ит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Mar 2024 12:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ФИШ создава извонредни студенти во информатички и сродни дисциплини https://arhiva.vistina.com.mk/fish-sozdava-izvonredni-studenti-vo-informatichki-i-srodni-distsiplini/ Fri, 08 Mar 2024 12:39:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341722

Приоритет за секој средношколец и студент претставува квалитетното образование и идниот просперитет. Тие се стремат да го направат правилниот чекор на ова поле и да се здобијат со врвно знаење, кое понатаму ќе ги придвижи кон достигнување на особен престиж во својата професија. Во последнава декада, Словенија се истакнува како една од најпривлечните земји за студирање на македонските студенти и надградување на професионален план. Зошто е тоа така? Постојат неколку факти кои ја откриваат тајната позади нивната визија и ја потврдуваат нивната одлука како вистински избор. Долгогодишното и прогресивно работење на Факултетот за информатички науки во Словенија (FIŠ) дава основа за генерирање извонредни студенти зад кои стојат голем број успешни и глобално препознатливи проекти и соработки. Дел од овие колаборативни проекти се карактеризираат со пребарување податоци, дигитални библиотеки, поврат на информации и слично. Со посебна репутација се здобиваат и оние кои се ко-финансирани од Европска Унија, од која факултетот и студентите уживаат исклучителна поддршка. “Адаптација на јавните истражувачки организации и Централната техничка библиотека на Универзитетот во Љубљана да работат според принципите на отворената наука” е еден пример на таков вид проекти, во кој што цел факултет е вклучен и активно работи со помош на Министерот за високо образование, наука и иновации на Европската Унија. Овој самостоен државен факултет, лоциран во Ново Место, претставува водечка институција во државата, која е посветена на првокласна едукација на своите студенти во делокругот на информатичките науки и сите сестрински дисциплини. Студиската програма на ФИШ главно е поделена на три модули: додипломски, мастер и докторски студии. Во секоја од нив е инкорпориран мултидисциплинарен пристап кој овозможува студентите да ги прошират своите хоризонти, пронаоѓајќи ги допирните точки меѓу информатиката и останати истражувачки сфери како филозофија, социологија и комуникациските вештини. Ова ја зголемува студентската перспектива и развива сет способности, давајќи им предност на студентите во денешниот свет на можности, во кој се' е поврзано и испреплетено. Студентите на ФИШ секогаш се снабдени со најнови информации од светот на технологијата преку организирање јавни дебати, работилници, предавачи и професори, теренски активности и конференции. Преку партиципација на вакви настани, студентите може да воспостават контакт со влијателни личности и професионалци и да се стекнат со потребното практично искуство. Една од најголемите технички бенефиции за студентите на овој факултет е неговото членство во Microsoft Azure програмата. Со оваа програма, студентите и персоналот може да користат лиценцирани Microsoft програми и алатки преку Аzure web порталот и да ги инсталираат на сопствените компјутери. Оваа високо-образовна установа во својот „арсенал“ има два суперкомпјутери. ФИШ има склучено партнерства со голем број истражувачки институции, универзитети и партнери од индустријата низ целиот свет. Ваквиот тип интернационална соработка обезбедува можност за академска размена на студентите, како што е програмата Еразмус, здружување за заеднички истражувачки проекти, екскурзии и отворена врата кон разновидни искуства. Особена предност на овој факултет е можноста за проследување „онлајн“ настава преку платформата „Moodle”, на која постојано се прикачуваат академските материјали и вежби. Оваа „онлајн” училница овозможува студентите побрзо да комуницираат меѓу себе, да остварат полесен пристап до професорите, претставува форум за дискусија и опција за прикачување семинарски трудови и испитни вежби преку нивниот профил. Покрај тоа што факултетите во Словенија нудат бесплатни студии за македонските студенти, ексклузивна алтернатива на овој факултет се индивидуалните курсеви кои содржат три нивоа и отворената прилика за студирање како „граѓанин”. Ова подразбира дека секоја индивидуа по желба, може да ја проследи студиската програма на Факултетот во кој било период од академската година, без статус на студент. Покрај екстензивната апаратура, на Факултетот постои и специјализирана библиотека за студентите. Оваа инфраструктура придонесува за стручноста на предавањата и истражувачките активности, зајакнувајќи го целосниот образовен систем на студентите. Во програмата на факултетот се опфатени и дополнителни социјални и студентски услуги, како кариерен центар за академско и кариерно советување, опции за практикантство и практични вежби. На овој начин, факултетот цели да создаде инклузивна средина, каде студентите може да се унапредуваат и да го достигнат својот целосен потенцијал. За секој студент, слободното време е ценет луксуз кој треба максимално да се искористи. За некого тоа значи одмор, но студентите на ФИШ ја имаат и можноста да си го исполнат времето преку социјализирање и вмрежување со своите колеги, учествувајќи во разни екстракуликуларни активности како куглање, пикник, спортување и прошетки во природа. https://www.youtube.com/watch?v=kUvr5JyQVH8 Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.]]>

Softeligence почна со вработување ИТ експерти https://arhiva.vistina.com.mk/softeligence-pochna-so-vrabotuvanje-it-eksperti/ Mon, 31 Jan 2022 13:08:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236947

Технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Softelligence почна со вработување на ИТ експерти од разни области. Огромниот број работни позиции може да се погледнат и сите заинтересирани лица може да ги следат активните огласи за работа на интернет страницата https://www.softelligence.net/job-openings/ или на официјалната Facebook страна https://www.facebook.com/softelligence.mk/ на компанијата. Во моментов, компанијата бара Аналитичар за интеграција на податоци (Data Integration Analyst), Консултант за Power BI (Business Intelligence), Инженер за контрола на квалитет (Quality assurance), Експерт за Scrum (Scrum е програма за менаџирање на процесите и работењето при работа со софтвери), Инженер за .Net софтвер (.Net Software Engineer), потоа Salesforce програмер (Salesforce е еден од најпознатите CRM софтвери), Инженер за автоматизација за контрола на квалитет (QA Automation Engineer ) и други отворени работни позиции. Нејзиниот основач Адриан Блидарус наведува дека се потребни програмери, развивачи на софтвер, инженери за софтвер и податоци, архитекти за решенија, научници за податоци, лидери на тимови, проект менаџери и многу повеќе. Според него, компанијата се фокусира на .NET и технологијата поврзана со податоци (Data Science), класичната (SQL) и најсовремената (Big Data, NoSQL, data lakes). „Најчесто бараме луѓе кои имаат цврста основа во софтверското инженерство и работно искуство поврзано со „cloud“ (облак) технологиите. Ќе ги поддржиме и обучуваме да стекнат повеќе знаења и да се сертифицираат. Ова е нешто од кое сите имаат корист: нашите нови колеги, нашиот постоечки тим, компанијата и македонската ИТ индустрија, бидејќи знаењето останува кај луѓето“, објаснува Блидарус. Softelligence основаше фирма во Северна Македонија и најави дека ќе инвестира милион евра и ќе отвори сто работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Според престижниот Financial Times FT1000, компанијата е еден од лидерите за раст на регионот во Централна и Источна Европа во областа на информатичката технологија. Предвидените милион евра, компанијата ќе ги вложи во обезбедување одлични услови за работа, пристап до најнова технологија, обуки и специјализирани курсеви за македонските колеги, кои ќе припаѓаат на голема група технолошки мајстори и ќе решаваат витални проблеми за глобални клиенти. Исто така, компанијата нуди решенија и на секоја банка, заемодавач, закупувач, осигурител, MGA или брокер ширум светот, но тоа значи дека секоја таква компанија во Северна Македонија ќе може да има корист од нашите решенија. Softelligence има седиште во Лондон, Обединетото Кралство и има два центри за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Financial Times. Softelligence има долготрајни партнерства со Microsoft, Instanda, FintechOS, Databricks и други воспоставени провајдери на технологија и платформи. Сегашни клиенти вклучуваат компании-членки на Erste Group, Vienna Insurance Group, TBI Bank, како осигурителните гиганти Beazley и Howden Group.]]>

Меѓународна ИТ компанија ќе вработи повеќе од 300 инженери https://arhiva.vistina.com.mk/megjunarodna-it-kompanija-kje-vraboti-povekje-od-300-inzeneri/ Tue, 20 Apr 2021 10:41:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199750

Меѓународната компанија за софтверско инженерство Scalefocus ќе вработи 300 инженери во следните 5 години кои ќе работат на иновативни проекти за дел од најголемите светски компании. Компанијата вработува ИТ професионалци и програмери од земјава и верува во високиот инженерски потенцијал и капацитетот на локалниот ИТ еко-систем. Scalefocus ја комбинира експертизата на своите професионалци со специфично доменско знаење и обезбедува врвни услуги од областа на ИТ технологиите. Од своето основање во 2012 година, компанијата има изработено повеќе од 500 успешно завршени проекти во 26 земји, кои континуирано се користат од страна на нивните партнери. Денес, Scalefocus вработува повеќе од 730 ИТ професионалци распределени на 6 различни локации. Компанијата е присутна на пазарот во Македонија веќе неколку години, а од крајот на 2019 година е присутна и со сопствена канцеларија во Скопје. Одговорното техничко лице на Scalefocus во Македонија e Горан Стојановски, д-р на науки по електротехника.
„Како земја отсекогаш сме имале многу квалитетни инженери, кои работат на светски проекти. Нашите инженери и ИТ професионалци придонесуваат со креативни решенија за подобрување на процесите на нашите клиенти. За нас, иако формалното образование е исклучително важно, не е пресудно во процесот на вработување, бидејќи главните карактеристики кои ги цениме се компетентноста во програмирање и системот на вредности, без разлика каде се стекнати,“ вели Стојановски.
Она што е карактеристично за Scalefocus е способноста да ги привлече, да ги задржи, и да помогне во развојот на најдобрите ИТ професионалци. Ова во комбинација со културата на работа, иновативноста и посветеноста кон клиентите ја промовираат компанијата како лидер и сериозен технолошки партнер во областа на дигиталните трансформации.
„Нашите планови за развој во земјава се многу големи. Свесни сме дека за да ги оствариме, не е доволно само да ги ангажираме најдобрите ИТ професионалци, туку потребно е да им ги обезбедиме најдобрите услови за работа. Тука спаѓаат атрактивните канцеларии, програмата за флексибилни придобивки, можноста за работа од секаде, како и планирањето на нивниот професионален развој. Во културата на нашата компанија, овозможуваме секој да го развие својот потенцијал како ИТ професионалец или како менаџер“, додава Стојановски.
]]>