивица јанкуловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Nov 2023 10:15:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ивица јанкуловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И “The Backdoor Band” имаат лик за „леле мајко“ кого го викаат – „Зајко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-the-backdoor-band-imaat-lik-za-lele-majko-kogo-go-vikaat-zajko-video/ Mon, 06 Nov 2023 10:14:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325519

Членовите на охридскиот рок состав “The Backdoor Band”, во петокот вечер одбележаа респектабилен 13 годишен естраден стаж со голема роденденска журка во популарното  Liquid Cafe во нивниот роден  Охрид. На роденденот го промовираа и новиот видео запис за синглот “Зајко”, односно за песната која е настаната пред 10 - тина години како сатиричен и другарски опис на личноста спомената во истата и нејзиниот "рокерски" начин на живот. Автор на музиката е Лазе Фармакоски, текстот е на Влатко Митревски и Жарко Јакимоски, а аранжманот е на целиот бенд. Должноста за снимање на аудиото, микс и мастерингот му припаднала на Ивица Јанкуловски, во неговото студио "Алшар" е финализиран синглот, додека видео записот е сниман на локации во Охрид, а за негово комплетирање и обработка бил задолжен Бојан Симјаноски. Голема благодарност бендот изразува и до СУ Холдинг и клубот Рокенрола, како и до сите учесници во реализација на овој проект кој можете да го проследите во видото во продолжение. ]]>

Ѓорѓи Крстевски прашува на цел глас зар постои подобро од – „Ти и јас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjorgji-krstevski-prashuva-na-cel-glas-zar-postoi-podobro-od-ti-i-jas-video/ Sat, 17 Dec 2022 10:48:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280501

Македонскиот пејач Ѓорѓи Крстевски по повеќегодишна пауза  се враќа на сестрадната сцена како изведувач, откако објави нова песна. Имено, последниве години тој повеќе и се посвети на авторската работа како композитор, продуцент, аранжер и режисер на видео спотови за македонски изведувачи како: Тијана Периќ, Александра Јанева, 2Бе, Владимир Ризовски и Тања Војкоска, Горан Наумоски и Горан Папас, запоставувајќи го сопственото творештво лично за себе.   На радост на неговите обожаватели, Ѓорѓи има нова песна насловена „Ти и јас“ направена во негов стил. Иако не се работи за балада, туку со песна со побрз ритам, во неа секако се чувствува неговиот авторски дух, како и неговата специфичната вокална изведба. Емотивно испеана, какви што се и стуховите на самата песна, таа дише со чиста љубов и искрени емоции, онакви какви што произлегуваат од  длабочината на душата само кога срцето искрено, безусловно и безрезервно некого сака. Крстевски е комплетен автор на песната – музика, текст и аранжман, додека истата е снимена вомузичкото студио „Алшар“.  За снимањето, миксот и мастерот на истата се погрижил Ивица Јанкуловски. Песната е визуелизирана во комбинација со видео и текст анимација изработени од „Крстевски ентертејмент“ и Гоце Наков. Како звучи и изгледа повратничката „Ти и јас“  на Ѓорѓи Крстевски, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Бубе и Игор или Rico Sanchez feat. Igi Man здружени за една љубов во – „Por Un Amor“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/bube-i-igor-ili-rico-sanchez-feat-igi-man-zdruzeni-za-edna-ljubov-vo-por-un-amor-audio/ Tue, 07 Dec 2021 11:55:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230321

Ако некого прашате што би се добило да се спојат рокот, блузот и латино музиката, електричната гитара и латино ритамот, првата асоцијација веројатно би била Карлос Сантана. Неговата единствена музика, оригиналниот звук на електричната гитара проткаен во автентичните латино ритмови. Уникатно и неповторливо. Но ако некој ви каже дека во Македонија е создадено  нешто што такво од македонски музичари, нешто што неодоливо потсетува на музиката на големиот Карлос, ќе речете дека тоа не возможно. А можеби и ќе се зачудите и ќе го смените мислењето откако ќе го слушнете новото, заедничко остварување на двајца врвни македонски музичари. Искусниот Љупчо Ќурчиевски, алиас Бубе - „Тартиф“, некогашен бас гитариста и лидер на своевремено многу познатата и популарна скопска група „Тартиф“ и Игор Станоевски, рок и блуз гитарист од помладата генерација, познат под прекарот Иги Мен, син на однеодамна покојниот македонски гитарист и новинар Петар Станоевски - „Пешак“. Токму нивната необична соработка, резултира со остварувањето насловено  „Por Un Amor“, кое во себе содржи многу латино елементи, но и гитарски звук кој ги спојува рокот и блузот со латиноритамот. Бубе под псевдонимот Рико Санчез веќе со децении живее и работи настапувајќи по цела Европа, каоде изведува токму ваков тип на музика, која во себе го содржи срцето на латинозвукот. Игор пак ориентиран кон традиционалниот гитарски рок и блуз звук создава и твори свирејќи во Македонија. Познанството на неговиот покоен татко со Бубе - „Тартиф“ веројатно ја раѓа соработката на стариот мајстор со новата гитарска ведета, па обајцата спојувајќи го она што најдобро умеат да го дадат од себе, со измиксале во единствен звук кој резултара со темата  „Por Un Amor“ отпеана на шпански, која е комплетно авторско део на Љупчо Ќурчиев. Песната е снимена во студиото „Алшар“ во Скопје, а миксот и мастерингот на истата ги потпишува Ивица Јанкуловски. Бубе и Игор или Rico Sanchez feat. Igi Man здружени за една љубов во - „Por Un Amor“... Љубов кон музиката, во чест на старите добри времиња, на спомените и сеќавањата, љубов кон она што на обајцата им е свето и незаборавно... „Por Un Amor“. ]]>

Ова само Игор Џамбазов „под рака“ со „Жаклина“ го може: Македонска турбофолк класика во џез – блуз варијанта (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-samo-igor-dzambazov-pod-raka-so-zaklina-go-moze-makedonska-turbofolk-klasika-vo-dzez-bluz-varijanta-video/ Thu, 11 Nov 2021 10:13:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226841

Помладите и денес го пејат, а повозрасните се сеќаваат и кога се појави големиот македонски фолк хит „Жаклина“, некаде во 1990/91 година, испеан од некогашниот рокер („Мадригали“, „Трн во око“), подоцна познат битолски фолкер Цане Николовски како главен вокал на тогашната фолк група „Елита“. Песната беше прогласена за фолк хит на годината, а нејзината популарност и денес не стивнува, па „Жаклина“ ја пејат и старо и младо, на свадби, семејни веселби, прослави... Или само онака, на вообичаен провод по различни локали и кафеани. Од 2004 Цане Николовски се исели од Македонија и живее во туристичкото место Аликанте во Шпанија. Во 2016 година, продукцијата „Лотус“ од Битола, дури и снимила документарен филм за Цане Николовски со наслов „Патот за Аликанте“. Цане замина, ама „Жаклина“ остана... да се пее до ден денес, белким и довека. Токму еден од највпечатливите македонски мултимедијални ликови, Игор Џамбазов деновиве влезе во студио да снима. И тоа не сам, туку токму „под рака“ со споменатата „Жаклина“, како македонска турбофолк класика. И сега на рокерите, блузерите, џезерите... на сите што го знаат и познаваат Џамбаз веројатно ќе им се исправи косата, како тоа токму тој да се прешалта во ним „омразената“ музика? Од блузер - турбофолкер? Не ќе да е можно!? И не е! Ама е изводливо! Имено, Игор влезе во студиот „Алшар“ кај Ивица Јанкуловски за да и направи најпрвин музички ривајвал на  старата добра „Жаклина“, ама во сосема поинаква изведба. Така,   македонска турбофолк класика доби и своја  џез - блуз варијанта. Засега само музичка, наскоро и визуелна! „Жаклина ривајвал“... Што ли само ќе рече стариот рокер Цане на сето ова? А како ли ќе реагираат и фолкерите? Ќе се појави ли „Жаклина“ освежена, подмладена, во ново руво, со нов лик или ќе се случи она: „Од секоја зурла не бидува саксофон“? Како и да е новата „Жаклина“ е тука и наскоро ќе биде промовирана. Џамбазов веројатно знае што прави, а дали вие знаете како новата „Жаклина“ би можела да звучи? Еве само едно мало парче, еден сегмент од новата верзија на „старата турбофолк дама“, како „нова џез-блуз мома“:
Фото: Википедија принтскрин/Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Кога „Дактили“ ќе ви посакаат -„Убав ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-daktili-kje-vi-posakaat-ubav-den-video/ Thu, 24 Oct 2019 12:38:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114367

Струмичката поп-рок група „Дактили“ деновиве промовираше нова песна и видео за истата. Бендот го обзнани својот „Убав ден“ на Јутјуб каналот, а она што може да слушне е лежерна, опуштена, амбиетална гитарска споровозна тема, со нагласено тематско соло, каде гирата „везејќи“ ве води низ просторот и времето. Можеби помалку старомодно, со призвук од шеесеттите, ама затоа совршено за „лечење на живците“ во овие турболентни и напорни времења за живеење. Инаку „Дактили“ имаат повеќе настапи меѓу кои предничат оние фестивалските, како на минатогодишниот „Лузер фест“ во рамките на „Таксират“ на пример во Скопје, потоа на „Опен фест“ во Струмица или на фестивалот во Виница... Бендот го сочинуват: Милан Анастасов – вокал, Ставре Ангелаков – гитара, Столе Велков – бас и Душко Манушев – тапани. Музика, текстот и аранжманот за „убав ден“ го потпишуваат заеднички самите „Дактили“, додека зад аудио снимањето, миксот, и мастерингот  стои  Ивица Јанкуловски, а сето тоа е направено во  „Алшар студио. Едноставното, полудокументарно видео кое ја визуелизира музичката тема го изработиле: Видеографи - Бојан Станишлевиќ и Столе Ангелов, асистент на камера - Дени Апостолов, монтажа - Бојан Станишлевиќ, Дронограф - Бојан Станишлевиќ. Во него покрај членовите на групата се појавуваат уште и Бојан Станишлевиќ, и Томе Михајлов. Како звучи и изгледа кога „дактили“ ќе ви посакаат „Убав ден“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=_wKgxudLgmI    ]]>