иван петровски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Oct 2023 12:37:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png иван петровски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Теона Јованоска со песната на Сара Мејс беше вистинско освежување на „Макфест 2023“ – „Јас без тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/teona-jovanoska-so-pesnata-na-sara-mejs-beshe-vistinsko-osvezhuvane-na-makfest-2023-jas-bez-tebe-video/ Mon, 30 Oct 2023 12:37:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324531

На 20-ти октомври на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест 2023“ во Штип, младата талентирана пејачка со одлични гласовни способности Теона Јованоска го имаше своето деби на македонската музичка сцена, во рамките на првата дебитантска и вечер на млади надежи и помалку афирмирани изведувачи. Теона настапи со љубовната балада „Јас без тебе”, со која ги освои симпатиите на публиката. Со нејзиниот моќен глас, чиста дикција и едноставност на сцената публиката лесно ја препозна по аплаузот со кој ја поздрави по завршувањето на настапот. Од своите искусни колеги доби и бројни комплименти дека од нејзиниот настап и глас сѐ се слуша и сѐ се гледа, дека е родена да биде ѕвезда, и да продолжи да вложува во развој на нејзината музичка кариера. Музиката и текстот се на неповторливата Сара Мејс, која воедно е и нејзина долгогодишна менторка по пеење. Аранжманот е на Иван Петровски, а спотот е во режија е Каролина Ди. Како звучи и изгледа видеото на Теона нејзината макфестовска песна „Јас без тебе“, проследете во продолжение. ]]>

Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга – „Фреквенција“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-odnovo-vibrira-samo-sega-na-druga-frekventsija-video/ Thu, 08 Jun 2023 06:40:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305422

Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс во јавноста ја обзнани својата нова песна,  со која ни подари освежувачко транспортирање на една поинаква енергија. Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката... Особено ако е така создадена не само да ја слушнате, туку и да ја почувствувате со сите свои сетила, на една сосема друга „Фреквенција“, како што гласи насловот на новото музичко остварување на познатата македонска харфистка и поп пејачка. Нејзината „Фреквенција“ зрачи со енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите како забавна „мелодична четка“, а вајбот во неа како и видеозаписот се инспирирани од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки ритам и расположение.

Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.

Видеозаписот е замислен да биде визуелна манифестација на новата песна на Сара, како урбан простор со колоритно фокусирани делови и футуристички предмети.

Истите сами по себе го надополнуваат расположението и „вибрацијата” во која Сара Мејс го изведува својот софистициран, суптилен еротски танц, кој зрачи со силен возбудлив еротски набој, иако во видеото нема ниту еден експлицитен кадар. Едноставно,  Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга - „Фреквенција“! 

Како сето тоа изгледа и звучи, проследете од видеото во продолжение откако ќе кликнете и успеете да се најдете со Сара Мејс на иста “Фреквенција“. ]]>

Васил Ангелов би сакал таа да биде негово – „3 во 1“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-angelov/ Wed, 14 Dec 2022 13:46:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280047

Некогаш ова младото момче толку веродостојно ги пееше кавер верзиите на хитовите на Тоше Проески како „По тебе“ или „Надеж“на Лозано, за потоа  Васил Ангелов кој потекнува од музичко семејство посериозно да заплови во музичките води. Негов татко е академскиот музичар и долгогодишен член на групата „Арија“, Здравко Ангелов,  па не е ниту чудно, ниту изненадување што музиката од хоби на Васил му станува идна професија. По пауза од цели четири години кога во декември 2018 ја издаде првата  солистичка песна проследена со видеоспот, насловена „Музика“, младиот музичар се враќа на естрадната сцена со нова тема.  Овој пат истат е во диско - фанки стил, со танцов ритам и носи наслов „3 во 1“ (Три во едно). Музиката на новата песна покрај самиот Васил ја потшишува и Иван Петровски кој го напавил и аранжманот, а стои и зад музичката продукција, додека стиховите ги напишала Тања Соколовска. Придружните вокали ги испеала Полина Тасева, а темата „3 во 1“ е визуелизрана и со видеоспот кој го снимал и режирал Дарко Јовановски. Во видеото покрај останатите статисти и танчерките од денс студиото „Break A Leg“, како главен женски лик  се појавува и едно добро познато ТВ лице, кое го гледате секојдневно на ТВ екраните. Имено, заедно со пејачот главната женска ролја во видеото ја има новата водителка на најгледаниот естраден ТВ магазин, „Бекстејџ“, младата и атрактивна Ева Јовановска. Како звучи и изгледа кога Васил Ангелов бара „3 во 1“ проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

„Лилит“ за љубовта која нема граница имаат свој – „Одговор“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lilit-za-ljubovta-koja-nema-granica-imaat-svoj-odgovor-video/ Thu, 09 Dec 2021 13:52:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230591

Бендот „Лилит“ предводен од познатиот македонски музичар и музички автор Трајко Таци Симоновски и шармантната и екстравагантна вокалистка, охриѓанката Емилија Колоска имаат нова песна. Овој пат темата носи наслов  „Одговор“ и беше тсвирена заедно со материјалот за нивниот деби албум на неодамнешниот прв концерт кој бендот го имаше во скопското кино „Милениум“. Покрај „Одговор“ на концертот во проширен состав од 12 музичари беа изведени уште неколку неиздадени нумери. Како збогатување на основата на бендот се појавија: Сашко Николовски, Кирил Кузманов, Сенад Усеин, Калина Велковска, Полина Тасева и Драган Ѓуровски. Всушност, самиот сингл е и најава за албумот „Чудо“ - насловен по нивната прва песна, кој набрзо ќе биде издаден и пуштен во продажба, порачуваат од тимот на „Лилит“. Покрај Емилија Колоска, авторот и басист Трајко Симоновски, во бендот членуваат уште игитарист Иван Петровски, додекаа зад клавијатури се појавува Филип Димишковски. Видеото е од нивниот споменат настап во живо во кино „Милениум“ кој го снимале „Блек Меџик продукција“ со своите камери. Песната е миксана и мастерирана во студиото „CIty Sound“. Проследете како звучи и изгледа кога „Лилит“ за љубовта која нема граница имаат свој - „Одговор“. ]]>

Полина Тасева умее да ви го покаже сопствениот одраз во – „Огледало“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/polina-taseva-umee-da-vi-go-pokaze-sopstveniot-odraz-vo-ogledalo-video/ Tue, 02 Nov 2021 13:31:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225647

Атрактивната пејачка Полина Тасева  изминатиов викенд повторно нè почести со нов видео запис, овој пат за баладата „Огледало“ со која настапи на годинешниот „Макфест 2021“. Иако не освои награда, таа остави силен впечаток со раскошниот глас, убедливиот сценски настап и раскошниот стајлинг. Музиката и текстот за песната се на Полина и Иван Петровски, кој ги потпишува и аражманот и продукцијата. Видеоспотот е креативна идеја на Полина и Владислав Гавриловски со кого ова и е трета соработа, по "Игра" и "Сè се врти во круг" кои јавноста одлично ги прифати. Видеото е дополнително збогатено со танчерката Ангела Богатинова, која го доловува "одразот" на Полина. И кога ќе се спојат убавината и креативноста на едно место, резултатот е симпатично спакувана видео приказна која ве тера да ја погледнете и по неколку пати. Како сопствениот одраз во огледало. Како она што сакаме да го видиме, кога гледаме во него... Секој во своето „Огледало“ ! ]]>

Полина со својата публика однеодамна е на… – „Ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/polina-so-svojata-publika-odneodamna-e-na-ti-video/ Fri, 14 May 2021 06:50:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202308

Деновиве излезе новото видео на младата и талентирана пејачка Полина Тасева во кое таа повторно го покажа својот неисцрпен талент. Песната насловена „Ти“ е нејзина трета песна која може да ја најдете на нејзиниот YouTube канал. “Ти” е визуелизирана и со видео запис кој Полина го работеше со талентираната Христина Трајкоска на три одбрани локации. Замислата доби свој печат со посебните препознатливи модни креации на Андреј Ѓорѓиевски Папаз. Музиката и текстот се на Полина заедно со Иван Петровски, додека аранжманот и продукцијата ги работеше Иван. „Процесот е долг, но, прекрасен, се осврнуваш на идеите и стекнатото знаење, потоа чекориш само напред додека не стигнеш до реализација и готовиот производ. Тогаш веќе си среќен со тоа што си го направил, а задоволството е огромно. Благодарност до целиот тим кој ме следеше во подготовките и ме поддржуваше за овој проект да излезе успешен. Со Иван работиме и на останатите песни кои во иднина ќе го заокружат мојот прв соло албум... следете не, ќе бидеме повторно со вас за скоро време со нови музички освежувања“- порачува Полина! Погледнете го видеото за „Ти“ на Полина во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=niVkA2esveE]]>

Полина Тасева смени професија? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/polina-taseva-smeni-profesija-foto/ Mon, 29 Mar 2021 11:59:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196487

 Сите знаеме дека пандемијата најмногу им наштети на музичарите. Веќе цела година не се слуша жива музика од кафулињата, клубовите и рестораните, нешто по што бевме препознатливи. Па така голем дел од нашите музичари во изминатава година се трудат да го задржат духот и формата, а некои сменија и професија.
Младата и талентирана пејачка Полина Тасева е една од нив. Во отсуство на живи настапи почна да се занимава со еден малку поинаков вид на уметност, вајарство.
Но, не као нова професија, ниту пак како дополнителна дејност, туку тоа беше само за потребите на новото видео кое Полина деновиве го снимаше на неколку локации во Скопје.
Видеото е всушност визуелизација на песната „Ти”, за која музиката и аранжманот се на Иван Петровски, а текстот заедничко дело на Полина и Иван.
Што се изваја од вештите раце на атрактивната Полина, останува да видиме наскоро!
]]>

Скопски џез фестивал ја додели награда “Златен орикс” на младиот џез уметник Иван Петровски https://arhiva.vistina.com.mk/skopski-dzez-festival-ja-dodeli-nagrada-zlaten-oriks-na-mladiot-dzez-umetnik-ivan-petrovski/ Mon, 19 Oct 2020 12:09:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172104

Гитаристот Иван Петровски е годинашниот добитник на наградата “Златен орикс”, што Скопски џез фестивал ја доделува на најдобар млад џез уметник во соработка со „Катар ервејс“. Тој ќе ја прими наградата вечерва, на сцената на Македонската опера и балет, во текот на последниот ден од 39-от Скопски џез фестивал. Дваесет и седумгодишниот Петровски е самоук гитарист и почнал да свири на 12 години. Тој е дипломиран аранжер на Факултетот за музичка уметност во Скопје и се занимава со пишување и аранжирање песни од поп и класична музика. Досега има снимено шест албуми како гитарист на групите „ДСХ“, „3џект“, „Музаик“ и „Хајрграунд“. Претходни добитници на оваа награда се тапанарот Виктор Филиповски, клавијатуристот и пијанист Филип Димишковски и басистката Андреа Мирческа.]]>