искрен разговор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 11 Mar 2023 10:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png искрен разговор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Дали е ова мојот крај?“- Лила Филиповска за прв пат проговори за борбата со ракот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-ova-mojot-kraj-lila-filipovska-za-prv-pat-progovori-za-borbata-so-rakot-foto/ Sat, 11 Mar 2023 08:11:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292879

Лила Филиповска за првпат отворено и непосредно проговори  за нејзината најголема животна битка во новиот број на списанието за жени „Убавина и здравје“. По повеќе од една година исполнета со неизвесност, очекувања, терапии и стравови, омилената ТВ-водителка победнички може да каже дека е здрава. Во битката со канцерот, победникот е Лила. - Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа. Кога ќе помислев колку многу жени го поминале или го поминуваат мојот пат, си велев дека не морам сега да ги заморувам луѓето со мојот здравствен проблем. Што би се случило кога сите би давале интервјуа за своите проблеми?! Од друга страна, пак, веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа канцер на дојка и дека болеста не избира! Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален шок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас. Првата помисла ми беше: Дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници. Ми поминуваа разни мисли, но, за среќа, тоа траеше кратко. Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики: Што прво треба да се направи? Од каде да почнам? Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно. Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна! Во таа смисла, особено сум благодарна на VFV Clinic, болницата каде што ги направив првите чекори во ова мое искуство. Д-р Ариф Пини инсистираше на темелни дијагностички методи, па така и дојде до конечната дијагноза. Инаку, VFV Clinic е приватна клиника со врвен дијагностички центар, со комплетна апаратура за дијагностика од последната генерација на Simens. Во таа толку застрашувачка ситуација, посебно ми беше драгоцен и човечкиот, покрај професионалниот однос на докторот и целиот тим на клиниката. Ова го сфатив како едно искушение, едно премрежје во мојот живот. Сфатив колку се важни вистинските пријателите, кои ги сакам како семејство, кои беа постојано покрај мене и на кои сум им бескрајно благодарна! Не знаев колкава сила има во мене сè досега. И си велам, па можно ли е да трошам толку време и енергија на неважни настани и неважни луѓе, вели Лила за Убавина и здравје и додава дека додека некои мислеле дека е во Истанбул на шопинг, таа била на операција. Комплетниот разговор со Лила Филиповска за нејзината борба против ракот можете да го прочитате во новиот број на „Убавина и здравје“. Во меѓувреме, , во петокот, на 1о-ти март 2023 година  на  свеченото отворање на „Саемот на венчавки“ - “Wedding Expo Skopje” во хотелот Александар Палас, Лила се појави во јавноста како и на фотографијата од насловницата на магазинот, без перика, со кратка коса, каде вообичаено блескаше.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лила Филиповска  ]]>

Душко Тошиќ имал искрен разговор со Карлеуша, еве што и кажал – пејачката останала изненадена од неговите емоции https://arhiva.vistina.com.mk/dushko-toshikj-imal-iskren-razgovor-so-karleusha-eve-shto-i-kazal-pejachkata-ostanala-iznenadena-od-negovite-emocii/ Thu, 05 Mar 2020 09:55:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137630

Од претходната година, откако во медиумите се појавија вести дека  Јелена Карлеуша го изневерувала Душко Тошиќ со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, бракот на пејачката постојано е во криза. Имено, во медиумите многу често се пласираа вести дека парот наводно се разведува, дека Душко ја оставил Карлеуша.... Меѓутоа, како пишува магазинот „Стар“, Душко имал искрен разговор со неговата сопурга. Пред да замине во Дубаи, Тошиќ и рекол на Карлеуша дека ги сложил сите коцки во глава и дека таа е единствена жена со која сака да остане до крајот на животот. „Низ се што поминавме и твоето однесување во најтешките моменти придонесе да ги променам ставовите. Не сакам да се разведеме, извини ако моите зборови или дела те повредија. Не знаев како да реагирам на се што се пишуваше, ниту на кого да верувам. Сега ми е јасно дека луѓето сакале да работат против нас. И ти мене ми прости многу работи и беше покрај мене кога ми беше најтешко. Сфатив дека сакам да бидем со тебе и со нашите ќерки, да бидеме семејство и кога ни е тешко, и кога ни е убаво. Целиот имот ќе го препишам на нашите ќерки за да сфатиш дека сум сериозен. Ако ти треба време да размислиш, може да живееме оделно кога сум во Белград“ вели извор за „Старс“, а Јелена била изненадена од неговите емоции. „Многу ја погодија зборовите на Душко, но остана силна, не сакаше да заплаче пред него. По годишнината на Дивна, тој ја покани да дојде во Дубаи заедно со ќерките, но таа му одговори да почека за да може да размисли. Јелена со текот на време веруваше дека нема да го спаси бракот, но беше изненадена од оваа одлука на Душко“  вели изворот. Исто така, Душко и предложил на Јелена на 28 јуни кога се полнат 12 години од нивниот брак да ги обноват заветите на некоја егзотична дестинација и тоа пред нивните ќерки Ника и Атина.]]>