исполнета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Sep 2023 12:20:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png исполнета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Исполнета желбата на Тоше: Осветен манастирот Свето Преображение Господово во Крушево https://arhiva.vistina.com.mk/ispolneta-zhelbata-na-toshe-osveten-manastirot-sveto-preobrazhenie-gospodovo-vo-krushevo/ Mon, 25 Sep 2023 12:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319599

Манастирот после долги години градба ја достигна состојбата да биде осветен. А најзаслужен за подигањето на целиот манастирски комплекс е македонската музичка легенда Тоше Проески. Во присуство на голем број верници од Крушево и земјава осветувањето на манастирската црква го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Се претпоставува дека манастирот „Свето Преображение“ во близина на Крушево е изграден помеѓу 11 и 13 век, а потоа бил изгорен. Луѓето кои работеле на неговата доизградба велат дека никој од крушевци не знаел дека на тоа место има манастир, сè до седумдесетите години од минатиот век, кога Никола Проески, татко му на Тоше, заедно со ловџиите, наишле на темелите на светиот храм. Додека ја поминувале падината, наишле на една височинка во која било направено провизорно камарче од камења. Од едната страна имало стари пари, а од другата – место за палење свеќи. Никола, кој тогаш работел во стакларницата во Крушево, направил стаклен крст и го оставил како обележје на тоа свето место. Мештаните од село Селце кажуваа дека на празникот Преображение од тоа место навечер се појавува голема светлина која оди кон нивното село и кон Арилево. Тогаш откривме дека таму се темелите на „Свето Преображение“ – вели еден крушевец и дополнува дека според кажувањата Тоше Проески бил единственото дете на петгодишна возраст кое доаѓало кај манастирот и кое помагало. Во 1986 година крушевчани решиле да почнат со изградбата на манастирот. Невремето, непроодниот пат, височините, не биле пречка вљубениците во Бога и големите верници да придонесат во неговата изградба.]]>

Лепа Лукиќ ги осуди спонзорушите, па откри дали има швалер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-lukikj-gi-osudi-sponzorushite-pa-otkri-dali-ima-shvaler-foto/ Mon, 05 Dec 2022 09:57:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278630

Пејачката Лепа Лукиќ, позната по тоа што секогаш отворено и искрено го кажува она што и паѓа на памет, сега ги коментираше девојките кои денес бараат само момчиња кои се полни со пари. -Оние мажи кои имаат пари обично се грди. Нека му е носот до Чачак, таа го сака затоа што има пари - изјави Лепа во Магазин ин. Таа откри дека е целосно исполнета, но не во емотивна смисла. - Немам никој, фала богу, што се случи, се случи.  Не можам јас на илјада години да имам партнери. Сакам да се дотерувам, да ми кажуваат комплименти, но гледам над нив, сега сум доволно возрасна за да имам момче - истакнала пејачката. Фото:Принтскрин/Инстаграм]]>

Карлеуша отвори душа: „Кога сум вљубена во себе и сите восхитено ми велат – никој како ти, тогаш… тоа сум јас!“ https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-otvori-dusha-koga-sum-vljubena-vo-sebe-i-site-voshiteno-mi-velat-nikoj-kako-ti-togash-toa-sum-jas/ Fri, 10 Jul 2020 08:45:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158125

Српската поп-фолк пејачка одлучи дека доволно и за себе се' и сешто да слуша, па Јелена Карлеуша реши да отвори душа и раскажа во што е тајната на нејзиниот успех, кога е исполнета, среќна, задоволна, кога е тоа - таа, а кога несреќна, тажна, скршена... Кога е, а кога ни оддалеку не е онаа Карлеуша, која ја познаваме. „Мислам дека тајната на мојот успех е тоа што сум заљубена во себе кога сум убава, витка, затегната, посебна, кога ми се восхитуваат и кога ќе ми кажат: „никој како тебе“. Тоа е моја духовна храна, а  за таа посластица треба да се потрудам. Кога плачам, кога сум скршена, на „работ“, дебела и несреќна со себе, кога не ја гледам поентата, кога ќе му дозволам на мојот сопруг да ми ги бара мааните, а јас му верувам - тогаш, тоа не сум јас. Тогаш не се сакам себе си. Јас сум во состојба да ги преместам небото и земјата заради добра фотографија. Таа мене ми стана опсесија и хоби, особено заради Инстаграм. Фотографијата останува како сведоштво за нечиј живот, нечии фази, нечија „ера“. И сите вие сте во мојата ера, која моментално е во мојата најдобра фаза“ - изјави Јелена за „Стори“. „Секој ден си велам -  доволно, доста е. И секој ден се премислувам. Мислам дека тајната број два што ќе ви ја откријам , а што се однесува до мојот успех, е дека сè уште многу ја сакам оваа работа. Јас го правам сето ова, исклучиво од љубов. А, кога станува збор за љубовта, нема откажување. Патем, јас сум тој тип кој, апсолутно никогаш не се откажува. И не сум мрзелива, сакам да работам, да инвестирам во себе, во продукцијата, во кариерата“ - завршува Карлеуша. ]]>

Симона Попоска го чекаше под елката, па му „кидна пред нос“ на Дедо Мраз… ама каде заврши? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-poposka-go-chekashe-pod-elkata-pa-mu-kidna-pred-nos-na-dedo-mraz-ama-kade-zavrshi-foto/ Mon, 18 Dec 2017 11:01:48 +0000 http://vistina.mk/?p=6949

И за Симона Попоска 2017-та беше година на нејзиниот живот! Имаше хитови, го заврши факултетот по медицина, а  распеаната лекарка, годинава и се омажи! А, кога е така успешна годината, вреди достоинствено и да се испрати.  Очигледно Дедо Мраз сите желби што лани си ги замислила и ги исполни, па затоа згодната охриѓанка со скопска адреса на живеење, реши лично да го дочека, за да му се заблагодари.
Најпрвин богато ја накити својата елка и ја украси дневната соба... Потоа го облече црвеното ирвас џемперче, ги навлече белите чорапчиња, го посла новогодишното ќебенце на подот, ги разголе долгите нозе, па така облечена како секси Баба Мразица, седна покрај елката својот Јорки в скут и  подготвена реши да го дочека најсаканиот дедо на светот. Арно ама, после некое време, накитената елка остана сама, како и украсената соба, која осамна празна!
Згодната, секси Баба Мразица таму повеќе ја немаше! Едноставно исчезна...! Дали и здодеа чекањето, па во меѓувреме излезе надвор да го прошета својот мал четвороножен љубимец, или докторката мораше на ноќно дежурство? Или... наместо на средба со најпосакуваниот дедо на светот, заврши во прегратките на нејзиниот „Дедо Мраз“, останува мала предновогодишна тајна! Впрочем, се ближи Нова година, време е за подароци и исполнување желби... А како што знаете, за ниту една жена, особено, тазе мажена, нема ништо поубаво од тоа да е... целосно исполнета!]]>