исклучи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 28 Mar 2020 11:51:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png исклучи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската естрада се обединува за часот на планетата Земја https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-se-obedinuva-za-chasot-na-planetata-zemja/ Sat, 28 Mar 2020 11:51:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141985

По повод глобалната еколошка акција, Часот на планетата Земја, нашата држава вечерва во 20.30 часот, заедно со над 8.000 градови во над 180 држави низ светот, ќе ги исклучи светилките со цел испраќање силна порака за спас на нашата планета. Од Часот на планетата Земја повикуваат годинава, наместо од улиците, да се обединиме во своите домови и заеднички да покажеме дека сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно. – Во период кога глобалниот биодиверзитет се намалува со невидени и алармантни стапки, додека паралелно на еден милион животински и растителни видови им се заканува целосно исчезнување од лицето на планетата, а Земјата е на чекор од уништување поради глобалното затоплување, сега е повеќе од потребно да се подигне свеста дека природата е фундаменталма основа за здрава планета и непосредно и најмоќно решение за спас од климатските промени, информираат организаторите. Во својата мисија, како што се наведува во соопштението, Часот на планетата Земја секогаш ја потенцира моќта на луѓето и затоа здравјето и благосостојбата на нивните поддржувачи секогаш биле на првото место. По тој повод, вечерва и македонските пејачи и инфлуенсери во 20:00 часот преку инстаграм-сесија ќе остварат заедничка онлајн дружба дома, а потоа во 20:30 часот заеднички ќе ги исклучат светилките со цел испраќање силна порака за спас на планетата. – Ги повикуваме граѓаните и сите наши поддржувачи да ни се приклучат на едно и полчасовниот спектакл на нашиот инстаграм-профил @earthhourmk, каде што ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите „Некст тајм“, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други, соопштија од иницијативата Часот на планетата Земја и испратија апел до другите естрадни личности да го прифатат овој еколошки предизвик. Оттаму посочуваат дека сега е време за почитување на правилата и на солидарност. Мора, порачуваат, да си се чуваме едни со други, мора да направиме нашиот глас да биде слушнат за посигурна, почиста и поздрава иднина за нас и идните генерации. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.
]]>

Скандал во „Задруга 2“: Брендон се соблече гол среде бел ден, па тргна да мавта со „патлакот“, а режијата ги исклучи камерите! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/skandal-vo-zadruga-2-brendon-se-sobleche-gol-srede-bel-den-pa-trgna-da-mavta-so-patlakot-a-rezijata-gi-iskluchi-kamerite-foto/ Mon, 17 Sep 2018 08:13:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48267

Бранислав Радониќ Брендон е познат по својот егзибиционизам, истиот овој пат го повтори во „Задруга 2“. Како бањата беше зафатена, а неговата долна облека беше мокра, а тој не можеше да влезе, одлучи да се соблече гол и го покри со раката најинтимниот дел од неговото тело. Цимерите останаа во шок и неверување, па дури и Станија, која подоцна изјави дека Брендон е подготвен на се' само да го има во кадар.
Останатите „задругари“  бурно реагираа, извикуваа и коментираа, а гласините за егзебиционизмот на Брендон брзо се проширија во дворот на каде настана хаос меѓу насобраните учесници во шоуто. Како што пренесува Ало.рс, љубопитните „задругарки“ се стрчале внатре за да го видат Брендон гол, а режисерот ја исклучил камерата пред која парадирал голиот учесник.]]>