ИВАП – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Jun 2021 13:04:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ИВАП – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ИВАП одново реагира: Владата вети два милиони евра помош, помошта никаде ја нема… дали мислите дека сме алхемичари? https://arhiva.vistina.com.mk/ivap-odnovo-reagira-vladata-veti-2-milioni-evra-pomosh-pomoshta-nikade-ja-nema-dali-mislite-deka-sme-alhemichari/ Tue, 01 Jun 2021 13:01:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205133

Ивент индустријата која е една од најпогодените од коронапандемијата излезе дека е и една од најзапоставените во поглед на државната помиош. Иако Владата вети помош од 2 милиони евра, таа се' уште не стигнала до продукциите и фирмите кои за организација на настани. Оттаму нивниот револт тие денес одново го искажаа со реакција на социјалните мрежи:
Денес е 1 јуни, влегуваме во шестиот месец од УШТЕ ЕДНА пандемиска година и речиси 15 месеци како ивент индустријата е оневозможена да работи.
Пред извесно време Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се одвоени речиси 2 милиони евра помош, но ајде да ги видиме фактите:
12 април - Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата - исплатени 0 денари
21 април - Јавен повик за организирање на настани - резултати нема, ПОМОШ 0 денари
12 мај - Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивет индустријата - резлултати нема, ПОМОШ 0 денари
Се уште немаме информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како можна помош
Прашање до Владата - дали мислите дека сме алхемичари? Дали се запрашавте како преживуваат нашите компании?
Навистина дел од нас користеа помош за исплата на плати (8 плати за 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење?
Нема настани, нема концерти, нема работа и НЕМА ПОМОШ!
Јавно ја прашуваме Владата, кога мисли да согледа дека нашиот сектор е навистина еден од најпогодените и соодветно да ни помогне?
15
Shares
]]>

Компаниите во секторот на организација на настани од понеделник на протест: „До сега бевме тивки, но нè натераа да станеме гласни“! https://arhiva.vistina.com.mk/kompaniite-vo-sektorot-na-organizacija-na-nastani-od-ponedelnik-na-protest-do-sega-bevme-tivki-no-ne-nateraa-da-staneme-glasni/ Thu, 08 Apr 2021 12:11:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198286

Компаниите што работат во секторот организација на настани (организатори, изнајмување на опрема за озвучување, осветлување и сценска опрема, видео и аудио продукции како и техничка поддршка на настаните) се доведени до тотален колапс. Јавноста знае дека оваа дејност е затворена повеќе од 1 година и сите сме сведоци дека нема јавни настани, концерти, и други случувања каде има масовно собирање. Ниту пак, со оглед на состојбата со пандемијата, имаме надеж дека наскоро ќе можеме да работиме, стои во соопштението на ИВАП. – Но, исто така јавноста треба да знае дека овие компании добија нула денари помош од државата. И покрај сите наши барања, дописи, молби за помош, Владата остана глува а ние невидливи во сопствената држава. Од друга страна, сведоци сме дека некои други сектори повеќепати беа помогнати со грантови и друга помош. Но, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии, велат од асоцијацијата. Тие тврдат дека чекале цела година Владата да го препознае нивниот сектор и да ги согледа загубите. – Не правевме скриени и тајни настани, не го загрозувавме јавното здравје, но заради нашата конструктивност, на крајот го загрозивме опстанокот на нашите фирми. Веќе немаме што да изгубиме, приморани сме нашите права да ги бараме на поинаков начин! Од понеделник излегуваме на улица. До сега бевме тивки, но не натераа да станеме гласни! Ќе останеме на улица се додека не ја добиеме помошта што ја бараме и која ја заслужуваме, посочуваат од ИВАП. – Ги повикуваме сите колеги кои работат во овој сектор како и сите други придружни дејности без кои нашата индустрија не може да постои да ни се приклучат. Не сме многу, но нема да дозволиме да останеме невидливи, додаваат.]]>

ИВАП на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија https://arhiva.vistina.com.mk/ivap-na-1-vi-mart-pred-vladata-kje-odrzi-pomen-na-zabavnata-industrija/ Thu, 25 Feb 2021 13:21:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191482

Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија. Точно една година од денот кога замолкна музиката, замолкнаа настаните, замолкна забавата! Вирусот Ковид-19 стана најголемиот непријател на индустријата за организација на настани. Страдаат многу дејности и сектори, целата креативна индустрија што делува во функција на ивент индустријата е оставена на преживување. „Бевме првите што не забранија, а кога ќе ни доволат да работиме никој не може да потврди. Цела година трпеливо и одговорно делуваме, ние не сме причина за зголемување или ширење на заразата. Но, за жал останавме невидливи за државата. Немаме партнер, ниту поддршка и покрај тоа што со години редовно придонесуваме за полнење на буџетот. Побаравме помош – добивме нејасен модел со недефинирани рокови и услови. Сите други дејности беа помогнати, а нас не оставија на крај со услови кои и самите веројатно не можат да ги објаснат. Пандемијата не стави на апарати а нашата држава ни ги исклучи апаратите. Затоа, во понеделник, на 1 март ќе и оддадеме помен на забавната индустрија. Ги повикуваме сите оние кои се дел од оваа индустрија и кои ја разбираат нашата мака, да ни се придружат, се разбира со строго почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот. Задолжително е носење на маски“ – велат од ИВАП.

Ивент индустријата регира: ИВАП крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за помош од Владата https://arhiva.vistina.com.mk/ivent-industrijata-regira-ivap-krajno-razocharani-i-revoltirani-od-objavenite-merki-od-pettiot-paket-za-pomosh-od-vladata/ Wed, 17 Feb 2021 10:33:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190118

Членките на Асоцијацијата  ИВАП кои се директно вклучени во индустријата за организација на настани се крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за помош објавени од Владата на РСМ. Имено, во мерката 11 која е наменета за нашиот сектор, се предвидени средства за организација на настани и за реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес, мерка што не претставува помош туку реализација на програма и активности на Владата за 2021. Нејасно е кои се тие проекти од државен интерес, по кои критериуми ќе се одбираат проектите? Дали помош ќе добијат сите или само одбраните? За кој период се однесуваат? Дополнително што Владата покажа целосно непознавање на нашата индустрија и измеша компании за настани, маркетинг агенции, продукции, едукатори, културни работници. Да потсетиме, настаните беа први забранети и тоа на 28 февруари 2020 година, како ПРВА мерка за спечување на ширење на пандемијата. Точно цела година се соочуваме со предизвик како да опстанеме и да ги одржиме во живот нашите фирми. Јавните настани не се дозволени, но очигледно тоа не доволна причина Владата да не гледа како загрозена индустрија. Ние сме можеби единствените кои сеуште не можеме да работиме. Изминатиов период имавме средби со владини претставници на кои разгледувавме повеќе модели за помош, дававме конструктивни предлози како да ја надминеме кризата и добивме впечаток дека бевме разбрани. Сега гледаме дека не само што не сме разбрани, туку ќе бидеме употребени и втурнати во една нејасна ситуација, во која веројатно заради недефинирани критериуми ќе има место само за одбраните. Навистина не ни е јасно зошто не се обидоа да изнајдат квалитетно решение и да ги дискутираат предлозите со нас, пред да ги објават, особено што ИВАП е единствената Асоцијација на компании за организација на настани која се понуди како конструктивен партнер во целиот процес. И на крајот прашуваме, за какви настани зборуваме кога не се знае до кога ќе важи забраната за јавни собирања? Дали Владата знае нешто што не ни го соопштува? Објавениот пакет мерки не претставува воопшто помош за индустријата за организација на настани, туку фрлање трошки. Најмалку што очекувавме е да ни помогнат да го рестартираме истоштениот сектор, да ни овозможат да се вратиме на пазарот и да продолжиме да работиме а со тоа и да придонесуваме во буџетот како и пред пандемијата. Задоволни сме што по речиси една година од забраната за работа конечно секторот е препознаен но сакаме јавноста да знае дека мерката 11 предложена од Владата не е воопшто помош за нашата индустрија ниту може да помогне во надминување на сегашната состојба. За жал Владата се однесува по принципот на мајка-маќеа и ни покажува дека воопшто не ја засега иднината на нашите компании. Во периодот што следи ќе ги дефинираме нашите следни чекори и ставови и ќе реагираме соодветно, сé со цел да ја спасиме нашата индустрија.]]>

ИВАП: Заборавени од сопствената држава? https://arhiva.vistina.com.mk/ivap-zaboraveni-od-sopstvenata-drzava/ Tue, 02 Feb 2021 12:40:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187886

Точно 11 месеци компаниите кои се занимаваат со организација на настани се соочени со невиден предизвик, каков што не познава модерната меморија. 11 месеци без можност за работа и за остварување на приходи. Дополнително, сеуште не се знае кога секторот би започнал со работа. За жал, индустријата за организација на настани не е доволно препознаен од страна на Владата, т.е. не се третира соодветно на состојбата во која се наоѓа. „Нашите бизниси се пред колапс. Мерките кои ги понуди Владата во претходните пакети за помош се недоволни и несоодветни за нашиот сектор бидејќи намалувањето на прометот кај нас е и до 100%“. Уште на почетокот на кризата предупредувавме дека сме првите што сме затворени и дека ќе бидеме последни што ќе можат да работат. За жал, нашето предвидување се оствари а во земјава навистина нема можност за организирање на било каков настан на отворен или затворен простор. Ова секако не нé погодува само нас организаторите, тука се уште многу други дејности кои трпат значителни штети заради ситуацијата. Нашата индустрија е комплексна, составена од повеќе компатибилни дејности кои се поврзани и зависни едни од други. Пандемијата ни покажа дека не сме разбрани како индустрија, ниту пак сме доволно видливи за државата. Остваривме средба со господинот Битиќи на која му ја презентиравме комплексноста на нашиот сектор и секако состојбата во која се наоѓаме. Задоволни сме од приемот но сега тоа треба да се претвори и во реална реакција. Доколку Владата итно не насочи помош кон нашата индустрија и доколку јасно не ја вброи нашата индустрија во една од најзагрозените, навистина ќе сметаме дека сме заборавени од сопствената држава. Иако нашата работа подразбира гласност и многу врева, одлучивме во оваа криза да делуваме одговорно и тивко, со намера да покажеме дека сме конструктивен партнер во борбата против пандемијата. Но тоа не значи дека треба да бидеме заборавени или игнорирани. Затоа, бараме итно и веднаш да бидеме издвоени како една од најзагрозените дејности од пандемијата а во претстојниот пакет мерки за помош да бидеме вклучени соодветно на состојбата во која се наоѓаме“ – велат од ИВАП.

Асоцијацијата на Ивент индустријата ИВАП со реакција до Општина Куманово https://arhiva.vistina.com.mk/asocijacijata-na-ivent-industrijata-ivap-so-reakcija-do-opshtina-kumanovo/ Tue, 17 Nov 2020 14:07:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176594

Асоцијацијата на Ивент индустријата (ИВАП) најостро реагира на праксата одредени општини да ангажираат компании од странство за услуги за озвучување и осветлување на јавни настани. Реакцијата на ИВАП Ви ја пренесуваме интегрално. ]]>

Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП најостро реагира на последните случувања во дел од угостителските објекти https://arhiva.vistina.com.mk/asocijacijata-na-ivent-industrijata-ivap-najostro-reagira-na-poslednite-sluchuvanja-vo-del-od-ugostitelskite-objekti/ Mon, 05 Oct 2020 12:39:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170064

Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП најостро реагира на последните случувања во дел од угостителските објекти каде очигледно и бескрупулозно се кршат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19.
Прашуваме, како е возможно да се дозволат овие музички настани, зошто не се спречени за да се намали евентуално ширење на вирусот туку отпосле се пишуваат казни и се поднесуваат кривични пријави за кои никој од нас не знае дали имаат завршница?
Дали Владата е свесна дека со премолчувањето и несанкционирањето на ваквите појави директно влијае на уништување на цела една индустрија во државава, а тоа се организаторите на настани, промоторите, културните работници?
Зошто Владата и надлежните доволуваат за некого да се мајка а за некого маќеа?
По кој член од протоколот за организација на настани работат угостителските објекти?
Зошто на културните настани е дозволено само седење и со 30% исполнетост на капацитетот а во угостителските објекти овие правила не важат?
Имаме право, како Асоцијација да знаеме како се исплатени хонорарите на странските артисти кои настапуваа изминатиов период и дали и каде е платен персоналниот данок?
Дали се пријавуваат влезници за настаните и дали за нив е платен ЗАМП од 10%?
Дали и како се продаваат влезници и дали за нив е платен ДДВ од 18%
Дали и колку се издаваат фискални сметки на пијалоците за времен на овие настани?
Дали угостителскиот сектор, кој Владата го декларираше како најзагрозен станува најзагрозувачки?
Уште од почетокот на кризата нашиот сектор беше конструктивен партнер во изнаоѓање на решенија за излез од кризата и иако најголем дел од компаниите се на чекор пред затворање, ние сепак ги вложуваме последните сили да преживееме и тоа со минимална помош од државата а притоа почитувајќи ги протоколите за работа.
За жал ниту едно од нашите барања во пресрет на 4 пакет мерки не ни беше усвоен ниту пак беа земени пред вид нашите предлози за ублажување на последиците од кризата во овој сектор.
Бараме веднаш да се стави ред во работењето на угостителскиот сектор, да се сакнционираат прекршителите на протоколите а идните вакви или слични настани да се превенираат пред да се случат.
Уште еднаш јасно напоменуваме – угостителските објекти не се место за концерти, не се безбедно место ниту за персоналот ниту за гостите. Угостителите не се организатори на настани ниту промотори. Тие имаат своја дејност и начин за заработка, ние ги имаме само настаните!
И на крајот, бараме од Владата, медиумите и целата јавност да не ја стигматизира индустријата за организација на настани.
Доколку во наредниот период не се санкционираат и уште поважно не се спречат ваквите појави ќе бидеме приморани да превземеме радикални чекори во заштита на нашата професија и дејност!
Со почит,
ИВАП

Асоцијацијата на Ивент индустријата стана полноправна членка на LiveCom Alliance https://arhiva.vistina.com.mk/asocijacijata-na-ivent-industrijata-stana-polnopravna-chlenka-na-livecom-alliance/ Wed, 12 Aug 2020 12:39:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163049

Македонската асоцијација на ивент индустријата (ИВАП) стана полноправна членка на LiveCom Alliance. LiveCom Алијансата е пан-европско здружение кое ја претставува индустријата за live комуникации и настани. Основана е во 2016 година како непрофитна организација со верба дека индустријата за live комуникации и настани заслужува паневропски пристап. Целта е да се развие индустријата преку размена на локално искуство, инспиративни идеи, најдобри практики и истражување. Алијансата ги обединува и инспирира членките и им нуди можност да учат едни од други. Денес во LiveCom Алијансата членуваат 11 национални Асоцијации, со повеќе од 750 агенции и компании од Европа и тоа од Шпанија, Италија, Австрија, Швајцарија, Португалија, Холандија, Франција, Германија, Белгија, Турција и Македонија. “За нас, како млада Асоцијација ова значи поврзување со најдобрите од Европа во нашата дејност и можност за усовршување, поврзување со европскиот пазар, но и усвојување на добрите практики и регулативи”, велат од ИВАП.

Ивент индустрија ИВАП: Владата да го слушне нашиот глас, по 100 дена забрана да почнеме со работа https://arhiva.vistina.com.mk/ivent-industrija-ivap-vladata-da-go-slushne-nashiot-glas-po-100-dena-zabrana-da-pochneme-so-rabota/ Wed, 10 Jun 2020 19:49:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153189

Асоцијацијата Ивент индустрија ИВАП денеска преку соопштение испрати апел до Владата да се слушне нивниот глас и веднаш да се отпочнат разговори за релаксација на овој сектор со оглед на тоа што, како што наведува, компанијата веќе 100 дена има забрана и неможност за работа.
-Речиси 100 дена забранети се јавните собирања, настаните, концертите, семинарите и конгресите. 100 дена забрана и неможност за работа на компаниите од оваа индустрија. И додека во околните земји мерките целосно се релаксираат а настаните се одвиваат без ограничувања, кај нас буквално никој и не размислува за оваа стопанска гранка, соопшти Асоцијацијата.
Од Асоцијацијата ИВАП велат дека оствариле средба со министерката за финансии на која ги разгледале можностите за рестартирање и помош за секторот, но како што посочуваат, уште немаат конкретни резултати од средбата.
-Уште на почетокот на кризата предупредивме дека сме првите кои не затворија, на крајот на февруари и дека ќе бидеме последни што ќе не пуштат. Сега гледаме дека за жал сме биле во право. Иако станува збор за сектор забава, нашите компании се сериозни и зад нас стојат најголемите и најзначајни оранизирани настан и во Македонија. Нам и најдолго време ќе ни треба за да отпочнеме со работа, бидејќи подготовката на еден настан не се случува преку коќ, соопшти ИВАП Асоцијацијата.
Додаваат дека доколку не им биде понудена соодветна поддршка и не бидат прифатени нивните барања ќе бидат приморани да ги отпуштат вработените и да ги затворат компаниите.
-Освен редовно вработените, засегнати се и голем број на други сектори, индустриии физички лица од различни профили – актери, музичари, водители, фотографи, сликари, дизајнери,костимог рафи, сценографи, светло мајстори, како и кастинг агенции, печатници, кетеринг служби, агенции за обезбедување, програмери,техничари, енергетичари,превозници, бравари, столари, посочува компанијата.
Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП ја сочинуваат фирми кои се занимаваат со организација на настани од секаков вид, компании за изнајмување на техника, видео и аудио продукции и техничка поддршка на настаните