италија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Feb 2024 10:26:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png италија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ваква досега не сте ја виделе: Ѓоковиќ семејно во Италија, а стајлинот на Јелена ги привлече светските медиуми (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vakva-dosega-ne-ste-ja-videle-gokovik-zaedno-semejno-vo-italija-a-stajlinot-na-jelena-gi-privleche-svetskite-mediumi-foto/ Mon, 05 Feb 2024 10:23:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337440

Новак Ѓоковиќ и неговото семејство по напорната сезона отпатуваа во Италија на заслужен одмор, каде што беа фатени во досега невидено издание. Тие моментално живеат во провинцијата Јужен Тирол, која се наоѓа на самиот север на земјата. Со оглед на тоа дека Новак е број еден во тенисот, тој и неговите најблиски се под будното око на јавноста и каде и да се појават не можат да останат незабележани.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Тенискиот ас ужива во друштво на сопругата Јелена Ѓоковиќ и децата Стефан и Тара, а италијанските медиуми ги сликаа за време на прошетката. Тие беа фотографирани во кежуал стил, а стајлингот на Јелена Ѓоковиќ предизвика лавина коментари на мрежите, а таа го привлече вниманието на бројни светски медиуми. Имено, Јелена се прошета низ градот во бомбер розова зимска јакна, која ја искомбинира со црни панталони. На нозете носеше бели зимски чизми кои одлично ги комбинираше со чанта во иста боја, а под сакото и се гледаше бел шал. Косата и беше со брановидни кадрици, а на лицето немаше никаква впечатлива шминка. Сепак, иако изгледа многу скромно, чантата што таа ја избра за оваа облека чини цело богатство. фото:Twitter/ FirstSportz Tennis/ Instagram printscreen/]]>

Македонски сексапил со италијански шмек за длабок џеб: Љупка Митрова го вкуси, погледна и искуси најубавото од Италија, но сепак остана ненаситна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-seksapil-so-italijanski-shmek-za-dlabok-dheb-lupka-mitrova-go-vkusi-pogledna-i-iskusi-najubavoto-od-italija-no-sepak-ostana-nenasitna-foto/ Fri, 03 Nov 2023 08:37:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325186

Откако повторно се активитраше на социјалните мрежи, атрактивната струмичанка, модел, инфлуенсерка и модна блогерка, Љупка Митрова, повторно е во фокус. Љупка иако извесен период беше во медиумска илегала, за нејзините следбеници и медиумите таа „не излезе од мода“. Секогаш во шема, периодов сакајќи да ги покаже и долови своите страсти и тековни афинитети. Јогата и готвењето се новина од она што го знаеме за неа, но дека е страствен љубител на модата и патувањата, отанува добро познато. Инстаграм профилот на Љупка деновиве си доби туристичко–модно дополнување со бројни фотографии и видеа од патувањето во Италија. Најпрвин се стационира во модната престолнина Милано каде беше сместена во ултра уникатен хотел со поглед кон најстарата активна шопинг галерија во Италија и главна знаменитост на Милано - Vittorio Emanuele II. Сместена во четирикатната двојна аркада во центарот на градот, Љупка секојдневно праќаше поздрав од терасата. А за такво место и таков поглед, треба и посебен стајлинг, елеганција во црно со акцент на ултра длабокото деколте кое падна во фокус, особено за припадниците на посилниот пол. Заводлива и секси, шармантна и предизвикувачка од секоја поза, секој потег, споен со италијанскиот шарм за оние со подлабок џеб. По Милано, следна на агенда беше Фиренца, па Тоскана. Од италијанската понуда од патувањето во неколку дена приложено беше доста, но главната алка која „недоставуваше“ во случајот беше љубовта, односно партнерот зад објективот. Но, тоа останува во приватноста, барем засега додека страствената модна вљубеничка не се реши да покаже кој ја инспирира и импресионира. фото: Instagram printskrin/Ljupka Mitova]]>

Објавена е листата на градови со најљубезните луѓе во Европа, меѓу кои и три од нашиот регион https://arhiva.vistina.com.mk/objavena-e-listata-na-gradovi-so-najlubeznite-luge-vo-evropa-megu-koi-i-tri-od-nashiot-region/ Thu, 26 Oct 2023 12:30:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324092

Неизоставен факт е дека еден од најважните фактори за незаборавен одмор се луѓето кои ги среќаваме по пат. Пријателските локални жители кои ви приредуваат топло добредојде и сакаат да ви помогнат да се заљубите во нивниот град, може да го претворат просечното патување во незаборавно. При оценувањето на градот мора да се комбинираат многу фактори: неговата историја, архитектурата, како и неговата гастрономска понуда. Сепак, како и со сè, луѓето се тие кои можат да го подигнат нивото на местото, а европските градови се дом на некои од најпријателските жители во светот. Туристичкиот магазин „Condé Nast Traveler“ објави листа на градови со најљубезните жители. Интересно е што на оваа листа се најдоа три града од нашиот регион и тоа Белград, Дубровник и Љубљана. Првото место го зазеде италијанскиот град Сиена. „Има многу кафулиња, семејни ресторани, а градот е познат по годишниот Палио, трка на коњи без седла што се одржува секое лето на Пјаца дел Кампо. Мештаните, се разбира, се познати по нивниот срдечен пречек. На второ и трето место се најдоа ирските градови Корк и Даблин. На четвртото место на оваа листа е Хелсинки во Финска, а петтото му припадна на Белград. Два шпански града ги зазедоа шестото и седмото место - Малага и Сан Себастијан. Додека друг град од соседството беше на осмото место, тоа е јадранскиот скапоцен камен Дубровник. Деветтото место му припадна на Букурешт во Романија, а Љубљана во Словенија ги заокружува првите десет дестинации со најљубезни жители. извор:точка.ком.мк]]>

Лила се врати од Италија и направи промена на себе, а први со новиот имиџ ја видоа учесниците во „Се или нешто“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-se-vrati-od-italija-i-napravi-promena-na-sebe-a-prvi-so-noviot-imidh-ja-vidoa-uchesnitsite-vo-se-ili-neshto-foto/ Fri, 20 Oct 2023 08:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323134

Снимања, патување, дружење и така се по ред е во секојдневието на нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска. Таа неодамна во Италија го прослави својот 52-ри роденден, а оттаму се врати полна со енергија и нови сили за почеток на нови снимања со натпреварувачите на „Се или нешто.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Камерата бара промени, а Лила тоа најдобро го знае, а нема проблем ниту да го практикува. Таа периодов откако го победи ракот на дојка уште похрабро им пристанува на промените, па новите фризури и станаа пракса. Сега по Италија и година плус во животот, Лила има фризура каква немала никогаш досега. Кратката физура што ја носеше и им се доапаѓаше на многумина, доби трансформација, потпорасната и со шишки. „Се или нешто“ се снима со неколку епизоди дневно, а Лила мора да промени неколкку стајлинзи и модификации на новата фризура, пеглана, па брановидна и сосема поразлична од досега. Фризурите ги менува, но теренот никако, па за „Се или нешто“ Лила вели и дека е проект на нејзиниот живот. -Вложивме многу љубов, труд и работа за да ве забавувавме и драго ми е што успеавме во тоа затоа што рејтинзите сите овие години го докажуваат тоа, напиша таа во една прилика пред почетокот на нова сезона. Со нови сили, полна со енергија од многуте убави патувања кои ги имаше, Лила му се врати на студиото, банкарот, натпреварувачите и секако гледачите, поинаква и никогаш здодевна. фото:Инстаграм принтскрин/Лила Филиповска]]>

Наташа Беквалац го прослави својот 43 роденден во Тоскана (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-bekvalats-go-proslavi-svojot-43-rodenden-vo-toskana-foto/ Tue, 26 Sep 2023 10:59:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319771

Наташа Беквалац го прослави својот 43 роденден во Италија, поточно во Тоскана. Луксузот во кој уживаше пејачката го покажа и на Инстаграм. Наташа отпатува во Тоскана со своите пријатели, кои на полноќ и приредија изненадување со шампањ и прскалки. Сите овие детали таа ги споделила со следбениците на социјалната мрежа, но и внатрешноста на вилата во која престојувале. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац]]>

Фантастичен успех на Македонците на фестивалот „Cheese“ во Бра: Кога ќе кажеш сирење, мислиш на земја со илјада вкусови! https://arhiva.vistina.com.mk/fantastichen-uspeh-na-makedontsite-na-festivalot-cheese-vo-bra-koga-ke-kazhesh-sirene-mislish-na-zemja-so-iljada-vkusovi/ Wed, 20 Sep 2023 10:25:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318851

На 11-то издание на „Cheese“ што викендов се одржа во Бра, Италија, Слоу фуд Македонија се врати со констатација дека нашата земја има на што да биде горда. Едноставно: дојдовме, видовме и победивме! Овогодишната прослава на сирење и млечни производи ги собра мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет: имавме квалитетна промоција на македонските сирења, вина и на традиционалната кујна, за што сведочат редици посетители пред македонскиот штанд.   Слоу Фуд Македонија се врати со награди и признанија како доказ за посветеноста и трудот: престижната „Resistenza Casearia“ за отпор при производството на млечни производи ја доби нашиот Давид Неделковски од „Кози - млеко - планина“. Елена Каровска- Гошевска, програмски координатор во Слоу Фуд Македонија учествуваше на конференцијата: „Септември: време на сезонско селење на стоката“. Овој настан е организиран во соработка со Културниот институт за прехранбено наследство а говорници беа и Леандро Вентура, директор на Централниот институт за нематеријално наследство, Виола Марчели, претставник на заедницата на Слоу Фуд во Аквилано за трансхумантно земјоделство и Антон Газенбек, претседател на Групата за земјоделство, биодиверзитет и клима. Македонија беше во центарот на внимание и преку работилницата Taste Macedonija, во која професорите Слободан Чокревки и Анѓела Пасквале ги презентираа нашите гастрономски традиционални брендови преку храната што ја приготвија готвачите Димитар Арнаудоски и Пеце Клечкароски. На менито беа сирењата, урнебес салата, пинџур, тавче гравче со пастрма и Мијачки десерт. Инаку, на фестивалот за сирење се случија 122 настани, промоции и работилници: Горан Алексовски, член на президиумот Македонска пчела (MacBee), во Бра го презентираше медот од неговиот пчеларник во сопското село Р'жаничино, Во многуте дегустации на фестивалот на сирење инспиративна беше и работилницата - Спарување на сирењата со италијански мускат вина“, каде учестува претставници на Швајцарија, Босна и  Македонија: козјото сирење на Даниел Мирчески од Прилеп, во спомнатиот контекст беше гастрономска егзибиција што мора да се вкуси. Македонските адути - биеното сирење од Мариово, што го произведува Спасе Чакревски, козјото од Даниел Мирчески од Прилепскиот регион и овчото на Арбана Маркоска од Прилеп, исто како и македонските вина предизвикаа огромен интерес на многубројните гости во Бра. Претставувањето на Република Македонија преку Слоу Фуд Македонија беше овозможено преку Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство а организаторот на „Cheese“е Slow Food International и градот Бра со подршка на регионот Пиемонте.]]>

Сузана Манчиќ и сопругот заминаа на одмор: Таа со голи нозе во вис на тераса, а тој ја фотографира (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-manchik-i-soprugot-zaminaa-na-odmor-taa-so-goli-noze-vo-vis-na-terasa-a-toj-ja-fotografira-foto/ Thu, 07 Sep 2023 08:57:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317136

Сузана Манчиќ и нејзиниот сопруг, грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос со години го одржуваат бракот на релација Атина - Белград, а летото речиси секогаш го резервираат за одмор. Овој пат одморот на Сузана Манчиќ и Симеон Окомокос е посебен поради изборот на локација. Брачениот пар го посетил езерото Комо, а убавините со кои се сретнале се неописливи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Сузана секојдневно на својот „Инстаграм“ споделува фотографии од одморот, а сподели и возење со брод, но и луксузно сместување кое го одзема здивот. Имено, одморот на Сузана Манчиќ и Симеон Окомокос се одвива во прекрасна, луксузна вила со поглед на езерото. Вилата импресионира со архитектурата, но и со внатрешната декорација, додека посебно внимание привлекува пространиот двор, од кој гледа терасата на двојката. Поранешната Лото девојка и омилено ТВ-лице на многумина деновите ги поминува сончајќи се на тераса, уживајќи во најубавите гастрономски специјалитети и прекрасниот поглед на најубавото италијанско езеро. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Поради една постапка Канје Вест и новата сопруга добија доживотна забрана за пловење со брод во Италија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poradi-edna-postapka-kanje-vest-i-novata-soopruga-dobija-dozhivotna-zabrana-za-plovene-so-brod-vo-italija-foto/ Wed, 06 Sep 2023 09:32:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316917

Канје Вест (46) и неговата сопруга Бјанка Ценсори (28) добија доживотна забрана за возење на бродот со кој неодамна се прошетаа во Венеција, на кој во еден момент раперот го покажа задниот дел. Бродот го изнајмила компанијата „Venezia Turismo Motoscafi“, која јасно ставила до знаење дека парот повеќе не е добредојден на ниту еден од нивните чамци. Според „Venezia Turismo Motoscafi“, тие не знаеле дека се случил инцидентот додека не ги виделе фотографиите кои се проширија на социјалните мрежи и медиумите. „Возачот морал да внимава на сообраќајот и не ја забележал ситуацијата, доколку ги видел веднаш ќе ги растоварал и би ги пријавил прекршителите кај надлежните“, велат оттаму. Тие за инцидентот го обвинија и трето лице кое било на бродот со Канје и Бјанка, а кое според нивните тврдења го блокирало погледот на тој дел од бродот. Канје седел на подигнат дел од бродот, а во еден момент го покажал голиот задник. Не се знае дали тоа го направил намерно или случајно. Сопружниците веќе подолго време привлекуваат внимание во Италија, најмногу со модните комбинации. Канје е главно облечен во црно од глава до пети, додека неговата сопруга излегува во јавност речиси гола. фото:COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia]]>

Извонреден концерт со Благој Нацоски во Сан Квирино ди Порденоне https://arhiva.vistina.com.mk/izvonreden-kontsert-so-blagoj-natsoski-vo-san-kvirino-di-pordenone/ Tue, 15 Aug 2023 12:38:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313831

Македонскиот и меѓународно афирмиран тенор Благој Нацоски по негова иницијатива, а во чест на 30 годишнината од дипломатските односи помеѓу Северна Македонија и Италија, во саботата одржа концерт во Сан Квирино ди Порденоне. На концертот наречен „Ноти како мостови” настапија и сопранот Паола Кампоново, во пијано придружба на Алфредо Блесано, инаку и двајцата Италијанци. Публиката имаше можност да го чуе македонскиот јазик преку стиховите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, односно музиката на Тодор Скаловски, Благој Цанев, Трајко Прокопиев, Дарија Андовска, Дино Имери и Андреј Наунов, како и Свитата Македонија создадена од Алесандро Д’Агостини. Магазинот за култура Ла Платеа, денеска објави рецензија од концертот, за кој наведува дека понудил исклучително префинета програма, во која беа изведени бројни камерни арии компонирани од македонски музичари, придружени со италијански дела и дуети. Алфредо Блесано, мошне талентиран пијанист, вешто ја придружуваше Кампоново со која победи на натпреварот „Респиги“ во 2016 година и, се додава, тенорот Благој Нацоски, вистинската ѕвезда на вечерта. -Тенорот, многу активен на националната и меѓународната сцена, покажа уште еднаш глас со многу цврст центар, полн со бои и нијанси, сигурни високи тонови, многу долг воздух и моќен волумен, но пред се‘ покажа дека е чувствителен и префинет интерпретатор, способен да ги измеша со интензитет сензациите опишани во стиховите што ги отпеа, никогаш повнимателен кон музичката изведба, но сепак одлична, отколку кон интерпретативната. Уметник во служба на уметноста. Редок дар во време на претерана самореференцијалност и во кое приоритетите премногу често се губат. Во Сан Квирино, се наведува во рецензијата, беше предложена сложена програма, секако префинета, главно современа. Интересен експеримент: предлагање нешто непознато, или речиси непознато, во нов контекст, на необична публика. Во текстот се наведува дека вечерта започнала со дело од Тодор Скалоски од 1967 година: „Молитва“, која Нацоски, истовремено автор на италијанскиот превод поделен на публиката со цел за да и овозможи подобро да го сфати значењето на делата, ја толкува со голема вклученост. Гласот сјае со темната боја која одекнува жалење и меланхолија, но и со долгите фрази на еден воздух, кои како да го оставаат последниот призив на ветрот: „Исцели ме, земјо, од темниот немир и тага“. Програмата ја сочинуваа и партитурата „Цветови“, дело на Благој Цанев, од 1976 година, „Галебе мој“, дело со силно драматично влијание, компонирана од Трајко Прокопиев во 1964 година, „Река“ напишана во 2021 година, од младиот композитор Андреј Наунов, потоа делото „Сон“ на Дино Имери, млад и брилијантен композитор и „Песни од татковината“ од Дарија Андовска, типично македонска атмосфера изградена во седум октави. Затворањето е доверено на парче од Алесандро Д’Агостини: „Свита Македонија“, напишано, вели македонскиот тенор, по повод концертот што го одржале заедно, за да се обидат да ја разведрат меланхоличната и мрачна атмосфера на многу од предложените дела во таа прилика. -Всушност, составена од четири цитати од популарни песни, оваа прекрасна музичка екскурзија им овозможува на двајцата пејачи да ја затворат вечерта на пиротехнички начин, пеејќи со живи ритми, одлични вокални екскурзии, наизменично, дуетирајќи и предизвикувајќи искрен ентузијазам кај публиката, која добива и подеднакво радосен бис…, заклулува италијанскиот магазин. Инаку, ова е втор концерт годинава на Нацоски во Италија од ваков тип, со атрактивна македонска програма. извор:курир.мк]]>

Накова надвор од контрола: Кој би рекол дека таа го прави ова без око да и трепне? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nakova-nadvor-od-kontrola-koj-bi-rekol-deka-taa-go-pravi-ova-bez-oko-da-i-trepne-foto/ Sat, 05 Aug 2023 07:15:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296842

Атрактивната гевгеличанка Александра Накова периодов е турбо активна со своите ангажмани како модел. Имено, таа деновиве ги поминува работно во Италија каде снима нов едиторијал, притоа неоткривајќи за што конкретно станува збор. Заедно со неа е познатиот и еден од најбараните модни фотографи во Македонија, Стефан Соколовски.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan Sokolovski (@badstef)

Кога се работи под полна пареа, организмот се троши и бара повеќе храна, а Накова излезе од контрола по тоа прашање.
На своите „стори“ на Инстаграм покажа витрини со разни слатки колачи за кои напиша дека не може да престане да ги јаде... Апетитите не застанаа тука, туку полнењето на стомакот продолжи и со брза храна. Покрај ваква нездрава исхрана, чудно е како Накова успева да ја одржува линијата. Рамна и тенка манекенка која си го прави меракот за храна, без да води грижа и да брои калории.
Очигледно и се може, е сега дали линијата е работа на генетика или активностите ја држат под контрола, досега не открила, но веројатно во едно од тие нешта „лежи зајакот“. фото:Инстаграм принтскрин/накова/badstef]]>