ист ден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 04 Jan 2022 10:22:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ист ден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Ураганките“ најавија дека годинава се мажат: Сите три со заедничка свадба и концерт во Арена во ист ден? https://arhiva.vistina.com.mk/uragankite-najavija-deka-godinava-se-mazat-site-tri-so-zaednichka-svadba-i-koncert-vo-arena-vo-ist-den/ Tue, 04 Jan 2022 10:22:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233706

Девојките од групата „Ураган“ Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ откриваат дека имаат голема желба да се омажат во 2022 година и сите три да направат заедничка свадба. „Ивана, Ксенија и јас сакаме да се венчаме во 2022 година. Во исто време ќе правиме и заедничка свадба. Тоа би бил спектакл. Замислете како би изгледале сите тие гости на едно место. Колку гости би имале, лесно би можеле да ги поканиме сите да дојдат во Арена и во исто време таму да направиме и свадба и концерт. Но, секој ќе мора да донесе подароци, особено пликови со пари“ - дала необичен свадбен предлог Сања Вучиќ. Дали ќе дојде до негова реализација и дали воопшто некоја од нив сепак ќе застане пред олтар... да почекаме. Годината тукушто започна!]]>

Кристина Димитриевска слави роденден во ист ден со својата мајка: Најголемиот подарок обете веќе го добија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitrievska-slavi-rodenden-vo-ist-den-so-svojata-majka-najgolemiot-podarok-obete-vekje-go-dobija-foto/ Fri, 02 Jul 2021 07:23:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209328

Кристина Димитриевска, дамата околу која последниве година - две се плетат разни приказни, а таа постојано е во фокусот на јавноста и заради приватниот живот и заради кариерата која по разводот со Даниел Кајмакоски ја „пушти на најсино“... Како македонска убавица, модел, мисица, фитнес тренер, пејачка, пред некое време и водителка... Од афери и озборувања преку чаршиско-кулоарски муабети до насловни страници на порталите и магазините и безброј споделени провокативни фотографии на социјалните мрежи, „бившата на Кајмакоски“, како што во почетокот ја нарекуваа сексапилната тетовка, се поблиску е „да му ја украде славата“ на некогашниот сопруг, па  Даниел да почнат да го нарекуваат „бившиот на Кристина“! Како и да е, нивната љубоивна сага и по разводот добива „чудни насоки“, додека живот тече понатаму... За секој од нив одделно, секој на своја страна, во свој правец со бремето на годините и она што тие му го донеле и оставиле. Роденден е денот што го чекаме цела година - велат... Особено ако на тој ден во семејството има повод за двојна прослава! А кај Кристина Димитриевска денес, 2-ри јули - има. Уште минатата година атрактивната убавица откри дека овој ден е ден за славење  на нејзиниот роденден кој е поразличен и посебен во нејзиниот семеен дом во Тетово. Имено, убавата мисица откри дека, сега веќе пред 25 години, нејзината мајка токму на својот роденден ја родила Кристина и го добила најубавиот подарок што може да го добие една жена, па така оттогаш, од пред четврт век,  на овој ден обете слават роденден. Кристина и денес не пропушти да го апострофира денот на своето доаѓање на овој свет и тоа со две нешта: Роденденска честитка до самата себе си и среќата што најубавиот подарок, најголемата животна желба ја држи за рака, споделувајќи неколку заеднички фотографии со своето синче. Атрактивна, привлечна, згодна, роденденски расположена во едноделен костим за капење, Кристина и нејзиниот наследник уживаат на жешкото сонце, минувајќи го денот во базенот. „Засекогаш заедно“ -  како што и самата напишала, но и како што доликува на една вистинска мајка... Роденденот преку ден со синот, а ноќта...? Е, тука веќе работите се менуваат, зашто додека „малиот принц“ уморен од пливањето мирно ќе спие, роденденот на мама треба поинаку да се прослави и залие... Со забава во некој локал со поголема група блиски луѓе или само во интимна атмосфера и друштво „во четири очи“? Што ќе да е, само мисицата си знае... Важно денот да е вечен, роденденот да е среќен, а и славеничката, жива, здрава, радосна, задоволна и... (у)среќ(е)на! Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry
 ]]>

Лоша среќа или судбина: Шабан загина на својот „втор роденден“! https://arhiva.vistina.com.mk/losha-srekja-ili-sudbina-shaban-zagina-na-svojot-vtor-rodenden/ Thu, 21 Feb 2019 10:53:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73987

Шабан почина истиот ден на кој беше прободен со нож пред 25 години на улица во Виена. Повеќе од две децении, неговата сопруга Гоца секоја година на овој ден пали свеќа во црквата и се сече торта... Зашто тој ден, семејството го прославувало како втор роденден на Шабан. И тоа се повторувало од година во година, без разлика каде и да биле на тој ден. Секогаш кога тие биле некаде на пат, Гоца барала да најде црквата каде што ќе запали свеќа... Затоа и  е страшно, а помалку и језиво што Шабан животот го загубитокму на тој ден. Судбина или лоша среќа, јас не знам - вели еден извор близок до семејството.
Повремено Шабан се сеќавал на денот кога во 1993 година за малку избегнал смрт. „Еден немил настан ми се случи во Виена, кога требаше да пејам во еден ресторан, газдата на конкурентскиот  ресторан им платил на некои дрогирано тинејџери да ме чекаат во подземниот премин (хаустор) на улицата и да ме избодат со нож за да не пејам. Хаустор како и секој хаустор, без светлина ... Влегов од ходникот кој беѓе слабо осветлен и речиси  замрачен во кој ништо не сеј гледаше. Еден ме повлече за рака и почнаа да ме бодат со нож во грбот. Се обидов да се оттргнам од нив, зашто бев силен бидејќи бев цел живот спортист“, раскажувал во неколку наврати  Шабан.
Дваесет и пет години подоцна, на истиот ден, тој не можеше да се спаси. Во тешка сообраќајна несреќа, тој трагично го загуби животот и песната од устата на кралот на народната музика стивна засекогаш. За целата несреќа уште повеќе да биде завиткана во велот на мистеријата, говори и податокот што неговата сопруга Гордана Шаулиќ, му купила повратна авионска карта за Шабан за попладневниот лет, но тој самиот  ја заменил за утринскиот. Не можел да почека и брзал да се врати дома. Наместо во својата куќа, отиде во смрт. Очигледно, на тој ден било пишано да замине... во вечноста!]]>