ив ан кукуќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Dec 2022 09:22:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ив ан кукуќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Иван Кукиќ со „Балада за една љубов“ на два фронта: Во триото на Влатко Стефановски и по стапките на н еговите родители Ленче и Горан (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivan-kukikj-so-balada-za-edna-ljubov-na-dva-fronta-vo-trioto-na-vlatko-stefanovski-i-po-stapkite-na-n-egovite-roditeli-lenche-i-goran-video/ Tue, 06 Dec 2022 09:19:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278793

Мултиинструменталистот, член на триото на Влатко Стефановски и син на македонските фолк легенди, брачниот пар Ленче и Горан Кукиќ, младиот Иван Кукиќ го објави својот деби сингл „Балада о једној љубави“ („Балада за една љубов“) со кој ја започнува и својата пејачка соло кариера. Тој е постојан член на триото Влатко, каде свири бас гитара, како дел од младата ритам секција која беше многу пофалена на нивниот последен албум „Taftalidze Shuffle“. Иван студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на дури 6 инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Покрај тоа, тој, исто така, компонира, аранжира и пее, што го прави одреден вид мултиталентиран  мултиинструменталист и врвен музичар. “Мојот живот е музика, а музиката прави чуда. Затоа ја сакам, и од кога се сеќавам, никогаш не размислував за тоа што ќе бидам во животот и дали би се занимавал со нешто друго освен со музиката. Снимањето на оваа песна беше прекрасно дружење. Сите сме задоволни и верувам дека публиката ќе го препознае тоа“, изјави младиот музичар. Иван неодамна потпиша договор со најголемата и најпозната издавачка куќа во региот - „кроација рекордс“, за која во 2023 година треба да го издаде својот прв солистички албум. На албумот ќе се најдат инструментални и вокални теми, испеани на српски/ хрватски и македонски јазик. Музиката за првиот пилот сингл „Балада за една љубов“ ја напиша Иван, текстот е на Стефан Илиќ, а обајцата заеднички се погрижиле за аранжманот на песната. Ѓорѓи Вацев и Георги Концалиев се заслужни за одличното видео во кое главниот лик е Кукиќ, а покрај Иван, во него учествуваат и Елена Донева и Љубомир Митровски. Иако е многу млад, Иван веќе свирел низ регионот, но и на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и турнеја низ Франција. Очекувањата од Иван се големи, но нема сомнеж дека ќе ги оствари со посветеноста кон музиката  и наследениот талент окој го поседува од родителите. Во продолжение погледнете го видеото за неговиот  деби сингл „Балада за една љубов“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>