испукани усни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 May 2022 12:03:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png испукани усни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ставете крај на испуканите усни со помош на оваа состојка https://arhiva.vistina.com.mk/stavete-kraj-na-ispukanite-usni-so-pomosh-na-ovaa-sostojka/ Mon, 23 May 2022 13:00:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251699

Сигурно ви е добро познато дека шеа путерот има способност да ѝ пружи максимална хидратација дури и на најсувата кожа. Вообичаено, се користи во лосиони и креми за тело, но дали некогаш сте се сетиле да побарате балсам за усни со шеа путер? Овој растителен екстракт е вистински лек за вашите усни, правејќи ги меки и сензуални. Како се добива шеа путерот? Шеа путерот се добива од јаткастите плодовите на шеа дрвото кое расте во Западна Африка. Луѓето од овој регион го користеле со векови, не само како козметика туку и за готвење. Всушност, и денес се користи како путер за готвење. Сепак, наоѓа поголема примена во средствата за нега на коса и кожа. Состав Шеа путерот е богат со триглицериди, масни киселини и витамини кои благотворно влијаат врз кожата. Освен тоа, шеа путерот ја омекнува и смирува кожата и ѝ ја враќа еластичноста. Здравствени придобивки за усните Ја омекнува кожата Бидејќи шеа путерот има смирувачко дејство, ги хидратира усните и им помага да омекнат со текот на времето. Доколку се борите со излупени и испукани усни па не можете да нанесете кармин, тогаш шеа путерот е она што ви треба за да создадете мека и мазна површина. Создава заштитна бариера Меѓу другото, шеа путерот создава заштитен слој кој ја штити кожата. Богат со антиоксиданси Шеа путерот е особено богат со витамин Е, моќен антиоксиданс кој се бори против слободните радикали и оксидативниот стрес кои можат да доведат до предвремено стареење на кожата. Антиоксидансите се важна состојка од балсамот за усни бидејќи и кожата на усните создава брчки и со текот на времето ја губи бојата. Одлично средство за испуканите усни Сувите, испуканите и излупените усни можат навистина да бидат непријатни! Затоа од особена важност е да најдете производ кој ќе им помогне на вашите усни да оздрават. Истражување покажало дека шеа путерот може значително да го подобри имунолошкиот одговор и изгледот на усните. Откако прочитавте за благотоворното дејство на шеа путерот врз вашите усни, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често. Извор: mindbodygreen.com/кафепауза.мк]]>

Што откриваат испуканите усни за вашето здравје? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-otkrivaat-ispukanite-usni-za-vasheto-zdravje/ Fri, 15 Jan 2021 12:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185441

Испуканите усни говорат многу за вашето здравје, особено ако редовно ги негувате а проблемот не поминува. Најчесто, испуканите усни се појавуваат поради ветерот, студениот воздух, но и поради неадекватното внесување на вода и грдата навика на лижење на усните. Сепак испуканите усни може да бидат сигнал и за некои други пореметувања во телото. Недостиг на потребни витамини Недостигот на витаминот Б2 и Б3 може да предизвика исушеност и пукање на усните. Адекватното внесување витамини е неопходно за правилно функционирање на организмот. Витаминот Б2 е одговорен за правилна работа на метаболизмот, за регулација на нивотот на аминокиселините во крвта и за функционирање на сите ќелии во телото. Недостатокот на витаминот Б3 може да предизвика дерматитис, дијареа и ментални проблеми. Недостатокот на витамини се забележува на усните, јазикот па дури и на подрачјето на непцето. Ако усниите често ви се суви и ви пукаат, размислете за земање витамин Б3. Недоволно внесување вода Недостатокот на вода предизвикува дехидрирање. Еден од првите симптоми за недостаток на вода во телото е исушеноста и пукање на усните. Досегашните истражувања покажаа дека недостатокот на водата го зголемува ризикот од болести на непцата, насобирање на талог и кариес. Дневно се препорачува да внесувате до 8 чаши вода, но и повеќе ако редовно вежбате и се потите. Алергии Ако сте забележале дека усните ви се сушат или ви пукаат по нанесување на кармини, балзам или сјај за усни, можно е да сте алергични на некои од состојките на производот. Алергиите на тие материи предизвикуваат чешање на подрачјето на усните, иритација и пукање. Исто така, одредена храна може да предизвика пукање на усните. Кога ќе откриете на што се сте алергични, избегнувајте ги тие производи и посоветувајте се со лекар околу соодветната терапија со помош на која што ќе ги ублажите алергиските реакции. Реакција на некои лекови Лековите може да предизвикаат низа несакани дејствија, а едно од нив е и пукањето на усните. Лековите за хипотиреоза и за регулација на крвниот притисок често предизвикуваат пукање на усните. Претерано внесување витамин А Не е добро да внесувате премногу витамини. Премногу витамин А може да предизвика исушеност на усните, пукање, лупење и крварење. Хронично воспаление Ако постои хронично воспаление или тивко воспаление во телото ќе се јавуваат промени на аглите на усните, пукање и засилено лачење на плинка. Лицата со чувствителна кожа се посклони на довивање на воспаление на подрачјето на усните. извор:нетпрес.ком.мк]]>