историја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 May 2023 08:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png историја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Димитар Андоновски пресреќен за привилегијата што преку својот наследник уживаше во патување низ времето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-andonovski-presreken-za-privilegijata-shto-preku-svojot-naslednik-uzhivashe-vo-patuvane-niz-vremeto-foto/ Thu, 04 May 2023 07:00:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300527

Телепортирање низ времето постои само во филмовите, но доколку во нашата фантазија сами го направиме тоа во даден момент, тогаш и ова е возможно. Една таква пријатна и несекојдневна прилика и привилегија имаше пејачот и композитор Димитар Андоновски. Во далечната 1994 година на детскиот фестивал „Си-До“, тој ги направи првите чекори на сцена и ги отпеа првите стихови за една Ема, а сега историјата се повтори. На негово место сега беше наследникот Михаил кој дебитираше на „Си-До“ во родната Битола, а тато горд и пресреќен ова го доживеа како тој да се гледа повторно како дете. „Денес Михаил дебитираше на фестивалот „Си - До“. Беше цел ден возбуден и среќен дека ќе пее. Кога го гледав на сцена како да се гледав самиот јас кога за првпат пеев на истиот фестивал во 1994 година. Крвта не е вода“ - напиша Димитар покрај фотографијата на која позираше со неговиот наследник. Чувството неописливо убаво, ежење и топење од љубов што може родител да ја чувствува, особено пак кога детето оди по неговите стапки и покажува слични или исти афинитети. Дали и Михаил ќе продолжи да ја сака музиката и пеењето, останува времето да покаже колку се силни гените од тато и дека тука ќе важи она „крушата под круша паѓа“. Инаку, освен Михаил, Димитар со сопругата Христина го има и синот Гаврил, кој во јануари оваа година наполни една годинка. фото:Инстаграм принтскрин/ Димитар Андоновски]]>

„Бојот на моите мажи ќе биде запишан во историјата“: Јована Јеремиќ сонува за живот од милион долари (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bojot-na-moite-mazhi-ke-bide-zapishan-vo-istorijata-jovana-jeremik-sonuva-za-zhivot-od-milion-dolari-foto/ Fri, 28 Apr 2023 06:41:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299811

Водителката во Утринската програма на телевизијата Пинк, Јована Јеремиќ продолжи да ги пишува своите размислувања на Инстаграм и така да споделува се што има да каже со своите следбеници. Нејзините зборови често привлекуваат големо внимание кај јавноста, а сега, позирајќи во мини здолниште, напиша како замислува да го продолжи животот. Како што изјавила, нејзината мајка имала визија за нејзината ќерка, додека Јована решила да си го земе животот во свои раце. Пари, мажи, деца, разводи... Еве што напиша Јована: „Кога се родив мајка ми мислеше дека ќе завршам факултет, ќе бидам судија или правник, бидејќи бев врвен студент, имам еден сопруг и три деца, а јас... Отсекогаш сонував за милионски живот, долари во готовина, живот кој ќе биде како филм - мојот живот е моето најголемо ремек дело! Единственото нешто што би го извадила од визијата на мајка ми се три деца, но не со еден сопруг! Бројот на моите мажи ќе биде запишан во историја, судбината и Бог“, објасни Јована.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Кристина Димитри мажите ги менува како чорапи: По сопругот и нејзиниот прв соработник ДЈ Боно замина… во историја? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitri-mazhite-gi-menuva-kako-chorapi-po-soprugot-i-nejziniot-prv-sorabotnik-dj-bono-zamina-vo-istorija-foto/ Thu, 12 Jan 2023 08:10:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283778

Македонската мисица, модел, пејачка... Кристина Димитриевска новата 2023-та ја започнува со нови луѓе. Барем кога е работата во прашање, односно нејзината музичка кариера. Од атрактивната тетовка  навикнавме на изненадувања и промени, особено кога е нејзиниот физички изглед во прашање. Гардеробата, костимите, имиџот, фризурата шминката... и особено нивото на провокацијата која оваа долгонога убавица последнава година ја исфрли во прв план на домашната меинстрим естрадна сцена. Со секој нов настап следуваше нов предизвик, нова провокација вбризгана во неделна викенд-доза сексапил, кој ги лепеше влажните машки и не само машки погледи за нејзините бујни атрибути, а преку неделата споделените еротски пози на социјалните мрежи само ја надоплнуваа возбудата, зголемувајќи го нејзиното ниво до моменти кога истата беше пуштена на најсилно. И сето ова во пакет со нејзиниот „верен“ соработник ДЈ Боно, со чии заеднички настапи Кристина Димитри се прочу и прослави... И кога сите мислеа дека тандемот огледан во добитната естрадна комбинација и годинава ќе биде подготвен за уште пожестока естрадна акција, стигна шок изненадувањето. Кристина Димитри во новата година најави нови проекти, нови песни, ама и нов ДЈ?! „Најзгоден на свет“, како што тетовската „мисица-певачица“ самата го претстави својот нов соработник  со уметничко  име  ДЈ Цецо, кому во документите за лична идентификација му стои Стефан Стојановски! Од каде апансас желбата за промена, има ли недоразбирања со сега веќе бившиот соработник, дали некому славата преку ноќ му удри во глава, постои ли незадоволство од поделбата на „естрадниот плен“...? Со еден збор, што се случи со стариот естраден ортак, засега Кристина не објасни. Само одненадеж ја најави промената, која белким ќе биде на арно. За сите... И за неа и овој новиот, а и за стариот ДЈ...!? Очигледно на Кристина Димитри не и е ниту страно, ниту тешко кога ќе и „прекипи“ да посегне по промени! И приватно и професионално, па да заврти нова страница, да започне да пишува нова животна или професионална сторија, а мажите што до вчера биле со неа, да ги испрати на буништето на нејзината животна или естрадна историја?  Подобро минато, за поубава иднина?! А, ДЈ Боно? „На апарати“ или останува среќата да го прати... соло? Или можеби во комбинација со некоја друга естрадна убавица? Одговорите наскоро ќе ги дознаете, штом  „професионално разведените“ соработници не почестат со свои изјави!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry  ]]>

Том Круз ќе влезе во историјата: Снима филм на локација на која ниту еден актер никогаш не стапнал (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tom-kruz-kje-vleze-vo-istorijata-snima-film-na-lokacija-na-koja-nitu-eden-akter-nikogash-ne-stapnal-foto/ Mon, 10 Oct 2022 12:11:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270811

Токму кога помисливте дека Том Круз го постигна својот најголем можен филмски триумф со успехот на продолжението на „Топ Ган“ , блокбастер ѕвездата има нова идеја. Снимање филм во вселената. Круз се здружи со режисерот Даг Лиман за филмот, кој вклучува снимање во вселената, а првпат беше претставен во 2020 година пред пандемијата на Ковид да ги запре плановите. Гласините велат дека Круз и Лиман се обратиле до „Universal Filmed Entertainment Group“ (UFEG) со идејата за подготовка на актерот да полета со ракета до Меѓународната вселенска станица. „Мислам дека Том Круз не носи во вселената, тој го носи светот во вселената. Тоа е планот. Имаме одличен проект во развој со Том... Летот на ракетата до вселенската станица и снимањето“, рече претседателката на UFEG, Дона Ленгли. . Ленгли откри дека поголемиот дел од филмот ќе се снима на Земјата, а ќе кулминира со лик што ќе оди во вселената за да го спаси денот, додавајќи дека се надева дека Круз ќе стане првиот цивил што ќе прошета во вселената надвор од вселенската станица. Фото:Принтскрин/Профимедиа]]>

Концерт за историја: „Меморија“ го сплоти народот со песна и покажа дека Македонија е жива, горда и вечна! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-za-istorija-memorija-go-sploti-narodot-so-pesna-i-pokaza-deka-makedonija-e-ziva-gorda-i-vechna-foto-video/ Sun, 12 Jun 2022 10:48:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253829

„Меморија“ вчеравечер, сабота 11 јуни 20220 година ја „урна“ А1 арената „Борис Трајковски“. И покрај сите неприлики и малери кои му претходеа на долго најавуваниот концерт, групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воошто, што една македонска група го направила. Исполнета до максимум, салата беше претворена во концертна арена со сите нишани. Досега неслушнат звук доведен до работ на совршенство визави лошиот глас што ја бие акустиката на салата, како да настапува светски познат бенд, а не македонска група. Визуелните и светлосните ефекти во комплетна функција на она што се случуваше на сцената, атмосферата максимално загреана уште во самиот старт со настапот на младите музичари од бендот „2ВЕ“ кои беа достојна предгрупа на големата „Меморија“. Со првите звуци на сајзерите и гитарските тонови веднаш се почувствува набојот на позитивна вибрации кој публиката беше подготвена да го создаде заедно со бендот. Култната „Македонија“ за старт на концертот кој беше многу повеќе од само обична рок ен рол журка. Како што се редеа песните од првата фаза, од почетоците на постоењето на бендот, така навираа емоциите вткаени во стиховите кои со текот на годините стануваат се посуштински, поважни, побитни... Некои од нив дури и историски! Бендот усвирен до бескрај, звучи како уиграна машина која полека го достигнува својот зенит со секоја нова песна , секој нов рефрен, доведувајќи ја атмосферата до точка на вриење... Поце пее како во најдобрите денови, суверено владејќи и со сцената и со публиката која  возвраќа со невиден фидебек на искрени емоции, страст, енергија... Невидено чувство на сплотеност на оние на сцената и публиката која во еден глас ги пее од збор до збор сите песни, танцува во ритамот, ги повторува познатите хит рефрени заедно со Поце... Само народот во еден глас и вокалот на пејачот... Величенствено чувство на исполнетост, задоволство, мерак  за душата, кој како никогаш досега се чувствуваше со секој отсвирен тон и секој испен стих... Некаде на половина концертот влегува во „мирни води“, во баладична фаза во која се редат познатите сентиш теми со епски стихови... „Зошто Боже“, „Возови“, и химната на сите генерации - „Оган под ѕвездите“. Ѕвезденото небо од мобилните се претопува со она од светлосните ефекти, а додека целата сала пее во еден глас: „Не барајте вино испиено е...“ навираат морници по телото, спомени во мислите и неподнослива убавина во душата што се радува од глетката... Македонски знамиња во публика, македонско знаме на сцената... „Меморија“ како никој досега успева да го сплоти народот со песна и да покаже дека Македонија е и тоа како жива... и вечна! Следува видео реквием, со еден отсвирен рефрен во живо на култнaта „Јесен у мени“ за крај на мирната фаза на концертот, како потесетување и почит на скопјанецот и голем Македонец, но уште поголем естраден уметник и пејач, скоро починатиот Аки Рахимовски. Новата кулминација доаѓа со најавата на специјалните гости. Стефан и Мартин  од „Некст Тајм“ засилени со Николче Мицевски и свирката на членовите на „Меморија“. „Патриотскиот набој“ го мултициплираат со уште една фантастична изведба на „Ја излези Ѓурѓо“, која во еден глас излегува од илјадниците грла. Уште една братска двојка, Енко и Сецко од „Ласт Експедишен“ ја продолжуваат низата држејќи го концертниот набој на најсилно. „Шефе“ звучи „убиствено добро“, моќно како испукан музички проектил! Најавениот пејач на „Конкорд“ Сеад Јакупи за жал беше спречен да дојде заради корона, но македонскат гитарска легенда Венко Серафимов, заедно со „Меморија“ и Поце ја отпрашија „Високи штикли...“ како во најдобрите денови, кога „Конкорд“ беа најславни! Венко остана и со Славчо од „Морал“ во кој некогаш свиреа и сегашниот тапанар и гитарист на „Меморија“ - Мичо и Цале, па сите заедно засилени со Ристо Самарџиев во чест на починатиот Влатко Илиевски ја отсвиреа „Кога патувам“, водејќи ја публиката низ годините наназад и спомените на младиот прерано заминат пејач. Ристо останува на сцената да пее во последната третина од концертот на кој се редат хитовите од таа фаза. Матурата кулминира со „Снежо, Снежана“, со која „Меморија“ покажува како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија. И не само матура, туку и лектира... За минатите, сегашните и за идните генерации на некои нови клинци кои ќе имаат и на што да се потсетат и од кого да учат, и со што да се гордеат... Едноставно, ќе имаат своја, наша македонска музичка историја која бендот таа вечер покажа како се создава! По „Моите слики“, Самарџиев останува сам на сцената со акустична гитара в раце за да ја отсвири и отпее неговата „Таму кај што си“, а додека публиката пее со него сцената се подговува за големото „гранд финале“. Со најавените први звуци на тапанот и појавата на блех оркестарот на Аце и „Весела дружина“ одекнуваат и првите ноти на „Дирлада“... И салата „експлодира“, А1 арената „се урива“ од атомски набој на енергија, преточена во музика. Гласни грла, високо кренати раце, еуфорија за историја... Сплотеност каква ретко кога се гледа... Можеби само при големите спортски победи на репрезентацијата, но овде нацијата ја замени репрезентацијата, а спортистите ги заменија музичарите на сцената. Сите заедно, за неподносливо чувство на радост, среќа, насмевки, прегратки, емоции... Како некогаш, во најдобрите денови. Светлата се гасат, но публиката бара уште... Бисот неминовен,  овој пат и двајцата вокали на „Меморија“ заедно на сцената и  реприза на трите историски хита: „Македонија“, „Оган под ѕвездите“ и „Дирлада“... И одново лудница... Онакава каква што ни најголемите  светски бендови кога доаѓале, не направиле. Ама, радоста е голема до небо, зашто ова што тааа вечер го слушнавме и видовме  - е наше! „Made in Macedinia“... како што оддамна не била,  полна со „оган под ѕвездите“. Македонија онаква каква што заслужува... Горда, среќна и вечна! Фото:  by Чапља и приватна архива]]>

Пред историскиот меч со Португалија за пласман на СП во Катар, Панчо-ДНК подготвен на нова „жртва“: „Ми мириса дека ќе отиде и десната нога“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-istoriskiot-mech-so-portugalija-za-plasman-na-sp-vo-katar-pancho-dnk-podgotven-na-nova-zrtva-mi-mirisa-deka-kje-otide-i-desnata-noga-foto/ Tue, 29 Mar 2022 06:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244602

Македонија е пред фудбалска историја. Натпреварот што се чека цел живот колку и да изгледа како „невозможна мисија“, оваа репрезентација покажа дека чудата се возможни и тоа н во неколку наврати... Пласманот на ЕП 2020 беше првото, победата над Германија на гости второто, она од пред неколку дена во Палермо и победата над Италија третото... Па тогаш зошто да не се случи и „чудо над чудата“, кое ќе ја испише историјата... Онаа - нашата, македонска, фудбалска -  Македонија на светско! И додека сите со душа и срце „чудото“ со нетрпение го очекуваме,  Панчо - ДНК, инаку познат како страствен спортски фан, особено кога е фудбалот во прашање, се најде пред нов предизвик. Или поточно, самиот си го постави. И тоа истото оноа што еднаш веќе го стори! А кога ДЈ Шорти ќе вети - нема назад. Ветеното мора да се исполни! Така направи тогаш, по пласманот на нашите фудбалери на ЕП 2020 кое заради коронапандемијата се играше година дена подоцна во 2021-та. А, Панчо откако Пандев и другарите тогаш „ја решија“ Грузија во финалниот бараж и обезбедија историско прво учество на едно европско првенство си ги истетовира на левата нога: Македонското знаме, името на татковината, логото на ЕП и комплетниот состав со имињата на фудбалерите сосе името на тогашниот селектор Игор Ангеловски! Ако е историја нека стои испишана за навека! Но и редок пример за специфичен и необичен излив на патриотизам! Арно ама, по првата, сега македонските фудбалери се на чекор да испишат и нова историја... по европската, светска! А Панчо е на чекор као тоа се случи да исполни уште едно ветување што си го дал сам на себе си. Ако ја победиме Португалија и Македонија се пласира на СП во Катар, ќе следува нова тетоважа, налик на онаа за пласманот на ЕП. „Ми мириса дека ќе отиде и десната нога“ - сподели Панчо на Фејсбук полн со оптимизам како и целата нација, потсетувајќи на претходната тетоважа! А сите ние се разбира, едвај чекаме  да го видиме повторо тетовиран! П.С. Единствено не секира Тамара, која откако „случајно“ ја утна химната, си ја истетовира „утката“ на телото, за „казна и покајание грешним“... Арно ама, како тргнале овие од власта се' да менуваат, од знаме до име, ќе биде проблем ако следнот „компромис“ биде химната и нејзините стихови, како што оддамна бараат „браќата“ коалициони партнери... Дали тогаш пејачката ќе мора да „дотетовира“ на себе уште некои зборови или имиња со „нови ликови“ од нивните „славни денови“? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Vladimir Blazev/tamaratodevska]]>

Нека биде Светско: Македонија вечерва против Португалија за историја https://arhiva.vistina.com.mk/neka-bide-svetsko-makedonija-vecherva-protiv-portugalija-za-istorija/ Tue, 29 Mar 2022 05:00:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244637

Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство. Стадионот во Порто ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 навивачи на трибините. Иако Португалија е фаворит на хартија, противникот не’ почитува. Македонија покажа дека може да направи клучни пресврти во своја користи и да го добие тоа што го сака. Македонскиот селектор Благоја Милевски очекува поинаков меч од тој со Италија во четвртокот во Палермо, поради поинаквите индивидуални карактеристики на Португалија, па посочи дека бившиот европски првак не е само – Кристијано Роналдо. -Португалија не е само Роналдо! Роналдо е најдобриот играч на светот, ама тој сам не игра. Играат уште десетмина други Португалци. Ние ќе мора да се сконцентрираме на тимот, а не на поединците. Секоја чест за успеите на останатите спортови кои играле на големи смотри, но кога зборуваме за фудбал, зборуваме за друга димензија. Фудбалот на глобално ниво е над сите и патот до успех во светски рамки е тежок. Португалија е фаворит, иако ние на гости ги победивме и Германија и Италија. Би сакал повторно Аце (Трајковски – н.з.) да даде пак таков гол како во Палермо и да испишеме нова историја, вели Милевски. Капитенот на националниот тим Стефан Ристовски е, на некој начин, дома за време на престојот во Португалија ако се знае дека остави силна трага во португалскиот фудбал со настапите за Спортинг Лисабон. -Сигурно дека ова е еден од најважните натпревари во историјата на нашиот фудбал. Можеби светот не веруваше дека вечерва ќе бидеме тука, но ќе кажам дека не е случајно нашето присуство тука. Оваа наша соблекувална има нешто што другите немаат. Горд сум и подготвен за ова финале. Не можев да замислам дека ќе дојде натпревар во кој против Португалија ќе се бори за еден мундијалски билет. Но, фудбалот е таков и нуди вакви предизвици, вели Ристовски. Со среќа момци и нека биде Светско.]]>

1-ви Април: Денот на шегата низ историјата https://arhiva.vistina.com.mk/1-vi-april-denot-na-shegata-niz-istorijata/ Thu, 01 Apr 2021 12:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197106

Засега не е познато колку луѓе и компании ќе бидат активно вклучени во Денот на шегата, бидејќи многу компании лани одлучија да не учествуваат во првоаприлска шега во измислувањето смешни вести и симпатичните трикови. Но, има и многумина кои сепак ќе се шегуваат. Одамна е познато дека во некои земји, како што се Велика Британија, Австралија и Јужна Африка, измамите се прават само до пладне, а оној што ги прави попладне се нарекува „априлска будала“. Во други земји пак, луѓето се шегуваат преку целиот ден. По повод денешниот меѓународен Ден на хуморот и шегата, весниците „Дејли експрес“ и „Интернејшнал бизнис тајмс“ потсеќаат на неколку занимливости: Од 2004 година, 1 април е исто така „Ден на хуморот и фосилите“, кога екологистите одржуваат демонстрации против употребата на фосилни горива. Во Стариот Рим, фестивалот „Венералија“ се одржувал на 1 април, во чест на божицата Венера. Првата позната поврзаност меѓу 1 април и шегата е во „Кантербериските приказни“ од Џефри Чосер од Англија, напишани кон крајот на 14. век. Од 16. век, децата во Франција ја прославувале „априлската риба“ лепејќи слики од риба на грбот на други луѓе. На 1 април 1698 година, многумина биле поканети, а всушност измамени да ја посетат Лондонската кула за годишната свеченост на „Капењето на лавовите“. На 1 април 1889 година првата употреблива машина за миење садови излегува на пазарот во Чикаго. „Машината мие побрзо од Вашите прислужници“, според создавачката на изумот – Жозефин Кохран. На 1 април биле основани многу компании, меѓу коишто и производителот на гуми за џвакање – „Риглис“ во 1891., како и „Епл“ 1976 година. На 1 април 1945., моќно цунами однесе неколку животи, но луѓето од Пацифичките Острови, предупредувањето за опасноста го зедоа како првоаприлска шега. Меѓу познатите шеги низ поновата историја, е онаа во Би-би-си во 1957 година… Британската телевизиска мрежа објави дека Швајцарците берат шпагети од дрво… Во написот се говореше и за „фактот“ дека напасникот „шпагети крт“ конечно бил истребен. Голем број гледачи ја контактирале уредничката екипа на таа телевизија за да дознаат за можностите за одгледување сопствени „шпагети дрвја“. Друга попозната шега беше и „изумот“ на хамбургери за левучари… Компанијата „Бургер кинг“ од САД во 1998 година објави оглас за хамбургери за левучари, коишто се направени така што кечапот протекува од десната страна. Медицинските истражувања, инаку, посочуваат и уверуваат дека смеењето е одлична терапија. извор:вечер.пресс]]>

Од овој затвор на Медитеранот од кој никој никогаш не успеал да побегне https://arhiva.vistina.com.mk/od-ovoj-zatvor-na-mediteranot-od-koj-nikoj-nikogash-ne-uspeal-da-pobegne/ Wed, 21 Oct 2020 12:40:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172505

Богатите криминалци ги подмитувале чуварите за да им доделат сопствена ќелија, раскошни јадења и други предности. Сиромашните пак умирале од глад и болести во темницата без дневна светлина. Chateau d'If е некогашен француски остров-затвор, кој што денеска некои го нарекуваат европски Алкатраз. Станува збор за минијатурен остров кој што се простира на 0.03 квадратни километри во заливот кој што од старото пристаниште во Марсеј е оддалечен 3.5 километри, а на кој доминира тврдина од три ката. На почетокот на 16-ти век него го изградил францускиот крал Фрањо I за да го заштити крајбрежјето од инвазија, но таму исто така тој сокрил нова флота галија од љубопитните погледи. Од 1580-та до 1871-та година таму казната ја отслужувале некои од најопасните криминалци во тоа време, но и верските и политичките затвореници коишто се противеле на актуелната власт. Богатите криминалци би можеле да ги подмитат чуварите за да добијат сопствена ќелија, раскошни јадења и други предности. Сиромашните умирале од глад и болести во темницата без дневна светлина. Но, тој остров станал популарен откако Александер Думас го спомнал во својот познат роман Грофот од Монте Кристо од 1844-та година, иако протагонистот Едмонт Дантес успешно побегнал од тој затвор по 14 години заробеништво, во реалноста не е забележан ниту еден успешен случај на бегство од тој затвор. Големата популарност на романот придонела и во распуштање на затворот и отворање на островот за јавноста во 1890-та година. Оттогаш тој станал голема туристичка атракција која што ја посетуваат гости од цел свет. фото:точка.ком.мк]]>

Нашата историја во 80 епизоди: „Налеј налеј“ во серијата „Македонија“, која власта не сакаше да биде снимена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-istorija-vo-80-epizodi-nalej-nalej-vo-serijata-makedonija-koja-vlasta-ne-sakashe-da-bide-snimena-video/ Mon, 13 Jul 2020 11:35:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158537

Со доаѓањето на власт на СДСМ пред четири години запреа сите проекти кои беа поврзани со македонската историја и со важни личности.Една од нив е и серијата „Македонија“ која почна да се снима но снимањето беше прекинато. Се раскинаа договорот со продуцентот Јадран Филм, а по сценарио на Александар Русјаков. Беа планирани 80 епизоди во кој низ разни човечки и љубовни приказни ќе беше доловена и македонската историја. Снимањето беше предвидено да биде во Македонија, Хрватска, Бугарија, Грција, Франција, Русија, Австрија, Италија и други држави. Го опфаќаше периодот помеѓу 1870 па се до 1952 година. Продуцентот Јадран Филм врз основа на приложеното сценарио веќе имаше склучено дистрибутерски пред договор со најголемата дистрибутерска куќа во Европа, така што освен пред македонските гледачи оваа серија заедно со македонската историја во неа ќе се најдеше пред Тв екраните на повеќето земји во Европа. Првата епизода се однесуваше на гемиџиите. Во пансион во Париз, каде како млади студенти во Швајцарија, се собираат и ги договараат солунските атентати, Кирков и Шатев се вљубуваат истовремено во газдарица на пансионот каде се сместени, младата годпоѓица Мадлен. Таа го одбира Кирков, кој подоцна загинува во солунските атентати. Заедно со нив ја пее “налеј, налеј”. Пет години подоцна Шатев, одкако добива амнестија, се враќа од заточеништво од Африка и оди во Париз да и ја соопшти веста за смртта на Кирков, а таа му кажува дека во меѓувреме немала друг маж и го чекала Кирков да се врати. Ова е спот од песната “Налеј налеј” од која никој не може да остане рамнодушен без да му дојде наплив на емоции. Во спотот доминираат снимки од првата епизода каде Павел Шатев е преставен и како млад гемиџија и како возрасен пред неговата смрт прогонуван од комунистичкиот режим. „Љубов моја, целиот живот мислам само на тебе…. Те сакав жив …. А те мразам мртов. Зар таа те сакаше повеќе од мене? Зар нејзината прегратка е потопла од мојата? А ти..ти истрча да те прегрне толку страсно, толку силно и …..засекогаш. Те мразам како што ги сакав твоите бакнежи,твоите допири и шепот….Зошто ме остави за неа,засекогаш ? Зошто? Која е Македонија? Што е Македонија?“ -прашуваат во серијата главните актери. https://www.youtube.com/watch?time_continue=106&v=zQxFRZ65034&feature=emb_logo Извор: Република.мк  ]]>