исполни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Sep 2023 06:38:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png исполни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот репрезентативен голман Димитриевски во прегратки на неговиот идол: Столе си го исполни својот сон, се сретна со Џиџи Буфон! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-reprezentativen-golman-dimitrievski-vo-pregratki-na-negoviot-idol-stole-si-go-ispolni-svojot-son-se-sretna-so-dhidhi-bufon-video/ Mon, 11 Sep 2023 06:38:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317265

Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш потврди дека е „ноќна мора“ за Италија. По катастрофата од Англија, конечно еден добар натпревар, солидно поставена тактика, цврста игра на средината, брзи на контри во нападот, сигурни во одбраната сво која македонскиот голман Столе Димитриевски уште еднаш потврди дека е светска класа. Чуварот на нашата мрежа не крие дека има свој идол од  младоста  на кој му се восхитува и денес, а тоа е италијанската голманска легенда, однеодамна тазе фудбалски пензионираниот Џанлуиџи Џиџи Буфон. Токму Столе се појави со  неговиот дрес на себе на првата средба при собирот  со фудбалерите и селекторот Благоја Милевски на подготовките пред двата квалификациски средби за Европско против Италија и Малта. Италијаните одново никако да излезат на крај со нас, а македонскиот голман имаше можност да си ја исполни најголемата желба во животот, за која мечтаел уште од дете... Да се сретне со својот идол Џиџи Буфон, кој беше дел од италијанската фудбалска делегација на натпреварот меѓу двете репрезентации. Средбата во соблекувалните на стадионот „Тодор Проески“ непосредна, емотивна и срдечна. Со тоа што Столе не пропушти од џебот на тренерката да го извади споменатиот дрес на легендарната „единица“ и побара од својот идол да му се потпише на него. Галантниот Џиџи иако можеби помалку и изненаден, со насмевка, прегратки и бакнежи  тоа го прифати, оставјќи  автограм со посвета на восхитениот Столе. Срцето и душата полни, како поттик повеќе македонскиот голман  да продолжи со добри одбрани и резултати, како во репрезентативниот дрес, така и во оној на клубот за кого настапува, шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано.
Фото: Инстаграм/ffmacedonia
]]>

Тест: Изберете ѕвезда и откријте дали ќе се оствари вашиот сон https://arhiva.vistina.com.mk/test-izberete-dzvezda-i-otkrijte-dali-kje-se-ostvari-vashiot-son/ Wed, 02 Jun 2021 12:45:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205294

Погледнете ја сликата, а потоа изберете ја ѕвездата што ве привлекува најмногу. Онаа што ќе ја изберете открива дали ќе се оствари вашиот сон. 1. Вашето главно оружје е верата. Ако сакате нешто, борете се до крај. Одлучни сте и секогаш сте полни со одлични идеи. Вие секогаш прифаќате предизвици, без да размислувате премногу за нив. Кога работите стануваат тешки, може да ви падне на ум да се предадете, но станувате лесно и продолжувате да се борите. Дури и ако се случат негативни работи во вашиот живот, вие секогаш се обидувате да ги искористите максимално и тоа ви успева секогаш, а вашата позитивност ве носи на места каде што никој друг не може. Силата на вашиот ум е една од вашите најдобри карактеристики. Затоа, вашата желба ќе се оствари наскоро, но на сосема неочекуван начин. 2. Вие сте харизматична, силна и креативна личност. Вие многу добро знаете дека ако сакате да постигнете нешто, мора да вложите напор. Не откажувајте се и ќе го добиете она што го сакате. Само треба да почекате уште малку. Можете лесно да ги остварите сите соништа затоа што не се предавате лесно. Почекајте уште малку и дарот на судбината ќе ги надмине сите ваши очекувања! 3. Ако навистина сакате да се оствари вашата желба, треба да се потрудите да ја остварите. Иако понекогаш можете да бидете многу кревки, може да ги надминете тешкотиите. Дали давате сè од себе за да го постигнете тоа? Судбината сака да провери дали вредите за овој подарок, па затоа продолжете да се обидувате! Треба да работите напорно. Ве очекува успех! извор: Кафепауза.мк ]]>

Денеска е Света Марија Магдалена: На сите жени ќе им се исполни само една желба, еве што треба да направат https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-sveta-marija-magdalena-na-site-zeni-kje-im-se-ispolni-samo-edna-zelba-eve-shto-treba-da-napravat/ Tue, 04 Aug 2020 12:10:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161769

Според православниот календар денеска е Св. мироносица Марија Магдалeна. Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалена). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград. Блага Марија, според народното верување е сестра на Свети Илија. Празникот посветен на Благата Марија многу е почитуван меѓу луѓето, посебно меѓу жените. Спаѓа во неподвижни празници и иако не е обележан со црвено во црковниот календар, овој ден не треба да се работи, ниту дома, ниту на поле. Се верува дека на овој празник жените кои одат во црква, палат свеќи и се молат само за една желба, истата ќе им биде исполнета.