иван јованов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 12:06:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png иван јованов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Естрадата се спрема за мекици: Иван Јованов од „Либеро бенд“ за 40-ина дена станува татко (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/estradata-se-sprema-za-mekitsi-ivan-jovanov-od-libero-bend-za-40-ina-dena-stanuva-tatko-video/ Mon, 19 Feb 2024 12:06:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339185

Иван Јованов, пејачот од „Либеро бенд“, набрзо ќе стане татко, вест која ги шокираше сите. Идните родители направија прослава во присуство на најблиските пријатели и семејство, на која го открија полот на бебето кое го очекуваат.   Ивана и неговата сакана Ивана на прославата дознаа дека очекуваат девојче. Во разговор за најгледаниот естраден ТВ магазин “Бекстејџ” , сега Иван откри дека за 40-ина дена ќе стане татко, но и ја откри причината поради која ги редуцираа настапите во Скопје, но и медиумските појавувања. Патем, пејачот и најави нова песна каква досега ниту еден македонски артист нема направено. Во чекување на мекиците и новиот проект проследете што се кажа лидерот на „Либеро“ во своето мини интервју: ]]>

Иван Јованов реши да отвори душа и јавно се исповеда: Пејачот раскажа за односот со Антониа, се’ за новата девојка, идниот брак и бебето што доаѓа… (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivan-jovanov-reshi-da-otvori-dusha-i-javno-se-ispoveda-pejachot-raskazha-za-odnosot-so-antonia-se-za-novata-devojka-idniot-brak-i-bebeto-shto-doaga-video/ Fri, 29 Sep 2023 07:33:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320307

По турбулентната година во која беше многу повеќе приватно отколку професионално во фокусот на јавноста, по се' што му се случуваше во пропаднатата врска со сега веќе бившата девојка Антониа Гиговска, пејачот на „Либеро бенд“, харизматичниот Иван Јованов неодамна одново ја шокираше јавноста. И тоа повторно со сегмети од приватниот живот, но овој пат во вид на пријатни вести кога од нигде - никаде, како „гром од ведро небо“ обзнани  дека наскоро ќе стане татко. Ја претстави во јавноста и својата нова избраничка, охриѓанката Ивана Зимбо, а обајцата и јавно открија дека очекуваат женско дете, односно ќе станат родители на ќеркичка. Иван, со исклучок не едно интервју за „Бекстејџ“, за она што му се случуваше малку сакаше да зборува во јавноста и досега, но сега реши да седне на „жешкото столче“, да ја отвори душата и на некој начин јавно да се исповеда. Пејачот во старт призна дека во вакум периодот меѓу двете сериозни  врски- онаа со Антониа и оваа, која би требала да заврши со брак со Ивана, скршил многу женски срца. За идната животна сопатничака пејачот вели: “Ивана е девојка која не беше експонирана во јавноста и мислам дека така и ќе остане. Приватноста овој пат ќе ја зачуваме за себе. Од најблиските пријатели, семејството не криев дека сме заедно, но повеќе бевме во Охрид, каде нашето опкружување се дружеше со нас и знеше за нашата врска...“ - раскажува пејачот. Тој вели дека му се исполнила желбата за обете нешета - и да има дете и тоа да биде женско, зашто поскавул ќерка, но второто би сакал да биде машко, зашто смета дека девојките се позрели додека растат, па сестричката ќе го учи помалото братче. Името на ќеркичката се' уште не го открива, иако вели дека не мрази ниту едно име, но сепак не ги преферира баш оние старите, како и имињата кои се некекво клише и често употребувани. „Она што најважно, јас сум веќе оддамна подготвен за улогата татко и знам да чувам деца“ - порачува Иван.  Што се однесува до свадба... Ќе направиме венчавка со матично, а свадбата ќе почека најпрвин да се роди девојчето, па потоа може да направиме голема свадба“ - додава тој. Кога е неговата приватност од блиското минато во прашање, Иван вели дека по разделбата со Антониа Гиговска само еднаш и тоа случајно се сретнале во еден скопски мол на поминување и толку. Никаква комуникација понатму не постоела меѓу нив, ни непосредно пред, ниту по породувањето на пејачката. За конкуренцијата и плановите со „Либеро бенд“, настапите дома и во дијаспората, трачевите за себе и односот на медиумите, дали ќе се пресели да биде „охидски (дома)зет“, дали и' ја честитал на бивашата девојка приновата, дали се плаши дека некој „ нов другар“ би можел да му ја „украде“ идната сопруга Ивана или сега научил да ги бира и другарите и девојките... во разговорот подолу на „Жешкото столче“ на кое Иван Јованов седна да разговара со неговиот домаќин Никола Трпковски. ]]>

Момент на вистината: Иван Јованов ќе стане татко, тој и неговата избраничка Ивана чекаат ќерка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/moment-na-vistinata-ivan-jovanov-ke-stane-tatko-toj-i-negovata-izbranichka-ivana-chekaat-kerka-foto/ Tue, 26 Sep 2023 10:04:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319710

Онака ако што „како гром од ведро небо“ Антониа Гиговска ја изненади јавноста со своите „љубовни претумбации“ во врската со Иван Јованов, која на крајот како што е познато заврши како што заврши, а Антонија заврши во брак  со неговиот бивш другар,  музичарот Роберт Спасенцоски со кого подоцна го доби синчето Киан, така изнендувачки дојде и последната вест дека  сега пејачот на Либеро бенд, „преку ноќ“ ќе стане татко!!? Имено,  Иван Јованов сите, освен најблиските, неочекувано ги изненади откако на  својот Инстаграм деновиве  објави видео и фото сегменти од забавата за откривање на полот на бебето кое очекува да го добие со неговата нова девојка Ивана! За нивната врска која очигледно не е многу оддамна, не барем јавно, освен нивното блиско опкружување, речиси никој не знаеше. Јавноста уште помалку, зашто после  пропаднатата долга врска со телевизиската водителка Јана Серафимова и онаа неславно завршената со Антониа Гиговска, Иван очигледно приватноста од медиумите ја криел како „змија нозете“. Неодамна еден од македнските портали (Репротер.мк)  објави папарацо фотографија на која Иван беше „уловен“ во друштво на шармантна девојката на терасата на едно скопско кафуле. Но како и многу други фотографии претходно и со познати и со непознати девојки, никој не потврди дека во прашање е дамата која утре треба да биде мајка на нивното заедничко дете. Се' додека пејачот на  својот Инстаграм деновиве не објави видео и фото од моментот на откривање на полот на бебето кое очекува да го добие со својата избраничка. Инаку, кога е во прашање идната мајка, се работи за девојка која има охридско потекло и е под познато семејство, a се вика Ивана Зимбо, со која Иван Јованов обзнани дека ќе добие ќеркичка. Веста дека наскоро ќе добие внука и ќе стане дедо ја потврдил и таткото на Ивана, охриѓанецот Александар Зимбо, споделувајќи ја фотографијата од „моментот на вистината“ на својата Фејсбук страница! Кога и дали ќе има свадба голема, кој ќе му свири и пее на неа, кога е закажана венчавка во матично и црква, кој е кумот, а која старосватицата... и сите останаати детали, Иван Јованов се' уште ниту ги открил, ниту ги споделил со јавноста. Можеби како и за бебето, ќе почека „штркот најпрвин да долета“ или  повторно ќе ја „шокира“ јавноста... со нова, убава вест, секако! Во меѓувреме, нека е со среќа и честито! Фото: Инстаграм/jovanov_ivan/Фејсбук/Aleksandar Zimbo    ]]>

Мартија Станојковиќ седна на „жешко столче“ па одоговараше на „незгодни“ прашања, меѓудругото и на она „најжешкото“: Дали и го „украде“ момчето на својата другарка Антониа Гиговска? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/martija-stanojkovikj-sedna-na-zeshko-stolche-pa-odogovarashe-na-nezgodni-prashanja-megjudrugoto-i-na-ona-najzeshkoto-dali-i-go-ukrade-momcheto-na-svojata-drugarka-antonia-gigovska-video/ Mon, 31 Oct 2022 09:14:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273454

Оние кои ги следат и подобро познаваат естрадните збиднувања на домашната естрада, па и голем дел од следбениците на социјалните мрежи, особено младите,  знаат дека двете ваеројатно најталентирани и најпопуларни пејачки од помладата генерација, Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ  се не само колешки, туку меѓудругото ако не најдобри другарки, тогаш сигурно многу блиски пријателки. Тоа многупати го покажале и јавно, споделувајќи фоторафии и видеа на социјалните мрежи од нивните приватни дружења. По сите естрадно-кулоарски муабети, написи, објави... приказната за разделбата на Антониа Гиговска и нејзинот момче Иван Јованов стана  уште поскокотлива и позаплеткана, откако токму нејзината (нај)добра другарка Мартија заврши со бившотото момче на Антониа… До душа, само на иста сцена, откако во неколку наврати беше повикана да биде специјална гостинка на пејачот и неговите „Либеро бенд“ на нивните настапи. Оттаму веднаш почнаа да кружат и новите приказни, за наводната нова „естрадно-љубовна шема“...? Мартија  беше гостинка во Јутјуб емисијата „Жешко столче“ на водителот  Никола Трпковски кој ѝ постави низа непријатни прашање. Едно од тие беше во какви односи е со Иван, поранешното момче на Гиговска?Дали Мартија навистина и го „украде“ момчето на својата другарка Антониа? Што одговори Мартија и на какви сѐ други незгодни прашања одговораше младата кумановка седната на „жешкото столче“, погледнете во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  Фото и видео Јутјуб/ Zesko sloce и Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic  ]]>

По девојката, Иван Јованов остана ли и без бендот: Пејачот соло на сите полиња? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-devojkata-ivan-jovanov-ostana-li-i-bez-bendot-pejachot-solo-na-site-polinja-foto/ Thu, 27 Oct 2022 07:38:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272992

Раскинувањето на естрадно-љубовната врска на поп пејачката  Антониа Гиговска и вокалот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, се претвори во приказна во продолженија... Се развлече како турска серија во којзнае колку епизоди. И таман кога мислевме дека тука е крајот и се' е веќе познато, откако обајцата решија, ако не до крај „да отворат душа“, туку „чат-пат“ само малку уста, па наговестија „каде љувовта испари и кој кого изневери“, еве нова сомнеж за нешто, што можеби би било уште пошокантно! Имено, на последниот скопски настап на Иван и неговите „Либеро бенд“, на сцената во еден од најпознатите скопски ноќни локали на сцената му се придружи најдобрата пријателка на неговата бивша девојка. Оддамна беше познато дека Мартија Станојковиќ и Антоиниа Гиговска се повеќе од добри пријателки, па дури и другарки и себе си воопшто не се доживуваат како конкуренција, туку една на друга се еден вид поддршка и инспирација! Веројатно токму инспириран од тоа, тогаш Иван ја покани Мартија да му биде специјална гостинка нему и на неговиот бенд на сцената во клубот, па оттаму тргнаа и сомнежите и новите шпекулации дека освен музичка се раѓа и „љубовна хармонија“ помеѓу двајцата пејачи. Впрочем, кога можела неговата бивша да биде „повеќе од блиска“  со неговиот најдобар другар како што бруи чаршијата и се говори во естрадните кулоари, што не би и возвратил и тој на ист начин? Некаква логика во оваа помисла можеби и има, но вистина секако - НЕ! Зашто и самиот Иван Јо0ванов овие шпекулации ги демантираше во интервјуто за најгледаниот естраден ТВ магазин „од зад сцената“! Арно ама, дружбата на Иван и Мартија очигледно тука не застана. Нова седмица и нова најава повторно за заеднички настап на истото место... Клубот  со име за „пауза“ го најави ивентот на Инстаграм, а и самата Мартија како и Иван го сториле истото. Но, овој пат во целата приказна не е во прашање некаква нова сомнеж за „љубовна сплетка“ меѓу двајцата млади пејачи, (иако и таквата можност никогаш не е исклучена), туку во прашање е нешто сосема трето. Имено, во најавата за настапот, никаде го нема бендот. Иван Јованов е најавен дека настапува сам, а како негова гостинка на вечерта е најавена и Мартија!? Дали тоа значи дека по Антониа, Иван Јованов остана и без „Либеро бенд“, односно сега пејачот е соло на сите полиња? И приватно и професионално... отсега сам? Или можеби е тоа само случајна „печатна грешка“, пропуст од незнаење на оние што го подготвувале рекламниот материјал за ивентот? Мартија до душа во своите Инстаграм приказани пробала случајно или намерно да ја „поправи грешката“ додавајќи го името и на Иван Јованов и на „Либеро бенд“ во нејзината лична најава на заедничкиот настап, ама... Останува до вечер да видиме?! Фото; Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic/jovanov_ivan  ]]>

Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ се најдобри другарки, ама оваа вторава заврши со бившото момче на првата… на сцена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-i-martija-stanojkovikj-se-najdobri-drugarki-ama-ovaa-vtorava-zavrshi-so-bivshoto-momche-na-prvata-na-scena-video/ Fri, 14 Oct 2022 10:19:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271295

И додека љубовната афера за раскинувањето и причината за истотот во наводната прељуба и неверство помеѓу Антониа Гиговска и нејзинот момче, пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов добива разврска, животот тече понатаму, а со него и работата... Нивната е да настапуваат и пејат, па така Антониа  деновиве пееше во Струмица, а Иван со своите пајташи од „Либеро“ ги забавуваше присутните гости во еден од најпознатите скопски ноќни локали. Приказната за раскинувањето на долгата врска на естрадно-љубовната двојка испреплетена со претпоставки дека „кај што двајца се сакаат“ третиот е вишок како кога ќе упадне „Џокер во покер“, особено ако „Џокерот“ е добар пријател на посилната половина од љубовната двојка, која заради криза, досада или одмазда, во еден момент станала „тројка“... Во стварноста или барем само во естрадно - кулоарските приказни!? Од друга страна оние кои ги следат и подобро познаваат естрадните збиднувања на домашната естрада, знаат дека двете ваеројатно најталентирани и најпопуларни пејачки од помладата генерација, Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ меѓудругото се ако не најдобри другарки, тогаш сигурно многу блиски пријателки. Тоа многупати го покажале и јавно, споделувјќи фоторафии и видеа на социјалните мрежи од нивните приватни дружења. За да биде мистеријата поголема, а приказната за разделбата на Гиговска и нејзинот момче уште поскокотлива и позаплеткана, токму нејзината (нај)добра другарка Мартија заврши со бившотото момче на Антониа... на сцена! Имено, на настапот на Иван и „Либеро бенд“ во елитниот скопски локал, со него на сцената пееше никој друг туку Мартија. Како и секогаш дотерана, модерно стокмена, згодна и атрактивна, покрај вокалните способности и сценската умешност го „истури“ сиот свој секспил на сцената. И не само тоа, туку многумина покрај одличната журка што ја направија забележаа уште нешто... Имено, ако е се под контрола и ако навистина како што самите изјавиле дека пријателски се разделиле, логично би било таа вечер и Антониа да биде на настапот, макар само како гостинка во публиката, дотолку повеќе што на сцената пее и нејзината најдобра пријателка Мартија?!  Од друга страна пак, оние што внимателно ги забележуваат деталите, велат дека Иван и Мартија зрачеле со хемија и совршено се совпаѓале и согласувале на сцената,  не само вокално, туку и како двојка... До душа, само како естрадна, ама...?   Впрочем и заедно испеаните дует песни говорат за совршеното совпаѓање на двата вокала, како две сродни души... естрадни!  А некако и таков репертоарот се погоди... „Како јас без тебе, а и како ти без мене...“? Впрочем, наскоро ќе видиме кому му доаѓаат „тешки денови“, а кому ќе му мирисаат јороговани...? Љубовни - секако! Фото и видео: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic
 ]]>

Знаеш, никогаш не вели никогаш: Антониа Гиговска сподели скриена порака со тајно признание дека крие „Џокер во ракавот“, или покајание за нов почеток со стариот „либеро“? https://arhiva.vistina.com.mk/znaesh-nikogash-ne-veli-nikogash-antonia-gigovska-spodeli-skriena-poraka-so-tajno-priznanie-deka-krie-dzoker-vo-rakavot-ili-pokajanie-za-nov-pochetok-so-stariot-libero/ Fri, 14 Oct 2022 08:05:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271250

Откако во јавноста најпрвин одекна веста дека повеќе не се заедно, а набргу потоа и роструи причината за раскинувањето на  Антониа Гиговска и нејзиното долгогодишно момче Иван Јованов, тргна и шпекулациите, претпоставките темелени на муабетите на чаршијата и гласните шепотења во естрадните кругови дека во прашање и прељуба и неверство?! и тоа двојно, односно обострано, или поточно неверство како љубовна одмазда за веќе сторено неверство.  Ако е така, не е ни важно кој кого прв изневерил, а кој сега му враќа „мило за драго“...!

Впрочем, двојката ова ниту го потврди, ниту го демантираше, но неофицијалните информации говореа дека љубовната игра на естрадната двојка ја растурил еден „Џокер“.

Стариот пријател на Иван Јованов, сега музичар во придружниот бенд на Антониа Гиговска, сајзеристот Роберт Спaсенцовски, лик кој се крие зад маската и псевдонимот на „Џокер“ претставувајќи го своето второ јас  како соло (т)рап артист. Токму тој се споменува дека е личноста за која се шпекулира дека како „part time lover“  во моменти на „емотивна слабост на пејачката“ влетал и ја растурил наводно ионака веќе разнишаната врска помеѓу Иван и Антониа? Дали е така или не, се' уште јавно не дознавме, зашто и нема јавно признание од никого... Од ниту една од „трите засегнати страни“. Ама затоа има нешто друго... Имено, Антониа Гиговска во приказните на својот Инстаграм сега сподели интересен статус... Анимација со ликот на Џокер и под него текст: „Најјаката до сега“! Иако некои веднаш помислија дека се работи за очигледно признание, зашто Антониа во написот мислела на себе кога се досегашните девојки на Џокер во прашање, всушност приказната е сосема поинаква. Иако можеби ова може и така да се протолкува, ако има встина во нивната „љубовна романса“, сепак поверојатно е дека Антониа мислела на новата песна и видео на Џокер насловена „Знаеш“ која тој деновиве ја промовираше на својот Јутјуб канал (КЛИКНИ ТУКА). До душа во стиховите и самиот пее: „Ми треба време да е навикнам, ми треба време да си признаам, зашто само ти знаеш колку вредам“... Па многумина ова го протолкуваа и како текст со автобиографско признание на „љубовниот грешник зад маската“, иако баш и не мора ништо да значи! Од друга страна пак Антониа веќе во следниот Инстаграм статус од приказните споделила уште една „скокотлива асоцијација“ која буди сомнежи.     Имено, гордеејќи се со своите еден милион прегледи на Јутјуб за една од нејзините први песни насловени „Никогаш не вели никогаш“, Антониа исто така ги споделила и дел од стиховите што асоцираат на пост ситуацијата од нејзиниот неодамнешен љубовен заплет: „Гордо пред мене ти стоиш и нема причина да си заминеш, пак на сите солзи и сомнежи болни ќе заборавам јас, заборави и ти...“ - напишала пејачката. Подолу пак додала: „Време е за второ продолжение“... Само е нејасно на љубовта или песната? Како и да е, останува дилемата, Дали со ова  Антониа Гиговска не сподели скриена порака со тајно признание дека крие „Џокер во ракавот“, или покајание за нов почеток со стариот „либеро“? Што и да е во прашање... Никогаш не вели никогаш!   Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa

Дали Антониа Гиговска и Иван Јованов од „Либеро бенд“ се исто како што беа Ноне и Ристе Тевдоски од „Браво бенд“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-antonia-gigovska-i-ivan-jovanov-od-libero-bend-se-isto-kako-shto-bea-none-i-riste-tevdoski-od-bravo-bend-foto/ Sat, 08 Oct 2022 07:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102648

Музичката кариера на една од најнадежните и најталентирани млади македонски пејачки Антониа Гиговска, па и приватниот живот и врската со Иван Јованов - пејачот на „Либеро бенд“, во многу што потсетува на музичко - љубовната сага на една друга не така оддамна позната македонска музичка двојка: Ноне Неделковска и тогаш пејачот на „Браво бенд“, Ристе Тевдоски.
И Антониа како и Ноне, кариерата ја започнува многу млада, а првите поголеми успеси обете ги доживуваат на тинејџерска возраст. На обете големата врата во светот на музиката ќе им се отвори на ист начин - преку регионално музичко талент шоу.
Ноне беше тогаш во регионалниот „Идол“ каде дотурка до самото финале, но не победи. Го освои второто место иако реално ја заслужуваше победата! Антониа исто така. Воодушеви во Пинковите „олстарс“ ѕвездички и нивната завршница, но не победи, иако и таа, како и Ноне - требаше...  И оттука работите тргнуваат да се движат забрзано кон врвот... и кај обете.
Тогаш Ноне станува ексклузивец на „Премиер продукција“ и ја започнува солистичката кариера. Се нижат првите хитови „Лесно ко два и два“, „Твоја сум“, „Најди малку време“... фестивалските настапи на сите домашни фестивали каде само заради познатите „задкулисни игри без граници“ никогаш не победи, но затоа пак публиката своите победници во вид на миленици самата знае да ги препознае и одбере.
Ноне станува најголемата млада македонска поп ѕвезда во првата половина на годините по 2000-та, сериозно фрлајќи ги во сенка веќе етаблираните македонски пејачки имиња како една Елена Ристеска или Тамара, на пример.
Кај Антониа се случува или е на пат да се случи речиси истото. Одличниот вокал, уште подобрата изведба и начинот на пренесување на емоцијата кон публиката во вокалната експресија и сигурниот настап  прават на веќе споменатите, но и на сите други македонски женски вокали, сериозно да им се затресе тронот, ставајќи ја Гиговска на пиедесталот на кој се најде во моментов со најдобрите македонски пејачки.
Впрочем, доказе вокалната поддршка на Тамара на Евросонг или „фабриката за звук и хитови на истиот човек“ - Дарко Димитров кој сега наместо некои други го користи гласот на Гиговска за поддршка на своите интернационални тезги, како што е случајот со првата песна на Луна Ѓогани, да речеме, на која Гиговска и ги отпеа придружните вокали, а можеби и повеќе од тоа.
Ноне набргу стартуваше со албум, прв, па втор, Гиговска ја очекува истото. Потоа за Ноне дојдоа настапите на најпознатите регионални фестивали како „Будва“, „Сунчане скале“ „Зеница“, „ Нови Пазар“... Повеќето од нив сега ги нема, но затоа ги има „Гранд“ и „Пинк“ и едн куп нивни емисии каде Антониа веќе ја знаат и сметаат на неа.
И тогаш дојде пресвртот во кариерата на тогашната, а веројатно и на сегашната пејачка. Но многу повпечатлив тогаш, а и сега е пресвртот на кариерите на  нивните „посилни“, а помалку познати половини, иако можеби подолго од нив биле, односно се во музичкиот свет пред очите на јавноста.
„Браво бенд“ имаа куп тезги, а секоја недела беа два часа во живо како придружна група во тогаш многу популарното ток шоу на Лила Филиповска. Покрај неа сите ги гледаа, ама нив никој поединечно не ги знаеше... Освен само мал круг музичари. Ноне беше поканета да биде гостинка во шоуто и тогаш се сретнаа погледите и заиаскрија првите љубовни искри помеѓу неа и тогашниот вокал на групата, Ристе Тевдоски.
Симпатијата бргу прерасна во „тајна врска“, која медиумите набргу ја обзнанија и така Ноне и Ристе од „Браво бенд“ станаа во тој момент најпопуларната музичка двојка во Македонија.
Приказната со Антониа Гиговска и однеодамна нејзиното момче, пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов е речиси идентична. Групата свиреше и пееше, имаат безброј настапи, од кафулиња до свадби,  ама медиумски...? Речиси никој не знаеше како се вика по име и презима нивниот вокал, се' додека не излезе во јавноста дека е тој е новото момче на Антониа! И одеднаш види чудо, сите го знаат и препознаваат!
Врската на Ноне и Ристе со мали прекини траеше неколку години, се' додека пејачот славата не го удри в глава, па реши да ја напушти... И врската со пејачката и групата, па тргна соло! Но, се' што  направи потоа, беше далеку од успехот и популарноста кои Ристе ги имаше додека беше со Ноне и „Браво бенд“. Подоцна и самиот ќе признае дека врската со Ноне го извади од калта на анонимноста. Нивната разделба, веројатно и му ја закопа кариерата, а на Ноне и ја продолжи. Баладата „Зошто баш ти“ посветена на нивната љубов, стана евергрин!
За Антониа и Иван е рано да се каже, зашто се' уште се „тазе“ и се' уште „сркаат од љубовниот мед“. Но теглата бргу се празни, а кариерата уште побргу напредува, па останува да видиме дали и оваа музичко - љубовна приказна ќе тргне по истиот пат. Славата бргу опива и удира в глава, па некои веќе го гледаат Иван Јованов како „либеро“, односно како соло пејач, но...?
Со или без Антониа и во или надвор од „Либеро бенд“ -  времето ќе покаже! Зашто никогаш не е „лесно ко два и два“ нечија судбина однапред да се предвиди! Иако... „Никогаш не вели никогаш“!

Проструи причината за раскинувањето на Иван Јованов и Антониа Гиговска: Женско неверство и прељуба со колега по што „Џокерот“ заврши во женски раце? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prostrui-prichinata-za-raskinuvanjeto-na-ivan-jovanov-i-antonia-gigovska-zensko-neverstvo-i-preljuba-so-kolega-po-shto-dzokerot-zavrshi-vo-zenski-race-foto/ Fri, 07 Oct 2022 10:08:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270503

Заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“. Парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели. Ова беа написите кои деновиве осамнаа на порталите и во дел од електронските медиуми кои ги изненадија сите оние на кои љубовната бајка на двете македонски музички имиња им изгледаше како да ќе трае довека. Сепак, оние подобро упатените и поблиските од нивното приватно и професионално опкружување, уште летоска почнаа „да шушкаат“, а јавноста да шпекулира за нивното раскинување кога двајцата престанаа да споделуваат нивни заеднички фотографии и видеа на социјалните мрежи, но потоа двајцата сето тоа го демантираа  со нивниот заеднички одмор во Турција. Кризата во љубовта очигледно тлеела, но како и кај многумина се мислеше дека со заедничкиот одмор кризата е надмината, па двете распеани гулапчиња ќе продолжат меѓусебно да си гугаат. Арно ама... Не помина долго време, за љубовната рана, очигледно недоволно зацелена одново да се отвори, а врската на двајаца естрадни уметници да „испука по сите шавови“ и конечно да заврши. И можеби нема ништо чудно ниту необично во сето тоа, доколку само неколку дена откако се обзнани дека „љубовната бајка“ помеѓу Антониа и Иван заврши, не почна второто полувреме од нивната „неостварена сага“. Имено, чаршијата веднаш почна со шпекулира со причините за раскинувањето на пејачот и пејачката. Шушкањата полека прераснаа во гласни муабети, а кога за нешто гласно се зборува тоа бргу стигнува и во јавноста. Така, гласините дека Антониа и Иван не се разделиле туку така зашто љубовта наводно избледела, а емоциите меѓу нив преку ноќ исчезнале, дојдоа до новинарите, односно медиумите. Извори блиски до доскорешните вљубени естрадни уметници почнаа да раскажуваат дека во заднина на крајот на љубовта се крие неверство! Поточно, причината за крајот на љубовната романса е прељуба... И тоа женска, од страна на Антониа? Имено, пејачката наводно во последно време станала забележително блиска со еден од своите колеги-музичари од придружната група која ја следи на настапите. Добро информираните велат дека се работи за сајзеристот Роберт Спaсенцовски, инаку син на познатиот фолк пејач Боби Спасенцовски. Дури и самата пејачка неодамна објави видео во кое насмеани, сами во соба вежбаат... песна за настап?!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

И тука нема ништо чудно доколку нема вистина во тоа дека Антониа и младиот музичар станале повеќе од само колеги и поблиски од само пријатели? Прашањето е дали? Ако е вистина, тогаш за прељубата да биде поболна, а неверството пожестоко, треба да се знее дека машкиот учесник во прељубата е всушност добар пријател и на доскорешното момче на Антониа, Иван. Веруваме дека се сеќавате на проектот „Џокер“ кој токму Иван Јованов го промовираше некаде во април месец годинава (2022), презентирајќи и го на јавноста новиот проект со „ликот кој го крие ликот“, претставувајќи се со исто естрадно-уметничкото име како негативецот од стриповите и филмовите за „Бетмен“. „Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ – тврдеше тогаш Иван Јованов. А всушност зад ликот на „Џокер“ се криеше токму неговиот пријател Роберт Спaсенцовски. Проектот мина како што мина, без којзане каков особен фидбек ниту меѓу публиката, ниту во медиумите, ама затоа доколку она што се случуваше потоа е вистина, може да се каже дека се граничи со „иронија на судбината!“ Дотолку повеќе што добро упатените велат дека Иван на својот пријател му помогнал и приватно кога наводно сите бегале од него, во моментите кога се нашол во една тешка животна ситуација. За подоцна овој да му врати вака како што му вратил, секако, доколку во сето тоа има вистина, па „Џокерот“ да заврши во женски раце... Или поточно, доскорешниот пријател во прегратките на неговата девојка? Конечно дали „коцкичките на мозаикот полека се склопуваат“ па целата слика наскоро јасно ќе видат сите, останува набргу да дознаеме. Особено доклку новата музичко - љубовна двојка реши и јавно да се покаже во јавноста, се разбира, ако воопшто такво нешто има? Или ако и го имало, можеби било само „излив на блискост проследена со размена на нежности во мигови на моментална слабост“? Други пак велат дека ниту Иван не бил баш  „цвеќе за мирисање“ и најверен во врската, па прељубата се случила уште претходно од негова страна, наводно со една млада сфаќа на една свадба каде што тој со својот „Либеро бенд“ свиреле, а Антониа потоа за случката и самата дознала? Што и да е, нашиот медиум останува отворен да ги слушне и едната и другата страна... Или поточно сите, односно, трите страни! Во меѓувреме, не сакаме да тврдиме дека бевме пророци, ама уште пред две години, наговестивме со веќе познати примери дека врската е тешко одржлива кога љубовта и славата ќе се измешаат...?! [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/dali-antonia-gigovska-i-ivan-jovanov-od-libero-bend-se-isto-kako-shto-bea-none-i-riste-tevdoski-od-bravo-bend-foto/[/embed] Фото: Инстаграм принтскрин/jokerdam93/jovanov_ivan/antoniagigovskaa        ]]>

Мора да е љубов: Антониа Гиговска тврдеше дека решила да ја крие приватноста, а дечко и’ побрза да објави фотографија како таа „му преде“ во прегратки! https://arhiva.vistina.com.mk/mora-da-e-ljubov-antonia-gigovska-tvrdeshe-deka-reshila-da-ja-krie-privatnosta-a-dechko-i-pobrza-da-objavi-fotografija-kako-taa-mu-prede-vo-pregratki/ Wed, 06 Jul 2022 08:33:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257260

Антониа Гиговска полека но сигурно станува вистинска музичка ѕвезда. Не само што  завзема место во првата македонска пејачка лига, туку ненаметливо тргна да го освојува и регионот. По одличниот фестивалски настап на „Скале 2022“, кој е продолжение на музичкиот фестивал „Сунчане скале“ и спотот за песната „Око моје“ со која на него се престви, (Ан) Тониа деновиве беше во Белград. Таа гостуваше во едно од  најгледаните забавно-музички ток шоуа - „Ами Џи“, кај познатиот водител и пејач Огњен Амиџиќ. Меѓу останатото Антониа заедно со останатите гости одговараша на разни прашања, а кога дојде на ред љубовта, запрашана на кој лик од естрадата како помлада се „палела“, покрај Џастин Бибер, пејачката призна дека многу и се допаѓал, никој друг туку Саша Ковачевиќ! Дали се' уште е така и сега, кога се колеги... Антониа не се доискажа!? Патем, кога сме веќе кај љубовта и љубовните врски,  само една седмица претходно, Антониа во ТВ магазинот „Бекстејџ“  потврди дека љубовта со нејзиното момче Иван Јованов - пејачот на „Либеро бенд“,  се' уште трае, иако во последно време евидентно е дека се' помалку ги има заедно во јавноста. Гиговска тогаш рече дека последните години и премногу ја имало во јавноста со нејзините бивши љубови, а и со актуелниот „дечко“, па затоа решила отсега малку да се повлече и на приватен план да биде подискретна.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Арно ама... По се' изгледа, таа што подискретна, тој се' поконкретен! Имено, не поминаа ниту ден - два од кажаното, а Иван на неговиот Инстаграм профил веднаш објави заедничка фотографија со Антониа, која на своето момче „му преде“ во прегратки! Дали случајно или намерно, пејачот како да сакаше да демантира дека отсега нема да ги има заедно со неговата позната и популарна девојка во јавноста! Патем, на фотографијата со обете раце ја држи саканата за стомачето, како да сака и нешто плус да наговести...? Или и тоа е само сосема случајна поза, која буди нова доза љубопитност кај јавноста? Но, што и да е, едно е сигурно: Тоа мора да е љубов! Како што гласи и насловот на песната која Антониа  во дует со Мирза Селимовиќ  одлично ја отпеа во шоуто на “Ами Џи“! Фото и видео: Инстаграм принтскрин/jovanov_ivan/antoniagigovskaa/Tv Pink - AmiG Show