итар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Mar 2022 09:02:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png итар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Димитар Атанасовски ја изненади сопругата со најоригинален подарок за 8-м Март: Сара Мејс, ем среќна, ем „верна“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-atanasovski-ja-iznenadi-soprugata-so-najoriginalen-podarok-za-8-m-mart-sara-mejs-em-srekjna-em-verna-foto/ Wed, 09 Mar 2022 08:56:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242302

Денот на жената 8-ми Март не само паразник кој ќе мине туку така. Покрај се друго, на нивниот ден традицијата наследена од социјализмот налага на  дамите вообичаено да им се даваат и некакви подароци. Ситни или крупни, сеедно, кој колку може да си дозволи... Важно е вниманието! Девојка или сопруга, љубовница или колешка, барем еден цвет заслужува да осамне во нејзините раце, заедно со осмомартовската честитка, се разбира! Но, некои одат и многу подалеку, па подаруваат многу повеќе од обична ситница, нешто многу поскапо, повредно, а во случајот на водителот и маркетинг претприемач Димитар Атансовски и ептен оригинално и уникатно! Имено, тој својата исто така позната сопруга, харфистката и пејачка Сара Мејс, реши да ја изненади со  ептен уникатен подарок за денот на жената. Како што е познато, по најавата за драстично поскапување, деновиве тепачка за гориво на бензинските пумпи. Редици и колони возила, побарувачката огромна, а на многу места количината ограничена. Плинот, бензинот и нафтата  и буквално станаа „црно злато“, вредно како и она, вистинското. Затоа Димитар покажа колку е снаодлив и итар, па со еден оригинален потег реши две обврски. Како прво, се спасил да не му ја мисли, шета, бара, пребира, губи време... што подарок да и купи на Сара за денот на жената,  а како второ, со изборот што го направи, покажа дека е ем уникатен, ем подарокот „вреден и златен“. Имено, водителот на својата сакана сопруга за 8-ми Март и подари вредносна картичка за гориво од 5.000 денари. Сара не само што беше воодушевена што ќе може гратис да вози, туку остана и стаписана, а од радост за малку не и потекоа и солзи, од уникатноста на идејата на нејзиниот сопруг. Подарокот, ем практичен, ем вреден, а славеничката, ем среќна, ем... „верна“! Фото: Инстаграм принтскрин/dimitaratanasovski_    ]]>