иван бекјарев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Nov 2020 09:16:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png иван бекјарев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Иван Бекјарев, познатиот српски актер со македонско потекло (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-ivan-bekjarev-poznatiot-srpski-akter-so-makedonsko-poteklo-foto/ Tue, 17 Nov 2020 09:16:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176417

Познатиот српски актер Иван Бекјарев почина вчера на 74 години од последици од коронавирусот во Белград. Бекјарев, како што известуваат српските медиуми, со Ковид 19 се заразил минатиот месец додека снимал филм, по што веднаш го напуштил сетот. Пред десеттина дена неговата здравствена состојба значително се влошила и тој бил хоспитализиран на инфективната клиника во Белград.
Бекјарев својата прва улога ја одиграл во далечната 1967 година, а во својот живот има одиграно повеќе од 150 театарски улоги, а глумел и во повеќе од 50 филмови. Најпознатите серии кои беа доста актуални и кај нас, а во кои Иван Бекјарев беше дел од екипата се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишани“, „Горки плодови“. Многу познати лица  се простуваат од актерот, велејќи дека „Легендите никогаш не умираат“. Иван Бекјарев имаше македонско потекло. Татко му Георги пред Втората светска војна дошол во Белград, а мајка му Радмила (со потекло од Гевгелија во Белград дошла 1945 година. Татко му на Иван пред војната го сменил своето презиме во Беќаревиќ, но после раѓањето на Иван, повторно го преименувал во Бекјарев.
Бекјарев, како внук на Илија Џаџев, заедно со режисерот Јордан Дуков го истражуваат животот и делото на професорот Џаџев, инаку вујко на Бекјарев од Гевгелија.
Филмот „Професорот“ имаше премиера во официјалната програма на фестивалот за документарни филмови „Македокс“, а телевизиска премиера на МТВ ќе има на пролет, која за жал актерот не ја дочека.
 
]]>